Ваква тема мислам имаше, но не успеав да ја најдам. Читав еден текст денеска, па еве ваше мислење, може ли да се најде компромис во мешан брак. Јас не познавам многу мешани бракови, и не можам некоја оценка да дадам. Тие што ги знам се на прсти да ги изброиш. Еве од Радио слободна Европа текст. Мешаните бракови меѓу Македонци и Албанци ретко, но стабилни Ирфан и Марионка Уштеленца се во брак повеќе од 50 години. Тој е Албанец, а таа Македонка. Велат дека тензиите во општеството не им се пресликале во семејството. Во Дебар важат за пример за верската и за етничката толеранција. Во Дебар ретки се мешаните бракови меѓу Македонци и Албанци, но тие како во минатото така и денес, се стабилни бракови, кои воедно се и добар пример за соживот и толеранција. И покрај тоа што во одредени периоди во државата имаше нагласени етнички и верски тензии и појава на етничка и верска поделеност, овие бракови опстојувале. Ирфан и Марионка Уштеленца се во брак повеќе од пет декади. Тие велат дека имаат мошне стабилен брак. Двајцата како млади се запознале како студенти во 60-те години и денеска го живеат третото доба. „На почетокот кога дојдов во Дебар како млада невеста во семејството на мојот сопруг Ирфан Уштеленца, не да речам дека бев примена добро, туку бев примена одлично. Одлично бев прифатена и без предрасуди и од страна на неговото пошироко семејство, како што се тетки, вујни, вујковци и друга роднина. Како Македонка бев прифатен од сите како во семејството на сопругот, така и од целото општество во Дебар. За кратко време го научив и албанскиот јазик и со успех работев и во организацијата каде што имаше потреба и за македонскиот и за албанскиот јазик. И на работа сите ме почитуваа. Јас со мојот пример мислам дека придонесов многу и за верската и за етничката толеранција во градот“, вели Марионка Уштеленца. Инаку Ирфан кој е наставник во пензија, истакнува дека љубовта не признава граници. Имаме одлично семејство, додава Ирфан. „Љубовта нема граници. Се сакавме и се зедовме. Сме немале никакви проблеми во семејството и имаме прекрасно семејство. Имаме три деца, тие се школувани и една ќерка ни е доктор на науки“, вели тој. РСЕ: Имате ли проблеми кога се јавуваат одредени етнички и верски тензии пошироко во земјава? „Имаше одредени појави. Но сепак ќе кажам дека онаа што се случуваше надвор, немаше простор да навлезе во нашето семејство. Нашето семејство беше и е мошне стабилно“, истакна Ирфан Уштеленца . Сега како пензионери и двајцата се активни во организацијата на пензионерите, но и во други организации. Семејството на Ирфан и Марионка Уштеленца е мошне почитувано во Дебар. Него го ценат сите дебарчани.
Сега нашиве не се трпат ,а не мешани бракови ќе се исколат мислам....но не викам дека нема ретки случаеви каде не се сложуваат Секој како замислил така нека си прави јас искрено не би се осмелила на ваков чекор ...
Баш таа разлика во културата ги прави поцврсти овие бракови, потолерантни едни кон други.. Можеби порано мешани бракови имало само меѓу народите на овие простори но денес со ова движење на населението има доста повеќе мешани бракови Колку Македонци земаа жени од Пустец, Албанки - католици. Колку само Филипинки што работеле на истокот се мажени овде. Има доста наши што се женети/мажени за Грци, Германци, Скандинавци. Бидејќи актуелно е да се оди на работа во земјите од Блискиот Исток многу луѓе склопија бракови со тамошно население или со некои дојденци од други држави. Само во моето окружување би набројалa 10тина мешани бракови. Роднина е мажена за Египќанец. Друга за Влах, комшики имам една Хрватка една Србинка, комшија Грк женет овде. Двајца другари на мм женети се со Филипинки, познанички една со Французин, една со Англичанец... Имаме наши познати личности во мешан брак. На пример Борјан Јовановски и Амернис Нокшиќи, Висар Вишка и Елена Митевска. Менче Точи, познатата новинарка е исто во мешан брак, Нора Шакири итн... Ако приметивте по пишувањето на членовите овде истотака има доста во мешан брак Ако двајцата се на исто културно ниво и со разбирање и почит према останатите ни една вера или нација не би требало да им биде пречка.
И јас не би. Не знам дали е до времето, можеби парот кој е во прилогот, живееле во друго време кога и немало толку омраза и немало толку причини за да мразиш некој од друга заедница, конкретно Албанци Македонци па се решиле. Спомна Менче Точи, но таа е постара жена која исто е мажена пред Македонија да се осамостои, така да колку причини имал еден просечен Македонец во тоа време за да мрази просечен Албанец.
Па никогаш не ни имало, ниту ќе има рационална и оправдана причина некој да мрази припадник на друг народ само поради таа припадност. Ниту пак мора да има врска и пропорционалност прашањето за иста vs различна вера/нација со трпењето и слогата... Истото мислење го имам за браковите како и за мешаните врски, кое го имам пишано. За две личности со здрав поглед и сфаќање на религијата и/или патриотизмот (што значи да имаат расчистено дека немаат право никому во околина да ги наметнуваат истите, па ниту на својот животен сопатник) – ова секако дека не би претставувало никаков проблем, па и евентуалните негативни мислења од скептици и конзервативци би ја направиле уште посилна нивната поврзаност.
Во Пустец не ни има Албанци, грешка си. Тие Албанки-католици се некаде од секој дел од Албанија, само од Пустец не. Тие од Пустец се Македонки. Мајка ми е од таму и затоа не сметам дека сум од мешан брак.
Секој брак може да успее, небитно од каде се партнерите или со какво потекло. Најважно е да си пред се', човек, да има обострана љубов и разбирање, толеранција и компромис. За било каде во светот важи тоа. И мислам дека мешаните бракови се поуспешни, барем кај нас, затоа што и двајцата партнери прво се бореле со менталитетот, околината и предрасудите кои владеат кај нас, тоа им ја зацврстува љубовта. Потолерантни се кон разликите и ги прифаќаат како дел од личноста со која одлучиле да го поминат животот. Лично, немам ништо против мешаните бракови, ако имав таква прилика сигурно не би се двоумела за брак ако сум го сакала и почитувала тој човек, и ако тоа било обострано. Никогаш не сум ги судела луѓето според тоа на која нација или вера и припаѓаат. Ги делам само на луѓе и нелуѓе. П.С. Менче Точи не е толку стара за да биде скоро 30 години во брак. Демек кај нас после осамостојувањето се појавија предрасудите. Менталитетот закоравен ни е во гените и тешко дека во иднина нешто ќе се промени, судејќи колку млади се буквално до гуша закопани во тие предрасуди и не сакаат да ја видат и слушнат другата страна.
Ако е верник, па уште и некој кој следи обичаи, тешко дека би влегла во таква врска. Исто ако и треба да менувам вера за да бидеме заедно. Ако е атеист што доаѓа од религиозно семејство, зависи од околностите. Порано бев повеќе open minded за вакви врски, ама сега сфаќам дека верник од било која религија кој е посветен на религијата не би можел да биде со атеист.
Се додека ми е убаво, не ми е гајле од која религија и националност е.. и не ми е гајле што мислат луѓето околу нас.. Исто како што мене ми е сеедно за некој во мешан брак. Се додека им е убаво, среќна сум за нив.. Од тие предрасуди ни стана вакво општеството... Патем, не е мешан брак само меѓу албанец и македонка и обратно.. Гледам немате предрасуди за бракови меѓу американец и македонка, кинез и мк, арап и мк, германци и македонци и сл...
Ако мм добие државјанство од друга држава, дали тогаш нашиот брак од ,,чист'' ќе стане мешан ? Ако некој за кој цел живот сте знаеле дека е пример Македонец, одпосле се испостави дека е чистокрвен пример Албанец посвоен во македонска фамилија дали ќе ви се смени односот и мислењето за него? #прашањакоимемачат уствари не ме мачат, сакам само да докажам koлку е непотребно делење на луѓето по вера и нација btw јас горе спомнав 4 пара јавни личности, како баш за Менче Точи се фативте, а фактички само таа е од таа постара генерација
Самиот факт што Радио слободна Европа има потреба да пласира вакви текстови, како и тоа што имаме потреби од вакви теми на форумов покажува на тоа колку ни се заостанати сфаќањата и колку сме далеку од здравиот разум со некои размислувања. Се' додека при избор на партнер (а и за било што друго) им даваме предност на некои апстрактни фикс-идеи како национализам, етноцентиразам, религиски фанатизам и сл., во однос на реални и суштински ствари, како на пример, карактерот на човекот со кој планираме да ја делиме иднината - ќе постојат вакви „проблеми“ и вакви текстови. А реално, ме изненади и РСЕ со глупоста содржана во реченицава: Дали семејствово е почитувано само затоа што е у прашање мешан брак, или? Дали тоа што некој е во мешан брак значи дека автоматски ја заслужува почитта на заедницата? Ако поентата на текстов е дека луѓето треба да се ценат според своите лични карактеристики, а не според своето потекло и конформизмот на општеството, тогаш со крајнава реченица скроз ја утнале поентата.
Pregolemi verski ,kulturoloski razliki pretstavuvaat problem vo mesani brakovi. Ljubovta e promenliva kategorija,a brakot sepak institucija.
Лично јас не би се впуштила во мешан брак со Албанец ,Турчин ,Босанец не сум против такви бракови ако си се среќни супер ама јас дефинитивно не би се осудила ни во врска да бидам со муслиман а па не во брак ,не дека сум нешто премногу религиозна но таков брак едноставно не ми се допаѓа.
Доколку двајца се толку силни и спремни да жртвуваат многу, во име на тоа да се заедно, тогаш сигурно нивната љубов е голема, и секако дека поддржувам такви ситуации. Работата е на почетокот, пред воопшто да се впуштиш во нешто такво. Треба добро да ја знаеш личноста, да видиш дали воопшто вие би можеле да функционирате како пар, и дали другиот/другата би бил во таква врска без да врши било каков притисок. Дали е отворен за компромиси и слично. Тоа сепак зависи од НЕГО како човек, а не како припадник на друга религија или националност или сеедно. Мене лично ми е тешко да се замислам со човек кој е премногу религиозен, без разлика за која религија се работи. Исто така ако би била со некој од различна религија, не би сакала неговата да ми биде наметната. Едноставно, треба едниот да го почитува другиот, треба да има разбирање, слога, љубов. Не ми е битно на која религија припаѓа доколку е спремен да биде тука за мене секогаш, да ме поддржува, да ме сака, да ми го исполнува срцето, доколку сме среќни заедно и одлично функционираме како пар. Тоа е тоа кое што треба да се цени. Краток е животот луѓе, сакајте се, доколку имате таква среќа да си ја сретнете љубовта која ве исполнува, не ја испуштајте од раце. На крајот од денот, битно е да сме си на чисто сами со себе, да го правиме тоа што нас не прави среќни, без разлика на мислењето на другите. Луѓето се денес тука, утре ќе ги нема. Ќе останете Вие со вашите избори, и едниот живот, и шанси кои можеби само еднаш доаѓаат. Искористете ги доколку тоа би ве исполнило, бидете среќни. Се најдобро.
Зависи од ситуацијата. Еве јас сум дете од мешан брак. Никогаш не би бил во врска со девојка од друга раса или од некоја радикална религија како што е исламот. Да не сфатите погрешно или како расизам, ова се мои мислења и кажувам за себе лично. Бракот или врската на другите не ме засега.
Не се секирајте, радикалните верници и националисти не ни сакаат да се во мешано друштво а камо ли брак. ..
Па и не е баш така, влегуваат и во друштво и во брак радикалците,а некои не се радикални подоцна стануваат.Имаше многу мешани бракови во екс ју кои се распаднаа кога почна војната,преку ноќ во бих станаа радикални националисти ,додека радикалните верници влегуваат во врска со не толку религиозни личности и се обидуваат да им ја сменат религијата,имаше случај на мајка чија ќерка возрасна се фатила со дечко од средниот исток,и која премина во неговата вера.