Mодерни љубовџики или вечни романтичарки?

Дискусија во 'Врски' започната од changetheworld, 5 септември 2015.

  1. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    220.920
    Пол:
    Женски
    Оние што опишуваат колку љубовта била поголема и поискрена "на времето" истите тие неможат да кажат како било и колку искрено било бидејки не си живеел во тогашното време и неможеш да коментираш и опишуваш нешто што очигледно ти било прераскажувано и опишувано, не можеш да ја сватиш ниту таа суштина и тамошниот нивен живот.
    Буквално не верувам дека на луѓето им цутеле рози и живееле во таканаречен лилав свет бидејки тие времиња биле уште потешки и поопасни за луѓето кога не сваќале што се случува ниту пак гледале низ светот, време на многу војни и борење за престол, време во кое нивните најмили оделе во походи и војски кои ниту знаеле ниту имале појма што може да се случи со нивните љубови и мажи.

    Ниту денешницава не е нешто подобра од тогаш, само што денес ако не сте заедно со вашот партнер/маж можете да се слушнете и да се видете, можете да знаете како му е нему а како тебе можете секогаш да разговарате и да ви биде мирна душата во секој поглед. Секако дека и модерното време си има свои лоши страни а кога и се немало побогу? Но денес е подобро затоа и народот се трудел сиве овие години за нешто подобро, за подобро на нашиот свет и живот.
    Фејзбукот и сите останати интернет мрежи и портали не играат улога во љубовта помеѓу партнерите, ако се има љубов према една особа таа се сака и покрај социјалните мрежи а истите воопшто не гледам дека прават пречка за една врска или брак, се е до човекот и до тоа колку тој човек ве почитува вас.
    Социјалните мрежи се потреба од голема важност а оној кој не љуби и не умее да ве почитува вината не се сведува врз интернетот и технологијата ами врз човекот што го љубиш и почитуваш, се останато е од најмала важност.

    Да така секоја доба од животот си има свои маани и недостатоци како и самиот човек и неговиот суштински поим, ако се сака се сакало и во минатато се сака и во сегашноста и во иднината.
    Овие критериуми, пречки, технологии итн се само потреба за поудобен живот, и воопшто не се од значајност и зависност за успех во една врска или брак.
     
    На SWagger274 му/ѝ се допаѓа ова.