Жива глупост, гума најобична , брат ми ја има оргиналната му ја донесе другар од америка (прашање е и тамо дали се оргинални врска неам), а тој па пустиот суеверен не ја извади мене ни на изглед не ми се допаѓаат, во грчка ги имаше на секој чекор во Парајлија, какви све бои сакаш! само парите фрлени за џабе, ништо повеќе
чиста глупост само за пари земање а психата во што ке ја наведеш да верува верува ете тоа ти е . а тоа за 100 или за 1500 ти е истата глупост . исто како што беше со електронските цигари прво се продаваа за 8000 па после се надолу и надолу дури несе направија 700 ден . што значи тој што си нема во главата ке си има во нозете
Живи глупости се според мене. Е ај како да веруваш во вакво нешто, уфф, тешко дека некогаш ќе поверувам во вакви работи.
и јас имам ваква алка си ја купив од грција каде секој втор има и старо и младо многу многу не верував во ова но ете некако си се балансирам некој погоре пиша дека е за рамнотежа значи блага веза нема дали на една или на две нозе стоиш самата белегизија е да ти ја стабилизира енергија која ја имаш ако има некакви резултати ( што не верувам) ќе бидете благовремено известени
Cум слушнала за овие,да Eдна постара пријателка во години минатата година беше на поседок кај нас,и носеше таква против главоболка или нешто слично,и ја прашав дали ти помогна,?се залетав и јас да си купам против лошо расположение и ми кажа дека џабе фрлила пари ништо не и помогнала,само така како акцецорис си ја носела
Секој втор има ваква во Скопјево. Јас мислам дека се пропала инвестиција, не би давала пари за гумена алка која не помага. Доста мои другарки ја имаат и ми рекоа дека си ја носат онака, а никаква разлика не забележале.
Сум видела има во Веро центар доле во бежутеријата и баш се чудевме што се овие па сеа! Ете дознав И јас не верувам и мислам дека е маркетиншки трик за полесно собирање пари! п.с евтини беа до кај 200 мислам
јас како што сум слушнала од луѓе што носат вакви нараквици дека многу им помогнала,дури еден пријател повозрасен ми рече дека предходно писел секој ден хелекс а сега прекинал ми рече дека не се нервирал толку по смирен бил итн и многу други што користат се ептен задоволни и затоа незнам дали ова е точно дека делува вака или пак е само на психичка база пласебо ефект? незнам планирам да си купам па ке видиме ,а Хипстер велиш у веро центар ги има ?
Ја знаете прикаската за жената со рак како верувала дека ќе се излечи и пиела секој ден течност мислејќи дека пие лек против ракот? И се излечила? Ви текнува? Викам јас се е до психата, а ако алкава помага за да ја стимулирам и насочам психава позитивно, што да не. Си носам сега една ваква од една едноставна причина, една другарка ми ја донесе сега поклон. Наводно Американциве биле луди по ова алкиве. И тестиравме. Стоев на една нога, ме турна, паднав. Ја ставив алката, ме турна не паднав. Моќта на психата шо ти е Како и да е, помагала или не, ќе ја носам пошто ми е поклон од драга особа. А и нешто фино ми е бре
Оди некој у Грчка, да ми купи? Абе, у Грција биле 2-3 евра, а што слушам, тука 1000 ден. ги продавале ? Аман бре....
Јас имам и "откако" ја имам сум по расположена, полна со живот што би се рекло.. Го ставив зборот откако во наводници поради тоа што мислам дека не е баш од гривната.. Може ми е период или пак самата психа ми е. Порано не бев толку хипер. Многу често паѓав во депресии, во секунда мењав расположение Мајка ми ми вели тргни ја ќерко.. Сум одлепила или што знам.. Па сега до што е нека е, супер ми е вака..
Ја па во Германија а и Австрија на секој чекор гледав вакви, и чуди се шо е работава шо е оваа грдосија од алка. Да знаев ќе си земев чисто онака баш да видам, мада мислам дека е глупост. Мора со нешто да се мами пустиот народ. А ефтини беа по 2-3 евра.
Имате и на Бит Пазар кај бугарите кај накитот. Мислам 100че беа. Ова кинесково нема благе везе со онаа баланс алка која се прави во лиценца во САД, али ај сеа се носи ради мода не и за ефектите кои знак прашалник и дали ги има оригиналната. И како изгледа оригинално пакување Како и да е си се богати фирмава а и кинесчињава
глеам секој втор носи вакви али не биле вистинските... така ми збореа... во ботони во гтц се 120 130 така нешто
Абе џоа Спајдрмен! Коа напнаа дома,на баба ми да и купеле! Ќе почне женава по таван да ми шета си велам,арна е вака шашава! Глупости у боја! Бев сведок како еден ром му шитка на еден наш на паркингон кај Холидеј ин и сега баци му вика,абе дај да ти ја турам да видиш,овој си ја отклучува колата,не бе,не и овој абе дај,жити господ и ајде овој дава раче и му се плаче,а јас тргам сеир и му вика сеа,ќе те бутнам,ќе те тегнам за рака,да видиш дека нема да паднеш.А баци,едно човечиште,а ова човечулче и само баци правење вррррррррррнг ракава на човеков,го утепа,се залепи за вратат од колата! Каква глетка,мајке ми почнав на глас да се смеам и да ме нема! Така што,бев на презентација у живо,врска нема!