1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Mешани бракови

Дискусија во 'Брак' започната од Tanjamm, 27 ноември 2017.

  1. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.402
    Допаѓања:
    81.598
    Пол:
    Женски
    Грдо е и да ни ги жалиш децата.
    Па и нашите деца се наши,
    со кое право ти ни судиш какви деца ќе одгледаме само затоа што сметаме дека нема место за верски обреди во мешан брак?!

    Не е само Исламот религија.
    Но во Мк најчести религии се тие.
    И не е се до воспитувањето секогаш, туку и од видените искуства.
    Мојата ќерка беше сведок кога 17 год. комшивка албанка ја омажија за 50 год. човек. Испи солна киселина ноќ пред свадбата и бевме сведоци на брза помош, спасување. Живееше кратко и почина.
    Ова во 21век.Хосеини може книга да напише.
    Ги гледа и сега, млади невести забулени, од дома не излезени, само на тераса.
    Исто во 21 век.семејства што на свадба ми биле во најнормална облека.
    Така да, легитимно е некој да сака да му се омажи ќерката за муслиман или арап, а и некој да не сака, од многу причини.

    И тогаш не е баш фер. Ако е жената на пр атеист, а мажот верник,а тој го носи детето по цркви или џамии, се моли 5 пати дневно со него, не е фер да ја користиш незаинтересираноста на партнерот.
    Комплицирано.
    Мое мислење е само луѓе што не се некои верници можат да успеат во верски мешан брак.
    А особено тешка комбинација за тие што се растени во ептен религиски фамилии.
    Навиките, однесувањето, обичаите и се што се носи од дома за цел живот,односно се што е научено.
    Другите тешко.
     
    На Peanut Butter, Rama, bibiiii и 6 други им се допаѓа ова.
  2. ElenaLena

    ElenaLena Нов член

    Се зачлени на:
    24 мај 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    @Cosmi зошто постојано ги кажуваш тие 20% од мешани бракови со религиски фанатици?
    Има такви случаеви, ама боже мили, другите се нормални луѓе.
    Еве за маж ми кажувам, направен му е сунет и пораснал знаејќи дека они се муслимани. Ама тоа не го прави верник, ниту верува во религија, ниту одат во џамија, не знае ни како се молат.
    Неговите родители последен пат отишле во џамија при туристичка посета во Мека и Тел Авив.
    На некој начин тие се поблиски со христијанството, заради околината. Уште како мал за да не се чувствува одвоен од друштвото, свекрвата му вапцала јајца да се чукаат со децата на школо, месела лепче со паричка за да има и тој што да каже во кого се паднала.
    Јас тоа го препишувам на нив, што тој пораснал во ваква опуштена и нормална личност во која и се заљубив.
    Нашето ќерка е запишана македонка по националност по заедничка желба.

    Такви случаеви што ти ги набројуваш има, ама не треба зор за зор само нив да ги споменувате и да асоцирате само на нив.
     
    На Nikolina35, mira.mira, S.W.A.G и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.080
    @Cosmi
    За тебе само твоите комшии с еопција за ќерка ти да се омажи или биде во врска со друга религија?
    Нормално е да имаш одбивност спрема педофилија и верски фанатици ама ти одиш во крајности.
    Си запознала ли личности кои додек не ти кажат нема шанси да препознаеш дека се од друга религија? Арапите или албанките не мора да се забулени, всушност јас немам забулени роднини ниту на слики од пред 30години!
    За мене одењето и спиењето по манастири, исповеди и замонашување на 16години се на исто ниво со забулување на прва менструација.
    И во христијанските семејства има толку многу обреди што модерните семејства не ги прават како и во исламот.
    Убаво е да сакаш најдобро за своето дете ама идеата дека со христијанин ќе има идеален брак, а со муслиман мизерија, ќотек и понижување е заостаната - погледно ги по темите сите тие со проблеми во не мешани бракови.
     
    На Nikolina35, mira.mira, S.W.A.G и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.106
    Допаѓања:
    164.672
    Лајк за објаснувањето дека се забулуваатна прва менструација, тоа е веројатно правило, ама и девочиња во песок што си играат имам видено забулени, така што ... Пак ќе кажам, верскиот екстремизам е за жал во пораст, ни се допаѓало нам тоа или не. И слики од афганистан имам видено, од пред 50 години и кај што не се забулени, ама кај се денес?
    Како и да е, веројатно е дека верски екстремисти не би ни помислиле на мешан брак, така што, да се задржиме на темата-мешан брак е возможен, ако никој не им се меша и ако никој не форсира со своите убедувања. Како што е впрочем исто како и во немешање брак:)
    Ај што се однесува до замонашување, ни тоа не е многу среќна опција за родителите на децата што одбрале таков пат:|
     
    На Rama, Tanjamm, tijanana и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.402
    Допаѓања:
    81.598
    Пол:
    Женски
    Јас не зборам за брак со религиски фантик туку со верник.
    Твоето е исклучок и пр.на муслиман пораснат под влијание на христијанска средина,кој не ја практикува воопшто својата религија.
    Да си во зап.МК,твоето дете би била турчинка и би имала друго име.Не споредувај.Вашиот пр.е можеби 5%.од случаите.
    И како што реков тие не се верски фанатици, си живеат во согласност на својата религија која не е благонаклона кон меѓурелигиски брак.

    Како одам до крајности?
    Со тоа што сметам дека во верски мешан брак не треба да има верски обреди?
    Па не треба,ете и ти си немала.
    Со тоа што не би сакала моите керки да се омажат за муслиман или Арап.
    Не би сакала,искрена сум,нема да правам филмови.
    Ако збориме за верски мешан брак меѓу верници,тоа би подразбирало да е зетот верник муслиман каде едната вера ја исклучува другата.
    Кога не би биле верници,тогаш не би ни бил верско мешан бракот.
    Зошто компликации?
    Не мораат да се забулени,точно,и дел не беа,сега станаа,и девојчињата сега во верски училишта одат,порано не одеа.
    И тоа е во ред,станале порелигиозни од тоа што биле,нивни избор.

    Јас не спонав ниту еднаш ни ќотек,ни мизерија,ни понижување,но секогаш е во бракот полесно разликите да се помали,обичаите,навиките,традициите и она што го носиме од дома да е слично.
     
    На Peanut Butter, Rama, tina2018 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Јас мислењето каде што некој ми ги сожалува деца како ќе сум ги воспитувала да бидат ограничени@Cosmi го пријавив како дегутантно, навредливо, особено откако го прочитиав пак тој дел за сунетот кој модератор напиша дека ако продолжи да се дискутира ќе има санкции, па живи да бидеме да видиме:D
    Проблемот настанува кога вие што сте за мешани бракови не не разбирате нас кои лично не би стапиле во верски мешан брак, дека немаме ништо против таков брак доколку двете страни уживаат во верска рамноправност. А не за атер на мажот муслиман жената да прифаќа верски обичаи и традиции кај децата и да се удира во гради дека така треба, особено на тема која не сакам да продолжувам да ја дискутирам бидејќи е оф топик во оваа тема.
     
    Последна измена: 25 мај 2020
    На Rama, SummerGirl, ElenaOfRivendell и 2 други им се допаѓа ова.
  7. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    57.410
    Пол:
    Женски
    Meне навистина ми е нелогично хардкор верници од различна религија како може да бидат заедно. Еве да речеме Христијанство и Ислам. Едниве постат Велигденски пости, гинат за Исус, одат по цркви, нив тоа им е толку многу навлезено во психата што ако не направат нешто како што треба чувствуваат грижа на совест. Ги имам дома, знам какви се. Другиве спремни се неверојатни жртви во името на Алах да прават. Едноставно тие ми се засебни множества без можност за пресек.

    Е сеа имаш лабави луѓе кои носат од раѓање некоја религија, ама не и се клањаат толку. Нема што некој да се замара дали да прави свинско за ручек или да пие алкохол или пак да јаде сирење пред Велигден. Си го тераат животот, им е гајле дали било или не било дозволено нештото од нивните попови и оџи. Посебно во белиот свет колку мешани бракови има, еден куп. Најнормално си функционираат луѓето, ни на крај памет не им е да си кратат од среќата заради измислени чичковци на небото.

    Има работи што се океј и има работи што не се океј. Океј е пример како вториот, нема што некој да си крати од љубовта према друг човек пошто на некој oд праисториско време му текнало дека тоа е забрането. Ама има и работи што не се океј. Кога едниот го прифаќа само неговото и посесивно и агресивно го наметнува своето на партнерот. Ако сакаш да си со мене - мора да си како мене. И не е само кај нас вака, еве за во Америка ќе земам, еден куп Христијани се имаат пишано Евреи пошто кај нив не можат да се венчаат во некои места ако не се "исти". Мислам дека тоа е и целиот муабет на @Cosmi . Ја сфаќам жената што сака да каже.

    И не ми важи примеров само за религија. Општо не поддржувам кога едниот партнер мора цело време да се адаптира кон другиот, а нажалост многу вакви случаи гледам. Како други луѓе стануваат откако ќе се врзат со некој таков, не дека треба да си истиот од раѓање, нормално дека единствена константа во животот е промената, ама да се газиш самиот себеси за туѓа среќа... не оправдувам. Ама тие си знаат.

    Крај краева секој си знае што си има дома. Ако нешто толку безврска како религијата е проблем, не гледам иднина искрено. Ама ако двајцата партнери се свесни дека навистина е безврска и дека можат да тераат и да ги игнорираат тие некои правила, тогаш go for it.
     
    На M.B., T.e.d.d.y, piksooki и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Искрено и јас не би била со муслиман ако си ја сфаќа религијата како повеќе од обична формалност. Истово важи и за христијани, и за евреи, и за будисти... Религиозни луѓе просто не се мој калап.

    А и не постои јасна дефиниција за мешан брак. Ние тука сè ставаме во ист кош: религија, националност, етничка припадност... :D
    Некоја страница наназад прочитав некоја не би била во ваков брак заради тоа што родителите многу ја сакале, па не сакала да ги разочара.
    Оф злато, да те сакаа повеќе од сопствените каприци немаше да ти се мешаат во животните одлуки.
     
    На Anie93, Alisa22, dayla и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Нели? Како јако тренираат некои родители, ем себични до коска ем те убедуваат дека многу те сакаат :puke:
     
    На Anie93, piksooki, Sejfullai и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.080
    Дегутантно и навредливо е тоа што ти сметаш на твоите деца да им кажеш со кој да го поминат животот откако наполниле 18, 25,30години.
    Ако ги сакате децата безусловно и ги воспитате со вистински вредности нема да ви донесат дома не океј личност под чие влијание потпаднале, туку некој кој ги сака, цени, почитува и со кого делат исти погледи за развивање во иднината. А ако таа особа е од друга религија ич не треба да ви чуе.
    Всушност поентата на бракот е да најдеш човек со кого ќе делиш љубов, почит и се и ќе градиш заедница и воспитуваш и пораснеш деца во здрава средина.
    Што ќе направите ако детето донесе девојка/дечко евреин дома утре?
    Нема да ги пуштате на факс надвор од мк оти шансите да најдат некој со друга религија се огромни?
    Јас не тврдам дека СИТЕ безусловно треба да влегуваат во мешани бракови, ама и никој нема право на друг да му се меша која вера ја одбрале во бракот или дали воопшто се религиозни.
    Стереотипите ви се до плафон.
     
    На Jana06 и mira.mira им се допаѓа ова.
  11. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Мислењето не ти го читам ич од ич.
    Само да ти реплицирам на првата реченица, од кај ти знаеш како јас ќе си ги воспитувам децата (facepalm)
    Сега ај убав ден:hai:
     
    На Rama и Just.do.it им се допаѓа ова.
  12. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.029
    Допаѓања:
    26.540
    Едни те исти членки пропагираат едно те исто.
    Мислам, супер за вас што лепите етикети на членови како "затуцани". Тоа многу говори за вас според тоа со какви епитети се расфрлате.
    Темата е отворена за секакви мислења, а не сите едно исто да трубиме и исто да мислиме.
    Те @Rama рекла дека не сака. Ај сеа да ја утепаме ако не?
    Си има причини и е Бог на прво место и е океј.
    И ја сум либерална, да. Ама се си има граници. И почитувам секакво мислење.
    Мене лично не ми е битна религијата. Ама те, не би била со некој хард кор верник. Било муслиман, христијан итн.
    Се гушам кога сум во присуство со такви луѓе. Ама, не ги сметам за прости и глупи оти си ја ставаат религијата на прво место.
     
    На Rama, SummerGirl, Chantal и 6 други им се допаѓа ова.
  13. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Жално е што нема разбирачка и во недостаток на разбирањето одма играат навредите во темава.
    Јас @Rama @Cosmi и др. не сме ние лично да влеземе во верски мешан брак.
    Јас во мое име можам да пишам дека моите деца ќе имаат личен избор и кон која религија ќе припаѓаат и која сексуална опредлеба ќе ја имаат и кој ќе им биде сопруг/га или дали воопшто ќе vлезат во брак.
    И престанете веќе да мешате баби и жаби во темава, како ќе сме си ги воспитувале деца да ни бидат така ограничени(facepalm)
     
    Последна измена: 25 мај 2020
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Маж ми е атеист, па не му се проблем верските обреди.
    Индивидуално е прашањево.
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ElenaLena

    ElenaLena Нов член

    Се зачлени на:
    24 мај 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Сачуј Боже, форумски лик што нит не знае нит познава, се дрзнува да ми рече мојата ќерка ќе била турчинка ако живеевме во западна Македонија. (facepalm)
    И ќе имала друго име! :!:(facepalm)
    Ве замолувам да не ми го мешате детето во вакви бабетински-погани зборови.
    Ниту знаете кои сме, што работиме, какви личности сме, па вие да ми ,,предвидувате" хипотетички ситуации за моето дете ,,ама шта би било кад било...".
    Еве Скопје не е град со мултикултурна средина? Овде живееме од факултет, овде отвориме свој бизнис, овде градиме кариери и овде си го растеме детето.

    Кажав уште на почетокот.
    Секој има право да си мисли што сака, за него, за неговите деца...општи ставови. Ама да наметнува мислење за хардкор ситуации-не.
     
    На mira.mira, Luminary, piksooki и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.402
    Допаѓања:
    81.598
    Пол:
    Женски
    Немав намера да те навредам со тоа што пишав ниту да ти наметнувам.

    Објаснив што мислев, дека сосема е различен живот на мешани бракови во претежно муслиманска средина и во средина каде има 1% муслимани,а може нема ни толку бидејки пиша дека живеете на југот,не во Скопје.
    Односно твојот лично прераскажан пример не е репер за мешан брак во средина со мнозинство муслимани.
    А да, Скопје е длабоко поделен град,далеку од мулти-култи.
     
    Последна измена: 25 мај 2020
    На Rama, Mami3, tijanana и 4 други им се допаѓа ова.
  17. bibiiii

    bibiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    1.081
    Во Македонија ретки се модерни муслимани за жал.Сите одат скоро во џамија и се тешки верници.Сега е по опуштено за мешани бракови ,порано тие што одеа со албанци и турци се знаеше како ги викаја.
     
  18. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.806
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Ете јас не знам како ги викале. Па како?
     
  19. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Ај ги викале како сакале, ама во другана тема пишаа дека ќотеќ ќе јаделе(facepalm)
     
    На piksooki му/ѝ се допаѓа ова.
  20. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.806
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Абе тоа е...Луѓето немаат свој живот, досадно им е па ќе уништуваат туѓи животи.