Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Mасло од aрган

Дискусија во 'Коса' започната од agirl17, 9 април 2011.

  1. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    http://arganoil.mk/ Sakam da go probam samponot ovaj od arganovo maslo da ne go ima nekolku slucajno koristeno?
     
  2. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Da ne gi ima slucajo vo aptekite?vo Zegin mozebi?
     
  3. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, провери го рокот на траење на маслото на кутивчето, доколку го немаш отворено а рокот сеуште не е поминат слободно користи го. Обично маслата имаат рок на траење од 6 до 12 месеци од отворањето, така да доколку не си го отворила ок е. Што се однесува до тоникот, јас прво го чистам лицето со кремата за чистење со гранули од хаушка, па мијам со вода и после го прскам тоникот, кој екстра ме освежува. Дури после нанесувам крема за лице и за околу очи.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  4. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Не,ги нема во ниедна аптека,па ни во Зегин.
    Во Александар Козметикс ги има,или пак можеш да ги порачаш од странскиве сајтови.
    Трето нема.:)
     
    На mime87 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.759
    Допаѓања:
    23.969
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka, колку го зеде маслото од арган од Olival?
    Кое е подобро, тоа од Биокосмос или ова?
     
  6. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Користам масло од арган еднаш во месецот. Подарок ми е од другарка ми од Мароко. Кога го потрошив тоа шишенце купив едно од Био продавница, абе врска нема квалитетот, само за џабе парите што ги дадов и сега ќе си купам од Маракеш кога ќе одам на одмор. Во однос на употребата и ефикасноста:
    Јас си го користев според препораката на другаркава, се става на цела коса и се чешла косата за да убаво се распредели на косата и се остава барем еден саат да одстои (што подолго подобро) како маска и потоа косата си се мие нормално. Ефектите се; косата ми е помека и полесно се скротува и има многу повеќе сјај. Според мене сличен резултат се добива и со виргин маслиново масло.
     
  7. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга senza.parole, маслото од Olival со 25% попуст чини 589 денари, а разликата помеѓу ова и она на биокосмос е во тоа што ова на Olival покрај арганот содржи и витамин Е и парфем и има нежен цитрусен мирис (нешто помеѓу лимон и цитрон, така мириса), додека она на биокосмос е само арганово масло без никаков парфем и без витамин Е. Цената на маслото од биокосмос е 399 денари за 50 мл. Инаку и двете масла се органски и ладно цедени. Морам да напоменам дека овие се само за надворешна употреба, а доколку сакате арган кој е и за внатрешна употреба во тој случај го препорачувам оној на биопланет кој може да се најде во продавниците на биокулт и биокосмос и цената му е некаде околу 570 денари за 100 мл ако не се лажам. Тоа масло е печено и затоа може за внатрешна употреба. Морам само да ви кажам дека има доста интензивен мирис на арган (со оглед на тоа што плодовите се печени). Се надевам ти помогнав, поздрав.
     
    На danichap и senza.parole им се допаѓа ова.
  8. Fatrix

    Fatrix Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Ќе може ли да направиш споредба помеѓу трите масла?
    Јас имам многу сува кожа и коса, користам ладно цедено кокосово масло и многу сум задоволна, но на кожа ми мириса непријатно после неколку саати, ми ја мрси косата, перницата и алиштата па барам замена.
     
  9. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, доколку кокосовото ти ја масти кожата пробај или арган или јојоба. Е сега тешко е да кажам кое е подобро тоа е индивидуално (за мене беше супер и кокосово ама еве тебе ти ја масти кожата). Може само да ти кажам дека и двете се масла погодни за комбинирана или масна кожа, и двете ја спречуваат појавата на акните. Богати се со витамини и исклучително хрансливи за косата. И двете масла многу лесно се впиваат во кожата (секако да не се претера со употреба). Еве јас моментално користам арганово масло под дневната крема како серум , а го нанесувам и како серум на коса по миењето со шампон на навлажнети врвови пред да ја исушам косата. Ми дава голем сјај а и видно ја негува косата за разлика од силиконските капки. Јас сепак ти советувам да пробаш, па сама да утврдиш што повеќе ќе ти одговара. Еве доколку лицето многу ти се масти пробај јојоба, (веќе имаш кокос за коса), па види како ќе бидеш задоволна. Еве ветувам дека една од следните статии ќе ја посветам на маслото од јојоба за да ви направам споредба и да ви кажам на кои се начини може да се користи. Се надевам ти помогнав.
     
    На kikkki, Fatrix и danichap им се допаѓа ова.
  10. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    17.727
    Пол:
    Женски
  11. holala

    holala Нов член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    На Veki4kaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Постојат тврдења за корисните ефекти врз здравјето: истражувачите откриле дека секојдневното консумирање на ова масло е важен фактор :
    -за спречување на разни видови на рак
    -за кардиоваскуларни заболувања
    -лекување на дебелината
    -намалување на штетниот холестерол
    -намалување на триглицеридите во крвта.
    Традиционално се користи во третмани за кожни болести и како козметичко средство за разубавување на кожата и косата:
    -врши хидратација на кожата
    -ги лекува младешките акни
    -ги избелува темните дамки на лицето
    -ја негува косата
    Маслото од арган за козметички цели

    • Маслото од арган има силно дејство против стареење. Благодарение на масните киселини што ги содржи (најмногу линоленова), ја навлажнува кожата и е моќен антиоксидант. Ги забавува процесите на стареење на кожата, ја рехабилитира по сушење и ја штити од надворешни влијанија.
    • Сапонините содржани во маслото ја одржуваат кожата мазна и мека, а стеролините спречуваат воспаленија и егземи.
    • Помага да се добие бронзен тен и затоа е честа состојка во средствата за заштита од сонце и производите за нега на кожата по изложување на сончеви зраци.
    • Ги смирува акните и чувствителната кожа.
    • Ја зајакнува косата на тој начин што ја одржува влажноста и еластичноста, го потхранува скалпот и го спречува кинењето и пукањето на влакното. Освен тоа, ѝ дава сјај и волумен.
    • Ги јакне ноктите и спречува кршење.
    Како да се користи за разубавување?
    Најбрз начин е да се користат некои од козметичките средства што го содржат „мароканското злато“. Чистото масло од арган може да се користи за кожата и косата на следниот начин:

    • Против брчки. Пред легнување измијте го лицето. На раката ставете масло од арган, растријте го со двете раце и нанесете го на кожата на лицето, вратот и деколтето со лесно масирање. Размачкајте го потоа насекаде на рацете и добро истријте ги ноктите.
    • За здрава и блескава коса. На чиста коса нанесете го маслото со раце. За подлабоко потхранување намачкајте го скалпот и косата по должината со маслото, завиткајте ја главата со најлон или специјална капа и оставете да отстои 15-20 минути, по што ќе ја измиете.
    Маслото и производи што го содржат можат да се најдат и на нашиот пазар.
    Еве јас нешто најдов :):)
     
  13. Loretta

    Loretta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    639
    Девојки, значи маслово е КАТАСТРОФА! Јас го зедов од една локална аптека по стандардната цена од 890 ден. Штом го ставиш на косата е ок е, а потоа буквално како да испарува, никаде го нема! Ни трага ни глас од ефектот кој аргановото масло треба да ви го даде. Всушност, ништо, ни како арганово, ниту како некое друго масло. Како вода, да, баш како вода да сте ставиле на коса,катастрофа!
    Инаку, предходно сум го користела маслото Orofluido кое не е 100% природно арганово и беше едно 200 пати подобро од ова, а и поефтино беше. После половина месец користење на она лошо арганово, бев принудена да купам друго. Сега го употребувам Арга од nature's, италијанско производство, 99.3% арганово масло и конечно го има посакуваниот ефект. Секогаш читајте го составот и не верувајте во нешто што премногу се рекламира, добрите производи немаат потреба од многу реклама.
    Поздрав
     
    На holala, Lana del Rey и Golden Rose им се допаѓа ова.
  14. Lavinija

    Lavinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    33
    @Biodevojka
    Тоа арганово масло од Olival од каде може да се купи? Или се нарачува преку претставници?
    Од каде воопшто можам да купам квалитетно арганово масло збогатено со витамин Е?
     
  15. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, маслото на оливал може да го најдеш на штандот нивни во т.ц. Рамстор и Сити Мол. Ова масло има мал цитрусен мирис, мора да ти кажам. Ако сакаш без мирис во тој случај има едно на биокосмос кое кошта 399 денари за 50 мл. Поздрав.
     
    На Lavinija му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lavinija

    Lavinija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    33
    @Biodevojka
    Izvini,pak jas dali istive masla sto mi gi kaza moze da se koristat i za koza i za kosa? Ti blagodaram za odgovorot :)
     
  17. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Да да, секако. И двете се чисти масла и може да ги користиш и за лице и за коса. Единствена разлика како што кажав е што оливал има цитрусен парфем, а биокосмос нема никаков мирис. Поздрав.
     
    На Lavinija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. holala

    holala Нов член

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Ok fala ti.Samo te molam kazi mi kade mozam da go kupam toa od nature`s?
     
  19. Loretta

    Loretta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    639
    Виола Трејд се увозници, го има во сите аптеки на Виола. Вака изгледа паковањето, не би требало да е проблем да го најдеш, иако големите аптеки како еурофарм и зегин не го имаат. А, да , бидејки спомнавте цитрусна нота, и ова масло ја има, но тоа воопшто не го намали квалитетот. Посл 1443878791782.jpg е 3 неделна употреба, јас сум презадоволна.Поздрав.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Beti82

    Beti82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2012
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Kako go upotrebuvas .