1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Mешани бракови

Дискусија во 'Брак' започната од Tanjamm, 27 ноември 2017.

  1. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Не мора да му се бира.
    Баш детето ќе расте во етнички побогата средина и никогаш нема да ги дели луѓето на наши и ваши.
    Ќе крши леб за Бадник и ќе јаде баклава за Бајрам.
    Ќе има интернационално име и ќе си одбери кога ќе биде доволно возрасно дали ќе сака да припаѓа на одредена религија. Не ни мора да има етикета муслиман или православен.
     
    На WildMk и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  2. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.340
    Допаѓања:
    90.071
    Пол:
    Женски
    Луѓето секогаш ке се делат.Тоа во фантазирање може нема,или ако живее на 5 авв во Њујорк.
    Како ке одбере ако му направиш сунет?
    Да,ако се договорите да нема верски обреди,но ако не ,малку тешко.
    Националност од таткото ке имаат,конкретно кај тебе детето ке ти биде Албанец,во ред си со тоа?
     
    На SummerGirl, butterfly6223, baby-star и 7 други им се допаѓа ова.
  3. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Да, сложено е, ама околината прави така.
    Ние не сме религиозни и све ни е нормално.
    Моиве дома како марсовец го гледаат.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Пишуваше членка горе за сунет и се согласувам.
    Брат ми е направен “сунет” од медицински причини.
    Не мора да се гледа различно. Модерните си идат на уролог и без прослави си го сунетисуваат.

    Јас сум влегла во џамија и тоа не ме прави муслиманка.
     
    На WildMk и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  5. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.411
    Допаѓања:
    26.651
    Пол:
    Женски
    :rofl: Леле ме изнасмеа можам да замислам :rofl: се додека нема уфрлање вера од негова страна е во ред ... мене повеке ми изгледате на атеисти
     
  6. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Сега дебатираме на невидено, што знаеме можда е марсовец. :worried:
    Се зезам иначе, немам ништо против.
     
    На Biljarkata и thequeen95 им се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Сунет од исклучиво верски причини, без медициски индикации ми е типично сакатење и трауматизирање на дете.

    Едит - мајката со себе нека прави што сака. Детето нека не си го сакати ако нема потреба.
     
    Последна измена: 24 мај 2020
    На bibiiii, fana, Just.do.it и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.340
    Допаѓања:
    90.071
    Пол:
    Женски
    Како не мора да се гледа различно.:?:
    Па мора да гледа се различно,едно е медицински проблем ,а друго е верски обред.
     
    На bibiiii, senza.parole, Just.do.it и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.935
    Допаѓања:
    187.134
    Затоа децата ќе бидат германци, англичани или финци;).
    Ми кажуваше еден таксист косовар, знаат албански ама нејќат да зборат. Финци биле8). Ова во Хелсинки.
    Секако децата ќе одберат ко ќе пораснат, и од христијани будисти може да станат. А дури се мали, битно е да живеат во слога и со љубов, па помалку битно дали ќе бидат принудно крстени или сунетосани. Крштевката на ќерка ми инаку траума и е, оти беше дете, не бебе, сеедно што сме двајцата христијани.
     
    На WildMk, DAngel, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.757
    Допаѓања:
    129.197
    Пол:
    Женски
    Сунет од медицински причини не е наметнување,туку потреба за да се спречи инфекција која би му го загрозила животот.Сунет од верски причини е наметнување.
    Ставање на име од една религија е наметнување,а компромис е да има 2 имиња,од 2-те религии.
    На пример ко актерката Мерием Сара Узерли.
     
    На hermosa, cresa-jagoda, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Rebele

    Rebele Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Сте се запнале за небитни работи. Ако не ви одговара не бидете со некого.
    Жал ми е за децата ваши ќе воспитате и одгледате фанатици.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Кој го изведува сунетот од верски причини? Хирург или некој крипи стар чичко?
     
    На FVP и fana им се допаѓа ова.
  13. Rebele

    Rebele Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Сара го користат и тие и ние. Решение би било едно интернационално име.
    Пример Адам или Дениса.
     
  14. Rebele

    Rebele Активен член

    Се зачлени на:
    11 април 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    78
    Пол:
    Женски
    Уролог.
    Дедо ми е уролог и идат кај него.
     
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.757
    Допаѓања:
    129.197
    Пол:
    Женски
    Сара одамна се смета за интернационално.
    Не гледаат сите на Адам како интернационално.
     
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.873
    Допаѓања:
    36.606
    Пол:
    Женски
    Од каде ова дека детето ја презема националноста на таткото? Маж ми е Македонец, а свекор ми не е.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Значи ако детето се роди во Германија, ќе си има таков менталитет.
    Никој ништо не му наметнува од дома, туку околината.
     
  18. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.212
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би била во мешан брак, океј, мешан по национална основа ама со иста религија можеби, ама од сосем различна вероисповед не доаѓа во предвид.
    Ептен хардкор верник сум во мојата вера за да правам компромис со некој од туѓа вера, а пак Не дај Боже да треба да прифатам детето што ќе го родам да има име складно за друга религија и да му правам други верски обреди, сосема поразлични од оние со кои сум растела цел живот, макар и тука да се работи за некоја свемирска љубов ко што пиша Косми.

    И да, не е исто ако бебето "наметнато" се крсти од родители христијани, и ако во мешан брак се направи сунет на детето и му се стави националност и име од таткото муслиман, а жената ќе се чука во гради како наводно направиле компромис и го оставиле детето да одлучи што ќе биде самото кога ќе порасне, ма немој, а веќе со сунетот ко верски обред и името, патот веќе се трасира по кој ќе оди детето.
    Нема тука никаков компромис или играње на карта дека сунет правеле и христијани, кога овие не го прават тоа од верски причини, ами од здравствени, обична мала интервенција, исто ко операција на заб, на жолчка и слично.
    Додека пак кај муслиманите како верски обред, пропратен со големи забави и прослави, е на еден начин како влез во верата, исто како што е крштевањето на детето кај христијаните.

    Не сакав да бидам вака директна, ама пак нема потреба од релативизирање на работите.
     
    На темјанушка, SummerGirl, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Ај барем со крштевка не се сакати детето...иако не ми е убав чин воопшто ни крштевката.

    А да менуваш детско тело оти така ти прднало дека треба..не знам како ви е океј.
    Ако не е штета, не е ни корист, башка траумата и болката.
     
    На темјанушка, cresa-jagoda, Just.do.it и 5 други им се допаѓа ова.
  20. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Зависи каде се прави сунетот и како одлучува фамилијата. Кај дечко ми сите ама баш сите го имаат правено сунетот во болница со хирург иако он не е од "високо развиена и напредна" земја како Македонија. И бидејќи знам за темава, нема апсолутно никаква траума, се прави на мала возраст и не се ни сеќаваат на тоа, поише е за фамилијата. Исто е сунетот како крштевка, ниту јас се сеќавам на мојата, ниту да треба сега да бирам би ја имала. Не сме религиозни по дома ама се правело зашто сите така прават.

    Мене не ми е јасно зашто има многу убедени дека жената би ја превземала верата на мажот, дури и да не се двајцата религиозни. Исто и за детето. Жената на братот од дечко ми е католик, имаат две деца. Децата имаат имиња што се прифатливи на двата ЈАЗИЦИ, не религии туку јазици. Дома слават и Божиќ, и Велигден, за Рамадан не постат ама го слават бајрам со баклави и дотерувања. Децата знааат за двете религии и немаат притисок за ниту една. Повеќе е културна едукација и почитување на традиција на начин кој нив им одговара. За машкото дете се советуваа со доктор кој им рече дека никако нема да му се наштетите на детето со сунетот и кога беше мал го направија повторно, во болница.

    Пак е се работа на договор и дискусија и лична свест. Лична, не општествена зашто далеку сме од таа,
     
    На WildMk, M.B., Noemi и 6 други им се допаѓа ова.