Баш така Кечо.. Иако по тие што летаат џабе е да фрлаш топчиња Еден колега ме натера да му помогнам да фати од оние виолетовите летечки, ух мамето нивно, милион пати одбегна а кога го фатив два пати излезе Патем кај мене ја отвара супер играва, видете која верзија ја имате вие што не ви отвара
"напреден мобилен" имам, исто ко на Викториан. Ќе пробам од моб на сестра ми да инсталирам ако успее.
Што се нема да измислат Американциве . http://www.novi-svjetski-poredak.co...kemon-go-u-rusiji-zbog-povezanosti-sa-cia-om/
Играта е срање, и башка многу морничава да ја играш ноќе на празна улица Замислете за кратко луѓето наскоро ќе се шетаат како зомби сите во мобилен зјапнати како изгубени. Мислам дека играва има скриена цел како на пример киднапирање за бело робје или вадење на органи или пак силување , можеби многу гледам филмови ама времето ќе покаже.
Дај му да си касне малинка следен пат, полесно ќе го фатиш. Може Еш не станал Покемастер возејќи се со кола, ама дечко ми ако продолжи вака да се забавува на совозачко додека возиме кон работа...е мајке ми, и ќе го надмине. Шала на страна, најмногу Покемони излегуваат по мапите додека (се) возиш, барем така приметивме, инаку на местата на кои вообичаено се движам ми се појавуваат едни те исти.
Абе дечки имав јас едно CD покемон на македонски ама не знам кај го имам зафрлено,треба да го најдам и ќе си го гледам.. А ако не го најдам ќе барам да си купам али не знам дали продаваат уште
Хаха и јас имам CD со Покемон, си го чувам уште. Тогаш списанието "Оправдано присутни" само за CD го купив. Пикачу омилен ми беше.
Ах, тој постариот брат симпатија ми беше. А и сакав убава како Мими да будем и да го имам Ангемон... Плачев на последната епизода, кога си одлетаа со бусот мислам...