1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Mаж ми не ме почитува повеќе

Дискусија во 'Брак' започната од MssMarried, 12 мај 2011.

  1. MssMarried

    MssMarried Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Здраво на сите нова сум во форумов..требаше да се претпоставувам ке го направам и тоа..
    вака сега..мажена сум 3 години..првин беше се Oк..но сега еве неколку месеци маж ми не ме ни слуша повеке,јас правам се за да му биде убаво нему за да си имаме убав живот,за да не се караме никогаш,а тој кога ке му побарам нешто секогаш ама баш секогаш ми вика не!!на пр.ке сакам денеска да излеземе знам дека ке ми рече не,секогаш кога ке излегуваме треба 1 саат да го молам па да си излеземе било каде или на град или со другарки братучеди братучетки веке немам нерви да го молам не е ист како беше не му е гајле дали се нервирам дали плачам,дали некој може да ми помогне да ме советува што да правам јас сум млада сакам да излезам и јас некогаш додека немам деца сакам малце да си уживам но нема..оди на работа си доага дома ни со другари не излегува само телевизија ништо друго,а кога тој ке посака нешто јас никогаш не му викам не можеби тоа е проблемот?или?за да ме вара знам дека не ме вара пошто секогаш е со мене..можда не ме сака веке??девојки PLS помогнете навистина ми требаат совети..
     
    На BambyLove му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Според мене нема место за некоја голема паника, има периоди кога мажите ги фаќа манија за седење дома. Ние уште пред да стапиме во брак, кога живеевме две години заедно, мојот почна повеќе да му се седи дома, пред компјутер, пред телевизор. Ако одиме некаде тоа е кај негови другари или ако он наумил нешто. На почетокот се каравме, ама не знам со тек на време јас се навикнав и сега не ми пречи. Дури и јас станав како него, од дома не ми се излегува, ако немам некоја обврска. Не те вара тоа сигурно, потполно те разбирам, не ни има простор за тоа , цело време е со тебе освен кога е на работа и кај мене е така.Кај мене разговор не помогна, само доаѓаше до кавга, или зорле искачање како што викаш ти. Јас свртев друга страница, почнавме да работиме на случајот бебе, го направивме и сега чекаме да се роди да па почнеме нова етапа од нашиот живот. Мој совет ти е отворен разговор, да видиш што тој сака од сега па натаму од животот, што придонело така да се смени. Мислам дека не е дека не те почитува, само има преоден период во вашиот живот.
     
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Искрено, јас мислам здраво да седнете и да зборувате за вашата иднина.
    Греота е од 19 години ваков живот да тераш.
    Секој има такви периоди како што кажа Чирибирибела, ама според мене од 19 години е навистина рано.

    Плус и не знам колку време сте во брак и зошто толку брзо сте се земале. Можеби сте требале прво заедно да поживеете. Со 19 години, сеуште сме деца. Некој сега да ме побара за жена јас би се уплашила.
     
    На srcekrsacka и ciribiribela им се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Од две зла одбери го помалото - поарно двајцата дома да седите отколку тој да шета, ти да седиш затворена. Можеби и човекот е уморен после работа, сака да се одмори. Јас знам по себе, кога имам повеќе обврски порадо би се излежувала пред телевизор неголи да шетам некаде.

    Јас те сфаќам дека сакаш да излезеш, ако ти се точни годините си една година постара од мене... Знам дека ќе речете - не осудувај - ама што мајка бараше да се мажиш на 16 години ?? :o Сега велиш дека сакаш да си поуживаш додека немаш деца, а зошто да не си си поуживала во најубавите години ?!

    Во секој брак има подеми и падови, апс енд даунс. Мислам дека на 19 години никој не е спремен да се справува со нив.
     
    На bibiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  5. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ако на маж ти не му се излегува, не само со тебе, туку и со другарите му, тогаш не му се излегува и тоа не е заради тебе дека не сака да излезе.
    Каква ви е ситуацијата? Тој работи а ти дома? Ако е така многу јасно тебе ќе ти се излегува, а тој може малку изморен па гледа да се одмори. И да не е тоа случај, еве викаш другарки/братучетки...остави го дома нека се одмара на раат а ти излези си малку, прошетај, кафе, муабет, шопинг.
     
  6. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.418
    Допаѓања:
    171.958
    Е па добро де,не му се излегува на човекот и што сега?
    Обиди се да се ставиш на негово место.Рече дека ти си невработена,а тој работи.Како за почеток пробај да одиш во негови чевли.Кога тој ќе стане за на работа наутро,стани и ти,испрати го и фати некоја работа по дома и тоа не колку да се каже дека работиш нешто туку да се види резултатот од работата(перење,пеглање,ручек и има уште милион работи која секоја домаќинка секојдневно ги работи :sweat: )Обиди се така неколку дена ,со полно работно време како и маж ти па после тоа ќе видиш дали желбата за излегување ќе ти е току голема.
    Немој погрешно да ме сфатиш,има 100000 работи кои секојдневно не преокупираат и нас жените и нашите мажи(зададени рокови кои мора да се почитуваат,безобразни клиенти ,колеги кои провоцираат со цел да ти ја намалат самодовербата ,здодевни шефови,директори кои не си ја знаат границата на изживување.....) и едноставно немаме желба за многу излегување.
    Тука битен фактор е и финансискиот дел нели,секое излегување кошта.
    Ова ти го кажувам од искуство ,јас додека не работев бев исто како тебе,ама среќа моја што се вработив после 5 год.брак па видов како е тешко да се заработи лебот,одморот и сиот комодитет кој го имаме.
    Едноставно некои работи со тек на време ќе ги сфатиш и ќе ти биде криво што така си молела за да излезеш , а кога ќе се вработиш одвај ќе чекаш после напорниот ден да се прибереш дома. Поздрав,пречекај си го мажето насмеана и весела :inlove: ,биди среќна што тој работи,ве издржува двајцата и не зависите од родителите. ;)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.996
    Допаѓања:
    154.287
    Паа да ти кажам...го сфаќам.
     
    На srcekrsacka и AIT им се допаѓа ова.
  8. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    И јас го сфаќам, ако тој се убива од работа и доаѓа мртов преморен, за да заработи некој денар, не до излегување, до ништо нема да му биде. И не сум знаела дека почитта се поврзува исклучиво со тоа што не ти ги исполнува желбите да излезете.

    Ок е, млада си, сакаш да излегуваш, а не уште сега да се затвориш дома и да изиграваш жениште, али види ги работите и од негова перспектива. Па како што кажаа и другите феминки, зар мора па со него да излегуваш? Мене кога ми се иде негде, ИДАМ, тој сака дојде, сака не негов избор, не го сметам тоа за непочитување, затоа што дошол капнат со чачкалици на очите и само гледа кревет да фати. Уствари може не ме почитува, поготово коа неможе да се секса затоашто е уморен ... хммм . :?: Тоа ќе да е нема друго
     
  9. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.166
    Допаѓања:
    83.616
    Пол:
    Женски
    многу убаво ти кажаа девојкиве немој да го осудуваш без повод тој што не работи не верува земи најди си некој работа или друга занимација и немој да се караш за глупости јас да ти кажам кога по дома ке ги завршам сите работи и плус на работа па и имам дете што си бара вномание искрено до продавница не ми се оди а не пак да шетам за жена ама секогаш има по некоја работа поздрав
     
  10. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Мене лично ми се случува мажм да се врати од работа и да не е расположен за илегување тоа не значи дека јас треба да го молам да излеземе туку го оставам да се одмара и излегувам со другарките. Тоа не значи дека и јас некогаш не сум уморна и не сум располжена за излегување.
    Мажми секогаш кога е одморен излегуваме дури тоа е пред мене спремен и ме чека на врата да излеземе.
    Компромисот и балансот во една врска мора да постои за да таа може да биде стабилна цврста.
    Доколку нема разбирање за партнерот и тој за вас само расправии и тензии ќе има во домот, а не слога и хармонија.
     
    На srcekrsacka и bigfish им се допаѓа ова.
  11. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Имаш 19 години,а веќе 3 години си во брак?! На колку години си се омажила на 16?!
    :^) Како и да е нема тоа ти што да го молиш не моли го веќе само речи излегувам и точка. Нема тука договор или компромис. Па тој нека си гледа ТВ ти прави си што сакаш. ;)
     
    На blond.bunny му/ѝ се допаѓа ова.
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    лелееее на 16 години во брак???
    на 25 години не помислувам на брак а не на 16 :!: :lol:
    не би било лошо и да побараш некоја работичка, за да не ти биде досадно, а и да допринесеш во семејниот буџет :) и кога ти сакаш да излезеш а тој не сака, викни ги другарките на кафе, оди на шопинг, ако си во можност запиши се на некој јазик, или курс за пилатес, јога... има милион начини за да не ти биде досадно
    и поразговарај со него, да видиш зошто не реагира кога ти се нервираш, плачеш, пронајдете компромис мегу вас двајцата :!:
     
  13. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.418
    Допаѓања:
    171.958
    Стапувањето во брак не треба да биде ропство ниту за мажот ниту за жената.
    Со самото стапување во брак(на две единки кои се и физички и психички зрели-спремни)се менува животот и на двајцата со цел заедницата да опстои .
    Не е повеќе „Тато носи ,мама меси,детето јаде“.Борбата за живот и преживување стана секојдневие на многу брачни парови.
    Со самото тоа што брачниот пар не зависи финансиски од нечии родители - барем еден од двајцата е вработен ,поголеми се шансите да се постигне хармонија во домот.
    Жената кога е невработена (знам дека е тешко ,факултетски образована ,а да седи дома)како и да е ќе си најде некоја работа по дома.Полошо е кога жената го издржува семејството-оди на работа,дома деца,куќа маж-се да спреми ,да им удоволи на сите .А мажот кога е невработен и седи дома???Ужас....
    Имам примери -колешки кои секојдневно се жалат од невработените им мажи -цел ден тв,спортска,понатаму -понаваму ,на кафе со овој ,оваа и др.глупости.
    Така да убаво рекоа некои феминки погоре -помогни му на мажот со чесна работа да се подобри сем.буџет,објасни му дека имаш потреба да излезеш-потруди се тоа да не биде соопштување во стил „ма што ми е гајле,јас излегов,имам со кого,, или пак едноставно почни со некоја активност која и на двајцата ќе ви донесе смирување на тензијата-Позз. ;)
     
    На Bubache и ph.orhideja им се допаѓа ова.
  14. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира колку години има твојот маж?
     
    На srcekrsacka и stetoskop им се допаѓа ова.
  15. MssMarried

    MssMarried Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    маж ми има 22 , тој работи 2 недели после 2 недели има или 3 дена одмор или 5 па некогааш има и 7 таква работа има , компромис имаме во нашата врска но проблемот е дека тие дена кога има одмор не сака да излегува пошто кога е на работа тие недели не ни му викам да излеземе пошто знам каков одговор ке добијам многу многу ретко сме излегувале додека бил на работа многу ретко,на 16 се омажив пошто моите нејкеа и неговите ние мислевме дека тие не сакаат си летавме со паметот , не ни мислев дека бракот има тешкотии.. :( тешко ми е многу пошто не беше ваков,добро на почетокот сите се такви други емоции има човекот но зошто да ми вика не за се што ке му побарам , јас на пример за ништо не можам да му речам не,да не се здосадил пошто не знам колку пати сме разговарале за оваа тема нема веке нерви да разговара мислам..ама пак кога знае дека мене ми пречи ова работа зошто не мооже да се поправи :?:
     
  16. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Годините си го направиле своето во вашиот случај , многу млади сте стапиле во брак и да не те разочарам, ама не мириса на добро :worried:
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  17. brazilia

    brazilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    744
    после две недели работа, сигурно напорна, човекот има одмор неколку дена и нормално е дека сака да се одмори, помогни му и сигурно и тој ќе ти помогне. масирај го, туширање заедно, омекни го, па може наредниот ден и ќе излезете.
    и не мора да му зборуваш за тоа, ќе дојдат празници, имендени, родендени, свадби, ќе се забавувате со пријатели.
    а за тешкотии во бракот, ехехеееееј, колку што душа ти сака, битно е да не се откажувате еден од друг!
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Ме чуди што темава е празна. :^)
    Како сите жени да се почитувани. :?:
    Познавам многу примери каде жените даваат се` од себе за мажот, децата, домот, а на крај воопшто не се почитувани од страна на своите мажи, за жал. :|
    Целата жртва од жените како да не е ништо посебно. Како да е морална и вообичаена. Да слугува.

    Најжални случаеви ми се кога некоја права `домаќинка`, не е почитувана, напротив, дури е навредувана, понижувана; а некоја `никаква` шеталица, распуштена жена е препочитувана како да вреди милиони. |(
     
    На hermosa, srcekrsacka, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
    :( ти девојко заврши средно??????????? ако не си завршила треба да си најдеш некоја друга можност за наобразба побарај некои курсеви за некој занает или друго и да имаш средно истото ти го предлагам исполниго времето со наобразба зарем мислиш да седиш дома и да плетиш чорапи ???? ајде прашај го сопругот што мисли конкретно што ке се случува со тебе во иднина нема да побараш работа ? дури и во село да живееш ти треба да си најдеш со што ке се занимаваш во животот сигурно нема да станиш уште на 19 години ,,очајна домакинка,, оставиго момчето нека си се одмарат а ти терај да постигниш нешто во животот ако си сопруга нетребат само дома да седиш морат нешто да работиш не само заради приход туку и заради тебе лично .Кога би одела на работа и ти ке немаш време за многу прошетки ама ке си имаш секојдневно каде да излегуваш !
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Па како сакате да има заинтересирани кога ја изрезиливте МиссМарриед? Као демек сите вие знаете како е во бракот, дали завршила средно или не? некои луѓе едноставно не се зрели ни за врска не пак за брак? Во ова време знаете колку е тешко да се најде работа, најверојатно девојчето нема високо образование, а резил е да работи конобарица кога е мажена!!! Сте помислиле на тоа?
    Ептен и помогновте,браво! Посоливте памет како е во брак, а сигурно дома мајките ви го местат креветот! Срамота...
     
    На hermosa, zara, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.