Еве една од многуте ситуации кога сум морала да користам Пласцебо на друг за да му помогнам . Дечко ми почна да се жали на силна главоболка ,а јас немав апче против тоа ср*ње. Се расшетав по студентски - никој не дава! Се чудам што да му правам ...И ми текна - имав едни апчиња за спиење ,во вид на капсули со тревки беа ,му шибнав едно под изговор дека се витамини и детево го испи! Помина некое време ,престана да се жали на главоболката и по некој пола саат откако му помина ,си заспа како бајче После случано се откри сета работа ,ама битно главата престана да го боли. Инаку ,на поблискиве ,им имам давано празни капсули против настин (пошто ,нели ,при прва кивавица постариве одма Оспени ,Ампицилини ,а не се свесни колку штети сето тоа ) ,па им поминувало по две пиења. Е сега ,ако не е лековита самата пластика ....
Ќе се осеќам како морон ако некој го направи на мене Мене ми е повеќе смешно ова , знам на баба ми така плаче ја боли стапалото и ние и дадовме крема нивеа и после не ја боли
уууф омилена тема.искрено многу сакам некој да ми направи на пример. да ми даде некакво си апче и да ми каже дека е екстаза или нешто. но внимавајте неможе тоа да го направи било кој на пример некоја блиска другарка која што знам дека не ми дава нешто такво поради тоа што не е толку лесно да се излаже мозокот.. али јако би било чуствотото и многу би сакала да знам дали би делувало
Епа тоа е моќта на подсвеста,на пр.кога дечкоти го испил тој лек заборавил на главоболката и во подсвеста регистрирал дека го испил апчето и би требало да му помине и му поминува...
Баба ми кога ја боли главата и даваме витамин ц пошо пие многу апчиња ипосле кога ја прашуваме дали ја боли глава вика дека ипоминала
Мислам дека на братучетките твои нема кој да им удри ќотек витамини или бонбони...don't be kidding me...давајте и апчиња оти тетка ти брзо ќе замине на оној свет.
Зошто се братучедките мои за ќотек? Затоа што не трчаат по една баба што има над 90 години и секој ден се жали дека ја боли нешто, за разлика од тетка ми која има константно висок притисок и проблеми со срцето, а по цел ден е на нога, па уште и кога си дојде дома не може да седне и да одмори туку цела куќа и е оставена на нејзе, а и старата не ја остава на мира... Тетка ми е медицинско лице, таа сама и дава на свекрва и бомбони и витамини. Штом таа вика дека така е правилно, тогаш не гледам причина зошто братучедките мои се за ќотек...
Внучево мое, кога го касне комарец веднаш го мачкам со milk & honey од oriflame, и сонце, оно вика дека му поминува
баш затоа имам и јас една иста баба како онаа, мислам дека мајка ми ќе умре побрзо, знам како е......
Плацибо ефектот делува највеќе кај луѓе што се подложни на страни сугестии и мислења,или подруго кажано,човек со цврсти ставови и јак карактер е помалце подложен на плацибо.
Плацебо ефектот е уствари што она јас го викам-Сé е до психа.Дали за болка, дали за чувства, дали за одредени состојби. Се тоа е ствар на психа.И од лично и од туѓо искуство ми се има потврдено ова и цврсто си стојам позади овој став.
Ова се случува во здравен дом Штип. Другар имав таму на пракса, медицина учи детето. Доаѓале истите баби секој ден се жалеле демек нога ги боли,после тоа глава,па се нешто си измислувале. И си барале жените инјекции, другар ми полнел по еден шприц со вода и им ги ставал инјекциите кога и да посакаат и бабиве среќни радосни уште веднаш им поминувало.
Дали е плацебо ако ми рече некој облечи се, ладно е (а мене не ми е воопшто ладно) и оп наеднаш ми станува ладно? Или едноставно ме потсетуваат дека стварно студи
Еден мој наставник во основно објаснуваше за овој ефект , преку личен пример . Имено бил на излет со фамилијата , а бидејќи често имал главоболки предизвикани од промаја , редовно носел Аналгин со себе . Тој ден земал само едно апче бидејќи било доста топло надвор и немало ветер па верувал дека ќе нема потреба од повеќе апчиња . Го ставил апчето во џеб , и заминале . Нешто подоцна го болело глава , а во џебот освен апчето , имал и некоја бонбона или мастика што била многу слична со Аналгинот . По грешка ја испил неа . Главата му поминала , па кога сакал да ја изеде бонбоната , сфатил дека всушност ги измешал и сега тоа е апчето , а бонбоната ја испил пред половина час и од неа всушност му поминала главоболката