1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Mешани бракови

Дискусија во 'Брак' започната од Tanjamm, 27 ноември 2017.

  1. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Конкретно членката имаше пишано дека би ја тепала ќерката ако оди со шиптар, баш со овие зборови пишано. Така да не мислам дека е до досададата колку што е до презаштитничко и примитивно однесување на родител до степен на контрапродуктивност и уништување животи на свои деца. За други што ќе речат лично мене ич не ме засега, ама родител да дигне рака...:x (facepalm)
     
  2. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Да да ја знам ситуацијата и искрено после два дена уште се молам прво да добие мозок па дете а не обратно.
     
    На Anturium, mira.mira и tijanana им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    “Во Македонија ретки се модерни христијани за жал. Сите одат скоро во црква и се тешки верници. Сега е поопуштено за мешани бракови, порано тие што одеа со македонци се знаеше како ги викаа“

    -Може и вака да се каже
     
    На Волкот, Mari*, Noemi и 2 други им се допаѓа ова.
  4. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.863
    Пол:
    Женски
    Амин.
     
    На Jana06 и WildMk им се допаѓа ова.
  5. bibiiii

    bibiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    1.081
    Абе може секако,но 5 века турско створило омраза кон нив.Секој си се држел со своите.Има многу повеќе жени македонки кои се мажиле со муслимани,од колку обратно.Е па види кој се заостанати
     
  6. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против мешани бракови и самата сум во еден (етнички, национално, и религиски). Но морам да кажам дека е многу битно од каква средина потекнуваат двајцата партнери и како се однесуваат нивните родители. Патем и за немешани бракови е исто и паровите кои не се компатабилни по идеологии когај тогаш ќе имаат проблеми. И двајцата не сме религиозни, потекнуваме од прилично секуларни семејства, рамноправност на половите, итн, се запознавме на факултет и имаме согласни идеологии. Иако немавме никакви религиски обреди при венчавање и не посетуваме цркви, ние ги празнуваме скоро сите поголеми религиски празници како заеднички традиции. Немаме деца, но не би ги индокринираме во религии, но би сакале дефинитивно да ги зборуваат и двата јазика и да бидат запознаени со традициите и културите.
    ПС обрежувањето е чин на мутилација на половите органи. Во 21ви век има сапун и вода, па тезата дека е похигиенски паѓа во вода. Постојат многу лимитирани истражувања што укажуваат на маргинални хигиенски придобивки (и не спречува СПБ бог да чува), но исто така големи се шансите за осакатување и дисентизацијата е доста честа. Тоа е варварска практика на рамниште на обржување на девојчиња во Африка. Родителите немаат право на таква одлука во име на детето, освен доколу не делуваат во итни случаеви.
     
    На NEA, Noemi и piksooki им се допаѓа ова.
  7. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.081
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто се дига толкава прашина за мешаните бракови . Нашите ( христијаните ) не се толку упорни , затоа и ретки се браковите муслиманка - христијанин . Не знам за која југословенска песна ( или филм ) беше , муслиманка од Хрватска ( мислам , не ме држите за збор ) се заљубила во Србин , а и тој лудо бил заљубен во неа . Поради војната нивната љубов не успеала , таа до денот кога го испратила писмото на авторот , го сакала исто како првиот ден , но не успеала да стапи во контакт со него повторно после војните . Секако имињата беа изменети , но тој ако е жив , сеуште ја сака сигурно .

    Искрено , ако нема слога , меѓусебно разбирање и почит , поддршка во добро и лошо , џабе ви е да сте иста вероисповед со партнерот . Само што , како пар ќе бидете одобрени од околината .

    Мешаните бракови се посилни според мене . Тие што се не претрпеле додека стигнале до брак ехее ..
     
    На hermosa, Mari*, piksooki и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Само у мешан брак и би била, ако одлучам да се омажам воопшто.
     
    На Arjanit2021, Justicija, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
    Мешан (верски) брак зависи од тоа какви верници се партнерите (колку екстремни). Јас не го сметам за мешан брак католици+православни бидејќи двете религии се премногу блиски и со слични вредности. Многу подалечна комбинација ми е атеист+верник, тоа се комплетно различни вредносни системи. Од друга страна, не гледам како муслиман кој верува дека жената треба да биде забулена би бил во функционален брак со христијанка. Сакам да кажам дека за бракот да биде функционален, партнерите треба да имаат слични вредности и верувања.

    Јас лично не би била со муслиман, не би сакала ни моите деца да бидат, ама не осудувам ниту имам проблем со луѓе во мешан брак.
     
    На Anturium, tel-ef, Tanjamm и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Ivanna25

    Ivanna25 Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2022
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    Јас ќе бидам во таков брак. Јас православна, тој муслиман. Не сме нешто многу по верата, не ни пречи ова.
    Веќе 1 година сме заедно, дома не прифатија баш најдобро, ни моите, ни неговите, но сме возрасни доволно, па почнавме да живееме заедно во наш стан, без разлика на коментарите. Размислуваме и да се преселиме во странство, далеку од се и од сите.
    Моите родители уште кријат од сите дека имам врска со муслиман и се надеваат дека ќе се разделиме. Не споделив на социјални мрежи ни за тоа дека ме запроси зошто мајка ми плачеше, болна легна кога дозна, срамота ќе било луѓето кога ќе слушнеле. Не живеам за социјални мрежи, но ме повредуваат малку овие работи. Со неговите немам контакт некој, знам дека не ме сакаат многу, но нивен проблем. Важно нас ни е убаво. Не сакам таква фамилија ако сака да ми ја скрати среќата. Двајцата имаме иста одлука. Најверојатно ќе си направиме регистрација само со пријателите и нема да известиме никого.
    Не е проблем верата, важно е да се сакате со избраникот и да се борите против се.
     
    На CameliaMiller, Green Ivy, Luminary и 19 други им се допаѓа ова.
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Лесно е да ги избришеш твоите, тешко е да седнеш и да разјасниш.
    Зошто не седнеш со нив и ги прашаш- ако општеството ве прифаќа, дали тогаш би им било и ним прифатливо!?
    Збунувачки е, знам. Родителите за жал знаат да се припрости (сори ама така е) али какви и да се, наши се. Трчале по тебе х години... мислам дека вреди да направите муабет и да пробаш да ги убедиш да дадат шанса.
     
    На christinnn, CameliaMiller, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Ivanna25

    Ivanna25 Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2022
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    Не сум прекинала контакт со нив, само не го сакаат мојот избор. Омрзнато ми е одењето кај нив зошто упорно се прави муабет "ќерко, животот ќе го уништиш, муслиманчиња деца ли сакаш да имаш, да ти се презиваат така, таква вера да ти имаат, сунети да им правиме место крштевки, на твоето убаво име оди ли тоа муслиманско презиме", |( затоа ги одбегнувам.
     
    На CameliaMiller, Arjanit2021, Srckata28 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Не е решение одбегнување.
    А христијани деца а со разведени родители поарно ли е?
    Мораш да најдеш начин да допреш до нив... ти си попаметна.
     
    На CameliaMiller, Justicija, lale22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Ivanna25

    Ivanna25 Активен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2022
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    77
    Пол:
    Женски
    Сум пробала секако, доаѓал и вереникот кај нас да разговара со нив, ни сунети на деца планираме, ни крштевки, интернационално име ќе имаат децата, се сме пробале да објасниме ама залудно. Модерен е многу, не слави празници, не почитува правила на вера, не е фанатик по верата, затоа немаме ни проблем ние. Јас ни со христијанин кој е забеган по верата не би била, 21 век е, зарем книга ќе ни одредува живот ама стари луѓе, си зацртале некои правила од претходниот век и залудно е.
     
    На CameliaMiller, Arjanit2021, Srckata28 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Madrugada

    Madrugada Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2021
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Женски
    A зошто да се регистрирате воопшто? Тоа можете да го направите непосредно пред да имате деца, ако веќе го правите. Како што идат модерниве времиња, мислам дека нема да се решаваат луѓето на таков чекор, туку ќе бидат заедно се` додека им е ОК заедно.
     
    На lale22 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    јас во иднина така планирам

    доста ми е мажење.
    може да живееме заедно (дискутабилно), евентуално деца ако имаме може да ги признае ако сака. то је то.
     
    На lale22 и Madrugada им се допаѓа ова.
  17. Madrugada

    Madrugada Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2021
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    185
    Пол:
    Женски
    Исто.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.616
    Пол:
    Женски
    Сигурно си млада,во моментов тој ти е се најверојатно
    Животот ќе продолжи и кога ќе созрееш ќе сватиш колку се битни родителите во животот
    Јас како мајка би била многу навредена и повредена да не присуствувам на така важен ден,или да не сум известена
    Тоа што не се задоволни со изборот не значи дека си им помалку битна
    Шо знам,јас сум мајка и сигурна сум дека очекувањата што ги имам за своите деца нема ни да се близу во иднина ама секогаш би ги подржала
    Разговарај и биди упорна,упорноста се исплаќа секогаш
    Во секој случај подобро него едноставно да избришеш некој кој живее за тебе[/QUOTE]
     
    На mal.ecka, Lianna Anna, Tanjamm и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    799
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Вие религионзите што зборите дека мешан брак е католик и православен, очигледно треба да си прочитате за Христијанска вера па после тоа да коментирате или пак не ја знаете дефиницијата - мешан брак.

    Што се однесува за мешан брак ( брак помегу различни вери) нивен личен избор. Жално е што на ,,обичните девојки,, им паметувате а јавна личност кога е во врска со дечко од друга вера ок е за неа, баш е модерна со опен мајнд.

    Според мене подобро за биде у мешан брак, од колку детево да има 2 мајки или 2ца татковци. Во изводот на родени да им пишува мајка 1 и мајка 2.
     
    Последна измена: 10 јули 2022
    На elimkd и lale22 им се допаѓа ова.
  20. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.377
    Пол:
    Женски
    Во моја близина има православнa девојка која е мажена за муслиман. Нејзин живот, нејзин избор. Е тука има едно АМА. Кога седам со дотичнава почнува да ја руга православната религија, да ме замара како не сум добра мајка оди му давам на малиот свинско.Колку само и го испраа мозокот да оди против "своето".
     
    На christinnn, hermosa, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.