Пред некој ден гледав туторијал на јутуб за омбре фарбање на косата во домашни услови и видов дека сите користат посебна фарба на Л'ореал која содржи една четкичка за полесно нанесување на фарбата и за поубав омбре финиш... значи бојата се прави во 3 чекори во едно шишенце, па се нанесува на четката и буквално се четкаат долните делови на косата каде што треба да биде посветла, а крајот изгледа многу поубаво бидејќи нема директен премин од потемна кон посветла, туку преминува постепено косата во посветла. Дали имате некаде ја видено оваа фарба и доколку имате, какво е искуството со неа?
Ја имам видено во Веро центар нели во маркетот а за цена не видов колку е. Инаку јас мислм ако прв пат сакаш да се фарбаш омбре, оди си на фризер и таму нека ти кажат како да си ја правиш косата и во домашни услови, некако тешко дека би ти успеало за прв пат дома
Ја има и во Карфур, околу 500 денари беше, за точната сума не знам. и мое мислење е дека како за прв пат треба отидеш на фризер, ако ништо друго да те посоветува за како поуспешно да се офарбаш.
Po tolku baranje konacno ja najdov ama ne vo Makedonija i pred nekoj den ja staviv i ispaga mnogu ubavo i ne bev na flizer ja napraviv vo domasni uslovi i ja drzev 40 minuti so ogled na toa sto imam kafena kosa mnogu mi osfetli i mi ima ko zlatesta boja pravo ombre ! Mnogu sum zadovolna
Видов две-три девојчиња по град како се шетаат со буквално линија на косата од црно право плаво и многу грдо игледа. Поарно ќе дадам 1000-1500 денари ама ќе знам убаво ќе ми ја направат, од колку дома да се ошутам.
Јас пред некои 20тина дена бев на фризер, омбре да ми ја направат косата. Платив многу и тоа едвај се познава, ептен се разочарав! Уште се нервирам, за џабе ми ја фарбаа косата, идиоти. Вчера ја купив фарбава, па ќе видиме како ќе испадне. Да ве прашам за совет. Бидејќи за кратко време (околу 2 месеци) косата ми е фарбана два пати, еднаш со L'oreal casting (тогаш не можев да најдам wild ombre, ама ништо не испадна, едвај малце се познаваше некој прамен) и втор пат на фризер (таму ми кажаа демек користеле разни фарби, ама нема врска, само ми ја осветлија). Е сега, прашањето ми беше, дали деновиве смеам да си ја исфарбам косата сама или да почекам некој месец? Страв ми е да не ја изгорам од фарбање.
Кај таа кај која што одев во Скопје за омбре зима од 1500 - 3000 денари, зависи од должината. Фризерката е одлична, само пофалби за неа. Во лп пишете ми ако сте заинтересирани, ќе ви дадам линк од нејзиниот салон.
Не туку експериментирајте со омбриња по дома, после сите шетаат полуизгорени со хидроген, ми иде со ножица да се шетам низ Скопје. Не е финтата да се офарбате со руса фарба на врвовите, финтата е да се офарбате со нијанса посветла од таа на вашата коса, и тоа природно да се слее после. Да се добие градација, не две различни бои на коса. Значи има техники на работење и фарбање, што е невозможно човек сам на себе да ги изведе, од проста причина што човечката анатомија не ни дозволува такво движење на рацете на самите себе. Јас веќе 10тина дена шетам омбре , сега за сега, прво со две прелевања, мојата природна боја беше осветлена... На пролет планирам и врвовите да ги доправам со најсветла кафена, и да добијам три нијанси, темно кафена што оди накај црна (мојата), посветла кафена, и најсветло кафена со фарби. А и да, не секоја фарба фаќа исто на секоја коса, не значи дека нијансата од кутијата ќе фане исто на вас. Затоа ова не се прави по дома. И не трчајте одма да зимате драстични нијанси и разлики во боја од вашата природна коса, не изгледа убаво, навистина. Косата дефинитивно добива на густина и на волумен, визуелно, малку е чудно кога ќе ја врзете, двои од репчето, ама ништо страшно. Многу си се бендисувам вака.
Јас имам природна портокалова коса па сега сакам да пробам да ја осветлам. Ама зашто не сакам со фарба (мислам дека сеуште сум млада за тоа). Слушнав во DM можеби ја знаете позната фирма е, па таму имало спреј за осветлување на косата. Па се мислам да земам. Може некој совет???