хммм свесно или не и ти стотуку го направи истото сепак секоја девојка одвојува дел од своето време за да даде свое мислење и најЧЕсто тоа е со добри намери. разлиЧни карактери, разлиЧни мислења, разлиЧни предлози али сума сумарум сите сто ги проЧитав беа коректни позззз
I jas imam nesto da kazam za temava, pa moze i po nekoj sovet da mi dadete. Vo brak sum 4 meseci i mozam da recam deka soprugot ne me pocituva poveke, a bevme vo vrska 6-7 godini i me tretirase kako kralica. Od kako se zemavme mnogu e smenet, saka jas da sum mu ''potcineta'' zenite trebalo da go slusaat mazite, samo komentira deka ova ne bilo cisto ona ne bilo kako so treba, i samo se dere po mene a jas samo si placam od maka. Ne znam so da pravam. Probav so razgovor on negira deka taka postapuval so mene, sum dramatizirala jas. Probav kontra da odam kako demek ako ne ti e ubavo izmieno fani izmij si sam, uste poveke kavgi. a i jas odam na rabota, ne sedam doma. Ne znam so da pravam...
Жанче,некој да не му ја полни главата на маж ти ?Оти ги има такви свекрви кои едвај чекаат да и се истураат на снаата,а синчето ако е мамино галениче,ете ти ја бељата . Мораш да му речеш дека и ти си човек,може има некои нервози он,па се истура на тебе. Не треба да плачеш,туку остра да бидеш кон него,може ќе му дојде умот. Или прашај го што натерало толку да се смени кон тебе,како и да е,нешто не е во ред штом не е истиот од порано
Znam deka brakot ne e mala rabota,no najmalku zenata so treba da go dobie e pocituvanje od mazot sto mu se posvetila i odlucila da go pomine zivotot so nego.Bez razlika dali svekrvata ili koj bilo mu ja polni glavata na covekot Zan4ee dokolku prodolzi tvojot brak so ova tempo ke te dovedi vo teski depresi,dokolku razgovor ne pomognal,tvoeto ostro ponasanje dovedilo samo do kavga i povtorno tvoe placenje...mislam deka e potreba pauza odvoi se malce od nego,odi kaj tvoite onaka kako psihicki da se oporavis ednostavno ti treba odmor da ja razbistris glavata i da go razjasnis problemot a i taka ke vidis kolku mue stalo do tebe.Vaka bi postapila jas
читајќи го твојов пост исто како да го читам сопствениот пост кој требаше да го напишам пред неколку месеци но, никогаш не го напишав...иако немаш наведено претпоставувам дека живеете во заедница со неговите,верувај дека сето ова што ти се случува,овај пекол и ужас во кој што се наоѓаш е масло на свекрвати(ова не било чисто -она не било чисто. од кога него му се битни овие работи? па да ти води евиденција кога си го заметила дворот на пример , проста работа ,колку и да се прави пред тебе многу добра, зад тебе се случува една гадна заткулисна игра на натпревар,сигурно му ја полни главата на мажот ти со муабети како нечиниш и не те бидува за ништо,како што и да направиш него не му чини,како што и да направиш не знае да цени...па уште и ако ти зборува за Мама во суперлатив,таа е најдобра а ти не си , како таа е најдомаќинка на цел свет... постојано ти наоѓа мани и те критикува,повеќе е и од очигледно дека потпаѓа под туѓо влијание,дека некој го сили да се однесува како маж во патријахален дух,па кој век сме да ти кажува дека жената треба да му се потчинува на мажот,свесен ли е тој што зборува а,па и од камен да си ќе пукнеш... мој совет ти е само немој многу да се нервираш,штеди си ги нервите,пробај сето ова да го решиш со разговор..не се откажувај ако треба и 1000 пати повтори му и стои се на твојот став не му попуштај.не дозволувај да бидеш безгласна буква,бори се за своите права...ти посакувам многу среќа... поздрав...
Жанче, искрено јака ти душа, со што се соочуваш неможам да знам, само јас да сум би играла вака: ако повеќе ти се допаѓа како и што прави мајка ти, тогаш не ме измачувај мене, оди си кај мајка ти; јас така ги правам работите, ќе се трудам да ги направам подобро, ама и ти охрабри ме малце од малце, дај ми некаква поддршка, не само да ме прекоруваш, ако не најди си некоја подобро што ќе ги прави и завршена работа. Немој да бидеш будала да плачеш (извини на израз, разговорно кажано), мајка ми што дека преплакала цели 6 години од маки од свекрвата, татко ми што ја слушал мајка му, некој фала и рекол мислиш? Уште си ќути кога ќе и пререче нешто татко ми, затоа војувам јас со него, тоа сега како возрасна не го дозволувам. Со мене неможе на крај да излезе па си ќути и да видиш како си ја собира опашката. Сестра ми му ќути, мајка ми исто, ајде бе, што е он? За што и да најде маана, само речи му, јас знам така, ако знаеш подобро- повели! Во комшии ми се, многу сме блиски, мажот се маани наоѓаше порано, се она нечини, на крај кога сфати женава, така епа сега ќе видиш. Доаѓа дома, ручек нема, кај е ручекот, а она легнала демек болна е, се скапала цел ден од чистење. Еднаш, два, три пати да видиш како веќе кога доаѓа ни за ручек не прашува, сам готви. Не се плеткај мајка ти така-вака, не, само плескај му дека постои некој кој би бил премногу благодарен за трудот кој ти го вложуваш. Немаш потреба од расправии и кавги, само кратко и јасно кажи си и сврти си се, ќе пукне од мака.
Ako seuste nemate dete batali go zakonski preku razvod i pobaraj si drug partner za da ne se kaes posle bidejki pecatot sto sega go imas kako mazena zena se brise lesno bidejki nemas deca so nego pa toa mu doaga isto kako nikogas da ne si ni bila mazena.Ova najiskreno kako masko ti go kazuvam.Isto e dali ke zivees so potpis kaj maticar ili ne vo slucaj da nemas dete.Loso e ako imas pa moras nekako da go odrzuvas brakot radi deteto bidejki vo slucaj da se razvedes koga bi imala dete mnogu tesko bi nasla maz sto ke te prifati zaedno so dete sto ne e negovo.Vo takvi slucaevi mazite sto prifakaat zeni so tugi deca gi stavaat kako prednost onie zeni sto imaat zenski deca dodeka so maski mnogu tesko prifakaat.Zatoa otkaci so vreme za da ne se kaes cel zivot.Ti posakuvam mnogu sreka.
Zan4eee така е во брак особено ако потлегнува на туго мислење значи не расудува сам и неможе да ги види твојте квалитети.јас после седум години брак го доживеав ова што ти си го напишала... плачев се нервирав на крај го баталив тој си збори јас си слушам музика негов проблем бе ако знае подобро ,ако му се допага вака ок ако не....за се има лек потполно те разбирам само не подлегнувај на се што зборува тој си збори тој си слуша.... Zаn4е јас имав ептен долга врска и навистина ме третираше ко кралица,па и во бракот до пред некои пет месеци живци скинав е веќе нема да кинам затоа едноставно не се замарај
Мене ми е чудно како во 6-7 годишна врска те третирал како кралица, а сега наеднаш те потчинува? Знам дека многумина се менуваат во брак, но овој твојов да глумел толку добро, толку долго време ми е чудно. Се мислам, дека и претходно е биден ваков (можеби не со олкави размери), ама ти си го имаш трпено, па сега во брак уште повеќе си зема сила.
Сите мажи се менуваат во брак. Едно е да бидеш дечко и девојка, дотерај се, излези и прошетај и врати се кај мама и тато. Во брак почнуваат обврските и ако немаш деца пак треба да чистиш, готвиш, переш,пеглаш и финансиски проблеми бидејки сметки доагаат на куп, некој кредит уште и деца ако имаш лудница. Нека ме извинат исклучоците ама 90% од машката популација смета дека готвењето, перењето и другите домашни обврски се на жената.И ако имаш бебе барем мојот маж спиеше како вол додека јас шетав по два саати низ соба лулајки. Во моментот толку сум му лута што не сакам да го видам.Си отиде прошлата недела на одмор ги носат од работа на шетање и ме остави со дете со температура кое нема кој да го чува а јас морав да идам на работа и ми вика снајди се. За сметка на неговиот одмор јас работам како вол со две деца,на работа и све оставено на мене овие седум дена. Ама сега му спремам изненадување, ке си уплатам 7 дена негде во Италија или Будимпешта некоја тура и ке го оставам сам да се крши како јас, да трча на работа, да носи по градинки, да готви и да чисти.Ако сака и после тоа нека се разведе одма. Веке ништо не трпам, финансиски не зависам од него, мој стан и уште ке плака и алиментација за децата. Па ако му држи нека си оди. Мој совет ти е не го врти,ако живеете сами седни и објасни му дека работните обврски ке се делат по пола,а ако е масло на свекрвица онда остај го со време, односно оди кај твоите дома и нека размисли дали се оженил со тебе или со мамица.Уште сега после 4 месеци брак да го прави тоа што ке ти прави после 10 год.
не сите. Се менуваат оние кои мислат дека ја добиле битката со тоа што освоиле женско срце и наклепале деца па друг нека му ја мисли потоа. Оние другите кои народски кажано се папучари се вистински борци (според мене) кои се борат да го одржат огнот на љубовта, не делат машко-женски работи, одговараат на обврските, се грижат за семејството....
toa e taka duso koga nastanuvaat problemi bar za mene zboram mozebi e kako sto velis ti deka umesno se prepraval,no posigurno e ona deka potpaga pod tugo vlijanie i se slucuva ona sto se slucuva... jas bev taa koja do pred nekoe vreme velev nema sansi,ama koga osetiv na moja koza bilo sosem poinaku ... toa neretko e slucaj so dolgite vrski,zatoa vrska e najdobra do 1godina,potoa .... kako i da e nepisuvam poveke na temava go iznesov svoeto mislenje nezaboravajte edno e vrska edno e brak bilo vonbracen ili krunisan potocno receno sekoj so srekata kakov ksmet ima pozdrav
... .......кога се навраќам со мислите наназад,сопругот одникогаш не ме ни почитувал..... ...додека децата беа мали јас бев таа што немав време да ги забележам некои работи и проаѓав преку тоа,како што беше неоснована љубомора,оти сум облекла толку кусо или тесно,оти на оро на свадба сум се фатила до некој маж,што правам дома само,оти не сум избришала прашина,пред друштво ако нешто кажев одма ме побиваше на груб начин,си сакаше да пие онака по малку па послето се во лице ќе ми кажеше,како јас сум таа лошата во се,не ме бива за она или она....у ствари како годините поминуваа,децата си пораснаа,јас почнав да забележувам и да ми пречи сето кажано на мој рачун,а тој уште почесто пиеше,кавгите почнаа да стануваат посекојдневни,јас созреав на некој начин и сето тоа почна да ме вреѓа....денес сме на голема дистанца со сопругот,живееме онака официјално само заедно,затоа што мислам дека не заслужвам толку непочит од него,можи и во скора иднина ќе се разведиме..времето ќе покажи што и како... .
Не се согласувам дека сите мажи се менуваат во бракот... По мое,се менуваат само оние кои мислат дека сега ја имаат ,,во рака,, сопругата и дека што и да направат таа е тука и не може ништо да стори. Мојот вереник се смени, за мое големо изненадување, но во пооооооозитивна насока, нему му сум најважна само јас, не може ни минута без мене, се грижи за мене повеќе отколку кога бевме во врска, за нашиот дом, и сега најголема желба му е да го прошириме семејството.... Единствено нешто најважно за мене е неговата грижа за мене, неговата спремност да ми помогне и во моментите кога не може, да ме насмее кога сум тажна, значи да е тука секогаш кога ми е потребен.
Ако врската била кратка можам да поверувам дека тој успеал да се камуфлира и да се прикаже поинаку, но во долгогодишни врски тешко.Проблемот е што дури се во врска (за женските зборам) не анализираат дечкото уз муабет ,дали насамо дали у друштво, какви ставови и размислувања за животот има.Откако ќе помине првиот бран на заљубеност и работите ќе си легнат малце , целата врска дозволуваат да им помине лефтерно чекајќи (свесно или потсвесно) да дојде моментот со прстенот и да почнат со реализација на фантазираната свадба. И после зачудени како тој се сменил, приврзан бил за мајка му, ги делел обврските на машки и женски, не реагирал за ништо и сл.Ако сте биле во врска со некого 4-5-7 години сигурно сте биле заедно на одмори, на викенди, на излети, сте биле кај него дома, сте биле кај некој негов роднина на роденден, слава, крштевка....и се тоа ви биле прилики да чуете и видите каков е тој во различни ситуации со различни луѓе, во различни теми на муабет.Е сега ако сте мислеле дека ќе биде поинаков кога ќе се ожени, демек ќе му дојде памет, не се лутете што не испаднало така. Е сега има и ситуации каде во почетокот не приметувате никакви промени, ве зафаќаат разни обврски околу децата, околу средување на домот, купување на стан или градење на куќа и други работи и полека се одвојувате од партнерот.Подоцна, кога ќе имате повеќе слободно време ќе приметите дека во сосема различни правци сте се развивале со партнерот и дека немате ништо заедничко да ве поврзува освен децата.Вината е кај двајцата што не си посветиле време еден со друг, што и кога осетиле дека едниот размислува или се однесува поинаку не седнале на муабет да видат во кој правец идат. И за крај: Мажот пред да се ожени се надева дека избраничката никогаш нема да се смени а жената најчесто се надева дека избраникот со бракот ќе се смени - на подобро.
Koga ova go procitav , kako jas da sum go pisuvala .Ista situacija. i veruvaj i jas veke ne mozam da izdrzam samo cekam uste malku im trebam na decava se na faks i da rascistam inaku mislam ke poludam . Sekoja vecer e pijan i psihicki me maltretira me vregja . imam uste mnogu da kazam ama i taka me razbiras jas potpolno te razbiram i te podrzuvam koga jas ke se spasam ke ti pisam .Samo gore glavata izdrzi .golem pozdrav
Еве и јас да го споделам мојот проблем кој и не е така лесен да се каже..... Пред да се земеме бевме во врска едно 7-8месеци и значи се ни беше убаво он што се вика во раце ме чуваше еве сега сме 1ипол во брак мислам дека животот ми се претвори во пекол.... Кога бев трудна го оставив си се вратив дома, но некако после 1месец пак се смиривме (тоа ми е најголема грешка) и еве сега мислам дека готово полудувам...секој божји ден се караме ме пцуе а тоа е нешто највеќе што мразам а јас кога ќе го опцујам настанува хаос карање за мајка му брат му и внуците несмеам ништо да кажам а тој све и свашта збори за мајка ми и затоа највеќе се карам со него...толку сум го замразила што немај каде....денес требаше да идам на факс да се запишам и ми ги искина документите за упис и ми вика пари нема од мене да добиеш тоа беше карање до немај каде.....сега си планирам да си го земам детето и да си идам дома додека се врати он од град ама глупо ми е како ќе им кажамм дома бидејќи мајка ми 100пати ми викаше да не му се враќам пошто пак исто ќе биде и во право беше жената!!!
а зошто тој вака се понаша имате разговарано?и како тоа кини туѓи дукументи треба страм да му биде и наводно да те подржува за све во животот имате разговарано зошто толку се сменил?
Јас ќе ти кажам ич да не ти е незгодно или срам за тоа како дома да кажиш дека го оставаш. Мајка ти најмногу ќе биде радосна, пошто таа веќе знае дека твојата среќа не е таму со него, само уште ти се вразумиш.. Само пред се, те молам, разбистри си ја главата, смири се, и еднаш засекогаш сфати што е најдобро за тебе. Според мене нема двоумење тука, нема грешка тука за што и како станува збор во товјот пост. Најболно е што си млада и имаш право на нов живот без него. Имаш право да си сакана и почитувана. Имаш право да имаш моќ и влијание над својот живот и да бидеш тоа што сакаш ти, на пример еве на факултет. Спакувај се, и без вртење назад, замини си. Најтешко ќе биде, нов живот, ново се.. Но, животот ќе ти биде толку полесен после, ти самата ќе бидеш посреќна од ден за ден..без него. Реагирај не трпи. Не повеќе.