R.I.P Мартин Нешковски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Nita, 8 јуни 2011.

  1. Nita

    Nita Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2009
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    29
    Семејството, роднините и пријателите се простија од 22-годишниот Мартин Нешкоски, кој во неделата беше претепан до смрт, од припадник на специјалните полициски сили „тигри“, за време на прославата на ВМРО-ДПМНЕ.
    Семејството Нешкоски, се уште не може да верува дека нивниот син загинал од раката на припадник на полицијата, додека се обидувал да се качи на бината.
    Неговата мајка, постојано во плач повторуваше, дека државата го убила нејзиното дете. Но немаше кој да ја чуе, бидејќи ниту еден претставник од власта не дојде да изрази сочувство за детето кое загина на прославата на ВМРО-ДПМНЕ.
    Пријателите на Мартин повикаа на масовен протест, за целосно да се расчисти случајот.
    „Дојдовме денес како навивачка група на „Сити парк бојс“, да му оддадеме почит на Мартин. Ги повикуваме сите во петок на протест во 18 и 30 часот. Значи ова не смее вака да остане, бидејќи ќе биде ова полициска држава“, рече пријател на Мартин.
    Во 13 часот тие усмено биле известени дека момчето починало од крварење во мозокот, поради удари во главата. Портпаролот на МВР, во понеделникот, неколку часа по известувањето од Судска медицина, еве што изјави:
    „Таков настан воопшто не е пријавен во МВР и доколку имате било какви сознанија и информации ви стоиме на располагање за да го пријавите настанот“, изјави Иво Котевски. (06.06.2011)
    Ова отвора сомнеж, дали државата се обиде да го премолчи бруталното убиство на момчето. Освен што не даваа информации за она што се случило ноќта, дури се обиделе да извршат притисок врз семејството Нешкоски, да молчи.
    „Го убија, тие го убија, никој друг, државата и уште да кријам, како да кријам или дојдоа од ВМРО да го убедат маж ми не треба да кажува така, тоа го направија, да го молат да не кажува, да не дава изјави оти државата го уби. Уште ќе работам за државата, цело време одевме, детето дојде со веселба, да каже“, вели мајката на убиениот Мартин.
    Осомничениот убиец Игор Спасов, денеска беше изведен пред истражен судија. Пред полицијата се бранел со молчење.
    Пријавата за убиство ќе ја допрецизира обвинителството, па од неа ќе зависи дали Спасов дека го убил момчето со умисла или тоа го направил од небрежност.
    Министерката Јанкулоска нема намера да даде оставка - за неа, овој случај не повлекувал политичка одговорност.
    „Во случајот воопшто нема врска со политика. Ова е еден трагичен настан, кој за жал беше злоупотребен од одредени политичари и се надевам дека ќе биде поука за сите“, изјави министерката Јанкулоска.
    Неизвесно е дали ќе одговараат и соучесниците на Спасов, кои таа вечер, според сведоците, го влечеле безживотното тело на Мартин до тревникот пред МЕПСО и го оставиле покриен со најлон.
    Дури по 12 часа, припадникот на тигрите се пријавил кај својот старешина, а на распитот сепак решил да молчи.
     
  2. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.917
    Допаѓања:
    671
    Господ да те прости младо момче!

    прерано починато и незаслужено, сочувство и до фамилијата.

    едит: на А1 дадоа дел од погребот, видов брат му го носеа луѓе, се скрши човекот а и целата негова фамилија ми се здожали душата.
     
  3. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Искрено нејќам да сум во нивна кожа, дури морници ме лазат при самата помисла, да ми се случи на мене вакво нешто фамилијата ќе му ја заколам, а сметам исто така дека Јанкулоска треба да поднесе оставка.
     
  4. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Го кријеа убиецот до последен момент...дури отишле да побарат од родителите на мартин да не дават изјава...јас незнам како луѓето упорно му дават власт на ова влада ама како и да е тоа е најголема болка за нивните родители...сигурно му е многу тешко...млад живот изгасна а случајот не вервам да се расветли затоа што не му одговара на некој
     
  5. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    291
    RIP Martin


    se nadevam Gospod deka ke vrati kade sto treba koga veke nemame normalna drzava...
     
  6. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.396
    Допаѓања:
    3.864
    Пол:
    Женски
    R.I.P жал ми е :( само незнам дали има потреба од вакви теми . . . . . . .
     
  7. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    5.391
    Допаѓања:
    46.853
    Пол:
    Женски
    Зашто бе луѓе мешате толку политика во случајов... Дека се случи веднаш после избори???
    Не ми е јасно...
    Човечки живот е во прашање... Свирепо убиство од страна на човек...
    А вас ви се криви политички партии?

    Разбирам да се буните дека државата не превзела доволно, ама ... СДСМ или ВМРО??? Како???

    Нека си почива детето во мир... јака им душа на неговите дома...
    И да се надеваме дека протестите ќе придонесат да се расветли скроз случајот...
     
    На srcekrsacka, teddybear, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  8. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.396
    Допаѓања:
    3.864
    Пол:
    Женски

    се согласувам потполно,затоа и кажав дека немало потреба од ваква тема,и онака ќе служи за препукување, не е човечки, се работи за невин живот кој веќе не е меѓу нас!
     
  9. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    224
    Конечно едно паметно мислење во врска со случајов!
     
    На Iki.Olsen му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    601
    Почивај во мир...
     
  11. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.022
    Почивај во мир :( сочуство до семејството
     
  12. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.137
    Допаѓања:
    2.421
    Почивај во мир Мартине, премногу млад замина неправедно, но се надевам дека правдата максимално ќе биде задоволена.
    Сочуство за неговото семејство.
     
  13. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.548
    Вака детете кое е претепано било симпатизер на ВМРО а службеното лице кое го претепало бил симпатизер на СДСМ кој не бил на работна функција.А А1 со нивните приказни се обидуваат да ја извртат целата ситуација против ВМРО па зар немаат малку совест па во таква ситуација единственото што им е важно е политиката и да го вртат народот против ВМРО.Ја користат несреќата на момчето во политички цели.Страшно и жално а кои нормален би побарал изјава од жена која штотуку дознала дека нејзиниот син е убиен.Со други зборови гледаат сеир и ја користат ситуацијата и А1 и СДСМ.Немам што повеќе да кажам само РИП Мартин Нешковски и да се казни убиецот сдсмовец што од гнев поради изгубените избори претепал дете неке гние во затвор.
     
  14. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Црн Лабуд5, прво, не можам да поверувам дека некој ја голтнал оваа инсинуација дека детето било ВМРО а Тигарот СДСМ бла, бла, бла... Ако ова не е мешање на политика во случајов, не знам што е. Ова кога го прочитав не ми се веруваше како е можно ваква персона која го напишала ова да се нарекува себеси "новинар". Арно ама, сега гледам дека има луѓе кои поверувале на тоа. Второ, чисто информативно, специјалците се на должност 24/7, така што отпаѓа муабетот дека човекот не бил на работна функција. Политичките партии меѓусебно се обвинуваат а всушност сите од еден до последен се виновни за ова. Гледам дека си про ВМРО ама ти препорачувам да излезеш од зачараниот круг и реално да ја согледаш ситуацијата. Не се работи за тоа кој кого обвинува, зошто реално СДСМ го користи ова да добие поени, а ВМРО се обиде да го заташка случајот. Кој е сега повиновен ќе прашуваме??? Не по врат - по шија! Сите се највиновни. На детето нека му е лесна земјата и да почива во мир. Се надевам дека никогаш повеќе нема да се повтори вакво страшно нешто и дека ќе се превземат сите мерки и санкции против убиецот.
     
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.776
    Допаѓања:
    28.941
    Пол:
    Женски
    OMG Некој изгледа за џабе гледа вести на Сител, кога воопшто не ги разбира. Ама тука Црн лебеду не можеме да ти помогнеме. Имено ова што ти го пишуваш го објавија на Сител, ама како хипотетичка ситуација. Е сега што е хипотетичка ситуација ти изгледа не знаеш, па затоа лупаш зелени по форуми.
    Затоа пред да лупнеш нешто и да се избрукаш убаво, прочитај некоја книга или барем отвори Википедија, ќе ти помогне да не се резилиш барем.

    [​IMG]

    Е сега, колку убиецот е сдсмовец покажува и оваа слика, каде јасно се гледа дека убиецот во неделата вечер е дел од обезбедувањето на Премиерот.
    [​IMG]
    И најискрен совет, другпат пред да напишеш пост, прво увери се во вистинитоста на она што го пишуваш за да не ти се смее цел форум!

    ЕДИТ - Сега гледам дека си малолетна, затоа пола ти се прашта ;)
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.548
    Политичките партии не се вмешани во ова затоа што каква корист би имале тие од убиство на невино момче а јас сум против дезинформациите кои ги даваат А1 и користат туѓа несреќа за да ја нападнат власта што е бесмислено и ова не е воопшто време за собирање поени кај народот а СДСМ тоа го направија.А причината затоа што спомнав кој чив симпатизер е поради тоа што тоа го прочитав некаде а и е логично кога ке размислиш плус тоа тоа момче е и видено во таква мајца.А јас сум за ВМРО но тоа за кој сум нема врска во овој случај лицето кое го извршило ова дело треба да лежи затвор и да се добие правда за ова момче.Нека почива во мир.
     
  17. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.776
    Допаѓања:
    28.941
    Пол:
    Женски
    Прво, тигарот не е сдсмовец. Второ, бил лично обезбедување на премиерот во 2008 година. Трето, вечерта кога се случило убиството има слики дека е дел од лицата кои го обезбедувале настанот. Четврто, настанот не е политички злоупотребен од опозицијата и А1, зошто да беше така на протестите немаше да има по 300 - 400 луѓе, туку СДСМ ќе ја алармираше младината и ќе имаше бунт. И петто, случајот е злоупотребен од власта и Сител, кои се обидоа да прикријат убиство. И треба да се засрамиш што на 17 години си вака затруена со политика и што браниш партии и ги ставаш пред животот на еден млад човек.
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.548
    Јас не ја слушнав информацијата на сител него ми ја кажаа луѓето што биле таму а колку е вистинита не знам не би можела да гарантирам за тоа а ниту кажав дека гарантирам како што и никој овде не може да гарантира дека премиерот е умешан во ова.И да знам штое хипотетичка ситуација и не мора да навредуваш.Како и да е не е ова место за препукување така толку од мене
     
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.776
    Допаѓања:
    28.941
    Пол:
    Женски
    Не те навредив, те посоветував.
     
  20. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.548
    Прво, тигарот не е сдсмовец. Второ, бил лично обезбедување на премиерот во 2008 година. Трето, вечерта кога се случило убиството има слики дека е дел од лицата кои го обезбедувале настанот. Четврто, настанот не е политички злоупотребен од опозицијата и А1, зошто да беше така на протестите немаше да има по 300 - 400 луѓе, туку СДСМ ќе ја алармираше младината и ќе имаше бунт. И петто, случајот е злоупотребен од власта и Сител, кои се обидоа да прикријат убиство. И треба да се засрамиш што на 17 години си вака затруена со политика и што браниш партии и ги ставаш пред животот на еден млад човек.
    П.С - и те молам поштеди не од твојата логика во наредните постови!
    Како прво не сум затруена со политика нити ме занима до толку.Како второ не го бранев ВМРО него кажував нешто што сум чула што го направи и ти па сега треба јас да мислам дега ги бранеш СДСМ?Не мешам партии во ова никаде не споменав нешто такво и да тигарот без разлика дали бил сдсмовец,вмровец или нешто трето треба да лежи доживотно во затвор.