Оваа тема ја отворив со цел тука да ги поделите вашите мислења и искуства за овие шампони и регенератори.
Јас го користев и тоа затоа што убаво ми мирисаше ама го прекинав затоа што ми ја мрсеше косата (проблематична сум). Уште го обожавам мирисот на шампонов затоа ми врака спомени од одморот 2010
Јас едно време го користев шампонот. Ми помогна да не ми се мрси толку многу косата, но ми создаде првут.
Јас имам користено шампон само, многу убаво мирисаше и косата преубава ми ја правеше. Мислам дека беше овој.
Лани цимерката го купи, неа не и одговараше па јас го користев. Мислам дека од рамстор го земала, не сум сигурна.
Јас го земав за нормална коса. Краевите ми беа доста суви од редовни фарбања но шампонов убаво ми ги хидратираше и сега не се веќе суви. Сега бидејќи користам друг против опаѓање на косата,со тој го мијам коренот а со Orzene краевите
Јас го користам шампонот за сува и оштетена коса. Не ми е нешто оштетена косата па да споредам дали има подобрување, ама дефинитивно не ја мрси косата како другите шампони за сува коса. Многу убаво ја мие косата, ептен е чиста и свежа после тоа. Мирисот мене ме потсеќа на омекнувач за алишта, не ме воодушевува, но не е ни лош и доста е траен Регенераторот и маската ги немам пробано, се мислам за маската да ја пробам, ако некој ја користел нека сподели искуство
мене од шампонот орезен ми пагаше многу косата,а од регенераторот орезен многу бргу ми се засити косата а маската орзен beer ми е мнооогууу убав зимам за фарбана коса и дури ми ја обновува бојата на косата
Јас ја користам веќе некое време оваа Спојлер и да ти кажам право, задоволна сум. Како прво, мириса прекрасно, дава одличен сјај на косата и мене ми ја прави скроз права (порано многу ми се виткаа врвовите нанадвор, сега се океј), во комбинација со шампонот и жолтиот Глисс пред сушење, косата ми е како пеглана/фенирана. Значи, сума-сумарум - големо да за маските на Оrzene.
Орзен шампони Да да... Има некој чуден ама преубав мирис, косата ми ја прави сјајна и плус цената е таман. Купувам од големото шишенце (незнам точно колку беше милилитри ама се исплаќа повеќе од малото паковање) и бидејќи само јас го користам шампонот ми трај подолго време.
Да,јас од ко го открив,го немам менато шампоно. Убо ми мириса убо ме ми ја мие косата и не се прескапи и така. Убав! :wink:
Два шампона имам истрошено од овие, итоа зимата се миев со нив. Братучеда на мајка ми ми ги препорача зошто ем поефтини ем убави, ама мирисот некако специфичен ми беше, не дека беше грд, ама така. Битно убаво ми ја правеше косава, ми ги оформуваше локниве. И така, ако ми здосадат сегашниве шампони, би си купила пак Орзен шампони.