Интересно е што сите оддобруваат и велат дека е сосема океј, ама на крајот сепак бираат партнер од иста вероисповест. А на речиси сите теми се врти муабетот околу поимот "малограѓанштина"... Да не се лажеме, како и да ги завртиме работите, не е исто мешан брак помеѓу македонка/македонец и французин/французинка и мешан брак меѓу христијанин/христијанка и муслиман/муслиманка. Како сакате вртете, имајте широки погреди на светот, прифаќајте ги сите жители на планетава Земја и не правете разлики меѓу бојата на кожата или верата, во реалниот живот, надвор од овој форум, разликата всушност е голема. И не, не правам муабет за прифаќање на роднините и комшиите, туку одлуките кои треба да се донесат кога има вакви разлики. Прво, како ќе се вика детето? Која националност ќе е? За вера не правиме муабет, детето може да одлучи откако ќе стане возрасна личност.
Проблемот кај нас е што луѓе мешаат лични преференци со општествени норми. Нормално дека секој ќе си бира партнер според сопствените критериуми и ќе „дискриминира“ согласно сопствените преференци - нема тука ништо лошо ниту пак чудно. Лошото е кога луѓето се трудат да ги наметнат сопствените критериуми како универзална, општествено прифатена норма и дефиниција за „нормално“.
Еве да ти одговорам на некој од прашањата. Јас сум во мешан брак, јас православна Македонка, сопругот исто од мешан брак, по татко, Италијан, по мајка Французин, значи католик. Децата се викаат како што сакав јас, првиот син по мајка ми Матео, вториот Константин, а ќерката по мајка му Летиција, зошто роди 4 сина со желба да добие ќерка, пред ќерка ми имаше 10 внука и заслужи жената да и го подновиме името. Со мм се договоривме дека ниеден од нас нема да се прекрстува за да се венчаме во црква а децата се крстени во православна црква. По националност сме сите прво Австралијци па после Македонци, Италијани итн. А дали некој не прифаќа или како воопшто не ми е гајле, си гледам мојот оџак да чути нагоре а за туѓите не се секирам.
@bittersweet во твојот случај правиме муабет за Христијанство, па изборот на имиња и не е така тежок. Еве, може ли некоја од вас да ми даде пример за мешан брак меѓу Православна Христијанка и Муслиман, каде што децата имаат Христијански имиња? Ваков брак можеби во некоја друга држава функционира супер и има договор и рамноправност, ама на Балканов - не.
Константин, по македонско здравје а Матео требаше да е Матеј меѓутоа во англисково говорно подрачје ќе се изговараше Матео па стана Матео.
Има муслимани од Босна со српски и хрватски имиња. Мешани се, само што не знам дали практикуваат религија, ниту дали на некој со такво име му е дозволено да ја практикува. Некои обратно, имињата муслимански, презимињата не.
Ne e makedonsko,Konstantin e rimsko ime po golemiot imperator,hristijansko ,a ima latinsko poteklo Constantinus . Matej bi bil Matthew vo anglisko govorno podracje ili Metju,a vo Italija bi bil Mateo,taka da Mateo e italijanska verzija . Mnogu e koristeno Sara.
Има едно што стана популарно во мкд, Хана. Јас го знаев како еврејско и муслиманско, сега и православци го користат. Туку, која се доживува како прогресивна и еманципирана, попаметно е да тури пепел на такви врски со некој што би ја терал на дете да дава традиционални имиња од посебно значење за продолжување на некоја култура, како што прават 99,9999999999% од муслиманите.
Па нашите се трескаат за некаква љубов демек, а тие си гледаат строго вера и нација и крај. Посебно вера.
Лично јас, не се грижам како му е на некој во туѓ двор. Најискрено. Познавам мешани парови, бракови и функционираат кои понормално, кои не толку нормално - како секој друг брак, и нели, онолку колку што оставаат да видат другите. Кога јас би ставила критериуми за бирање партнер (кои ги имам како и секој човек), религија и националност не се на листата зошто тоа према мене е ствар на договор. И многу ќе речат "како?", и одговорот на тоа е дека јас луѓето ги гледам како индивидуи, ако јас имам разбирање со одреден човек шансите дека тој е националист или верски фанатик за јас да би имала проблеми - се мали. Од таму, би имала разбирање со тој човек и таа мешавиност би ми била најмал проблем. Дали поддржувам мешани бракови? Исто колку што поддржувам "чисти". Едноставно ако некој е среќен, заљубен ... Зошто да има проблеми? Во мои очи мислам дека љубовта треба да е приоритет. Ама нели, тоа е само мое мислење.
Да надополнам дека Хана е интернационално име, само досега во Македонија го сретнував кај муслиманки и Еврејки, па може да помине како предлог во мешан брак каде родителите бараат спогодба за женско име.
@Rebecca_R Познавам доста девојчиња што се викаат Сара, а не се христијанки Хана исто како што рече @sjdgo . Машки: Адам ете ко пример Имаат и муслиманите Михаил и Гаврил но, не даваат имиња по ангели. Се запнав јас со имињата. Инаку не ми смета. Ни за мене, ниту па осудувам луѓе во мешан брак.
При толку интернационални имиња не мора да се стави некое што е типично за одреден народ и вера. Не мора детето да се вика Суада ни Марија, ама Миа, Лина, Клара може да пројдат.
Вау. Си ги средивте вашите животи па ќе смислувате имиња за нашите деца? Или ќе водите сметка за потеклото на имињата? Аман бе со морализирањево. Место да се грижите како ние воспитуваме или ќе воспитуваме и како сме крстиле или ќе крстуваме деца, работете на тоа вашите да бидат воспитани и да немаат потреба да решаваат туѓи проблеми. Не знам на што се должи грижава, ама еве за моето дете навремено ќе ве известам околу одлуките. Тања, ќе ти пишев соодветно како звучиш со овој коментар, ама потоа јас ќе звучев многу злобно, па се премислив.
Како што беше спомнато претходно, самиот факт што мораме да дискутираме дали е исправно да се венчаат Македонка со Турчин, или муслиман и христијанка, или црна жена и бел маж, доволно укажува на нашето уназадено размислување како нација. И самата имам одредени кртитериуми кого би избрала за парнтер, но секако би ми било мило ако да речеме моја блиска избере партнер кој по нешто различен од неа ама затоа се сакаат и почитуваат. Ако таа е среќна, јас најмалку имам право да им се мешам. Особено не ги сфаќам тие што биле против ваквите бракови, особено оние што верата ја спомнуваат...кој ве прашува вас бе дали некој да си се омажи/ожени и биде среќен? И кога сме кај имињата, има исто така многу имиња кои се кај нас популарни, ама не се македонски. Давид и Даниел се едни од нив. Така да бесмислено е да се дискутира и кој како се викал само заради што името не му одговарало на националноста, или религијата или не знам ти што.
И јас не ги сфаќам оние кои велат дека е уназаден некој кои има свои ставови од х причини кои не ги знаете. Донекаде си во право но неможеш да кажеш дека некој е уназаден бидејќи не сака брак со партнер од друга религија или раса. Еве јас никогаш не би се оженил со црнкиња, не од страв дека ќе ми се смеат другите или затоа што повеќето не би го направиле тоа туку од причини што сакам моите потомци да имаат иста раса како и мојата. Не сум против мешани бракови туку не сакам јас да сум во таков брак или врска, а на другите како им е убаво така нека прават. Никој со сила не може да ме натера да прифатам нешта кои сметам дека не се добри.