Може да го купите за 200 денари околку 750 мл ( не сум сигурна) во фарком најдете го тел бр на интернт, а преставништвото им е во аеродром
750 мл за 200 денари? мајка ми тоа што го купува е 30 мл, а е 250 или 300 денари (така нешто беше отприлика незнам точно) или си грешка или не е чисто арганово масло
Тие се оние што ги порачуваат фризеркте и не е чисто, но тоа им е набавната цена. За цената сум сигурна 100% а за количината незнам точно но е од 500 до 750 мл
Денес земав масло од арган од Космо, мало шишенце околу 980 ден го земав ама само работа да врши кога ќе го испробам ќе пишам
Јас го користев шампонов од арганово масло од орифлејм го земав ама не ми помогна ич, а косата ми е сува оштетна и ми се крши од фарбањето незнам со што друго да пробам да ја оправам, а сите го фалат маслото од арган
Маријана а го прочита ли составот? Многу производи се со арганово масло ама кога ќе прочиташ има многу малку внатре 4-5% што секако не помага. Јас ти ја препорачувам линијата на Еугене Перма за сува и оштетена коса , ги има во Космо , јас ја имам маската и многу ми помага косата додека ја измијам ми е мекана а и маслото од арган од Космо , тоа е 100% масло се продава во мали шишенца ( околу 980 ден мислам беше) ама се става по малку и ке ти трае со месеци , мене ми помогна косата не ми е расцветана иако нели се фарбам плава
Пишува ама на бугарски кинески што не разбирам ама откако ќе ја измијам косата уште толку ми се кине ќе одам во космо и ќе бирам овие ти што ми ги рече морам да ја оправам косава
А пробал ли некој чисто ладно цедено арганово масло што се продава во продавниците за здрава храна? Тоа мислам дека чини накај 400 денари 100 мл
Здраво јас долго време користев чисто арганово масло (го немам купено од Македонија) и тоа не само за коса туку и за лице. На коса го нанесував наместо силиконски капки (три масла имам пробано како замена за силиконски капки: арган, кокос и јојоба) фантастични се косата дише има прекрасен сјај а и навистина ја негуваат за разлика од силиконите. Исто така и како третман на навлажнета коса. За лице го користев во многу мала количина навечер како серум за лице или ноќен третман. Кожата на лицето ја прави прекрасна, и дава убав сјај и е мека. Друго масло кое е прекрасно за коса и ви советувам да го пробате е макадамија ама чиста не мешана со други нешта. Јас ја земав од биокулт некаде околу 335 денари ако не се лажам или можеби 355. Со оглед на тоа што маслата во биокулт се наоѓаат во одделот за исхрана можете да бидете сигурни дека се 100 посто природни и чисти иначе не би биле за внатрешна употреба.
Вчерa се шишaв и фризеркaтa ми стaви oд oвa (нa сликaтa) Argan oil, велaт декa бил зa бришење нa брчки дури зa 7 денa и зa пoдoбрувaње нa рaзлњтaнa,сувa кoсa и нејзин рaст. Ме интересирa, кaкo oвa нa сликaтa кoлку пaри е и кaде се прoдaвa, не прaшaв кaј фризеркaтa..
Zdravo, proverete ovde: http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1571447 ili ovde http://mojagarderoba.mk/items/kozmetika/217401/argano-maslo
Здраво на сите, штотуку објавив една статија во која ги кажувам сите начини на употреба на маслото од арган, за кожа, коса и нокти. Се надевам дека ќе ви биде од корист. Еве ви линк од статијата http://biodevojka.blogspot.com/2015/04/olival.html Поздрав
Една другарка ми поклони масло од арган одкако и се пожалив за состојбата на мојата коса летото, но бидејќи беше увезено од мароко ми се чини, не се снајдов со упатството и го имав складирано и заборавено. Дали знаеш дали постои рок на употреба на истите. После твојов пост би почнала да го употребувам доколку не е штетно. Знам дека имаш тестирано голем дел од производите на Др. Хаушка. Конкретно за тоникот за лице ме интересира дали правилно го нанесувам. Првен го длабински го чистам лицето со колекцијата во 3 чекори од клиник, потоа од истата колекција нанесувам анти ејџ и крема за под очи за хидрирање и на крај прскам со тоников на цело лице. Ме буни делот дали е подобро пред хидратантните креми или после...или можеби него да го користам во делот од денот кога нив не ги нанесувам.