R.I.P Мартин Нешковски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Nita, 8 јуни 2011.

  1. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.092
    неееееее за ваквите пренежно е на електрична столица да се стават. само тројца ко Саид од серијана ЛОСТ и убаво да го измачат да посака да умре а да неможе :)

    очегледно е дека сега власта сака да ги заташка работите иако има сведоци, иако тврдеа дека не бил на должност таа вечер Спасов убаво се гледа на една снимка како се мотка околу Груевски.
    нека им е на чест ама казната од бога ке дојде порано или подоцна
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.891
    Верувај, срам да ти е!!! Имате ли совест бе? Како си легнувате вие навечер? Нели ви тежи на душата???
     
    На esperanca, BoaVista, Ale.Ambrosio4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.702
    Пол:
    Женски
    Шо ке и тежи на душата бе Офи, глеаш 16 годишно дете е, верува во она што мама и тато ке го кажат!
     
    На Ale.Ambrosio4 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    јас си го реков моето ... доволно добро го познавам Игор Спасов за да знам како стоат работите .. и да 16 год сум али сум свесна за целата таа ситуација .. а и Мартин (лека му зимја) не бил некоја китка за мирисање
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.891
    Ова е веќе последниот левел од вмровизмот. До тој степен опран мозок.
    Кој полов орган ако го познаваш Игор Спасов? Дали дека ти го познаваш тоа го прави и невин? Мартин можел ако сака и да пука во премиерот, и повторно да не бил убиен, туку притоврен, приведен, затворен.
    Кој е игор спасов да суди за нечиј живот?! Од кога постои смртна казна во Македонија?!!?
    Кармата ќе ве стигне, памтете ми ги зборовите!
     
    На esperanca, BoaVista и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  6. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.891
    Наспроти цела Македонија? За жалење сте. Искрено.
     
    На WildCherry, esperanca, BoaVista и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.718
    Допаѓања:
    104.014
    Искрено,не сакам да мислам било што за да не грешам душа. Горе-доле го знаете мојот став кога беше актуелно случувањето. Воопшто ставот на насилство на полицијата и слично. Во таа еуфорична ситуација кога ништо не се знаеше,денес излегува нешто малку или многу поразлично. Кажав дека сум била под лупа на луди полицајци кроз примери, кажав дека де факто имаме во полицијава нездрав народ собран од улица без критериум, дека секое убиство на свирпен начин е за најстрога казна. Тогаш се одржаа протести кои АПСОЛУТНО ги поддржував, НО... денес работите се различни.

    Генерално сум против упропастување на било чиј живот. Како за детево кое трагично си замина,така и за погрешно досудување,а правдата да бидеме реални е мисловна именка која секогаш де факто е субјективна во нашиве услови,особено зошто се водиме под емоции.
    Да тргнеме на страна партии и слично,да разгледаме реално без предрасуди. Не знам како ќе ме разберете, но оној што сака да ме разбере,ќе ме разбере. Нема да речам Мартин бил наркоман,не бил цвеќе,без разлика каков бил,бил човек и заслужувал да живее.

    Прво, ова семејство мене не ми е јасно од многу агли. Се гледа дека веќе самите се немилосрдни во постигнување на некоја одредена цел која јасно е дека нема да ја кажат гласно за да не се уништи параванот на милосрдие. Сакаат да постигнат поголема цел отколку терање на правда. Кое семејство...ќе го слика лешот на своето дете?! Сериозно,дали во жал на некому ќе му текне да го слика лешот без причина?! Сликата е потресна,сликата е страшна,јас сум сигурна и дека е продадена на плус инфо. Ако одиме по проста психологија,семејство во време на шок ќе се повлече,а ќе оставеше протестите да течат. Кој е тој брат кој еуфорично влегува во протести,при тоа се облекува во облеката на својот брат за некоја си поента?! Да бидеме реални,семејството бара нешто повеќе од правда...
    Второ, сликата не работи во нивна полза. Простете на моите скромни познавања од медицината,но хематомот има јасна линија на движење која укажува на удар од рамен и мазен предмет под агол,а не повеќе нерамномерни модринки кои најчесто бидуваат од боксови. Не е измерена таква сила на човек (добро освен екстрем или да е професионален боксер) која може толку да нагмечи череп до степен да предизвика внатрешни крварења од тој размер,а друго,со толкава сила ќе ја нагмечи сопствената рака или ќе има евидентни скршеници. Да не се правиме улави, ударот е од пад.
    Трето, дечково кој го гледам најчесто во судница е конфузен,но не делува лудо и не е мирен,туку тоа однесување е типично за безизлезност и тоа наметната. Според однесувањето тој не знае што му се случува те не знае зошто му се случува.
    Четврто, најголемата грешка е што се потрудија да го заташкаат од паника во дадена ситуација од не знам кои причини. Тоа што имало со него луѓе кои беа сокриени и ред други работи. Мене најмногу ме интересира зошто побогу се криеше?! Зошто се трудеа да молчат,да лажат, што сакаа да постигнат?! Вистината сама по себе ќе беше полесна да се истера сега,ако случајот беше веднаш изнесен каков што е.

    Значи,да се разбереме,не сакам да згрешам душа,мислев и сеуште мислам дека секој вид на насилство особено од овој тип мора да биде најстрого казнето,но исто така и сум за праведност. Знам дека нечии емоции ќе бидат поутешени на тој начин,но зошто некој да гние кога директно не е виновен,само ја предизвикал акцијата која предизвикала лош след на настани кои резултирале со смрт. За тоа треба да му се суди и треба да го одлежи,но паралелно со тоа да биде суден и оној Ален и еден куп други полицајци насилници.
    Исто така знам дека од настанов се прави еуфорија која најчесто е таква,сама по себе без некој да има директна корист од истото,освен како што реков моментот на еуфорија,при тоа не сфаќајки сериозно дека се работи за реален живот,нечиј живот кој ќе биде (не)праведно упропастен.
    Утре, да не даде да се случи, нешто слично,па дури и полошо,со крвничко претепување, повторно би го осудила,но ги осудувам и оние кои сакаат да извадат некој бенефит на сожалување,да се извадат од некоја си беда без при тоа да стават прст на чело и да размислат дека нивниот чин е речиси еднакво гаден и за осудување како на Спасов. А рака на срце,кој знае и чија жртва е и овој дечко и дали бил тој,тој што треба да се суди. Во таа гужва и еуфорија,пола вмровци испијанети и не знаеле каде се,на баскерфестон исто...и тој народ околу,кога видел дека некој некого наводно крши од ќотек (значи да биде до тој степен луѓе,значи не зборам на памет,имам кого да прашам и да зборувам за ова,муабет од човек со знаења,треба да го преломи начисто) и да седи мирно,тогаш нека му служи на чест,сега нека оди по судници и нека глуми сведок.

    Не знам,сфатете ме како сакате,јас го држам истиот став од тогаш,при тие сознанија (бев и на протестите), го држам и сега овој. Јас сум за апсолутна вистина,било да му одговара некому или не. Вистината е вистина и мора да се стои зад неа,не смее ради реда некој без реална основа да се осуди. Замислете ситуација во која ви се случува нешто слично и сте осуден заради желбата на мнозинството со цел некој внатрешен порив да биде задоволен,ради незауздан гнев и слично?! Не е добро...
    Од моја гледна точка,мора да одговара за неговото дело. Да го имаше прекршено од ќотек до тој степен и беше евидентно,тогаш најмногу ќе се залагав за најстрога казна,по можност доживотна.

    Правдата е немилосрдна,ама ако сакаме реална правда,мора да биде таква,ни се допаѓала нас или не.
    Сега ќе си помислите сешто,ама не можам луѓе да мижам пред факти и не можам ради лично мислење од кое мене ќе ми биде полесно и биде ко маалски муабет да осудувам и туѓ живот кој можеби и не е до тој степен виновен. Згадена сум од игнорантноста и желбата да се заташка,тој дел ме провоцира најмногу и не ми е воопшто јасен како чин.Можам да замислам колку случаи под капата на мвр се заташкани. Еве на пример во вакви услови каде е под сериозно прашање обвинението на човеков,таквиот чин го става под уште поголемо сомнение за да објективноста на одредени работи кои се изнесени како факти и докази. Можеби сакале да му помогнат, ама се разврза клопчето го заглавија повеќе од што требаше,а имало такви кои успешно ги извлекле,но не е начин.


    И утре пак би излегла на протести против полициско насилство. И ова беше облик на насилство и не го спорам тој факт,ама не сакам кога се хиперболизира ради други интереси (а кои мислам дека веќе насетивте).
     
    На OzzyAngel, LilBaby, sesilija и 3 други им се допаѓа ова.
  9. aleksandar.neskoski

    aleksandar.neskoski Активен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    stom se drznal i poslusal bilo kogo i odzemal zivod na dete od 21 godina tocno deka toj ne e obicen ubiec tuku monstrum ,dali postoi cena za covecki zivot? od taa plata sto mu ja dava toj sto mu nareduva nosi leb doma za svoite deca ,toj tamu stoi za bezbednosta ne samo na tie sto go plakaat tuku i za nas graganite ,vo negovata zakletva stoi deka ke go stiti svojot narod ,a ne deka ke go ubiva!!!
     
  10. aleksandar.neskoski

    aleksandar.neskoski Активен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    lilit da ti odgovoram i tebe iako znam deka bozinovski se krie pozadi ova ime.prvo sto te maci slikata, na pogrebot imase mnogu luge i neznam dali znaes no pred kapelata imase policaec sto go cuvase teloto i ne dozvoluvase da se priblizime do nego.vo cela zbrka,taga imase i takvi luge sto obrnaa vnimanie deka nekoj saka da manipulira so teloto na martin i deka sakaat sto pobrzo da go piknat vo zemja so cel da ne gleda narodot sto mu imaat napraveno na martin i vo toj moment e napravena taa slika od strana na sovesen covek sto vo cela maka se setil da slika. vtoro, slikata bese objavena od cicko na martin vo grupata PRAVDA ZA MARTIN NESKOSKI potoa kaj vasko eftoav ,a plus info i skay ja zema taa slika od tamu .treta rabota,uste pred da go donesat teloto na martin ni dojdoa eden kup lesinari-partiski vojnici i ni vikaa deka sve ke sredele samo nie da ne davame izjavi i da kutime. koga vidoa deka ne zapirame i prasuvame zosto e martin ubien ? i si ja barame pravdatta za martin ,togas pocnaa zakanite deka ke mi nametnele dosie ,deka ke me piknele vo zatvor ,deka ke sum kopal uste dva groba i red drugi zakani. DA VI BIDE JASNO NA SITE DEKA DO KRAJ KE SE BORAM ZA PRAVDATA NA BRATMI I PO CENA NA MOJOT ZIVOT I ZIVOTOT NA MOETO SEMEJSTVO ZASTO I TAKA NI GO UNISTIJA ZIVOTOT a ti lili ako imas nekoj mil za prodavanje izlozigo na aukcija
     
  11. aleksandar.neskoski

    aleksandar.neskoski Активен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
  12. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.702
    Пол:
    Женски
    И ај сега нека умре и нека не се расчисти ситуацијата бидејки не бил китка за мирисање. И најголемиот наркоман, лош човек, кој и да е, не заслужува да биде претепан брутално од некој си таму пуфљо поради партиски причини! Мартин и да го испровоцирал, прво и основно правило на обезбедувањето е да не одговара на провокации. Како и да се случило немал право да го направи она што го направил. maja.kostovska, your argument is invalid!
     
  13. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    2.759
    Пол:
    Женски
    Од ова што го пратев по медиумите заклучив дека Мартин не заслужил да умре ама па и Спасов не е само тој виновен, самиот си кажува. Некој на него му дал одврзани раце да прави што сака позади него стојат многу повисоки луѓе кои се исто така виновни за случајот. Иако никој не заслужува да умре, дали се запрашале тие од фамилијата зошто од толку народ баш на нивното дете ова се случило? Нека ни е на сите поука од ова да не изиграваме џекови по собири оти како што гледаме од мала расправија може да се случи нешто кобно. Ако веке гледаме примери од Запад видете како таму мава полицијата и нашите тука се уфилмале дека може да тепаат и тие.Мислам дека случајот нема да се расветли никогаш и иако сум поддржувач на властта излегов на протестите и сум против бруталното однесување на полицијата.
     
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.891
    Да не изиграваме џекови? Зарем јас треба да внимавам дали некој си психопат полицаец ќе ме претепа смртно? Не сум знаела дека треба да се плашам од нив, како што знам се ставени на функција за наша безбедност.
    Па океј, во право беа со транспарентот, Сине дојди си порано дома секакви полицајци шетаат по улици.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    29.257
    Пол:
    Женски

    Господе прости им, не знаат што пишуваат.

    Инаку во врска со темава одамна се имам изјаснето.
    Не ме интересира како се однесувало семејството на Мартин(а најискрено и незнам што толку лошо најдовте во нив), не ме интересира дали Мартин бил наркоман или алкохоличар или сите други ,,епитети,, кои провладините медиуми сакаа да му ги закачат, ма и сериски убиец да бил, нашиот закон и нашето право не дозволува смрт како казна за сторено дело(а и какво дело сторило детето, сакало да се качи на бината :x ). А и да дозволува смртна казна не е тоа работа на специјалците и полицајците! Тие се тука да ги штитат граѓаните, не да ги убиваат.
    Во врска со Спасов, колку и да изгледа смирено и невино сега на судењето, тоа неможе да го промени мислењето кое го имам стекнато за него. Човек кој може со голи раце да убие 20 годишно момче, за мене не е човек и никогаш нема да биде.
    И пак ќе кажам штета што живееме во ваква држава каде што убијците ги сожалуваат и истите тие минуваат неказнето.
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    2.759
    Пол:
    Женски
    Оффтопик сум ама мора ова да кажам па избришете го после.

    Оффспринг ја сваќам твојата улога на админ ама нели мислиш дека малку претеруваш? На сите теми од политика кој и да има различно мислење од твоето ти одма исправуваш. Оди на која тема сакаш, било за Мартин, за Киро или за Бугарски пасоши секаде се расправаш човек од тебе да не може да коментира.

    Нe знам зошто мислите вие овде да го расчистувате случајот со Мартин и други случаи. Мое е да си го кажам мислењето затоа постои форумот а не ти да не учиш на политика. Ако тебе не ти се допаѓа власта, јас од нив живеам и тоа доста убаво па ке ги бранам каде што мислам дека сум во право(иако не ги поддржувам за случајот со Мартин и ги поддржував протестите).
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.891
    Јас не сум админ, слоу даун :D Зошто ми забрануваш да коментирам? Не смеам? :wasntme:
     
  18. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    2.759
    Пол:
    Женски
    Па уште полошо ако не си админ. А кај ти реков дека забрането ти е да коментираш? Ама погледни ги сите теми за Политиката, секаде си ги покажуваш фрустрациите. Како што ти можеш да коментираш така и јас имам право на мое мислење. А ти ако имаш вишок слободнои време седи си овде и исправај ги сите што не мислат како тебе . ТОЛКУ ОД МЕНЕ (и нека се бришат мислењава одма)

    ако сакаш и тема за Политика ке отвориме со наслов- ПРАШАЈ ЈА ОФФСПРИНГ па ке те прашуваме што да мислиме
     
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.891
    Па ти ако можеш слободно побиј ме аргументирано, ова е само немоќ и твоја фрустрација, затоа што неможеш да ме побиеш па кукаш овде дека сум главна по темиве.
    Ќе зборувам додека имам што да кажам, и не постои правило дека јас морам да се согласам со тебе, исто не постои правило и дека имам ограничен број на мислења да пишувам овде во денот.
    Млатиш празна слама.
    Повели, ќе дебатираме. Ако немаш што да ми кажеш во врска со темата, слободно напушти ја, не да ме обвинуваш дека висам овде и напаѓам.
     
    На JoxyTheFreak и BoaVista им се допаѓа ова.
  20. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    2.759
    Пол:
    Женски
    НЕ се трудам и не сакам некој да побивам, на што ке личат темиве ако секој секого побива како ти што правиш? Си кажав во врска со темава, тоа е мое мислење а ти ако немаш подобра работа денес цитирај ме до утре сабајле.

    Чао од мене