Lindsay Clancy – судење во живо и случајот што ја подели јавноста

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Misskirova, 24 август 2026.

  1. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.673
    Допаѓања:
    143.037
    Пол:
    Женски
    Јас одма на ППД помислив. Ако сака и од 10 мажи нека има. Не се свесни колку е опасна таа постпородилна депресија или психоза. Тоа не си ти во тие моменти.
     
    На Cosmic Girl, Mumoftwo30 и Adidas888 им се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.758
    Допаѓања:
    35.203
    Пол:
    Женски
    Не оти не се свесни, ама и не им е гајле да разберат. Кај нас на Балканот најбитно е да се окриви жената за се.

    Скоро чинам исто така во Хрватска, таткото си ги уби децата па после сам себе. Причина : љубоморен бил на жена му.
    Кој е крив: жена му, да не и мрдала опашката немало човекот тоа да го направи.

    Свашта.
     
    На Nausicaa, la.malparida, An-na и 4 други им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.673
    Допаѓања:
    143.037
    Пол:
    Женски
    Мислам дека денес е многу тешко да си мајка зашто од секаде си бомбардирана со содржина од типот Жена, Мајка Кралица. И домаќинка во кујна и курва во кревет и се совршено. Па тоа деца од стомак веќе решаваат задачи и зборат 4 јазици. И кој е малку со послаба психа или хормоните ги маваат, лесно може да навлезат во тие психози.
     
    На Cosmic Girl, mariz, kolovoz и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    947
    Допаѓања:
    5.226
    Не сум адвокат и не се разбирам нешто посебно од право (алʼ могу да погледам 8-|), ама го следам овој случај и колку повеќе читам, толку повеќе ми е тешко да ја прифатам теоријата дека Линдзи била толку психотична што воопшто не разбирала што прави.

    Не велам дека не била психички болна. Очигледно имала сериозни проблеми, самоубиствени мисли, проблеми со спиењето, терапија и лекови. Тоа не го негирам. Ама мене ми е многу тешко да сфатам како некој може да биде во состојба во која не разбира што прави, а сепак свесно да ги убие сите три свои деца, едно по едно, со истиот метод. Не зборуваме за еден момент на импулс или за нешто што се случило во секунда. Имала време, била сама со нив, ги убила сите три, а потоа следел и обидот за самоубиство. За мене тоа изгледа како серија на свесни одлуки, и токму тука ми е најтешко да ја прифатам одбраната со психоза.

    Исто така ми е многу чудно што непосредно пред тоа Патрик ја опишува како нормална, па дури и како подобра тој ден. Била со децата, правеле активности, а додека тој бил надвор зборувале по телефон и не забележал ништо необично. Тоа не докажува дека не можела да биде психотична, ама дефинитивно ме тера да се прашувам колку навистина била отсечена од реалноста во моментот кога ги убила.

    За Патрик, не мислам дека знаел дека таа ќе ги убие децата и не мислам дека е фер да се обвинува дека бил вмешан само затоа што ја оставил сама со нив. Ама истовремено, знаел дека има сериозни психички проблеми и дека имала самоубиствени мисли. Јас лично мислам дека тука можеби требало да бидат многу повнимателни и да не ја оставаат сама со три толку мали деца додека не биде целосно стабилна. Не затоа што требало да знаат дека ќе се случи убиство, туку едноставно како мерка на претпазливост.

    И не ми се допаѓа ни идејата дека ако ѝ се поверува дека била психотична, тоа значи дека „не е виновна“ и готово. Разбирам дека правно тоа е многу покомплицирано и дека се гледа нејзината состојба во моментот на убиствата, а не денес. Ама за мене постои огромна разлика меѓу „имала сериозна ментална болест“ и „не знаела дека убива три деца“.

    Што се однесува до Патрик, читам коментари по инстаграм, тик ток и сл. дека тој наводно го наместил сето ова. Искрено, досега не видов никаков сериозен доказ од судењето што би ме натерал да поверувам во тоа. Тоа повеќе ми личи на интернет-шпекулации отколку на нешто реално поткрепено.

    Сега поротата е заглавена и не може да донесе едногласна пресуда. После толку недели сведочења, над 80 сведоци и стотици докази, очигледно и тие гледаат дека случајот не е толку едноставен. За мене лично најголемото прашање останува истото: можеш ли навистина да бидеш толку психотичен што не ја разбираш тежината и погрешноста на тоа што го правиш, а сепак да имаш доволно контрола и свесност за да го направиш истото три пати? Не знам.

    П.С. Мило ми е што сте ја отвориле темава, никој во мојава блиска околина не е запознаен со случајов и не можам да си споделувам мислења (highfive)
     
    На LadyD, Cosmic Girl, Miss666 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.657
    Допаѓања:
    19.860
    Пол:
    Женски
    Па токму и затоа се истражува сето ова, зошто треба повеќе од саат време за сите тие работи да ги изведеш, па дури и неколку пати да се обидеш да се самоубиеш, да си во безсознание, тт на телото испод просечната да ти биде, да бараш помош и сам да се упатиш во ментална устанува, да ти променат 13 видови на АД и АП во рок од неколку недели/месеци, никој да не те сфаќа сериозно, да не ти помага доволно, да си сам со 3 мали деца..
    И да, апсолутно човек не знае и не е свесен за своите мисли, колку тие можат да наштетат на другите, не се свесни дека можат да повредат некого во даден момент.
    Тоа е исто како да прашаш како му текнало на некој, да смисли начин да се самоубие!? :?:
    Впрочем никој не глуми депресија, напротив глуми дека се му е супер и дека е пресреќен.

    Не знам дали си имала ППД, или воопшто лоши мисли, ама тоа не е така едноставно, не е така како што мислиш, се додека не го доживееш, не можеш да го разбереш.
     
    На Witchy-style и bookslover им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.417
    Допаѓања:
    39.208
    Пол:
    Женски
    Погледни го документарецов на Нетфликс: American Murder: The Family Next Door
    Психото си ги убива децата и жената, за да биде со љубовницата.
    Со оглед на тоа што баш и нема докази дека Линдзи ги убила децава (освен тоа што го кажува маж и) дискутабилно е дали навистина она ги убила или мажот и ги убил, се обидел и неа да ја убие и да ја намести дека всушност она е убиецот. Не викам дека е вака, ама и ова е можно сценарио, оти, пак ќе кажам, докази силни не видовме, освен сведочењето и изјавите на маж и |(
     
    На Cosmic Girl, Witchy-style, goddess.Of.chaos и 5 други им се допаѓа ова.
  7. AlmaOculta

    AlmaOculta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2026
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    959
    Пол:
    Женски
    Три деца. Петгодишно дете, тригодишно дете и бебе. Еластични ленти за вежбање околу нивните вратови. А првиот инстинкт на интернетот е да праша како е таа.
    Кора имаше пет години. Беше доволно стара за да разбере што ѝ се случува. Ја гледаше мајка и како доаѓа по неа. И илјадници жени ја прочитаа таа приказна и нивната прва мисла беше „ама лековите, сепак“.
    Не. Стоп. Жена завила еластични ленти за вежбање околу вратот на бебе. Осуммесечно бебе. Калан не можел да каже стоп. Не можел ништо да направи. А делот за коментари вели „оваа сирота жена е многу болна, ѝ треба психијатриска помош“. СИРОТА ЖЕНА? На сиротото бебе му требаше да не биде удавено од сопствената мајка. И тогаш, ТОГАШ, истите тие луѓе се завртуваат и го напаѓаат таткото. Човекот кој влегол во куќа полна со крв и мртви деца и се јавил на 911 молејќи ги своите деца да дишат. Тој човек. Лути му се на ТОЈ човек. За што? Затоа што преживеал? Затоа што не умрел заедно со нив? Затоа што се осмелил да најде некој што го сака по најстрашното нешто што може да му се случи на еден човек? Тој ѝ прости. Ја бранеше јавно. Рече дека таа не е чудовиште. Собираше пари за неа. А тие го развлекуваат по медиумите затоа што повторно се оженил. Што требаше да направи? Да изгради светилиште и да престане да постои? И даде на таа жена повеќе милост отколку што кој било човек кога било заслужил, а јавниот одговор е „како се осмелува да продолжи понатаму“. И тие знаат, ЗНААТ, дека ако маж го направеше ова, немаше да има кампања за сочувство. Немаше да има колумни за тоа како системот го изневерил. Немаше да има делови за коментари во кои се вели дека сопругата требало да знае. Тој ќе беше Тимоти Џонс. Ќе беше Крис Вотс. Ќе беше чудовиште, осуден за два часа, случајот затворен. Никој немаше да напише „овој сирот човек е многу болен“. Никој немаше да ја обвини мајката за тоа што отишла во продавница. Двојните стандарди не се суптилни. Не се скриени. Тука се, црно на бело, а тие сѐ уште не можат да ги видат Трите вистински жртви во оваа приказна се деца.

    blaming postpartum for murder is like blaming testostorne for rpe
     
    На LadyD, Miss666, ThrinaMist и 3 други им се допаѓа ова.
  8. ideniki1

    ideniki1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2023
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Еве како се постапува кога татко убива пет деца под влијание на големо растројство и психоза.

    За 2 часа поротниците го прогласуваат за виновен и му следи смртна казна.

    Но кога мајка го прави истото - таа е херој, поротници носат розево како и нејзините подржувачи, психозата била посилна, таа не е крива, таткото бил, свекрвата итн итн
     

    Прикачени фајлови:

    На LadyD, Cosmic Girl и Miss666 им се допаѓа ова.
  9. AlmaOculta

    AlmaOculta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2026
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    959
    Пол:
    Женски
    Треба да се работи повеќе на менталните болести, да се дава поголемп внимание и секако терапија. Но не смееме да дозволиме тоа да го правиме преку убиства на деца! Имаме 101 друг начин како да ја кренеме свеста за постпородилната депресија, како да информираме повеќе, како да пружаме поголема помош на секој што се соочува.
    И јас имам дете, и секако сум имала период на пост породилна, но никогаш ама никогаш нема да препишам ниту да оправдам нанесена повреда или убиство на дете.
    Ги давела!! Давела! Тоа трае, не е една минута! Трае додека го удавиш. Па да му ебам матер, како можете да кажете ама знаеш поминува низ тежок период? Па уште ја поддржуваат… она е УБИЕЦ на ТРИ ДЕЦА!! Крај. Треба да и се суди.
     
    На LadyD, Miss666, ThrinaMist и 2 други им се допаѓа ова.
  10. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    4.059
    Допаѓања:
    24.720
    Пол:
    Женски
    Се надевам на mistrial, односно hung jury.
    Па, ново судење со многу повеќе докази, ако навистина Патрик е невин, тогаш неа нека ѝ се суди за убиство со предумисла.
    Кој и да го сторил ова, знаел добро што прави.
     
    На Witchy-style и nena2010 им се допаѓа ова.
  11. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    6.990
    Пол:
    Женски
    Па искрено нема да го жалам многу заради тоа што носе огромна одговорност. Жена ми со месеци да ми кажува дека е умоболна и нема добри мисли во главата, да биде на апчиња и да се пријавува во ментална болница и јас децата да ги оставам со таква личност? Не е дрка ги оставил за да оди до продавница туку ги оставал и кога одел на викенди. Да, си одел на викенди да скија, на бранч со другарите и слични релаксации а оваа дома умоболната кој ја врти. Знаеш дека исто така кога таа изјавила дека не и е добро во главата и дека и треба барем малку одмор и оставила да оди на работа пошто да не се лажеме и да не си добар во главата со три деца и во медицина не е воопшто лесно, тој ја отпуштиле дадилката која ионака била само по неколку часа во нивната куќа. А и да, дадилката била на должност во време која ТОЈ требало да се грижи за децата пошо знаеш не може тој да работи на компјутер и да чува деца ама она може и деца да чува и со психа да се справува.
    Исто постои видео од некој музеј каде што била, знаеш кој трчка цело време по децата? Таа додека тој со рацете во џебот се шантра ваму таму. А тој исто така собра милиони од овој случај што не знам каде се пошо адвокатот нејзин е платен од нејзините родители.
    И не е дека започнал нов живот, сумњив е дека отишол на хајкинг само после многу краток период и оставил така добра рецензија за патеката на која по некоја случајност остава и неговата сегашна жена.
    И наводно овде немало ништо.

    Бил неодговорен и себичен. Си гледал само за свој гз додека жена му молела и плачела за помош тој си го прчел по бранчови.
     
    На tanjita, warrior, Raven22 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.861
    Допаѓања:
    18.519
    Пол:
    Женски
    Психолозите треба и за него да кажат дали е нормално солза да не пушти за децата, не ќе да е баш најнормално.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AlmaOculta

    AlmaOculta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2026
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    959
    Пол:
    Женски
    Без разлика он не посегнал по животот на децата. Знаете ли колку од жените ги имаат оплодено таков тип на мажи поготово во МК? Тоа не дека нас сега wooow не изненадува неговото однесување.. жената барала помош, не и била обезбедена. Жената ги УБИЛА децата. Крива е! Точка!
    Може он, нејзините родители, пријатели и сите во нејзин круг да сносат одговорност дека не и пружиле лекарска помош, но она не е жртва. Убиец е
     
    На Miss666, ideniki1 и Чанта им се допаѓа ова.
  14. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    972
    Пол:
    Женски
    Промискуетност. Како ќе си психички арен ако имаш деца со толку многу татковци. Колку да сум опен мајнд никогаш нема да гледам на тоа како нешто нормално за мене.Од никаков аспект не е здраво,психички физички и т.н.
     
  15. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    6.990
    Пол:
    Женски
    Ако на балканот го имаме во секоја втора куќа не значи дека треба да помине незабележано. Во другите држави одамна е искоренето тоа бидејќи кога нашите баби оделе на магаренце качени нивните на факултет оделе. И сега дека на балканот го имаме и ајде не креваме фама околу тоа баш напротив треба да се стави вниманието на тоа.

    И не знам колку пати треба да се повтори дека судењето не е за дали е убиец или не е туку дали да ја сместат во затвор или установа!
    Ама да Патрик душичка напатена.

    Ама ајде жени мајки кралици семоќници носете се на свој грб и со колку повеќе се справувате толку повеќе ореолот ќе ви свети.

    А за другото ако има 3 мажи па и нека се убие што ќе ни се такви нечесници на нас. Пошо мажот кога прави дете нема одговорност само таа.
     
    На Nausicaa, Mumoftwo30, An-na и 3 други им се допаѓа ова.
  16. AlmaOculta

    AlmaOculta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2026
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    959
    Пол:
    Женски
    Амааааа ОНА ги Убииии. Не знам зошто дискутираме на тоа каков е балканскиот живот, каков бил нивниот брак или што он правел. Алоооо, давела бебе. 8 месечно бебе има давено со трака!!! Што зборувате?!
     
    На Afrodita*, Miss666 и ideniki1 им се допаѓа ова.
  17. WarriorMind

    WarriorMind Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2018
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    6.990
    Пол:
    Женски
    Ааааа ТИ ПРВА го доведе муабетот дека во Мк имало такви мажи па не било првпат маж така да се однесува.

    АЛООО случајот е за каде да биде сместена дали во затвор или установа а не дали ги убила или не.
     
    На Mumoftwo30, Raven22 и nena2010 им се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    22.673
    Допаѓања:
    143.037
    Пол:
    Женски
    Го следеше случајот? Само тоа сакам да знам. Ама не на Тик ток не рекла казала.. Него онака да следиш цели судења, сведочења, експерти и слично?

    Знаеш дека ако се прогласи mistrial редингтон може да го употреби Правилото 25 со кое се проширува истрагата и за смртта на децата и нејзиното паѓање од прозор и самоубиство на трети лица?
     
    На Mumoftwo30, bookslover и WarriorMind им се допаѓа ова.
  19. ideniki1

    ideniki1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2023
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Доколку навистина се ослободи од вина или се прогласи за непресметлива од чудовиштата од поротници кои наводно носеле розеви маици на денот на носење одлука (розевите маици се симболот на подржувачите на "мајкава") е тек тогаш ќе се отворат портите на пеколот и секоја љубоморна, уморна, депресивна жена со отсутен сопруг ќе убива, дави, фрла од балкони дечиња со изговор дека тоа не била таа кога го правела делото...
     
    На LadyD, Чанта и Miss666 им се допаѓа ова.
  20. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.861
    Допаѓања:
    18.519
    Пол:
    Женски
    На кој начин би се проширила истрагата кога многу докази веќе не можат да се употребат. Ајде и ексхумација ама нема да даде точно и прецизно. Мислам дека тек тогаш ќе биде тешко судењето