И јас користам Orzene за мрсна коса и забележувам разлики, понекогаш не ми се мрси и до 5 дена, ама понекогаш уште вториот ден ми е мрсна. А инаку го користам неполн месец. Вие после колку време забележавте резултати?
Јас за жал не забележав никаков ефект од Orzene. Мене ми делува исто како и сите останати шампони, косата ми се мрси на еден или на два дена. Инаку го користам тој што е за мрсна коса, а единствено што би го издвоила како добра карактеристика е дека многу пена прави. И малку да нанесете, пак ќе имате доволно за цела коса, така да, побавно ќе го потрошите шишето. Малото пакување е вообичаено околу 116 денари, а поголемото пакување е неколку десетки поскап
167 ден. се поголемите (од 400 мл) во Веро Јас го купив тој за масна коса.. Вечер прв пат ќе го пробам и ќе пишам пак за некоја недела. Ако не го бива, се враќам на оние од бреза и коприва.
Порано имав користено Orzenе но не ми се допаѓаше,па зедов повторно да пробам,повторно не сум задоволна. Имам чувство како веднаш да ми ја масти косата,а и мирисот ми е премногу јак,неиздржлив. Се враќам на шампонот од коприва.
Јас сум премногу задоволна од Orzene ПРЕМНОГУ. Не само што ми ја врати живоста на моето некогашно никакво косиче, него и ми се згусти многу и брзо ми порасна. Orzene ми ја врати свежината и мекоста на косата. Од многу фарбање од што не' сега косата конечно ми се врати во форма. Orzene го користев година и пол, сега одмарам од овој шампон и користам друг. Па ќе видам какви резултати ќе има овој новиот. Ако не, Orzene не ми бега.
Денес првпат купив Orzene - шампон, регенератор и маска и одма ги пробав. Првиот впечаток е дека ми ја направија косата многу мека и сјајна, дури и оние делови каде што сеуште имам фарба не изгледаат суво и оштетено засега сум многу задоволна. Читам на форумот дека исто така го забрзувал растот на косата, дали е вистина тоа?
И јас сум премногу задоволна од шампонов а воедно и регенераторот, кога го зедов не знаев дека го забрзува растот на косата но навистина е така дури и јас се зачудив , за не полн месец косата до половината ми порасна и сега треба пак да одам да ја кратам Ама тоа е нека расти не е проблем, мене и онака бргу ми расти но шампонов ми се погоди и тоа како.
Од вчера почнав да го користам шампонот од пиво и б-комплекс и иако читав коментари дека не правел пена, ја сушел косата и сл.. мене ми се погоди Резултати за порасната коса би ви кажала ама по 1 месец (за пореални да се резултате!)
Користев за сува коса,Rеpair беше ли незнам точно,и регенератор земав и не сум задоволна.Исто ми е како обичен шампон дури и повеќе ми ја исуши косата.Абер немаше од растење
Го користам шампонот за првут веќе дооолго време, и премногу сум задоволна од него, косата мене не ми се мрси и до 4 дена ако не ја измијам. Не планирам да го заменувам со ниту еден друг шампон
Најдобриот шампон за мојата коса дефинитивно, го користев за фарбана и против првут, првутот ми исчезна за многу брзо време. За фарбана коса ми беше исто предобар не ми ја мрсеше косата, ја миев на 2 дена, и ми беше мека. Не би го менувала ако некогаш сменам од овај сега со коприва и ампули внатре дефинитивно се враќам на Орзенот, сигурна сум дека во комбинација со регенераторот би ми биле топ.
I posle godina dena od posledniot komentar vo grupava potvrduvam Orzene najdobri samponi na site vreminja
За сува е многу добар! За другите не знам.. Пријателката на која што и го препорачав се фалеше, ама не знам за каква коса зема.. Порано користев скапи шампони, па пробав евтини.. Па ништо не ми помогна како овие..
Го купив тој за мрсна коса, два дена ја носев пуштена значи океј е според мене. Ќе се трудам да не ја мијам почесто А кој помага за раст на косата?