Човек, и во моја фамилија има српски дел. А, меѓу зетовците и снаите имам такви кои се пола или четвртина бугари, па и тие не летаат со вакви игнорантни изјави. Ете, никој не ги нарекува соседите браќа оти памти кога учел и слушал за страдањата што ни ги предизвикале! Секој кој памти што му раскажувале дедовците како нивните фамилии биле малтретирани и убивани од соседите, знае дека не може и не смее соседите да се нарекуваат браќа. Сакаш или не, изјавата за браќа е манија. Утре пак да сакаат странците да ни ја поделат државава, србите први ќе рипнат да грабнат дел! Кога ти игнорираш нечија историска болка, ќе добиваш реакции. Ти реков, сакај си го твојот србин. Тоа си е твое. Ама, немој да очекуваш да ти молчат кога газиш по нечии страдања.
За мене брак на наш и Србин не е мешан брак, пред се ради верата а и сите околу мене исто, сум била и на таква свадба. Така да кога веќе ти се случила љубов и имате разбирање не се замарај со тоа што ќе каже некој трет. Ама кај тебе може да се примети во двата коментари дека си полна со предрасуда и осуда/омраза на се што е Македонско. Може од таму и реакциите што си ги добила. Еве пак ќе цитирам ист дел за да одговорам: Само Македонци? Како знаеш дека не е така и од другата страна? Јас можам да ти кажам дека иако премижуваш на целата слика заради љубов дека Србите не гледаат како нешто понизно во споредба со нив. Во 2 наврати на мои братучетки во УСА кога се земаа со Срби родителите на мажите им збеснаа и не дозволуваа ни децата да дојдат тука, зошто било за нив понижување.
Девојко, жено, госпоѓо, што и да си, која и да си. Кој дел од туѓиот живот не е твоја работа не ви е јасен? Премногу си дозволувате и си давате за право да коментирате и да се мешате во туѓи животи. Апсолутно не е твоја или било чива работа кој со кого е во брак. Што ќе смени во вашите животи тоа дали некоја ќе се омажи за србин, босанец, кинез или македонец? Сум газела по нечија болка, ти дали се читаш? Српскиот народ апсолутно не е крив за тоа што се случувало во минатото, тоа е исто како да земеш сега да нападнеш некој рандом турчин затоа што сме биле под турско ропство.. Да напаѓаш цел народ ради поединци е стварно во најмала рака некоректно. И пак ќе кажам, повеќе гледајте си ги вашите животи, гледајте вие какви сте, сами меѓу себе очи ќе си ископате, србите ви биле криви.. ајде поштедете ме плис
Јас кога живеев Англија симпатизирав една црнкиња, баба ми ми рече че ме отсели од станот и да заборавам на неа.
Тоа некогаш што било и сега си нема врска.... Ете пример твојот пра пра дедо направил лошо некому и сега тебе да те мразат. Мислам дека е многу глупаво. Секој си одговара за своите постапки. Барем е тоа моење мислење. Имам на другарка маж кој е хрват. Сите знаеме колку хрватите не ги сакаат србите. Ама ете тој го поштува маж ми премногу, кој е србин. Што е виновен овој народ сега за нешто што се дешавало одамна. За мене е ова глупо преглупо размислување искрено. Човеќ се поштува ако е човеќ и толку е едноставно. Ама дур се држиме толку за историјата никогаш со никој не треба да се сакаме.
Има една добра, цитирам: "Човек учи додека е жив, освен македонецот. Тој сѐ знае од раѓање". Така да, џабе си губиме време да им објасниме нешто. Едноставно, џабе е.
За мене постојат само напредни и затуцани луѓе. Како ќе бидеш наречен според географската поделба, дали македонец, србин, албанец, не мења ништо. Исто и за религиите. Тоа што родителите некогаш ти направиле верски обред, ништо не значи.
Па како што кажав, во моето искуство осудите беа од македонци, додека од србите апсолутно бев прифатена. Повели дел од коментарите на видео од свадба на македонка и србин. Hope this helps.
Панда, сум била сведок на свадби на колешка и другарки со Црногорец, Хрват и 2 со Србин. Никоја од нив ама баш никогаш не се соочила со лош коментар. Ние сме блиски народи. Мене воопшто и не ме ни интетесира кој со кого ќе се земе и да е од друга вера или раса, тоа не е моја работа, битна е љубовта и разбирањето. Само сакав да ти кажам дека пристапот ти е агресивен и хејтерски кон Македонците и може затоа имаш контра реакција. Овие навреди што ги пиша не ти се од вечерва туку сигурно ги користиш веќе, затоа може од инат ти враќаат. Ај да не те замараме вака непознати по форуми, остај и не се замарај за другите, не навлагај во дискусии и уживај во љубовта, зошто на поединци ако им дадеш повод на глава ќе ти се качат. Многу убаво си пиша во првиот пост, се е убаво објаснето. Со среќа.
Ива, тоа било случај на твоите колешки, ова е мојот случај. Ја зборам од искуство, не на памет. И не, никој не ми "враќа" ништо, тие луѓе што коментирале никој не ги ни прашал за мислење, самите си дале за право да судат, како и вие сега. А вие тука со вашите коментари, само го потврдивте тоа што го имав напишано. Апсолутно гледате сѐ, освен самите себе и полни сте со омраза и предрасуди. Сами меѓу себе ќе се уништите, не ви треба никој од надвор. Секоја чест на исклучоците. Поздравче
Сума сумарум вакви коментари од тетките кои се омажиле во комшии од друг нема да слушнеш. Крај краева што е важно кој што кажал ако карактерот ти одговара терај бидејќи од тоа зависи животот не од националноста.
Ај за крај поздравче и од мене затоа што си безобразна и ме напаѓаш и вреѓаш многу луѓе. Многу си безобразна и полна со комплекси затоа што си Македонка. Твоите коментари се излив на омраза и напади. Никој не ти љубомори и не те осудува, се е во твојата глава, самата ги креираш драмите. Тоа е очигледно по начинот на кој дискутираш. Површна, агресивна и умислена.
Jas ne mislam taka.Vo mojata familija imam bliski koi se vo brak so turci, I normalno e kako I sekoj drug brak.Ne e za pari. Sum primetila mnogu pogolemo pochituvanje na zenata I na postarite vo familijata. I nie gi pochituvame I na slavi I gozbi imame spremeno soodvetno za niv bez svinsko meso. Neznam zosto se pravi fama so meshanite brakovi ako lugjeto se sakaat I pochituvaat.
Па кога сакаш да се правиш многу паметна и кога му се обраќаш саркастично на некого (во случајов на мене), таков одговор и ќе добиеш. Да не изглумеше лудило, ќе беше добро. Ама е тоа малце комплицирано, за таквите ко тебе. Ајде пали
Ама зошто вреѓаш девојче? Дојде овде, напиша пост и на секој еден коментар вреѓаш. И позитивен и негативен. Не даваш ни позитивно ни негативно да ти се каже. Искулирај малку зошто за вакво однесување ќе си го изгубиш твојот србин, а почитувај си ја земјата зошто секој еден човек знае дека ако ти твоето не си го почитуваш, нема ни туѓото и кад тад ќе ти го префрли тоа. Сепак не има тука малку повозрасни од тебе и со повеќе искуство, не се палиме ко фитилчиња. Инаку јас апсолутно сум немала проблем со срби, имам тетин србин, имам братучед србин нормално нели, одам таму, идат, се дружиме, маж ми и братучед ми се дружат многу, дури братучед ми вика повеќе со него комуницирам него ли со било кој друг од семејството. За мене е нормална комуникацијата и дружбата и никој ништо нема речено. Историјата на страна, тоа не е нешто што ние сме го направиле. Дојде, кажа и направи куршлуз, па и не дозволува да и коментираш. Страшно!
@Panda00 малку смањи доживљај. Ти дојде на форум и очекувај секакво мислење, зашто ти побара мислење. Прво прекини да преувеличуваш ко да си во врска со Албанец(не го мислам ова навредливо, туку за тоа стварно има предрасуди кај нас) имаш комплекси очигледно и сама си наоѓаш проблеми кај што воопшто нема. Во ред е да ги сакаш Србите, ама си и полу Македонка, па како што те читам никаде не ја одбрани Македонија, туку само ја исповреѓа. Не знам зашто мислиш дека треба сите да ја сакаат Србија како тебе. Во ред е да ја сакаш Србија ама не треба да бидеш слеп и да ја преставуваш ко земја снова, зашто баш и сама кажа, братски народ па знаеме како е. Ај сеа фино лепо симни се, малку намали со навредите и прекини да преувеличуваш.
Barash sovet, a potoa se palish. Na forum imash sekakvi mislenja, ne moze sekoj da te poddrzi. Plus, ti ja iznavregja Makedonija. Stom ne ti se dopagja, iseli se kaj brakjata Srbi, sacuvaj Boze.
@Panda00 Јас сум во брак со човек со Бугарско потекло Знаеш тоа шо значи со МОМЕНТАЛНАТА политика, а не со таа од пред 150 години? Луѓето ќе зборат се додека ти дозволуваш да зборат. А вака ако се понашаш и у real life, ТИ си таа шо им дава причина да зборат зашо ја воздигнуваш Србија а сигурна сум дека на 90% ама баш гајле не им е ти со кој ќе завршиш, и ти зборат од инает Be my guest, изнавреѓај ме и мене. Таман сум топ расположена сабајлево Како бе мене еден не ми рече шо си зела Бугарин ебате беља, да го стаам у топ.
Внука од братучед за грк ќе се мажи, па никому ништо. У кој век живееме за да се вреѓаме за нешто такво...
Ајде вака да ви одговорам на сите, да не ве цитирам поединечно. Прво, ја земјата си ја сакам и почитувам, нити ме познавате, нити сте ми во главата да знаете ја што мислам. Значи, Македонија ЈА САКАМ, НЕ ГИ САКАМ поединците што се јавуваат "ничим изазвани" да делат памет, а никој не ги ни прашал, има разлика! Не сте го ни разбрале мојот пост, а се кладам дека не сте го ни прочитале до крај за да разберете, јас убаво си кажав се, да сте читале ќе сте прочитале дека напишав дека ја сакам Македонија, ама така ви одговара де. Никаде совет не побарав, ја само си ја кажав ситуацијата за да види некоја со иста или слична ситуација и да не се замара со туѓи мислења и коментари. Нити реков дека вие треба да ги сакате или да не ги сакате србите, ако сакате искрено, ич ама ич не ми е гајле вие кого сакате, ко што кажав поединци не се сакаат ни самите себе, а не некој друг, јас кажав дека секој треба својот двор да си го гледа и да не се ставаат сите у исти кош ради историја, политика итн. Мојата реакција беше таква од причина што како и очекувано, одма бев етикетирана, одма се најде некој и ме нарече србоманка, па не знам како очекувате некој фино да ви одговори кога вие први го напаѓате. Не знам кој треба да смањи доживљај. И сепак, тоа дали ја ќе идам да живеам кај браќата, ќе биде мој избор на крај, ич не се секирајте вие. Секој да си го гледа својот двор, ќе бевме многу посреќни ко нација. За среќа има исклучоци што ми пишаа многу позитивни коментари во порака. Ај сеа, душебрижници откачете ми се, досадни сте.