1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

OLPEO специјализирана продавница за корејска козметика

Дискусија во 'Лице' започната од peperutka87, 21 јуни 2019.

  1. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Имајќи ја во предвид популарноста и квалитетот на корејската козметика,решив да отворам тема,со кој ако не сo специјализираната продавница за корејска козметика OLPEO.Во продавницата се наоѓаат производи од луксузната линија на CLAUDIA ELAINE,производи за убавина од корејскиот остров ЏЕЏУ,и многу други ...кои се вашите искуства,дали сте ја посетиле или можеби пробале некој од нивните производи??
     
  2. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Каде е продавницава, кои брендови ги носат, колку се проверени, нешто повеќе? Што имаш пробано?
    Claudia Elaine е американска козметика.

    Вака многу ми изгледа како реклама.

    Има тема за корејска козметика, имам пробано корејски и други азијски брендови ама за овие првпат слушам.
    Ги разгледав на фб, лоши цени и никаков избор на производи. За корејска козметика интернетот или некој кој патува кон Азија е најдобар избор.
     
  3. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Јас почнав да користам Blossom Jejy emulzijata и сум презадоволна,а инаку мал избор на производи има, некако постепено како да ставаат,сакам да ја земам емулзијата од полжав ,јас конкретно имам сува кожа со егземи ,на делови мрсна ,цените им се прилично високи па си викам дали некој користел некој нивен производ па да сподели искуство,иначе и во ДМ купувам корејска козметика...ама не сум нешто воодушевена ,инаку продавницава првенствено ме привлече поради дизајнот како изгледа како целина
     
  4. majamm

    majamm Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Продавницата е во ГТЦ на 1ви кат, прилично е нова, одма привлекува поглед кога поминуваш. Поминувам кога одам на работа низ ГТЦ па наминувам од време на време и гледам го зголемуваат асортиманот постојано. Многу се љубезни, ќе ви објаснат се што ве интересира, препорачувам да ги посетите, барем да видите за што се работи. Инаку јас ги користам производите на Claudia Elainе еден месец, на мене ми одговараат иако имам осетлива кожа и тешко наоѓам производи што не ми прават алергија и не ми ги зацрвенуваат очите. Конкретно овие производи Claudia Elaine се произведени во Кореја и се наменети за амерички пазар. Прикачувам слика кај што може да се види амбалажата со земјата на производство. На самата амбалажа го пишува и производителот reBom. Пред да ги купам производите ја проверив нивната вебстрана, се наоѓа во Кореја, имаат еден куп сертификати и освоени награди, а како што се строги контролите и прописите во Кореја не верувам дека лесно се добиваат.

    Ја погледанав сега повторно фејсбук страната на Олпео, имаат повеќе корејски производи од брендовите Benton, Blossom Jeju, Langsre, Socoolsome, Claudia Elaine и имаат природни сапуни од еден македонски бренд Данини. Изгледа Benton им се нови, мислам дека ги немаа во Shop минатата недела. Цените ги имам споредувано со оние за порачка на интернет и цените се малтене исти, така да, ако на некој му се брза, попрактично е да го проба производот со тестер и да го купи одма во продавница, отколку да порача по интернет и да не знае дали ќе му стигне и што ќе му стигне. Што се однесува на квалитетот за мене е мерило составот на производот и производителот, а бренд и производител не е едно исто, иако брендот е гаранција за квалитетот. Од искуство препорачувам секогаш да се чита составот на производите.
     

    Прикачени фајлови:

    На angela.kostova му/ѝ се допаѓа ова.
  5. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    524
    Пол:
    Женски
    Искрено ваквиот состав не би го издвојувала како адут на производот, особено не кај некој што има познавање од материјата.

    Диметикон, акрилати, PEG, PPG....страшно.

    Па уште 100€ цена....јас еден ваков производ да видам, во таа продавница веќе не стапнувам. Ништо против нив или слично, но вакви производи за мене се апсолутен NO GO.
     
    На Selest, buba4e89, Animali и 3 други им се допаѓа ова.
  6. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Па не знам околу цената,јас што имам земено од 1000-2000 ден чинат производите,за составот не се разбирам хаха ама имам позитивен ефект на лицето
     
  7. majamm

    majamm Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Кај европските брендови скоро и да не може да се најдат производи без Диметикон, акрилати, PEG, PPG, па згора на тоа имаат парабени и петролатум, што значи не треба да стапнуваме во ниедна аптека ниту парфимерија во државава бидејќи држат такви производи. Олпео имаат избор од повеќе корејски брендови меѓу кои и Blossom Jeju, Benton и Аромаtica на природна база, без силикони, вештачки конзерванси, парабени или било какви други штетни состојки. Повторно ќе кажам продавницата е супер, топло препорачувам да ја посетите во ГТЦ.
     
    На sesilija и angela.kostova им се допаѓа ова.
  8. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    524
    Пол:
    Женски
    Секој си стапнува кадешто му е мило и драго, јас за себе зборував. :)

    Инаку не би ги делела јас брендовите на “европски”, “азиски”, “австралиски” и не знам кои, туку повеќе на “природни и органски” и “хемија”.

    И фала богу нема никаква врска со реалноста твоето тврдење дека скоро и да не постоеле “европски брендови” без силикони, нафтени деривати и парабени!
    Во дата базите на Ecocert, Cosmebio, Natrue, ICEA, BDIH, Soil Association постојат СТОТИЦИ регистрирани брендови, со производи што не содржат ама баш ништо од тоа погоре што го напиша, тоа се инаку во права смисла на зборот природни и органски брендови.
    Од каде заклучи дека скоро и да не постоеле, само ти си знаеш.:)

    P.S. Диметиконот е силикон драга, баш тој го забележав на сликата на кремата која тука ја потираше и затоа и се надоврзав дека јас не би фалела производ со силикони во составот.

    Пак ќе кажам, секој си зборува за себе, така јас си го кажав моето мислење.

    Инаку ќе ја посетам продавницата, чисто од љубопитност.:)
     
  9. majamm

    majamm Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Драга, зборувам дека производот на сликата не е единствениот што ги имаат во продавницата, така да не би зборувала генерализирано за цела продавница базирано на една слика од производ видена на форум. Станува збор за продавница што држи повеќе брендови за сечив вкус (некој нема ништо против силиконите, бидејќи не се покажало дека се таложат во органите или имаат канцерогено дејство за ралика од парабените и нафтените деривати) па така имаат брендови и со Ecocert што го спомнувате, на пример Aromatica. Проверете ги и брендовите Blossom Jeju и Benton, ги проверив и мислам дека имаат одлични состави. Мислам дека треба да ги отворите и да ги проверите, 99% сум сигурна дека ќе се сложите со мене.

    Ако го следите разговорот погоре, сликата е ставена за да се види земјата на производство дека производот е корејски не е ставена ради составот. Инаку производот го користам 4 месеци и силиконите во него не ми прават ама баш никаков проблем исто како и диметиконот во производите на Eucerin и Vichi кои ги користев пред тоа.

    Ако можете кажете ни кои брендови ги користите Вие, да ни препорачате, имам читано многу состави на производи на нашиот пазар, диметиконот е баш тешко да се избегне. Алкохолот во производите ми пречи повеќе, ми ја суши кожата, а производите базирани на масла ми прават комедони. Така да претпочитам да користам производ кој ќе ми ја одржава кожата нормална макар и да содржи диметикон. Ако имате некој предлог пишете, гледам доста сте упатени во оваа проблематика, секој совет е добредојден.
     
    Последна измена: 28 јули 2019
  10. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    524
    Пол:
    Женски
    Диметиконот не е воопшто тешко да се избегне ако гледате сертифицирана природна или органска козметика. :)

    Dr. Hauschka, Weleda, Logona, Lavera, Dr. Scheller, Fleurance, Gamarde, Natura Siberica, L’erbolario, Olival, Alverde, Nature’s .... се дел од брендовите кои сум ги видела да се продаваат кај нас и кои имаат сертифицирани производи, каде сертификатот е лесно забележлив на амбалажата и доколку го има, знаете дека не содржи ништо од типот на силикони, парабени, нафтени деривати и сл.

    Можеби нема избор како во западните држави, но секако дека нема ни малку.

    Инаку јас користам генерално Primavera, Madara и Urtekram (колку што знам нема ниту еден од овие брендови кај нас за жал).
    Живеам во Германија, па така лесно е да се нарача онлајн.

    Од тие што ги има и кај нас сум ги пробала скоро сите Германски, Fleurance и Gamarde.

    Препорака општо за сите е тешко да се даде затоа што секој си има индивидуални проблематики, но можам да дадам мислење, да се избегнуваат докажано штетните состојки како парабени, нафтени деривати, силикони и сл.

    P.S. Јас баш го следев разговорот и во постот со сликата имавте напишано дека препорачувате секогаш да се гледаат состојките за да се увиди квалитетот на еден производ, ставајки притоа слика, од производ полн со хемија. И на тоа и се надоврзав, иако ми беше јасно дека со друга цел беше поставена сликата.;)
     
  11. majamm

    majamm Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Ви благодарам на препораката. Dr. Hauschka ги имам користено, ок се, приодни се целосно, но моето лице не рагира перфектно на нив, создава комедони, не се најпогодни за проблематични кожи. Можда не ги носат сите колекции во Македонија. Logona ги имам проверено и повеќето содржат алкохол исто така не ми одговара. Eucerin и Vichy иако содржат диметикон, се покажа дека добро ми го одржаваат лицето повеќе од 10 години. Останува да се проверат Lavera, Dr. Scheller, Fleurance, Gamarde, Natura Siberica, Olival, Alverde. Гледам пред се ги препорачувате германските производи, најверојатно дека живеете таму како што кажавте. Секако верувам дека нема промашување со германскиот квалитет.

    Не знам колку сте запознаени и дали имате проверено, но производите од брендот што ги препорачавте како природни и органски L’erbolario содржат ПАРАБЕНИ и силикони. Нареден пат проверувајте поубаво.
     
    Последна измена: 28 јули 2019
  12. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    524
    Пол:
    Женски
    Не ги носат за жал сите производи на Dr. Hauschka кај нас, иако нема мал избор. Сепак, по мое искуство тие имаат огромен избор на производи за речиси секаков вид на проблематика, па можеби не сте го нашле соодветниот производ, како на пример овој:
    https://www.drhauschka.de/gesichtsdampfbad/

    Инаку што се однесува до L’erbolario, мислев на нивната линија од Гоџи, која е сертифицирана органска и секако дека не содржи парабени. Убаво имам проверено, очигледно не им ја знаете таа линија.

    Некои од брендовите што ги спомнав се целосно природни и/или органски, а некои имаат линии кои се органски, како ете L’erbolario или пак Olival.

    Инаку отворена сум за новости и за пробување, па како што и реков, следен пат кога ќе бидам во МК, ќе видам што може да се проба од тие производи.
     
  13. majamm

    majamm Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Dr. Hauschka носеа некои спрееви за лице, ги даваа гратис, убави беа па потоа престанаа. И другите производи беа убави, еден многу добар пилинг со бадем го користев долго. Кремите беа помасни, на некој со посуво лице сигурно му одговараат. Сега изгледа има поголем избор, јас зборувам за пред 8-9 години.

    Од L’erbolario преклани имав крем со ирис, ме привлече со убавиот мирис, кога прочитав дека има парабени уште еднаш не го ставив и немав повеќе желба да ги истражувам другите линии. На интернет не можат се најдат составите, не се воопшто транспарентни по тоа прашање. На силиконите не им се плашам до толку ако не ми предизвикуваат алергија, ама од парабените коса ми се крева. Но секако е добро што воведуваат чисти линии, забележувам многу брендови го прават тоа како што луѓето стануваат поинформирани и посвесни, се менува трендот и односот кон козметиката и сопственото здравје и не прифаќаат се што им се сервира преку реклами, читаат се информираат, бираат што ќе употребуваат.
     
  14. eva993

    eva993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2019
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    524
    Пол:
    Женски
    Така и треба да биде, иако за жал сеуште се во огромно мнозинство застапени производите од конвенционалната козметика со сите штетни состојки во составите.

    Но, како што спомна и ти, најважно е дека се оди во вистински правец, полека, но сигурно.

    Секако радува фактот што голем дел од новитетите на Македонскиот пазар, го следат овој тренд на, да речам безбедна и здрава козметика. :)
     
    На majamm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. majamm

    majamm Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    Да, среќа во последниве години има веќе солиден избор на безбедна и здрава козметика. Попроблематично беше како што спомнав пред 10тина години.

    Патем ја прочитав темата што ја имате отворено "Забуни околу козметичките производи - природно, веганско, растително, органско?" супер ги имате објаснето овие прашања. Убаво е и другите да прочитаат.

    https://forum.femina.mk/threads/Забуни-околу-козметичките-производи-природно-веганско-растително-органско.30276/
     
    На eva993 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Toodaloo

    Toodaloo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Здраво. Пребарувајќи состав на еден производ што се продава во Олпео, налетав на дискусијата тука. :D

    Во принцип пред да купам некој производ, обично истражувам за да знам дали вреди да се даде толку пари. Од повеќе ревјувс што сум прочитала, Бентон, како линија што ја продаваат е на ниво на Клиник и Есте Лауде (ако напишав точно). Последно ги купив benton fermentation eye cream и benton snail bee steam cream, so far so good. Онаа маската од алое е исто добра, ја ставам кога сум многу изморена, после тоа сум како нова.

    Во последно време гледам дека повеќе работи донесуваат, е сеа, дали е се добро, споделете искуства :)
     
    На angela.kostova му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BonBonche123

    BonBonche123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2016
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Дали има порачано некој онлајн од страната на олпео? За колку време стига нарачката?
     
  18. Mucenceto

    Mucenceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2019
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Па за 2-3 дена мене ми стигна нарачката.
     
  19. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    2.818
    Допаѓања:
    10.459
    Пол:
    Машки
    Зошто еден куп производи на веб страната ги нема на залиха уште од март(кога имаше попуст/распродажба)? Дали овие производи се достапни во нивната продавница?
     
  20. bookslover

    bookslover Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    626
    Пол:
    Женски