Исто како да кажеш твој избор е дали ќе му дадеш да се дрогира... НЕ Е ЗДРАВО СВИНСКОТО, од тие причини се вели да не се јаде, не им текнало туку така да кажат дека не се јаде. Свињата сопствениот измет си го јаде, нема да бидеш кул воопшто ако му дадеш да јаде свинско. Ама ако ти се креваат акциите пошто е твој избор слободно дај му.
Исус никаде нема кажано дека се што е во стариот завет е погрешно, баш напротив. Треба да се придржуваме до тоа.
Јас како што гледам, темава не се наоѓа во подфорум Религија. Мешан брак не подразбира исклучиво вера, туку може да се однесува на национална, расна и културна припадност. Ма да, и таа поголема поделба во христијанството на православни, католици и протестанти, се должи на менталитетски и етнички разлики, затоа што луѓето религијата ја прилагодувале на сопствениот ментален склоп и интереси. Религија е производ на култура и на степен на развиеност на таа култура во времето кога е религијата прифатена или реформирана. И да, и тоа меѓу католик и православен е мешан брак, и затоа во такви случаи вадат посебни дозволи и одобренија за црковна венчавка.
Не кажав ни јас дека е погрешно. Само, нема ништо нечисто после Новиот завет. И жената во Стариот завет беше нечиста во периодот кога имала менструација. Како и да е, имаме слободна волја дали ќе јадеме свинско или не, да не тупиме во темава.
Нормално дека нема да каже, стариот завет е пишуван 300 години после неговата смрт. Друго е што нема никаков научен доказ дека воопшто постоел. Како си измислувате работи, да се чуди човек Религија е наметната доктрина, учење и асимилација на туѓи убедувања, уништување на култура.... Секогаш припаѓале под тие влијанија поради тоа што посилниот победил и ја напишал историјата по негов терк. И извини ама ако си решил да го поминеш животот со некој, не ти треба дозвола ни од црква ни од џамија, тешки измислици ти се овие...
Лол Тотално не разбираш што е напишано. Пола христијанска религија се темели на пагански обичаи од разни краишта на Европа (на пример скокање по крстот за Водици е старословенски обред; или покривање на главата и телото во аврамските религии е резултат на номадски живот во пустина) Религија Е производ на култура, во исто време влијае врз неа и ја оформува.
Повторно лол Мене не ми треба, на тие кои слепо ја следат религијата им треба. Од прва рака знам дека Македонка која се омажи со Французин, повторно се крштеваше во католичка црква пред бракот.
Ако човека волјата го води на тоа да јаде месо од животно што си ги јаде сопствените го*на тогаш џабе му е и верба и религија и све. Тоа ми беше муабетот.
Религијата ја обликува културата на народот, во многу аспекти и влијае на неа, но не е производ од сеопштата култура на цел народ, туку производ на комплексите на неколку исфрустрирани дедовци за да имаат моќ над сите.
Кога сте толку отворени кога се работи за родови полови и 5 милиони гендери и све тоа, што го тупите овде за религија? Остајте луѓето за си веруваат во што сакаат, да се мажат и женат со кој сакаат и слично.
Веќе те цитирав. За себе викаш - Мој став е да му давам свинско на детето, а за нејзиниот став што смета дека свинско не треба да се јаде викаш - И го испрале мозокот. Твоето е став што не треба да се коментира, а нејзиното е перење мозок?
И јас свинско не јадам ,иначе да свињата е нечиста така пише во библијата .инаку Бог мислам дека ништо не ни брани и тоа го имам читано за храна па не ми е баш нај јасно
Мала дигресија за свинското, оти стопати сум слушнала за ова јадење измет коешто не е присутно само кај свињите. Спојлер (коешто ниту јас иако Христијанка не го јадам, заедно со јагнешкото оти ми се тешки). Ова со измет јадење со свои очи сум видела и кокошка како го прави на село. За свињите, факт е дека се сештојади, но и дека мака мачат со системот за излачување /уринирање. Поради тоа, нивното месо содржи голем процент мочна киселина. Јас се сеќавам како мала учевме биологија дека најздравите видови меса за децата се риба и пилешко, мада колку е денес сѐ здраво, еден Господ знае, со хормониве, антибиотициве, ГМО-ава и сл.. На темава, при војни, завери, катастрофи, пандемии, што сѐ нема да нѐ надвисне, да не почнам со "модерниов" тренд на светот којшто направи вистинска љубов да се наоѓа како игла во сено, мешан/немешан брак е најмал проблем. Има многу парови со иста верскаи етничка позадина, но дијаметрално различен животен стил и навики. Немам апсолутно ништо против, тие коишто останале, напротив се доказ за зрели врски во коишто, благодарение на тоа што нивната љубов поминала низ многу испити, повеќе од другиве, подобро знаат што е ситница поправлива, а што вреди да се чува. Кога има искрена љубов, сѐ се премостува.
Не бараше затоа што смени припадност. Лол Побарале некои што не менуваа вера, од свештеникот и црквата каде што се обраќаат зависи постапката. Никој не рече дека не е така, само што не е единствен фактор. Тоа што дедовци насекаде низ светот се 'рваат за моќ, влијае и врз народот токму зашто голем дел од народот нив по своја желба ги следи, и плус тие дедовци се дел од тој народ и правилата кои ги воведувале им биле менталитетски вградени, во спротивно ќе наиделе на отпор. (Жената останала во подредена положба после христијанизацијата, како што била пред, и што треба повеќе да се каже?) Протестанството се појавува бидејќи северните народи одбиле да се потчинуваат на Италијанци од Рим и сакале да го реформираат системот на управување. Притоа протестанството е лишено од повеќето ритуали и симболи оти се сметале за вишок. Ако нема културни, етнички разлики, ќе немало ни обредни, ниту конфесионални, многу е едноставно. Во историјата постоеле племиња кои одбирале некоја од поголемите религии во зависност од тоа која била поблиска до нивните нарави. Дека религијата вообичаено била производ на начинот на живеење и дека религијата истовремено го дообликува е утврдено во социологијата и не планирам да губам време повеќе овде да се докажувам офтопик. Го оставив тој коментар затоа што видов дека на темата се пишува за религија и за муслиманите по дифолт, како само еден вид на мешан брак да постои оти во Македонија живеат претежно православни и муслимани.
А каде пишав дека треба или мора Секој,ама секој родител има некои очекувања од децата,слики и претпоставки за во иднина и тоа е сосем природно Многу е јасно дека тоа се визии на родителот а не на детето а реалноста е нешто друго Што е нормално Вала или така на родителот најважни му се децата И пишав да е упорна и да не се откажува,родител неможе да ти биде секој @Mikha4
Не е вистина ова, како и повеќето работи кои ги пишуваш овде. Еве ти едно кратко четиво, да не ти дојде многу. https://www.worldhistory.org/collection/31/women-in-the-ancient-world/
Women in Ancient Rome did not have equal legal status with men. By law, Roman girls and women were almost always under the jurisdiction of a male, whether a paterfamilias, a husband, or a legally appointed guardian. Ne planiram da prodolzham da diskutiram so nekoj shto poradi izolirani primeri, misli deka zhenite vo antikata bile ednakvi so mazhite.