1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

R.I.P Мартин Нешковски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Nita, 8 јуни 2011.

  1. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    иако сум дома давам огромна подрашка за сите кои ке присуствуваат во 18часот(ке бидат дел) од деншниот настан (собир) пред мајка тереза за младото дете.Без разлика како и да било сепак се работи за млад живот кој е згаснат од човек.Никој нема право да одземе туѓ живот за која и да било причина.Ова не смее да и се повтори на Македонија
    Огромна подршка од мене
     
    На srcekrsacka и esperanca им се допаѓа ова.
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    ПРЕСВРТ НА СУДЕЊЕТО ЗА УБИСТВОТО НА НЕШКОВСКИ - СВЕДОК: Тигарот Игор не го уби Мартин!

    Радица Ралевска, девојката која вечерта на 5 јуни ноќта се нашла во близина на грозоморниот чин кога беше убиен младиот Мартин Нешковски, за време на прославата на победата на ВМРО ДПМНЕ на изборите, денес пред судскиот совет сведочеше дека обвинетиот Игор Спасов не е лицето што ноќта го претепало Нешковски.

    Убиецот, според сведокот, бил двојно повисок и покрупен од обвинетиот Спасов, за кого Ралевска денес во судница посочи дека прв пат во животот го гледа.

    Обвинениот Игор Спасов денес ја заврши својата одбрана. Тврдеше дека не е виновен, немал мотив ниту намера да го убие Нешковски, бил службено ангажиран и само си ја вршел својата должност.

    Побара да биде ставен на полиграф за да ја докаже неговата невиност и дека Мартин Нешковски бегајќи се сопнал на кабли и од тоа паднал во бессознание, а не дека го претепал.
    Извор Вест.


    Да, да, така одеднаш настана пресврт.Срамота :x
     
  3. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Очигледно е дека одбраната потковала добро сценарио,вклучувајки ја во игра и девојкава сведок,мегутоа далеку од совршено го скроиле сведочењево на осомничениот.
    Вчера на кратко,на вести,ја слушав неговата изјава во одбрана,и во цитати пренесена,веднаш ми паднаа во очи контрадикторните негови збунки.Имено,тој изјавил дека најпрвин од пред Дом на АРМ го видел за прв пат сега веке починатиот,и го прател се до главната бина,каде се обидел да се качи на истата и го спречил.ОК.После изјавил дека го спречил и почнал да го брка спрема мостот,па дечково се сопнал од кабли и мислел дека е во несвест и ТОГАШ ДА ГО ОСВЕСТИ ГО КЛОЦНАЛ,па и ШАМАРИ му удрил,за да го освести но не спомнува дали се освестил,само спомнува дека мислел дека се преправа(??? од каде ова па,прво мислел дека не е,а откако му удрил макар и една две,видел дека е) и тогаш добил повик да се врати во обездбедувањето каде и бил на должност таа вечер,а дечково го оставил со некој од обезбедувањето на Баскерфест.
    Е сега,вчера на вестите следеше во неговата изјава,дека доколку видел дека не е свесен на раце ке го носел сам до болница(???),па јасно кажува дека всушност осомничениов МИСЛЕЛ дека веке не е во несвест,а не бил сигурен,и сепак го напуштил тоа место,кое е и другата работа збунувачка,бидејки настанов се случил пред Мепсо паркингот,колку што јас знам,а во неговата изјава не се спомнува паркингот,како настан останува кај мостот.
    Ова е тешка хајка,и измонтирано сценарио да се извлече полицаецов,и не ме чуди.Па и смртта на Трајковски,лично јас знам мн работи.Чим во државава умее да се прикрие во зависност на подредените,и смртта на претседател,што проблем ке е на овој дечко...СРАМОТА за нашево судство,никогаш нема да даде плод,на правдата која невладее кај нас и крај краева,и да го спасат од затвор ,нема спас од совеста негова која е најтешка казна.
     
  4. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    http://www.plusinfo.mk/vest/21562/VOZNE ... -bil-tepan


    Ако не поднесувате вакви слики, не го отворајте линкот. Само имам повторно да кажам дека сум потресена и згрозена од она што се случи. Сеуште. Има ли некој кој е доволно човек за да ја признае својата грешка, и да го остават момчето да почива во мир?

    Солзи ми надојдоа во очите.
     
  5. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218
    Ке се повторам пак:

    А бре луѓе уште не ви е јасно кај живеете и до којстепен ни е државата?
    Мислите случајно сведоците не го препознаваат сторителот?
    Мислите нивните изјави се туку така?
    Не бре луѓе тоа е се испланирано сценарио, кој знае со што им се имаат заканато на сведоците...ќе ве уништиме, мама тато иш од работа, и што ти уште не...факт е го можат тоа нашите властодршци ако не па само во уништување животи се покажаа најдобри досега, а па тие што го посочуваат со прст него секоја чест мислам што не подлегнале на уцени ( бар така мислам или и тоа е намерно и испланирано па за да може судот да го ослободи овој крвникот ради контрадикторности во изјавите на сведоците ) а доколку не подлегнале на уцените...мислам дека или ќе исчезнат од држжавава мистериозно или ќе си извршат од нашите така наречени самоубиства...нели....ќе се "самоубијат" ради грижа на совест.
    Зарем оној Спасов од мрза пушта брада и коса а? Нееееееее! Тоа му е речено, нему, на очевидците овие што сведочат.....ехееее како е све тоа испланирано а ние дури чекаме правда лежејки дома...убаво ни се праи.
    Се е однапред планирано сценарио, притиснати се очевидците, некои со пари купени, некои со тешки уцени, некои може и не(се сомневам чисто за ова) ама прочитај погоре што ќе ги снајде нив што не успеале да ги НАШТЕЛУВААТ.......
    И така ви е тоа....Македонија...земајта на можностите утепај дете и ич не се секирај...затоа што Владата е тука за тебе....ако си нејзин поттрчко.
    Ова е мое видување и МИСЛАМ ДЕКА Е 99,9% ТАКА.
    Треба човк само маааалце да размисли.............

    Благодарам
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Си ја вршел својата должност епа ај нека ги утепа сите ако си ја врши својата дожност дебил дебилосан . Како бе од кабли се сопнал ццц боже боже што кабли ќе беа тоа се прашувам јас . Страшно страшно и гарант дебилов ќе биде ослободен од сите обвиненија само ќе го предупредат нареден пат да не убива деца само да си ја врши својата должност жими се страв ми е од улициве сам човек да не стапне на улица :fubar:
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Полицаецот-сведок поверувал во зборовите на Спасов

    Полицаецот Перо Колевски, кој ноќтта кога е убиен Мартин Нешкоски бил на должност заради прославата на ВМРО ДПМНЕ, денеска сведочеше во кривичниот суд. Изјави дека од бината кон градскиот плоштад се упатил на повик од група граѓани. Таму со неговиот колега го затекнале лицето кое претходно им се преставил како обезбедување на Премиерот и момчето кое кај бината го предупредиле да не прави проблеми. Полицаецот-сведок поверувал во зборовите на Спасов дека на момчето му се слошило и паднало на плочникот. Адвокатот на Нешкоски бурно реагираше на сведочењето на полицаецот. Смета дека полицаецот направил низа пропусти во работата.

    Судењето продолжува во петок кога треба да бидат испрашани сите сведоци на обвинителството. Адвокатот на Нешкоски најави дека ќе предложи други очевидци кои според нивните кажувања биле заплашувани да не сведочат. Во меѓувреме обвинителството се уште постапува по кривичните пријави против непознати лица вработени во полицијата од каде пак нема одговор на барањето на Игор Спасов да открива „строго доверливи“ информации во корист на неговата одбрана.

    Извор - Алфа.
     
  8. Towelie

    Towelie Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    688
    Се надевам дека нема да се испокарате околу случајов,темава е да му се оддаде почит на момчето,веќе навистина е неважно кој чив симпатизер бил,што бил и како и да е. Медиумите секогаш ќе извртуваат приказни,не вреди да се расправаме околу нив,така да најубаво би било кога се работи за внатрешни работи да ги филтрирате нашите извори. И излишно е да се основаат расправии на политички партии и гледишта,сите ни мачкаат очи,тоа колку вие ќе дозволите да ви ги мачкаат е друга приказна.
     
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Сведочел и главниот сведок чувар на МЕПСО, читајте
    И главното
    За одбраната на Спасов ова е клучниот сведок, кој потврдува дека ниту еднаш не го удрил по главата.

    Побогу само ќе се прекрстам.
    Значи може јас некому да му удрам 50 боксови и да умре, ама дека не сум го удрила во глава не сум го убила јас, него од падот после 10тиот бокс умрел а следеле уште 40 после тоа боксови.
    Значи не се нормални!
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Значи ова
    [​IMG]
    е од тепање, нема шанси да е од паѓање на плочникот! Кого лажат бе :@
     
  11. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Oва е Мартин? :o
     
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Да. И личниот опис му го променил, а сеуште се дрзнуваат да лажат дека плочникот е виновен. Како не им е срам? Совеста по Вардар ли си ја пуштија? :@
     
  13. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Леле, како бе вакви фотографии шетат по интернет. Инаку тие можат да се правдат колку што сакат, сите добро знаеме дека тигарот е одговорен за неговата смрт. Само електрична столица на такви. Навистина срамота...
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Шетаат затоа што неговото семејство ги објави. И нив им дојде преку глава од замајувањето на јавноста дека е плочникот виновен.
    Не е само тигарот виновен, туку имаше и соучесници во случајот, за кои никој незнае кои се, а да се случеше ова во некоја нормална и демократска држава ќе се занишаа и фотељите на оние од горе. Само да, кај нас никој нема доблест за да си превземе морална одговорност, па најмалку што би понудил би било оставка. Свашта. Уште истите тие се куроперчат по јавноста без трошка совест. Ете, толку му треба на македонскиот народ за да заборави.
     
    На MacenceEna, esperanca, Rubiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Нешковски починал од удар во носот

    ...Според докторката Верица Поповска, вештак од судска медицина, причина за смртта на Нешковски е крварење под меките мозочни обвивки,а повредата настанала поради ударот во нос што го добил Нешковски.
    - Ударот во носот влијаел за крварењето во мозокот, а кога била добиена повредата, главата на Мартин не била на подлога. Повредата настана со директен удар во носот и не може да биде последица на пад. Алкохолизираната состојба на Нешковски само придонела за забрзување на крварењето, поради кое настанало задушување - сведочеше Попоска.
    По направената обдукција, врз телото биле евидентирани крвав подлив и оток кај носот, скршена носна коска, крвав подлив на грбот, оток под плешката, повреди кај ребрата, кај левата слабина, нагмечување кај левиот дел од задниот бут на левата нога, како и крвни подливи и гребаници на надлактиците и на колената.
     
  16. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Според кривичниот законик во ваков случај виновникот има објективна одговорност, што значи, ќе одговара за повредата која тој ја нанел на оштетениот, значи, ако тој го удрил момчето во стомак, па момчето паднало и си ја повредило главата во бетон и тоа ја предизвика неговата смрт, обвинетиот има одговорност. Се разбира тука одбраната ќе го земе предвид фактот дека обвинетиот не можел да знае дека момчето ќе падне на плочникот, ќе го пукне носот и ќе умре. Но обвинителството е тука за да ги достави сте можни објективни гледишта.
    Единствена одбрана за овој човек е тоа што не е убиство со умисла, а можат да извадат и дека не бил пресметлив или бил небрежен.

    Во секој случај, не застанувам во одбрана на обвинетиот, само сакав да напишам малку од моето скромно познавање на правото.
     
  17. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Однапред се знаеше каков епилог ќе има овој случај и како ќе тече постапката, така да не ме изненадува воопшто, ама ми ствара нагон на гадење и повраќање помислата до кај може да оди човечката бесчуствителност, пред се на оние кои седат во судиските и обвинителските фотељи и земаат онолкави плати за да ги штитат граѓаните и за да ја делат правдината, а делат се друго, само правдина не. Ме ежи и самата помисла дека судството ни стана една машинерија во која ако влезеш ќе играш онака како ти свират или нема да те има таму, зошто конците сепак ги држи некој друг.

    Конкретно за случајот, обвинетиот треба и мора да одговара за квалифицирано убиство, односно за најтешките облици на убиство - убиство на свиреп и подмолен начин за кое дело е пропишана прилично строга казна од минимум 10 години затвор. Она што сега сакаат да го направат е да го прекфалифицираат делото во основен облик на убиство со најмала казна од 5 години затвор или пак тешка телесна повреда со смртна последица каде што казната е поблага. Еј да убиеш човек и да одговараш за тешка телесна повреда кфалифицирана со смрт?!?

    Умисла во конкретниот случај има и никој не може да ме убеди во спротивното. Можеби умислата не била директна, ама евентуална умисла има и тоа како. Да, специјалецот можеби немал директна намера да го убие момчето, но знаел или можел да знае дека со превземањето на дејствието може да дојде до смрт на лицето, а тоа е евентуална умисла.

    И како може да не бил пресмелив?!? Уствари не ме чуди да извадат некој документ демек бил непресметлив.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  18. pafpaf

    pafpaf Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    109
    Голем срам за македонското судство :x
     
  19. aleksandar.neskoski

    aleksandar.neskoski Активен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    obvinitelstvo potocno zvrlevski marko e toj sto doprinese najveke za da se razvlece celiot slucaj i da gi zastiti tie sto go kriea teloto na martin dva dena iako ja imaa videno licnata karta vo nego. nikoj ama bas nikoj ne se trudi svesno ili nesvesno da prasa koj naredi za martin da bide ubien.na rocisteto na 19-12-2011 god naseto semejstvo predlozi sliki na koj mnogu dobro se gleda koj kade se naoga i kakva uloga ima ,na toa sudot reagirase premnogu i sakaa da me isfrlat od sudnica. po dva dena od rocisteto roditelite na martin otidoa kaj obvinitelot zvrlevski i prasaa koj dozvoli da se pravi obdukcija i da se kasapi teloto na martin, na toa zvrlevski odgovori: jas be jas i sto, mi mozes li nesto!!gospod neka ni e na pomos so vakvi institucii ne narodski-robovi na vlasta. NEMA PRAVDA NEMA MIR
     
  20. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Тоа што весниците го пишуваат и вестите го пренесуваат не целосната вистина ...
    ... познавајќи го Спасов верувам во неговата невиност, не го оправдувам тоа што го нападнал, но тој не е убиец