Децата по националност се Македонци Носат имиња најубави на свет Син ми има име што и Македонци крстени во црква го имаат За ќерка турско одбравме по една многу убава девојка Не се ни крстени ни по муслимански обреди ставани(не знам како се нарекува ) Тоа е затоа што ние сме одлучиле така, јас и сопругот Славиме и Велигден, ги капиме со јајце Секој православен празник го празнуваме Нивните исто Си се почитуваме, не се работи за романтика него почитување, не наметнување Може на децата да, ама ништо страшно ни ново, сите го правиме истото со децата, чест на исклучоци
Никој не рече дека е срамота да си во мешан брак! Јас сум во национално мешан. Но на темава не треба да ставаме розови очила само затоа што фрустрираат некои работи. Негативните работи да бидат табу. Секако имаме право да кажеме што мислиме. Убаво. А што националност е твојот сопруг? Претпоставувам дека си мажена за македонски муслиман /торбеш бидејки имаше пишано дека се презивате на -ски,а дома зборувате македонски. Многу е битно,бидејќи некогаш националноста и верата се силно испреплетени. Не е исто муслиман од Ирак, од тука или од Германија. Но дете на Албанец и Македонка секогаш ке биде впишано како Албанец. И тука и во Германија и во Финска. Кој нема проблем со тоа,е апсолутно во ред. Јас би имала и затоа не сум зела маж Албанец. Секој си знае за себе.
Не постои националност Косми, постои државјанство. А државјанството е на земјата од која доаѓаш. Може и кинез да биде, ако иде со мк пасош, македонец е, односно државјанин на СРМакедонија. Не дека е тоа битно за нешто.
Како не постои на националност! Си ги помешала термините. Моите ќерки се хрватици по националност, а имаат македонско и хрватско државјанство. Албанец од Мк, е по националност албанец, а има македонско државјанство. Државјанство се добива според одредени критериуми, без разлика на етничко потекло.
Чисто информативно, не постои закон според кој децата ја земаат националноста на таткото, децата можат да се изберат самите како се чувствуваат.
Не е торбеш не е ни ром ни албанец Си користат и друг јазик Зборуваме Македонски затоа што има жена Македонка Брее, ова од радозналост или што Љубопитноста е страшна работа
Glavno vo sekoj brak e pochituvanjeto I tolerantnosta na razlikite. Nacionalnosta, verata, obichaite ako bidat prichina za razdeluvanje togash ima mnogu drugi pokrupni problemi megju dvajca. Ljubovta e dvigatel na se, ako ima ljubov, se ima. Ako dvajca si gi prifakaat razlikite vo tabiet, vo Vera,vo izgled, vo obrazovanie, vo vospituvanje togash sto gi briga lugjeto okolu niv. Golem grev na roditelite e ako razdelat dvajca mladi koi se sakaat. Decata kako saka neka se pisat. Moeto dete od dvajca makedonci se pishuvase vo razlicni period kako sto ke mu tekne: srbin, indiec, makedonec a vo posledno vreme se pishuva drugo... Vera atheist. Jas NE patam nitu za Vera nitu za nacija, kosmopolitski gi gledam. Mnogu ogranichuvachki e ako vo imeto na Edna Vera I nacija gi uchime da NE pochituvaat I NE toleriraat drugi.
Здраво, ве читам цел ден, секој со различни ставови. Секој има право на свое мислење. Во ред е тие што не сакаат мешан брак, во ред е и за тие што сакаат. Џабе се препукувате. Колку и да пишувате овде нема на никој да му смените мислење. Јас како директно испровоцирана од темата да го раскажам мојот случај. Македонка сум, мажена за Турчин. Веќе 3 години сме во брак, а претходно 4 години во врска. Од нашата љубов се роди ќеркичка, во август ќе полни две години. Функционираме најнормално како пар. Двајцата сме високо образовани, со добри работни позиции, потекнуваме од културни и образовани семејства со отворен ум. Кога им кажав дека дечко ми е турчин мајка ми се налути, ми рече дека немала предрасуди за мешани бракови ама не очекувала од својата ќерка да се случи тоа. Таткоми не рече ништо, воздржан беше. Ме прашаа дали е сериозна врската, и нормално кажав како што е. Секоја врска е со потенцијална цел за брак еден ден, ама им кажав од кај да знам што се може да се случи утре..може ќе раскинеме, ќе се скараме, ќе се изневериме. Неможев тогаш да гарантирам дека ќе ми биде тој маж, одевме само 3 месеци. И така им објаснив и на моите. Ги запознав после неколку месеци откако им кажав за врската. Се помина во најдобар ред, најнормален муабет беше. Маж ми е современ човек, не е религиозен. Тоа што живееме на југот, во речиси чиста етничка средина имало влијание врз тоа каква личност израснал. Од мало дете растел со македонци, зборуваат македонски, дури кога бил мал го пуштале да оди во црква со другарите на празници за да не го потценуваат дечињата. Ми има кажувано дека кога бил мал, децата му зборувале со негативна конотација ,,вие сте турци,, и со плачење си одел дома. Ја прашувал мајка му дали стварно се турци, и додека бил мал го лажеле од дома дека не е точно да не плаче, дека е македонец. Кога бил средношколец му влијаело на самодовербата, и се срамел да се додворува на девојките од страв да не го одбијат ради истата причина. Кога почнавме да се гледаме и се зафркававме дека еден ден ќе имаме деца ми рече сакал да се пишува македонец за еден ден неговите деца да не трпат булинг како што тој поминал. Мене секако ми одговараше. Нашето ангелче доби прекрасно име Каја. Не правевме никакви обреди, само името на извод. Тоа од почит кон нашите, и кон неа, а и воедно кон нас. И уште нешто, ако мислите дека секојден дома е тензично или како и да си замислуватњ дека изгледаат мешаните бракови. Не е. Главни грижи ни се менување пелени, кашички, перење, готвење. Си замислуваме каква ќе биде нашата девојка кога ќе порасне, си фантазираме каде да патуваме со дете. Си праќаме десет видеа од бебушка кога едниот е задолжен да ја чува дури другиот пазари или спортува. Озборуваме, гледаме серии, се едуцираме. Експериментираме во кујна со нови рецепти. Размислуваме како да напредуваме во кариерите. Се жалиме од работен ден, си ги кажувавме слабостите и стравовите. Најнормален пар. Заборавам дека сме во мешан брак.
Toa што твоите ќерки се пишани како Хрватици по татко не значи дека е правило. Ти пишав и претходно, маж ми е и националност и државјанство Македонец, а свекор ми не е.
Не е по татко правилно ами по мајка е? Кој одлучува? За двајца од иста националност е јасно за нивните деца а оние од мешани бракови?
Не е радозналост, дискутираме. Се извинувам ако звучев љубопитно. Имам доста читано за презимиња во Мк односно дека презиме на - ски во Мк а муслимани, не се ниту Албанци ниту Турци. А бидејќи си во мешан брак, не е во ред децата да го говорат само едниот јазик, твојот, а не и на твојот сопруг. Го дискриминираш. Ние сите дома имаме хрватски државјанства. Да не навлагаме пошироко, секако право збориш, може да,да биде различно. Но порано во екс Ју, од многу причини се менувало. Кај нас, прадедото дете на чех и австроунгарка бил впишан како хрват, зошто тие со фолксдојчерско потекло ги протерувале. Подоцна имало и графа југословен, но за децата се бирала друга националност. Во БиХ децата од мешани бракови биле впишани во графа како "останати". Но во пракса најчесто националноста се конструира по татко, исто ко со презимињата на децата, потоа може да се изјасни поинаку кога ќе порасне. Но во случај на брак меѓу Албанец и Македонка детето секогаш ке биде пишано како Албанец. Ова ми е кажано од вработен во матично Албанец, ако ме лажел лажам и јас, ги пишуваат како деца родени од мајки македонки но во графа на албанчиња родени влегуваат. @ElenaLena Многу има и влијание каде живееш. Да живеете во град во западна Мк со претежно муслиманско население,не би било исто. Не е само љубовта. И турците кај моите у маало не беа толку религиозни, па наеднаш цело маало станаа, што им бидна, незнам. А не се затуцани, едниот е проф. На Штул, и жена му од работа ја извади. Има различни џамии каде одат може и тоа има влијание.
По договор меѓу сопружниците. Решиле децата да бидат Македонци бидејќи живееле тука. Дури и крстени се во православна црква, а свекор ми католик е. Мене ова со крштевањево глупо ми е, ама ај. Имам пријателка чија мајка со сестра и имаат различна националност и религија (православна, католичка) Родителите ги оставиле сами да одлучат кога ќе бидат доволно возрасни.
Imam drugarka tatko katolik I majka pravoslavna. Odese vo dvete crkvi. Na vozrast of 54, godini po niza zivotni sluchuvanja MI rece deka poveke Mir chuvstvuva vo katolichka crkva I Sega odi vo katolichka a gi prazniva I dvata veligdena.
Моето дете не дискриминира нас, не збори македонски Може нормално е де, си го збори јазикот кајшто е родена и кајшто живее. И сите ,,наши, , деца така, сум ги гледала по аеродроми, и ако зборат со родители македонски/албански, со браќа/сестри зборат германски, англиски. Толку од наши и нивни. И како што наведе, од миграциски и други причини, ќе има и друго државјанство. Мислам дека кај мене само државјанство постои, нема тај предмет-националност. Во врска со џамиите, веројатно си во право. Ама ако е некој муслиман само на папир, не значи дека ќе забега во радикализам, па ќе забули жена и женски деца. Реално, верскиот радикализам е во експанзија во мк во последниве деценија и пол, и се плашам дека место напред се оди назад, и тоа се однесува и на двете религии. И после комунизмот бил лош. Немам јас ништо против вера, ни против јајца, ни против велигденска трева... Ама верска догма или верска заблуда дека различниот е за мразење, не ми е нешто ко што треба. Ако воопшто постои таква вера, ако не е некоја измислица за матни цели на малкумина...
Жалам за децата кои ќе ги воспитате да бидат толку ограничени да не се мешаат ни случајно со луѓе од друга вера НЕ Е САМО ИСЛАМОТ ДРУГА ВЕРА. Недај боже да искочат од земјава на страна на факс и да запознаат некој. Колку грди работи се напишани на темава, се гледа дека сте биле во контакт или сте повеќето фанатици и националисти. Сонуваме за Европа за отворен свет ама недај боже комшиката да ви донесе маж од друга вера во комшии. Јас сум дете од мешан брак без наметната вера. Немам крштеница, немам кум, немам влезено во џамија. Замислете не се само затуцаните фанатици и секташи опција за мешан брак/врска. Жената споделува дека и е убав мешаниот брак ја нападнавте ама зошто сунет?!?! Нејзино дете е не ве прашува за мислење, споделува како изгледа еден функционален мешан брак и одгледување деца во него.
Во право си. Фер е кога или и двете религии се практикуваат, или ни една. Ако се и двата верници... Ако на еден од партнерите не му е гајле дали и која религија ја практикуваат, тогаш е фер.
Дебатава ви отишла у три лепе. Некои од нас се верници, некои не се. Се додека некој прави нешто информирано, свесно и доброволно се согласува на тоа, не е наша работа. Проблем е само ако е некој приморан, условен, под закана итн. За децата не навлегувам. Секако сите им наметнуваме мал милион работи...
Македонија и останатите земји на балканот, уште се во камена доба. И упорно се фаќаат само за муслиманите, како други вери да нема. Мене тоа ми толку јадно и не сакам да расправам. Добро што имам поинакво размислување и јас и мојата фамилија..
Фала ти што ни објасни дека мешаните парови исто се грижите за менување пелени и гледате серии, не знам што замислуваат некои како изгледа мешана врска Имињата на децата зарем се проблем бе луѓе. Мене многу ми се свиѓаат муслимански имиња, ама маж ми нејќе, некои арапски ми се преубави, од турските има преубави, ама нејќе бе, а одма би крстила дете со арапско име, а не сме муслимани, зарем тоа е проблем толку голем за да не сте со некого