Доколку можете да си дозволите, во БиоКулт има 100% природно арганово масло и чини околу 550 денари, ама според мене вреди цената зошто на едно нанесување се ставаат максимум две капки. Мене веќе пола година ми трае и ни четвртина не е потрошено, а презадоволна сум од резултатите.
Јас користам шампон од орифлеим со араганово масло hairX и е прекрасен. Сега планирам да ги купам и регенераторот и серумот.
Женчиња, не би да ве разочарам, ни да мрчам, и јас го имам третманот-капки од арган од Авон, и да, ми ја мазне сувава коса, му дава сјај на влакното, но да не се лажеме - лаги со опашки е. Ова масло од арган е едно од најдобрите за коса а воедно и доста тешко да се најде чисто, непреработено измешано за различни чуда и секако за толку ефтини пари. Значи цеената му е смешна, можеле бар поскапо да го стават, да потешко ни замачкаат очи. Не викам дека нема некој процент арган, нешто секако има, мене ми делува пријатно на мојата коса, ама дека е баш така како што пише у каталог, не е. Ем смешно, ем жално.
Една другарка моја ги користи и е многу задоволна, сега скоро нарачаа уште две другарки но ги немам прашано колку се задоволни, изгледа и јас ке си ги нарачам, сега за сега само шампонот го имам, па во план ми е и регенераторот и серумот.
и јас се мислам дали да ги нарачам... исто и за маската се подзамислив, не знам дали е добра а сериум никогаш не сум користела никаков...
Јас до сега ништо не сум користела, но сепак косата ми беше убава. Сега го користам шампонот прекрасен е, па затоа ќе го нарачам и регенераторот, како што гледам сите се задоволни од нив, барем исте мои другарки.
ДА! Го имам,и ја прави косата мека,лелеава,лесна за чешлање,ја чува.Јас ја пеглам косата многу често,и порано ми се оштетуваше и морав да ја кратам на секои 2 месеца.Откако го зедов ова,цела година ја немав скратено,ми порасна многу,а не беше оштетена,воопшто.
https://fbcdn-sphotos-f-a.akamaihd.net/ ... 1071_n.jpg Јас имам вакво, 930 ден е, ми трае многу долго, само неколку капки се ставаат и премногу сум задоволна. Плава сум и косата сосема ми се опорави, не ми е веќе воопшто оштетена
Кажете ми кое е подобро според вас... ? или Јас од ова од Авон сум задоволна. Следно го купувам на Аура пошто читав позитивни критики за него на форумов, ама сакам ваше мислење кое е подобро.
^ Обавезно прочитај состав кога купуваш арганово масло зошто претежно многу малку има застапено арган во производиве. Све е само бизнис и добра реклама. Јас од принцип не верувам па затоа читам. Доколку ти треба 100 арган имаш во Виола на Nature's Argan Oil помало пакување од околку 400 ден мислам беше и поголемо околу 1000 (не ме фаќај за збор одамна го земав) многу малку се троши ама не се успоредува со ова на Авон.
Фала за информацијата женска Досега немав видено вакво.Гледам на страната дека и во Бт се продава.Јас користев од Dikson,се продава само во фризерски салони,ама е поскапо 30 мл.=750 ден.,а 100мл.=1500 ден. а премногу бев задоволна.Штом велиш дека ова е убо,ќе си го земам и јас
Јас ти препорачувам од Hair care италијанската колекција Native argan fluid пишува на нив неможам слика да најдам 290 ден 30 мил. во Космо презадоволна сум не се споредуваат со овие од Авон
Јас го земав од Виола 50 мл отприлика 1400 ден, чисто арганово и мене не ми се допаѓа , викаат не ја мрси косата , но мене ми ја мрси и некако кога се пеглам например како зејтин да имам и никакво , не ми се допага ич,