Одлични со родителите и роднините Се помирија, прифатија, не знам ама се си е најнормално За "пријателите" и "другарките" не ми се коментира баш, баш ми се стетсна кругот Што од предрасуди, коментари, ограничени размислувања @christinnn јас не гледам ништо срамно за родителите Се гордеат, живееме сложно, полни со разбирање, љубов Срамно би ми било да ме убива некој од ќотек,да ме малтретира некој пијаница или фамилијата да трпи заради некој коцкар Тоа е срамота и шок за нечија фамилија
@christinnn Морам да прашам, зашто срамно за родителите? Искрено, многу сурови мислења имам прочитано тука. Зашто е срамота и зашто било кој пар треба да се труди да ги задоволи очекувањата од околината, родителите и соседите пред личната среќа и врска полна со љубов и поддршка. Никој никого не треба да убедува дали е "право" или не "мешана" врска ама некако сами ко да си ја правиме работава посериозна него што реално е. Во отворена и зрела врска муабети од типот дали во црква се влегувало или не, свинско дали ќе се јаде или не, се решаваат со дискусија и почитување на ставовите на партнерите. Не сум сигурна дали истото се случува и во врски со психичко и физичко малтретирање и нерамноправност.
@christinnn Не е срамно воопшто. Постојат луѓе што не ги занима религија. Доколку се сложуваш со некој и почитуваш ич не е битно на која религија припаѓа. Ова уште кај нас на Балкан е останато така, за жал. Во други држави воопшто не се замараат со тоа.
Ко родител ќе се срамам моето дете да биде некултурно кон други, да не помага, да нема емпатија, да малтретира други, да малтретира животни, да не почитува и така натака, а нема да се срамам ако се заљуби во добар човек. Уствари и овие работи да ги прави нема да се срамам бидејќи е мое дете и од моето дете не можам да се срамам никогаш. Ама ни на крај памет ако се заљуби во некој нормален, поштен човек. Ама не сте криви вие, вашите родители така ве пораснале, со такво воспитување дека ќе се срамат од тебе ако не направиш нешто според нивните критериуми, колку и да се заостанати тие критериуми.
Чупуња, јас пишав за мојата ситуација како би било. Ги знам ставовите на моите и знам колку тоа би ги повредило нив. Покрај цел труд и огромната љубов која ми ја дале, не сакам да направам нешто шо би ги повредило. За кого, за машко? Секогаш имам прилика да се заљубам во друг, ама резерва родители немам. И да не се повторувам ама ќе спомнам пак, пишувам за мене лично. Да имав либерални родители, да имав родители во мешан брак или крај краева родители на кои не би им било гајле со кој сум, ваљда би била со друго размислување. Сега и вака,не. И да, темава е за мешани бракови. Семејно насилство во брак не е тема на муабет.
Огромната љубов, аха. Огромна љубов знаеш што значи? Прифаќање. Родителот да го прифати детето такво какво што е, а не да му ги исполнува него желбите. Детето не може на никаков начин да го повреди родителот. Никаков, никогаш. Само родителот може да го повреди детето пошо детето е доверено на родителите и родителите треба да се грижат за него, а не обратно. Не се грижи детето родителите да не се повредени. Муабетите што многу родители ги прават од типот "ти ќе ме умреш" "заради тебе се разболев" "заради тебе ми е тешко" и такви слични, се манипулација, нема ништо тука со огромна љубов, ни со мала љубов нема ништо . Родителите кои поддржуваат мешани врски за децата не значи дека не им е гајле. Баш дека многу им е гајле сакаат децата да се среќни, а не децата да им ги исполнуваат нивните себични желби, кои многу често, многу често се резултат на "што ќе кажат комшиите". Да родам дете и да се грижам за комшиите, во предвид не доаѓа
@Mari* Ти си се согласила твоите деца да имаат муслимански имиња, детето да има сунет од верски причини,тоа нема врска со сунет од здравствени причини и ја имаат секако националноста на таткото. И твојата согласност е за респект, бидејќи многу не би се согласиле. А и девојчево @christinnn е во право, секој си знае лично за себе. Бидејќи, можеме да бидеме со либерални сфаќања за други религии,но последиците на растење и однесување во средина која е религиски различна од нашата ,кога тогаш ќе исплива и тогаш настанува проблем,не ради средината и не прифаќањето туку поради разликите кои постојат.Тие се проблем,а не дали некоја тетка ќе ве прифати или не. Имам комшии кај моите, турци, не беа фанатични верници, но сега ситуацијата се промени, неговата жена македонка со потекло од Неготино почна да носи шамија и да оди покриена, дури и кога излегува на тераса носи шамија. Бидејќи потекнувам од место кое е национално мешано, знам такви бракови, ниту едно дете на албанец/македонка нема македонска националност, ниту православна религија туку децата стануваат албанец /муслиман со муслиманско име но некоја интернационална верзија. Ништо од мајката. Тоа за мене не е компромис но најдобро си знае секој за себе. Имам две ќерки и се надевам дека нема да влезат во верски мешана заедница. Тука се потребни многу компромиси, не е само славењето на Бајрам и Велигден дома.
Mn predrasudi postojat na svetov za da mozat taka liberalno da razmisluvaat i da se prifatat site megu sebe. Mene ne mi menuva nisto koj kako saka neka si zivee najvazno e da se zdravi i srekni. Vo opstestvoto decata se surovi i nivnite zborovi mn pogoduvaat posebno koga postojat razliki. Sepak e licen izbor.
Јас чекам бебе 14та недела, мајка ми почна да се радува и да купува секој ден по нешто за бебето. Другата недела ќе го дознаеме полот и сме договорени да се вика Дино/Габриел ако е машко, Хана/Лина ако е женско. Сунет од здравствени причини е добро да се прави и Евреите прават сунет. Детето ќе одлучи што религија ќе биде, не мора на ниедна да припаѓа. Негово право. Како што кажав горе живееме во Германија и ни е многу убаво. Сега овие 3 месеци сме тука, моментално во Ск сами во стан. Жално што мешате љубов и религија.
Немам ништо против мешани бракови, но јас лично не би влегла од причини кои веќе @Cosmi ги има објаснето што главно опфаќаат муслимански имиња на децата и наметнување на верските обичаи и начин на облекување и однесување и на децата и на мајката во случај кога мајката е православна. Зборувам и од пример на познајничка која откако многу рано се омажи со муслиман се одвои од друштвото и со сигурност знам дека децата и носат муслимански имиња и дури имаше барање од родителите на мажот да го смени нејзиното православно име, ама таа одби и нагалено ја викаат во некоја муслиманска варијанта од името.
Мојот не ни пости. Шамии никоја во фамилијата не му носи ни сестрите ни мајка му ни стрините ни тетките. Никогаш не ми спомнал ништо такво а се знаеме повеќе од 7 години.
Се сложувам. Во таков брак, прифаќаш се нивно, а тие не прифаќаат нито твое, си го тераат животот. Како што пиша една феминка погоре, штом запознавам муслиман, било тоа Турчин, Бошњаци пример двајца ми се пуштале, сакале врска, не, си ставам блокада дека тоа не е за мене, и крај.
Во исламот е препорачано обрежување на малолетните машки деца (сунет). Така да не мешајте здравствени причини, муслиманите го прават од верски причини. Ако не ви смета, тоа е во ред. Но ако инсистирате детето само да си избере религија, тогаш зошто сунет?
Убаво за тебе, јас немам ништо против мешаните бракови и ако ти си среќна во таков брак одлично. Мое лично мислење е дека јас не би влегла во мешан брак и тоа е тоа, нема потреба од цитирања без врска колку само да се напише нешто
Циркумцизија се нарекува медицински. Еве причини поради кои јас како мајка и здравствен работник би дозволила сунет. Помал ризик за инфекции на мочните канали. Помал ризик за редок облик на рак на пенисот Нешто помал ризик за добивање на сексуално преносливи болести. Спб. Полесно се одржува хигиена на пенисот. Помал ризик за карцином на грлото на матката на партнерките на обрежаните мажи.
Знам. Но останува фактот дека кај муслиманите е од верски причини. Не од набројаните. Со сунетот е пред портите на Исламот, без сунетот не може.
И Евреите го прават истото и многу христијани. Најмал проблем ми е тоа мене, и да земев православен за маж би го правела сунет синот.
Кај православните не е дел од религијата, не е верски наметнато. Ако е направено обрежување сигурно е заради медицински причини. Православните само по себе не ги обрежуваат машките деца.