Бидејќи овде веќе има дискусија за lookfantastic.com, овде ќе прашам... Ова ми е прва нарачка од сајтов, се обидов вчера да нарачам, но неуспешно. Еве денес пак се обидов и повторно ова ми се појавува и стои веќе 1 саат, а ми стигна порака дека парите се земени.
https://www.facebook.com/makeuprevolutionmk/?fref=ts Дали некој има порачувано од овде и дали ги имате користено сенките?
Од оваа страна не може да се нарачува, но производите на Makeup Revolution ги има во продавниците на Golden Rose. Јас сè уште немам купено некоја палета, но ги меркам подолго време и ми изгледаат баш фино, особено по мислењето на @Mishela и рецензијата на @Rose96
Дали некој ги има пробано мат кармините на L.A. Girl, Misslyn, Artdeco? Сакам да си порачам некои од нив, ама не знам колку се квалитетни
Здраво, еве јас сум нова на форумот, и има едно прашање што и некој пред мене го постави. Дали нарачките се царинат кај нас, затоа колку што знам за нарачки над 40е се плаќа царина15% и ддв 18 %....... Јас досега сум правела некои ситни нарачки, а козметика на makeup forever i este lauder ми носат роднини од Франција, па би ми било мило кога би можела сама да си купам кога сакам
Девојки што имате нарачувано од Lookfantastic, за колку време отприлика ви пристигнала пратката? Баш денес гледам дека ги испратиле на 10ти ноември, до денес има 21 ден поминато и уште не е стигнато. Бидејќи немаат тракинг, се плашам дали воопшто ќе стигне
@havai 123 , 4 пати имам порачувано работи од овде порачувам зашто има код кој го ставаш пред да порачаш и сите производи ти доаѓаат со 15% попуст. Порачувам нешто што сум мислела дека е поскапо кај нас или па го немало тој производ по продавниците http://www.lookfantastic.com/macada.../10790499.html?autocomplete=productsuggestion http://www.lookfantastic.com/maybel.../11143225.html?autocomplete=productsuggestion http://www.lookfantastic.com/essie-nail-care-let-it-shine-top-coat/11157966.html http://www.lookfantastic.com/macadamia-deep-repair-masque-100ml/10790480.html
Ќе направите subscribe на нивните мејлови, редовно праќаат кодови за попуст, еве баш денес ми стигна код за попуст од 20%
Здраво, еве јас ќе ти кажам. Нарачав од beautybay нешто во вредност од 60£ и платив царина околу 20€. Најубаво да гледаш да не биде над 30тина евра бидејќи како ќе им биде денот, после тоа нарачав нешто од друг сајт за 30€ па и поштарината ми ја царинеа, беше околу 6 евра. Обично си прават они некои чудни пресметки па на крај, доаѓа некаде околу 30% царина.
И поштарината ќе ти ја царинат затоа што таков ни е законот очигледно Се царини на вкупната цена што сте ја платиле, не на цената+царина Не прават они чудни пресметки, си има правила
Можеби глупаво прашање имам, ама се спремам за мојата прва онлајн нарачка, па не ми е јасно, ако имаш царина за плаќање како се плаќа? Во пошта на лице место се плаќа или на некоја сметка треба да се уплатат? И ако е во фунти определена царината, во денарска противвредност ли ја плаќаш? Даст, гледам вака поупатена си, ќе бидам многу благодарна на одговорот Поздрав
Можеби, но за продукти од иста класа во иста вредност, со бесплатна поштарина еднаш да ми земат 20, а еднаш 30 евра малку е сомнително, тоа е се. Да не збориме дека последниот пат кога нарачав, сакаа за пратката од 12 евра да им платам 5 евра.
Jas ova go naracav http://m.lookfantastic.com/first-ai...972.html?_ga=1.255714316.520821542.1480725488
Во РМ се што се плаќа кон државен орган се плаќа во денарска противвредност пресметано според курсот на НБРМ. Ќе ти пресметаат во пошта и ќе си платиш. На лице место најверојатнож на уплатница. Може не бев јасна.. според царинскиот законик, не плаќаш царински давачки односно си ослободен од истите за пратките чија што вредност не надминува 45 евра, од ддв се ослободуваат пратките чија што вредност не надминува 22 евра па ако имаш пратка од 45 евра ќе платиш само ддв.. а ако не ти надминува 22 евра нема да платиш ништо Ддв се пресметува во зависност од производот.. П.С...за парфеми и тоалетни води плаќаш се..(ако е наведено конкретно на испратницата или ти ја отворат пратката) П.П.С.... Погоре (кај што сум реплицирала на @iloveaduck )сум пишала цена+царина и тек сега гледам.. а мислев на цена+ПОШТАРИНА бидејќи на една сметка си оди тоа.. Женски памет, прочитав царина пишав царина..место поштарина
Beautybay.com - ме интересира дали некој има порачувано и за колку време им стасале и какво е нивното искуство со нив Јас воопшто не сум задоволна од нив. Наеднаш на check out некои од производите магично поскапеа. Ете да речеме, тоа мене не ми сметаше толку, не беше некоја голема разлика. Поминати се повеќе од 3 недели, производите не се стигнати, ги снема од recent orders, а и кога и да пробам да пишам на customer service никој не одговара (разбирам да се случи еднаш, ама чекав 5 пати по повеќе од пола час и господата немаа слободен агент). Искрено, моето мислење е дека ова не е сериозна интернет продавница. Јас не би порачала преку нив уште еднаш.