Самиот термин "mail-order bride" е често критикуван од страна на сопствениците на агенциите за меѓународен брак, како и самите муштерии од една страна, но е истовремено и употребуван од нивна страна како лесно препознатлив термин, што е доста контрадикторно. Во секој случај, терминот е антифеминистички и навредлив бидејќи ги поистоветува жените од странство кои потекнуваат од понеразвиени земји како производи кои можат да се купат за неколку илјадници долари, додека самиот концепт во суштина се опишува како индустрија, односно бизнис. Таквото мислење е формирано поради платежниот елемент во врската/бракот, каде всушност не претставува тешкотија овој бизнис да се спореди со т.н. "Sugar Daddy" сајтови каде таквата врска има стриктно финансиска основа. Потоа, постојат двојни стандарди поради фактот што постојат и т.н. "mail-order husbands" меѓутоа истите се значително поретки за разлика од спротивниот термин. Во самиот брак присутна е нееднаквоста меѓу половите бидејќи самата трговија претставува облик на сексуална експлоатација. Сексуалната нееднаквост помеѓу невестата и купувачот-сопругот е зацврстена поради присуството на одредени фактори. Сексизмот кој преовладува во нејзината земја на потекло ја убедува невестата дека таа претставува државјанин од втор ред. Антифеминистичките стереотипи ги доведуваат сопрузите-купувачи да се обратат кон MOB трговија, што подразбира дека целта на бракот помеѓу мажот и жената е контролирање и доминирање на сопругата од страна на сопругот. Сосема е доволно да се прочита на каков начин агециите ги рекламираат девојките во каталозите: "[w]here else will you find a girl who will clean tour toenails with a toothbrush?" или "passionate lovemaking guaranteed" или "Two Million Submissive Doll-Like Women for Sale". Самата врска/брак е карактеризирана преку фактот дека mail-order невестата потекнува од земја во развој, додека сопругот е државјанин на First World country. Односно, несигурниот статус на невестата ја става во ситуација за таа да зависи од нејзиниот сопруг-купувач поради страв од депортација. На поинтензивен начин, пресекот на различните нееднаквости, како што се етнички, економски, едукативни и генерациски, ја ставаат невестата во постојана позиција на потчинетост кон мажот. Бракот треба да претставува заедница во која мажот и жената се еднакви и феминизмот, генерално кажано, се бори за жената во секој аспект на човековото општество да биде еднаква со мажот, меѓутоа овие фактори придонесуваат кон тоа да се стави жената во подредена позиција во машко-женската дихотомија. Една книга која неодамна ја читав, "Gender and Immigration", има посебно поглавје посветено за Mail-Order Brides каде вели: "The goal of feminist jurisprudence is to show how the male bias allows dominance to be wielded and maintained and from this bias dismantle it. International law is concerned with interstate commerce, use of force, human rights, refugees, and delimiting the extent of state sovereignty. The mail-order bride trade operates at the intersection of national and international politics and is one link in the chain of structurally embedded sexism and racism". "An analysis of domination and subordination as an explanatory paradigm of male/female relations, as well as interstate relations, is a solid platform for legal attempts to reform and transform the mail-order bride trade". Факт е дека постои нееднаквост меѓу државите во светот и дека постојат многу луѓе кои бараат начин како да го живеат Американскиот сон. Меѓутоа, глобалните разлики меѓу државите во поглед на развиеноста исто така се искористувани за спроведување на international human trafficking, што примарно се смета за организиран криминал, каде жената повторно е најголемата жртва и претставува објект на сексуална објектификација. Меѓународната трговија со жени е спроведувана од страна на меѓународни брокери за брак, чија вистинска улога е трговци со луѓе, каде тие во јавност нудат жени и девојки како невести, но се продаваат приватно во проституција, принудени се во брак (вклучително и бракови со мажи кои ги проституираат), или се држани во домашно ропство. Познато е дека овие агенции се всушност најотворените форми на трговија со жени во развиените нации.
Се додека има нерамномерно распределен капитал низ светот.. Се додека има сиромаси, ќе има вакви појави. И да забрани власт, жените ќе наоѓаат начин да се омажат во економски постабилни земји.. воедно, правејќи криминал.
Ова особено се однесува на глобалниот "North-South gap" помеѓу релативно богатите индустријализирани држави на Северот од една страна, и релативно сиромашните држави на Југот од друга страна, што истовремено претставува битен географски елемент на глобално ниво на анализа. Северот содржи само 20% од светските луѓе, но 60% од нивните добра и услуги. Останатите 80% од светските луѓе на Југот, имаат само 40% од добрата и услугите. Во секој случај, постојат повеќе претпоставки за оваа појава. Едни сметаат дека е дел од природниот процес на нееднаквиот пораст во светската економија, додека други го поврзуваат со историјата на империјализмот од Европските држави, како и од страна на Русија, САД и Јапонија. Претпоставувам дека со ова реферираш исклучиво на т.н. "fraudulent marriages" бидејќи не сите меѓународни бракови каде партнерите потекнуваат од држави со разлики во развиеноста се сметаат за криминал, туку само оние каде едниот партнер има намера да стапи во лажен брак за документи, односно пасош и државјанство или друга корист;
Зборував за во случај во државата во која живееш, да е забрането таков тип на брак. Ни како тој што останува, ни како тој што заминува.
Ова ме потсети на т.н. "Anti Mail-Order Bride Law" кој "prohibits the business of organizing or facilitating marriages between Filipinas and foreign men, or Mail-Order Brides". Законот иако се примарно се фокусира на т.н. "matchmaking agencies", сепак ми се допаѓа тоа што мотивацијата за донесување на овој правен акт е да им се обезбеди заштита на жените според претходни случаи каде одредени жени од Филипините биле малтретирани од страна на нивните странски мажи.