Универзално е може да го користиш за што сакаш. јас го користев и за лице и за коса. Чисто ладно цедено е. Знам две продавници на биокосмос една во т.ц. Буњаковец друга на излез од г.т.ц. ја поминуваш новата катна гаража, пред Тинекс во блокот. Поздрав
Ако сакаш да направиш третман на косата како маска пред шампонирање се нанесува на полувлажна коса (благо навлажнета) се покрива со фолија или ќеса и пешкир и се остава да делува околу сат време (може навечер да го оставиш и цела вечер). Се мие со шампон. Како серум за оштетени врвови (од типот на силиконски капки, само што ова е без силикони ) се нанесува по миењето на влажна или сува коса многу мала количина само на врвовите. Поздрав.
Здраво драга, блогот се вика Биодевојка пиши на гугл ќе го најдеш. Исто така во секоја моја порака која ја пишувам на форумов имаш линк најдоле на крај, (сепак да не постирам линкови на темава и да го почитувам форумот и правилата). Или ако сакаш оди на мојот профил фемина и ќе најдеш директен линк. Поздрав. п.с. конкретно за оваа статија пиши на гугл етерични масла: најчесто поставувани прашања и ќе ти излезе
Јас ги зедов овие на сликата. Добри се, ама не сум нешто специјално воодушевевена. Прескапи се, не вредат за парите
Здраво на сите, пробав едно ново масло од арган кое според мене е најдобро нешто што досега сум го прпбала и сакам да го споделам со сите вас. Станува збор за Bare Origin масла од арган каде има три вида чисто арганово масло, со мирис на чоколадо и со мирис на роза. Јас го користам она со мирис на роза и можам да ви го кажам следново: 1. Најнапред ми се допаѓа што доаѓа во темно стаклено шишенце а знаеме дека темните шишенца го помагаат правилното оддржување на маслото и ја спречуваат предвремената оксидација или ужегнување на истото. 2. Мирисот на ова масло ме потсетува на едно прекрасно масло кое го купував во Рим. Има убав пријатен интензивен мирис на јаткасто овошје (нешто слично на лешник). Се препознава дека е природен затоа што најнапред кога ќе се нанесе на лицето се чувствува мирисот на самиот арган, а дури на крајот мирисот на роза. Ова е затоа што арганот доколку е чист тешко се покрива со други мириси со оглед на тоа што има убав интензивен мирис сам по себе. На крај веќе се чувствува и розата и дава убава пријатна свежина на лицето. Интересно е да напоменам дека чистото арганово масло без разлика на тоа што има убав интензивен мирис, не остава мирис на самота кожа затоа што по две минути кожата веќе го апсорбира, што е уште еден знак за квалитет на самиот производ. 3. Маслово воопшто не масти и убаво се впива на самото лице. Доколку аргановото масло е премногу тешко и повеќе масти во тој случај е помешано со некое друго масло. Доколку убаво се впие и не остава масна трага (секако ова зависи и од типот на кожата) станува збор за убаво и квалитетно масло. Обично препорачуваат аргановото масло да се користи навечер, меѓутоа јас го користам и за преку ден и навистина ми одговара многу. Без разлика на тоа што имам комбинирана кожа, како што веќе имам напоменато многупати, мојата кожа обожава масла и секогаш ги користам. Поздрав
Здраво драга, маслото може да го најдеш во Јавна соба, ако не се лажам до крајот на месецов е на попуст 25%.Може и за коса и за лице да се користи како сакаш. Поздрав.
Здраво драга зборувам за фенирање затоа што не ја пеглам косата. Може и на двата начини. Ако се одлучиш пред фенирање стави го на полувлажна коса (најнапред малку засуши со фен) по должината и на врвовите. Ако сакаш по фенирање за сјај на косата стави ептен мала количина на сува коса на врвовите. Поздрав.
Ако е на измиена коса пред да се исфенираш нема потреба. Тоа е за заштита на косата од фенот. Мала количина се нанесува и се досушува косата. Ако сакаш како третман на полунавлажнета коса пред миење тогаш да, се става ќеса и пешкир одозгора, се загрева со фен околу минутка две и се држи најмалку половина час. Потоа се мие косата со шампон и се обликува. Поздрав.
Од 400 денари па нагоре за 50 мл. Можеш да го најдеш во продавниците за здрава храна и во некои од дрогериите.