Најлоша варијанта си направила што си го уценила дека ако не дојде со тебе ќе си заминеш и си заминала. Тоа си го пак направила подоцна или народски кажано ,,иди ми доѓи ми,, . На криза во брак ти експлодираш и сама решаваш. И покрај се тој пак тера по твое и не ти води инает. Не го користи детето како алиби, повеќе од јасно е дека сака да биде со вас ама под голема нервоза е. Каде го ставаш него и во која дискусија ?! На крај краева жена си бре, малку тактички ќе го обработуваш за да дојдеш до посакуваната цел А каде мислиш дека е твојот дом? Треба да го формираш со него и детето. Сега можеби е тешко и се чувствуваш туѓо затоа што сте под кирија ама и дваицата ќе работите на темата создавање на ваш дом. Знам дека тешко се излегува со една плата (мислам дека ти не работиш, очекуваш бебе) месечно, а очигледно знае и тој. Кирија, јадење, сметки....многууу тешко со една плата на семејство ако нема никаква помош од страна. Да не звучи себично ама сте побрзале со второ дете во надеж дека ќе ви го среди односот - и самата кажа непланирана бременост. Наместо да решавате проблеми вие ги трупате... Очигледно дека на него тешко му паѓа што одвај врзувате крај со крај затоа што сте со една плата а од друга страна што неможе да помогне на неговите. Ќе седнете и ќе разговарате како заеднички да ги решите проблемите. Објасни му дека не си толку против тоа што тој помага на неговите отколку што си загрижена за иднината на твоите деца. На децата им требаат здрави и прави родители, фати го малку на сентименталност (уствари и така си е) дека тоа дете се гледа што се случува околу него - караниците, нервозите..дека ќе создавате заедно за вас и вашите деца, покажи му љубов и топлина, насмевка на твоето лице да почувствува дека си среќна со него. Ако навистина сакаш да останеш со него избори се, иако после неколку напуштања од твоја страна верувај дека чувствува голем притисок и доза на несигурност. Сигурно си мисли дека пак ќе направиш некој таков чекор кога тогаш, само прашање на време е. Тоа е тешка фрустрација по машко его. Ќе ти треба време и истрајност за да си го вратиш семејството во нормала и сите игнорираш од страна да не Ви се мешаат.
здраво феминки молам за помош како да го натерам повеке да ме поцитува.јас седам дома со две деца он седнал на ком кога не бев дома гледал женски на фацебоок околу 50 за 10 дена бозе манијак и бил и на мак сајт за запознаванје и секс без обврски МИСЛАМ ДЕКА НЕ МЕ САКА како да се сменам да ме поцитува повеке/?
Здраво..и јас барав совет за сличен проблем па ќе го споделам со тебе , дали споделувате нежности ,редовен секс , ако не тогаш му недостига нешто такво пробај да му го овозможиш ... ако е да тогаш навистина не ги разбирам маживе оти и мојот е таков си гледа порничи на интернет и убав жени а секс сме немале со месеци и ништо не вреди ..не обидувај се да се смениш биди тоа што си била кога се заљубил во тебе и нормално ако не му посветуваш доволно внимание пробај да го правиш тоа почесто бидејќи велат дека и мажите се како децата сакаат внимание а и кој не сака.Па и не седи дома облечи си ги дечињата и шетај си а тој "нека лижи слатко преку стакло" само немој да дозволиш да тргни по такви жени и после тоа ништо не бидува.поздрав
здраво феминки и јас да си кажам за мојот проблем.Значи вака во брак сум 3 год,и на периоди добро се сложуваме со мажот ми ,имаме добра комуникација излегувања и сл .Но многу пати сме се карале и не сме збореле по 1 недела.Главно зошто е мамин син, живееме во иста куќа со неговите ама на различен спрат.Најчесто се караме заради мајка му ,таа често се меша во се што се купува ,па дури и што да им носам за подарок на роденден на децата или дали да си купиме гардероба или не.Ај што се меша ке премолчиш, главно не доаѓам во конфликт со свеки за да нема кавги.Ама не ми е јасно зошто секогаш сум јас лошата ништо не смеам да и речам на неа или било кој веднаш мене ме обвинува.Никаква подршка да застани на моја страна Никогаш .поради тоа понекогаш ми иди да го оставам и да ставам крај ,Мислам дека не е фер да живееш со човек кој не те почитува и немаш подршка ,за толку време не сватил дека жената и детето треба д се на прво место. ,
прво, 87% си избрзала со браков, ако не и 95%. и грешка шо си се зела со ваков чоек. зарем не знаеше претходно дека е мамин син? или се зедовте наеднаш? можда грубо звучам ама по кажаните зборови си згрешила со браков. па уште и деца... (не судам, не ме сфаќај погрешно ама ко ќе читам вака некои шо избрзале и после жалат...) второ, шо бара мајка му да меша прсти во туѓ брак? ако не е задоволна од нејзинио да си го среди и нема шо да кажва шо и како да прајте вие во вашиот. Боже сачувај свекрвите се... трето, да те сакал маж ти нешто ќе и речел, ќе зборнел со неам најважно ЌЕ ТИ БЕШЕ ПОДДРШКА!! ама не те сака пошто е мамино копиленце... четврто, како то сте маж и жена во добра комуникација, а коа ќе се скарате не си зборате ни по една недела? за вас то е добра комуникација? за мене не е. да беше комуникацијата добра ќе го решевте проблемот ЦЕЛОСНО и немаше да дојди до ова. поарно да се спречи него да се лечи. петто, немаш поќе љубов за него. пишаново кажва се. најдобар избор за вашиов случај е развод. пробајте заедно да му објасните на децата дека не ви е во ред браков и дека ќе ставите крај. и барај старателство на децата, дури и целосно ако е лош татко. но во секој случај мора да го бараш. иако не е доволно силен аргументот за развод (по мое мислење (најсилни аргументи се насилството и неверството комбинирани, а во проблемов не глеам ни едно ни друго)) овој случај е еден од полесните, ама можно е да имате проблеми со борбата за старателство (мое мислење). обавезно најми си добар адвокат и се надевам шо побрзо ќе го решиш случајо.
Ако главната причина за кавга ви е мајка му, време е да седнете и малку сериозно да поразговарате. Ако тој досега не сфатил од кавгите да му објасниш со убаво дека мама не е повеќе главна, дека е возрасен човек и има свое семејство за кое вие двајца носите одлуки. Никој трет од страна не смее да се меша и да одлучува за вас. Тоа што не зборувате по една недела ми е одлика на незрели личности, да не кажам деца. Лесно е да се разведеш, ама ако навистина се сакате и ако мајка му е единствена причина за кавга, тогаш решете го проблемот меѓусебно. Најди начин да допреш до него, не само да не му зборуваш. И со тоа што молчиш, си правиш полошо. Не велам да земеш да се искараш, туку на суптилен начин да и дадеш до знаење на жената дека премногу си дозволува.
Од мое искуство јас ќе пишам за една сурова вистина. Кога маж почнал да не си ја почитува таа што од љубов ја оженил тури му пепел на тој брак. Независно дали гледал порничи или мајка му му солела памет на секоа па почнал се помалку и помалку да ја почитува жената. Причината за непочитувањето е неважна. Најважно е вие самите да не започнете исто да не се почитувате самите себе си како личности. Тука лежи опасноста. А дали маж ми ме почитувал или не,дали мајка му вака рекла или не рекла, дали гледал вакви порничи или не гледал не треба ич да ви е гајле. Додека се почитувате себе си и знаете што сакате и го правите тоа нит нешто ќе ве потресува нит некој ќе ве спречува во намерите.
Ako ne postoi obostrana pochit ,respect,razbiranje i ljubov pomegu partnerite ondak shto bi mi znachel toj "brak" ako jas samata si Se sakam a drug me "proserava"..jas lichno ne bi mozela imun da izigravam na nepravdini..zatoa postoi RAZVOD
Ete po sovet od edna feminka resiv seriozno da razgovarame.Mu velam ne ti se samo majkati I tatko I semejstvo I nie so deteto sme,nie treba da sme ti na prvo mesto.I toj sto mi rece deka jas sum losa,zlobna samo za kavgi deka nikogas nema da se otkazi od negovite zaradi mene.Jasu vikam deka nebaram da se otkazi da gi pocitiva I niv no I mene epa jas ne sum zasluzuvala pocit I pocna da vika da me navreduva ,duri mi rece I da si zaminam .Pa toa I ke go naoravam dosta mi e trpejne nikogo da ne go navredis ,I ponizivajne.
@ina369 Штом е мамино галениче најголема грешка правиш ако ја обвиниш неговата мајка за нешто или ако збориш против неа зашо секако он ја брани неа во секоја ситуација.Ова ти го кажувам од искуство.Истово ова се случуваше помеѓу моите родители цели 4 години.Не можеш ти ништо да смениш зашо сепак она му е мајка а он нејзин син.Пробај да разговараш но никако против неа.Ако не ти успее ќе мора да си трпелива.Татко ми од кога навистина го сфати лицето на неговата мајка со неа не зборуваат вќе 2 год.Мора тој сам да го воочи тоа.Како и да е ако можеш да издржиш детето да ти подпорасне тоа ќе ти помогне многу зашо сепак друго е кога ќе има некој да те брани но ако не можеш да продолжиш да живееш така најсоодветно е разделба иако не би ти препорачала,мајка ми пак ќе ти кажам 4 години упорно се бореше со ваков проблем и успеа.Се гордеам со неа
@ina369 тој самиот ти рекол да си заминеш..Остави го нека си седи со мама..Не вреди со таков човек животот да ти минува..Треба почит,компромис слога во еден брак а кај вас тоа го нема
Ако не се промени, најдобро е развод, основата во бракот е меѓусебната почит, а не потчинетост, токму од ова произлегува дали бракот ќе биде убав или не, ви посакувам да ви се подобрат односите.
На почетокот од бракот е најтешко за адаптација, не мора одма да се помислува на развод, ама да знаете како ќе се поставите сега така ќе ве третираат цел живот. Бев во слична ситуација и можам да ви дадам совет да не попуштате, цимолите и кукате. Ако нешто не му се свиѓаше на маж ми како е направено ќе му речев следен пат ти направи поубаво, јас веќе не правам. И така неколку дена ќе си седеше без ручек, некогаш намерно ги оставав садовите или не пипав правосмукалка за да почне да цени што се работам јас. Бидејќи и јас одам на работа и јас сум уморна и не ми се работи по дома секогаш. И јас сакам да се оптегнам пред телевизор и да наоѓам маани. Е сега чистам кога мене ми се чисти, му пеглам ако мене ми се пегла. Он си мрчи, јас си свиркам Ама плачење и замарање- ЈОК! Ако нешто ми рече напрај ова она му викам и ти имаш 2 раце, стани направи си! Фала Богу дома ми е средено секогаш, ама повеќе ќе ве цени ако му покажете дека може да се игра и на друг начин!
Со надеж дека нешто ќе се смени само времето поминува, а се останува исто, дури може да стане и полошо. Мора акција, во бракот жената не е слугинка, бракот е заедница од двајца со еднаква одговорност. Ако не му се допаѓа како е исчистено, измиено, слободно нека стапи тој на сцена да покаже како треба да изгледа за да му е доволно чисто спрема него. Некои мажи забораваат како било до вчера кај нив дома со мајките им па лечат комплекси и истураат фрустрации на сопругите и тоа на почетокот од бракот. Сакаат да се наметнат и да ја потчинат сопругата. Мора гордо исправена глава и држење свој став, се што е сработено не е од небо паднато па некој што нема попаметна работа да зема и да го критикува само. Бракот не е бајка во која дворецот е светнат и чист сам од себе, треба заеднички труд и многу слога и согласност пред се.
Ако не почитува едниот време е да се седне на разговор и да се потсетат на почетоците од бракот. Баш кога бевме на венчавка со маж ми и слушавме завети, друго трето, го прашав дали памети што ветил и потпишал бидејќи ми се чини дека подзаборавил, па еве му прилика да се потсети. Тоа ни ја начна темата на разговор кога отидовме дома убаво и на мирен начин му објаснив дека ако јас трпам и молчам за некои работи тоа го правам за да му биде убаво на него, но ако со тоа го учам да не внимава како ми е мене тогаш веднаш ќе престанам и ќе се однесувам крајно себично, па ќе видиме до каде ќе не однесе тоа мое однесување кое е уствари реакција на неговото. Се случувало да почувствувам на моменти како ме става во втор план, или трет и како ми потенцира некои работи како да сме во првобитна заедница и веднаш му кажувам дека вечер ќе нема секс туку сериозен муабет. И секогаш кога ќе почувствувам дека не ме почитува доволно му кажувам да се преиспита. Пред неколку недели си дојде доцна од работа, јас и малиот заспавме во дневна бидејќи требаше рано да станеме утредента и да одиме на вакцина. Значи јас ете пазам не него сум легнала да спијам на кауч за тој на раат да се отспие до пладне, да не го будиме со малиот уште во 6 наутро, му реков сами ќе отидеме тој да одмори, и он си доаѓа и воопшто не внимава дали ќе не разбуди. Седна на другата страна и само слушам како му титка телефонот, и се исправам го гледам си пишува нешто на Вибер и се смее, му реков да го исклучи тоа звукот да не станам да видам со кој има толку интересен муабет толку доцна во 1 часот по полноќ. Не му работело копчето, не знаел како да намали звук и си продолжи. Конечно го остави телефонот почна во кујна да тропа да бара нешто да јаде, па омилената чаша не била измиена, па ја мие чашата, па телевизор си пушта. Е збеснав. Му реков дека е себичен и дека утредента ќе се разбереме за тоа однесување, му реков ако продолжи да си ужива ќе биде оставен тој во дневна да спие, а јас со бебето ќе одам во спална, ќе си се наспиеме раат и сабајле во 6 ние ќе ја окупираме дневната и таму ќе спремаме АД и ќе си пееме бејби шарк. Па се налути и си излезе и тука сфатив дека е моја грешка што го тинтрам толку и утредента пак на муабет седнавме и така постојано за да сфати дека почитта треба да доаѓа од двајцата, а не едниот да почитува, а другиот само да биде почитуван. Јас ако почитувам негови желби и се трудам да му олеснам значи дека истото го очекувам и од него. Ама мажи, брзо се навикнуваат на тоа што им прија, а тешко ќе ги одвикнеш малку да се свестуваат и да почнат и тие да враќаат со иста мера. Поентата ми е дека треба сериозен муабет и ако има потреба и почесто потсетување и зборување на таа тема. Не напнување, но низ муабет со кафе да се освести. Јас мислев сама си зборувам не ме слуша или одма ми отфрла што сум кажала, ама уште се сеќавам пред неколку месеци имавме гости негови пријатели, постари од нас, мажот му вели си ја сакаш ли женичката? И мојов вика: ех морам како да не ја сакам. И човеков му вика : "Женичка е како Богородичка, баци и остави паричка" Не буквално туку тоа го кажа во смисла да покаже љубов, но и да ги вреднува и почитува моите напори насочени кон негова добросостојба, а не да го злоупотребува тоа. Од како друг маж му го кажа тоа малку поинаку го сфати, нели маж на маж, а 10 жени можат истото да му го кажат кому му е гајле? Жени..