Јас не зборев за тие што имаат лични критериуми, туку за оние што се мешаат во туѓа среќа и коментираат зошто Стојна се омажила за Турчин или Трајко земал црна жена.
Нaциoнaлнoстa е мнoгу пoвеќе oд нештo нaпишaнo вo дoкумент. Мoжaм билo кoјa нaциoнaлнoст дa се пишaм и џaбе ќе биде aкo ни јaзик знaм ни се прoнaoѓaм вo тaa културa. Кaкo сум пишaнa вo дoкументите никoгaш не билo прaшaње зa кoмпрoмис кaј мoите, кoгa бев мaлa нa пример мaјкa ми се пoгoди дa ме зaпишувa нaшкoлo и ме пишa мaкедoнкa.
Само битно е да запомниш дека, ти ги гледаш така, ама не сите од тие што ги гледаш така те гледаат така и тебе. Можеш да наседнеш на врска со морали, религиски ограничувања итн. Затоа при вакви врски треба човек да биде предпазлив.
Ако мене ми е добро дома, не ми е грижа баш како ме гледаат другите. Како што кажав дека навистина не ми е грижа како некој живее, исто така не ми е навистина грижа како другите ме гледаат. Особено луѓе со големи усти, со кои имам само здраво.
Малограѓанштина и заостанатост не е поим за прифаќање или не прифаќање на ситуации ( во случајот бракови) за себе си, туку е поим за оговарање и користење неморални зборови кон икс особи, без разлика дали ве засегнале лично или не. Заостанатост е токму онаа закоравеност кога велиме "јас не прифаќам" или " види ги овие или оние" "на што личат побогу" а најнормално дека секој си одбира за себе си тоа што нему му чини. Љубезноста, убавината и доблеста на еден човек е токму во она "биди си свој но не осудувај никому". Секој има свои желби, свој начин на живот, свои пронаоѓања во радоста па не е воопшто вкусно да коментираме нечии одлуки и нечии среќи во животот. Не знаете кој што си носи во себе.. Да сретнам како што сретнувам овде најразлични парови од најразлични земји и религии само им се восхитувам, ете на љубовта, на начинот на кој што се справуваат со таа љубов, и начинот на кој што се гледаат со очите. Какви се за нив си се, битно е да се среќни живи и здрави. Не морате никого да прифатете, но почитувајте го него и неговите селекции без омраза, без морализирање, без погрдни зборови, без разлика дали за вас тоа чини или не чини, дали го сметате за нормално или ненормално. Како што вие си знаете за вас, така и тие за нив си знаат најдобро на свет. Верувајте.
Дали пример би биле во брак со Арапин, Индиец, Ирачанин? Јас со католик од Европа да, со муслиман не би.
Што подразбираш под Арапин, а што под Ирачанин. И Индиец муслиман или хиндуист? Познаваш лично некого?
Пример ако некој Арапин,Индиец или Ирачанин по некоја случајност е католик или православен би стапила во брак или не?
Знам жена од мојот град омажена за човек во Јордан. Сега се жали дека ја малтретираат, ама има повеќе деца и таа е веќе стара, околу 50 години. Така да мене вака од страна ми е навистина чудно како се решила и покрај многу порекнувања од дома, караници, за да си го зезне животот? Како воопшто решила да отиде во земја каде исто наишла на отпор затоа што не е нивна по вера и нација. Не знам дали е заљубеност некоја што го заслепува човека. Ирачанка беше бегалката што се мажеше за полицаецот, ви текнува онаа љубов, демек Ромео и Јулија, а веќе се разведени. Џабе пропаганда по тв.
Јас знам за една што не е мажена. А млада е, вика интелектуалка. Ама нон стоп ја интересира за другите и само гледа како да започне муабет за тоа како сите биле несреќни. Мене овака од страна навистина ми е чудно, како не сфаќа дека секој си го живее својот живот. Демек само мешаните бракови пропаѓале, пуста мако. Секој втори брак е проблематичен, да не е секој втори брак мешан? Македонците не се никогаш идиоти? Светињи хомофобични, ксенофобични и сексистички, ама барем чист православен Македонец е. Ако ја тепа, барем не е црн.
Таа беше од Курдите. Зарем навистина откако ги „бомбардираа“ сите медиуми со нивната љубов голема, се развеле по само две години? Кога ќе размислам, ништо чудно и да било местенка.
Jaс сум од мешан брак дете, а сега повторно сум во мешан брак веке 16год и функционираме супер. Воспитувана дека не треба да се делат луѓето по вера и националност, а така си ги воспитувам и децата. До сега се функционира и со моите деца имаат мешани другари и не прават разлика. ЗА ИМИЊАТАна моите деца се погриживме само мм и јас, бидејќи тоа право мислам треба да си го имаме само ние над сопствените деца
Мислиш во ,,чист'' брак нема расправии, малтретирање , разводи? Само ,,нашите'' се со плава крв дека наши нели? Чисто ме занима дали би стапила во брак со Македонец - муслиман ?
Јас не велам дека нема кавги во македонско - македонски бракови. Не би била со Македонец муслиман, иако ги сакам овие луѓе, може да бидеме добри пријатели, да соработуваме, но брак не. Со католик брак може со муслиман не. За браковите кои ги спомнав, проблем е дали таа жена некој ќе ја пушти да се врати назад. Далеку е, зависна е од мажот, родила една војска деца, мислиш така лесно може да се врати овде.
Се знае зошто, сите знаеме зошто. Разликите се мали во верите. Практично ништо нема да сменам. Ќе се венчам во црква, ќе ми крсти деца поп, ќе ме пее поп кога ќе умрам, ќе се викаат децата како што јас сакам. Ништо скоро нема да сменам.