Allahu Akbar извикуваат и верниците при молитва во џамија. Тоа што терористите го користат како оправдание за вршење терористички дешвки е друга приказна.
Здраво. Едно прашање. Блиска особа сака да склучи брак со Канаѓанка, но бракот да го склучат во Хрватска, бидејќи тој има виза за таму на 5год. Дали има личност што склучила брак со странски државјанин да ме посочи. Имено, во матичното во Хрватска му дале кои документи им се потребни, меѓу кои и некоја си дозвола дека бракот ќе биде признаен во Македонија,пред склучување на самиот брак. Искуства?
Секаде во светот постојат мешани бракови, ако некој е иста вера не значи дека ќе му успее бракот. Колку примери знам што се иста вера но во домот владее омраза и презир. Јас сум во мешан брак и скоро 6 години сме заедно, тоа што он е Мкд а јас Алб не ни е никаков проблем се зависи од човекот , ние после толку време сме заљубени и среќни како првиот ден. Така да никогаш не би рекла дека е тоа чудно или забрането , луѓето што имаат предрасуди се самите со себе несреќни. Која вера и нација да сте ако не сте искрени и немате почит еден кон друг се ќе пропадне.
И тоа како е важно од која религија е сопружникот не е баш сеедно сопругата да ти оди во џамија или во некоја друга верска институција децата на каков пример ќе ги научи целта во Христијанството е бракот да е христоцентричен и децата да се насочат кон Христос каков пример би добиле децата од мешан брак со сопружник од друга вера?
Побитно ми е моите деца да растат во слога и љубов, да научат за морални вредности, љубов и почит кон сите, а верата сами нека си ја изберат.. А дали би ги крстил во црква/ џамија и дали би им правел сунет зависи од договор помеѓу мене и мојата жена во случај да е муслиманка (спомнав крштевање во џамија ама не сум сигурен дали има нешто слично, нека ме исправи некој што знае). Љубовта за мене е пред верата, а натаму оставам на Господ еден ист е и за мене и за муслиманите.. Секако дека сум против за мешан брак ако не можат мажот и жената да се договорат и верата им е постојано предмет за караница.
Ако бракот мора да биде христоцентричен, тогаш клучното прашање не е само „од која религија е сопружникот“, туку каков човек е тој и дали ги почитува твојата вера, твоите вредности и начинот на кој сакате да ги воспитувате децата. Мешаниот брак сам по себе не значи дека децата ќе бидат збунети или дека нема да имаат пример a примерот го создаваат родителите со своето однесување, љубов и доследност. Исто така, ако христијанството ги учи луѓето на љубов, почит и прифаќање, тогаш зошто би било проблем сопружникот да има друга вера, доколку не ја попречува твојата? Можеби токму преку таков брак децата ќе научат дека можеш цврсто да веруваш во Христос, а истовремено да го почитуваш човекот кој верува поинаку. Верата што е навистина силна не би требало да се плаши од туѓата вера.
Добро и вие не се прајте паднати од небо, или па од друга страна не се прајте ко да имате искуство со вакви работи... Грото од Иран, Ирак, Индија, Сирија, Африка што се дојдени у Европа да не ги редам државите сеа се кромањонци со затуцани сваќања, сеат сида и трипер кај стигнат, по дома не си прибираат од комар на курви, али нашите жени паѓаат на нив оти се упорни ко слеп за стап, и не дека ја сакаат жената него ли им треба топол дом, јадење и пичка... Дојдете, па видете... И мене не ми се јасни жени што се бафтаат со вакви, чест на исклучоци што не се ретки, туку преретки и на крај увек проблеми да не и ги земе децата, насилство, па мењање вера, и уште илјада глупости. Мислам пример пукнале млади згодни Африканци и Арапи за стари, да ми простите дебели Германки јеа рајт... А па да не праиме муабет дека и жени имаат фетиш на одредени нации и раси.
Јас само да прашам кај имаш видено дебели германки? Јас сите шо ги глеам и стари и млади, се како кибрит суви, ни газ ни цицка.
Прашање до членките муслиманки: Дали би почнале врска и би стапиле во брак со маж од вера различна на вашата?
Тие мухаџедински држави како Иран, Либан не дозволуваат да се склучи брак меѓу нивни државјанин и „неверничка“, тоест максимално го отежнуваат процесот преку институции. Епа овие нашиве што се лапат за такви, склучуваат бракови тука, затоа што така се олеснувал процесот потоа тие држави да го регистрираат бракот кој веќе е регистриран во Македонија. Нормално дека нашите несвести тоа не го кажале во интервју, ама кога ќе прочиташ Македонка и Либанец правеле регистрација овде, па се прашуваш зошто овде, па проверуваш, испаѓа во Либан нема да им оди така лесно, па бираат некои начини преку регистрација овде.
„Не впрегнувајте се во нееднаков јарем со неверниците; зашто, какво заедништво има правдата со беззаконието? Или каква заедница има светлината со темнината?“ -2 Коринтјаните 6:14
Куран 3:85 „А оној што бара друга вера освен исламот, нема да му биде примена, и на Ахиретот ќе биде меѓу загубените.“
Важно е да се има љубов и разбирање, не е криминал тоа да се заљуби некој во човек од друга вера! Другарка ми православна, мм муслиман, значи НЕ го гледаме како човек од друга вера! Она ги слави неговите празници, тој нашите, таа оди во црква, тој во џамија! До кај со глупавите предрасуди, човек е човек, сите одиме на исто место. Животот не те прашува што пишувало во библија, што во куран!
Ах да е се толку едноставно. Децата во такви бракови се секогаш муслимани. А ако се и двајцата воспитани и пораснати во различни религии е екстремно тешко. Се друго е фантазирање со паметот.
Ако сите функционираа по тој шаблон, сите бракови со иста религија ќе беа совршени, а сите мешани ќе пропаѓаа што реалноста постојано го демантира. Секој си го воспитува детето во согласност со партнерот, а не по диктат на околинатa.Тоа што твојот капацитет и опкружување не можат да замислат функционален мешан брак, не значи дека тоа е фантазија.
Единствен начин да функционира е да не ја практикуваат и не ја практикувале својата вера пред да стапат во брак.
Не би рекол,зошто едноставно заедно не би славеле и Велигден и Рамазан? У принцип религијата би требало да е толерантност и прифаќање на различностите,a сеа што некои фанатици вадат делови од свети книги и си го интерпретираат како им одговара говори за нив.
Да е само формално славењето на тие два празника, не е ништо страшно. Ама лице кое е пораснато во одредена вера, таа го обликува , тој верува и живее во таа вера. Сака да ја сподели радоста во празниците, како некој кој слави Божиќ ќе споделува славење Бајрам? Не може на две улици да оди во исто време. Не можат две религии да се негуваат, едната ќе биде потисната. Тоа е факт. Кога и двајцата партнери се верски пораснати, во такви бракови бара многу откажувања и компромиси , во почетокот е розово подоцна доаѓаат на ред разликите. А за фундаментални работи е битно да имаат помалку разлики. Тргнувајќи од ситни работи од какво месо ќе се јаде, какво месо ќе јаде детето, какво име ќе носи, во какво одд ќе учи?!макед/албанско на пр? Која религија ќе ја наследат децата. Дали ќе му се прави сунет ако е машко, или не бидејќи познато е дека деца на муслимани се секогаш муслимани. Па со какво друштво ќе се задружат, од едната или другата религија. Илир и Ана можеби ќе можат да живеат во трета земја, но разликите ке испливаат кога тогаш. Лажен либерализам е тренд и многу погрешен, но треба да се знае . Дека жена муслиманка не смее да се омажи за христијанин. Маж муслиман може да земе христијанка ама децата со неа ќе бидат муслимани макар се родиле и во Ватикан.
Точно. Религиозни луѓе никогаш не би биле со некој од друга религија затоа што тоа го налага религијата (безразлика Христијанство или Ислам и двете се монотеистички).