1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Mислење дека се ти си во право и постојано карање

Дискусија во 'Психологија' започната од ocila, 25 април 2012.

  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Што да правам???????? Сите ми ги знаете годините дома не давам да ми кажат ништо лошо одма почнувам да се карам(таква сум и по природа не давам никој да ме навредува). :@ Еве денес мајка ми ме праша зошто не сум си го постелала креветот а јас одна почнав да се карам дека јас има потреба кога да средувам,чистам ,готвам.Ве молам кажете ми како да се конторлирам!!!!!!!! Однапред благодарам!!!!!!! :* :( ;) :)
     
  2. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Mислење дека се ти си во право и постојано карањее

    Ќе мораш да се контролираш. И јас некогаш за ситници избувнувам, ама па за све нешто карање, несмее. Немој да се претвораш во ШЕРИФ :D кој сака да им командува на сите дома. Мајка ти ништо лошо не ти рекла, сака да ти створи навика за работење, а може па и онака ти рекла колку да се најде во муабет. Сфати си дека на нив тоа им е работа :lol: само нешто да негодуваат, да даваат некои задачи, и да се прават дека знаат све. Они мислат дека ние во нивно време живееме. Ти па си ги гледаш работите од твоја страна (како и сите ние младите), и баш затоа мислам дека нема потреба да се нервираш за секакви глупости и да исправаш криви дрини за све нешто. Посебно дома со старците :D .Веќе и годинките им се такви и све поише и поише ќе нервираат со понашањето.Ти глеј си да ти е убаво од друга страна, дечко, шетање, уживање, а за дома нема што да се нервираш.Не те тепаат, не те малтретираат...
    Исто мораш да разбереш дека родителиве ЕПТЕН се вреѓаат кога така им се понашаме, си мислат дека не одгледале од бебиња и сега несмееме ништо попреку да им речеме. Секој своја приказна си има.
    Во секој случај не се обидувај да бидеш КОМАНДАНТ, и не си ја замарај душата со такви нервози.Сегде кај и да мрднеш некоја будала ќе се најде да ти згазне на живец.Ако за секој се нервираш и се караш со него, нервно ќе попуштиш.
    Уживај си во младоста и во убавите работи и не се огорчувај за безвезе.Поздрав
     
    На ocila му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Mислење дека се ти си во право и постојано карањее

    Прво треба да размислиш дека не секогаш ќе биде по твое, и дека треба да ги почитуваме постарите.
    Доколку ти рекла зошто не си го наместила креветот, не те навредила, сепак тоа е твоја обврска, и сака да ти стекне навика за суредување, таа постојано нема да иде по тебе.
    Нема потреба за нервиеање напразно, зошто да се караш за безврска работи, тоа е штета за тебе, никој друг.
    Наместо да се караш,нервираш и провоцираш можеш само фино-лепо да искулираш, или убаво да им вратиш, така нема да се нервираш, и ќе бидеш поопуштена.
    Контролирај се, доколку некој те нервира, појди во соба, седни, опушти се, изброј до 10, нека ти помине нервозата и потоа размисли со ладна глава, така нема да биде напната ситуацијата и побрзо ќе се реши, без караници...
    Зошто да се напнувате и карате за банални работи, кога се убаво може да се реши?
    Доколку некој те провоцира не потклекнувај на провокациите, искулирај го, или ќе играш тактички.
    Мора да се контролираш, нема потреба од караници, за толку банални работи дали си го наместила креветот, дали си ја средила собата и сл.
    Можеби и твоите родители треба да сватат дека влегуваш во пубертет, и дека си понервозна, ама свати ги и ти нив, ти посакуваат се најдобро, почитувај ги и никогаш јазикот да не ти биде побрз од главата, слушај ги и не им се спротиставувај... :)
    И јас сум нервозна личност по природа, ама откако спортувам некако сум на чил аут, пробај и ти, немора спортување, вежбање по дома, слушање музика.
    И не се нервирај за глупости, ова е тек сега, а што ќе биде понатаму кога ќе пораснеш на 16-20 год. дома ќе кршиш работи и ќе се караш, урлаш и тепаш?
    Нервозата не е убава за ништо, плус за вакви работи, кога за се постои решение...
     
  4. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Mислење дека се ти си во право и постојано карањее

    леле за нервоза и јас имам преголема,,се нервирам скоро за секој збор што ке ми го кажаат..
    али гледај да се смириш и размислиш дека таа ти е мајка и дека не е убавотака да и се извикнуваш.
    направиго тоа што ти кажуват а ако не можеш кажи дека покасно ке го направиш..
    и кога имаш осечај дека ке викап и се карашп оди во соба и помисли дек ане е убаво да некого растажиш,како што не ти било убаво тебе..
    смирисе и опуштисе и у=ивај..не мисли премногу..поз
     
  5. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Mислење дека се ти си во право и постојано карањее

    Темава треба да се преименува во „Тинејџерство“ и јасно е се.
    Убаво е барем што си свесна дека грешиш, така побрзо ќе го пребродиш овој период.
     
  6. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Mислење дека се ти си во право и постојано карањее

    На 12 години и се те нервира :?: што ќе случи на 18 или 20 години кога ќе имаш и љубовни проблеми ќе треба да се тепаш по дома тогаш. Мислам дека треба да се контролираш и да си посмирена и да се занимаш со спорт може ќе се измориш малку и нема да имаш време да се караш по дома. Искрено не е ништо лошо ако мајкати ти рекла зошто креветот не си го средила за спиење треба да имаш некои работни навики.
     
  7. Mecheto1

    Mecheto1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    52
    Mислење дека се ти си во право и постојано карањее

    Треба сама да си размилиш што ќе правиш понатаму.
    Мене лично многу ме нервираат луѓе што мислат дека цело време се во право и никогаш не признаваат грешка.
    Пази да не го имаш истиот проблем.Смени се додека можеш,затоа што на сите ќе им смета тоа.
    Контролирај се и размисли пред да кажеш било што.
    Дружи се со позитивни личности кои ќе ти шират позитивна енергија,исполни си го денот со работи кои тебе ти се интересни и те расположуваат.
    И биди посмирена.
     
  8. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Mислење дека се ти си во право и постојано карањее

    И кај мене почна ова да се појавува, всушност дома сум си океј. Но надвор со некои другари и другарки се испокарав... Незнам што е проблемот секогаш се трудам во секоја караница да сум смирена и смирено разговарам и се трудам да не бидам толку навредлива а тие почнуваат уште по остро и со полоши навреди и мене тоа ме боли и само ќе кажам крај и повеќе личноста нема да ја погледнам в лице... Стварно незнам кај да го барам проблемот, дали во таа караница со една личност која им е како бог на другите или во што незнам.. :?:
    А тешко ми е најдобриот пријател си го загубив, всушност тој беше крив ме лажеше, но во последно време ептен ми тргна во она разоткривање на некои лаги и се испокарав и стварно незнам кај е проблемов, до мене ли е??
     
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Mислење дека се ти си во право и постојано карањее

    Треба да научиш да се контролираш. Со карање и викање ништо не се постигнува, може само уште повеќе да ја влошиш ситуацијата. Верувај дека се може да се реши со разумен и смирен разговор. Колку и да сакаш, неможе секогаш ти да бидеш во право и да биде само по твое. Едноставно е невозможно. Треба да се сослуша и да се почитува мислењето на другата страна.
    Годините ти се такви, не е некоја катастрофа затоа што сите сме биле така... Најди некој начин за да ја исфрлиш негативната енергија од тебе. Излегувај, читај книги, слушај убава музика или спортувај. Уживај во животот, и што помалку нервоза, затоа што е штетно од секој аспект. Размисли пред да кажеш било што, затоа што после ќе се каеш, а кажаниот збор не се враќа, а верувај-боли и се памети. :worried:
     
  10. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Mислење дека се ти си во право и постојано карањее

    Не знам зошто сите и се пуштивте како да е возразен човек, па тоа што го прави е погрешно.
    Далеку од тоа дека е правилно, ама е нормално за нејзината возраст.
    Знаете јас каква бев на 12 години? Ѕвер! Й превраќав на мајка ми, се дерев дома, нон стоп се карав, урлав... Тоа ти е уствари влегување во пубертет, и секое дете различно го доживува, хормоните ти работат јебига.
    Некаде на 16 години се смирив... Сега нормално на памет не ми паѓа такво понашање, веќе сум се оформила како личност и знам кога како да изреагирам и да го почитувам семејството.

    Пробај да се контролираш и кога ќе се изнервираш, подобро затвори ја вратата и земај тегни на перницата, нешто прави за силата да ти излезе, и ќе видиш ќе се смириш. Избегнувај да и викаш на мајка ти, после криво може да ти биде. :) И не се грижи, нормално е сега што се чувствуваш толку нервозна, во пубертет си, со тек на годините ќе се менуваш :)
     
  11. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    Mислење дека се ти си во право и постојано карањее

    Јас не мислам туку знам дека сум во право и нормално дека нема да молчам на дебили :)
     
  12. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Некој ме спомна ? м ? :$
     
  13. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Сте залутале ако мислите дека сте секогаш во право!Никој не е секогаш во право, само или ја преценил својата интелегенција или има сериозен проблем.
    Не знаев каде да го поставам прашањево па решив да пробам овде. Сигирно сте се сретнале со вакви личности,луге кои не само што мислат дека секогаш се во право, туку и го осудуваат различното размислување на другите. Не зборувам на пр за ситуации кога точноста е единствена,математички или визуелно мерлива,туку за ситуации во кои треба да се даде свое мислење за некоја појава или сл {еве на пр хомосексуалноста} во која ваквите луге буквално ве врегаат затоа што вашите мислења не се совпагаат (глупав си,прост си,немаш појма од оваа работа...).Поради ваквиот начин на размислување овие луге најчесто речиси и да немаат пријатели, некако имам впечаток дека се сметаат за супериорни (а всушност,барем оние кои јас ги знам) се ниско интелегентни.
    Ме интересира што вели психологијата за нив, има ли посебен термин со кои се именуваат и како да се однесуваме со ваквите луге? Баш ме интересира нечие стручно мислење.
     
  14. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Колку порано сватите дека не сте секогаш во право толку поубав ке ви биде животот.

    До пред неколку години бев таква баш, сакав да го наметнам моето мислење на другите без да размислам дека и другиот ако мисли различно може да е и тој во право. Можно е за иста тематика две различни мислења ама и двете да се добри. Плус кога се трудиш некого да го наведеш да мисли како тебе а не ти успева се нервираш.

    СЕга не сум така, си го бранам мислењето ама не сакам никој да разубедувам а ако некој ме разубеди му честитам што ме ‘Просветлил‘‘ :) Оти нели рековме, само мртов човек не менува мислење :)

    Друго што ме нервира. Ете имав дечко и баш затоа раскинавме. Тој секогаш сакаше да е во право па дури и за ситни работи. За мене се тоа луге што немаат друга работа во животот со што ке се пофалат па се јачат за ситници од типот ‘‘Дали е блузата окер боја или жолта?‘‘. А да се запраша барем еднаш ‘‘Дали ми е поважно да сум во право за ситници или ми е поважна личноста со која дискутирам?‘‘

    И мразам луге што чие мото е
    ПРАВИЛО бр.1- Јас сум секогаш во право
    ПРАВИЛО бр.2- Во случај да не сум причитете го правилто бр.1
    :x :x
     
    На Idonea му/ѝ се допаѓа ова.
  15. yuiop

    yuiop Нов член

    Се зачлени на:
    23 мај 2013
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    32
    Јас сум во право.....
    Кој е за карање?
     
  16. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Тоа се луѓе кои се затворени за комуникација. И со нив нема место за муабет.
    Зашто секад нели ТИ не си у право.
    И не ги сакам таквите, пуни ми се негативна енергија, зашто незнаат за компромис, незнаат да се извинат ни ништо.
    Не ни очекувам нешто позитивно од таквите.
     
    На galijan му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Темава за мене е отворена?? :lol: :lol: Не, значи кога сум сигурна дека сум во право си го бранам мислењето до крај. Ама кога не сум, знам да признаам дека не сум. Во секој случај, кога не сум во право барем учам нешто ново :D
     
  18. curlygirl

    curlygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Значи по природа сум таква сакам да го наметнувам моето мислење и да си го брананам мојот став.Но сега малку се изменив бидејќи како растам сватив дека сите си имаат свое мислење и треба да се држат за него,но за свое мислење и став доколку сум сигурна го бранам до крај па дури и сама да сум.Сепак кога сум грешка се повлекувам и извинувам.
     
  19. naughtygirl

    naughtygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    194
    Допаѓања:
    100

    Се извинуваш ?Не верувам :)
     
  20. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Јас сум во право :lol: И другите не ги ни слушам, знам дека не е добро ама ете таква сум :)