Немам коментар, само сакам да ги споделам клипов со вас: http://www.youtube.com/watch?v=Gc4HGQHg ... re=related
Прв пат го гледам типот али му се восхитувам на успехот што и покрај се продолжил и понатаму со нормален живот. Ретки се тие луѓе кои се вистински борци, секоја чест
ова е за почитување а ние се жалиме за најмали работи а он е среќен и без екстремитети?!! каква сила и воља треба да се има за ваква постапка браво искррени честитки до него
Ми доаѓаат солзи секој пат кога го гледам.. Човеков покажува колку е животот вреден, а повеќето од нас го поминуваат несреќни,жалејќки се дека имаат дебели нозе или стомак, дека се несреќни во животот поради тоа. Овој човек нема екстремитети, но има дух, енергија, која прави да се истакне од останатите луѓе и да биде поголем човек.. За жал треба ваквие видео клипови за да се потсетиме всушност колку е убав животот..
Браво! И покрај се дечково си го живее животот нормално и што е најбитно не се жали, позитивен е, ведар, насмеан... Немам коментар...Еве ова треба да послужи како пример! Браво да упорноста!
Човекот ми е синоним за вистински борец.И покрај се‘ тој никогаш не се откажал да се бори. Редовно му ги гледам видеата,што и да кажам малку ќе биде.Секоја чест
Едно големо браво за човекот искрено му се восхитувам , што прокрај се продолжил со нормален живот и не престанал да се бори ...
Јас за Ник Вујичиќ првпат дознав пред две години од една емисија на РТС сателитскиот канал и веднаш се воодушевив од неговата позитивна и насмеана личност и од тоа што и покрај сите проблеми и искушенија не се откажал и продолжил да се бори за својот живот,што нашол сопруга што го сака таков каков што е и со неа има синче,а највеќе од тоа што со својот живот дава позитивен пример на другите млади со хендикеп дека борбата и само борбата го прави животот полесен и поубав!Секоја чест и големо браво за Ник Вујичиќ!
Човеков не знам кога и каде прв пат го видов и слушнав но денес го следам на Фејсбук бидејќи ми остави голем впечаток. Премногу е инспиративен и позитивен, му симнувам капа. Треба да се земе за пример и за болните но и за здравите.
Јас ја најдов во една книжара во Гази Баба, кај подвозникот тука кај општината, христијанска книжара, ,,Откровение'' се вика.