1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

R.I.P Мартин Нешковски

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Nita, 8 јуни 2011.

  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Кikikikirika креваш галама беспотребно.
    Прво и основно, форумот е место за дебатирање, за спротивставување на различни мислења. Штом ти, јас или било кој друг напише мислење, секој кој мисли поинаку има право да се споротивстави на тоа, а твое е дали ќе обрнеш внимание на тоа, дали ќе се обидеш да си го одбраниш мислењето или ќе се жалиш дека некој намерно исправувал криви дрини.
    И дај бре не сфаќајте се толку лично, не ги дочекувајте на нож сите кои не се согласуваат со вас. Ако не сакаш некој да ти реплицира, не пишувај воопшто. Не туку само напаѓајте и не се жалете само.
    НАУЧЕТЕ ДА СИ ГИ ОДБРАНИТЕ МИСЛЕЊАТА!
     
    На DeMelo и esperanca им се допаѓа ова.
  2. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405

    Извинете што и јас ке бидам оффтопик али кикиритке многу ме иритира твојата контрадикторност па уште мудруваш овде и напагаш феминки за нешто што ти го правиш?!Оффспринг претерувала и покажвала фрустрации , па ти си таа што дете мало може да види дека сите верувања и погледи ти се низ пердето на партиските верувања, толку ти е испран мозокот што не си во допир со реалноста.Ти си таа што се расправа на темата за Киро па еве и овде, дај прибери се малку девојко.И само ова ме интересираше и од од ова нјаповеке бев изиритирана да ти пишам Ти значи живееш убаво од власта?! Што убаво го кажа ова ЖИВЕЕШ УБАВО РАДИ ТВОЈАТА ПАРТИСКА КНИШКА а не ради факултетската диплома, интелегенцијата, и способностите кои ги поседуваш? Браво од таквите како тебе лугето што навистина вредат не можат да стигнат на убава работа позиција.Види малце приспитај се и не врегај дека некој тука си ги лечи фрустрациите, зашто единствена таква си ти.Твојата власт го закшка и затајува ова убиство , а зошто ни они сами не се свесни зошто, најверојатно сакаа на раат да си ја прослават победата..
    Нека почива во мир Мартин и се надевам вистината ке излезе на виделина, каква и да е.
     
    На enca.69 и BoaVista им се допаѓа ова.
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Малку му е и тоа али ајде...
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Максималната казна затвор во Македонија, она што се вика теоретски доживотен затвор, а практично не е доживотен, туку е всушност 15 години.
    Значи Игор доби речиси доживотна казна, за 1 година помалку.
    А и со доживотна и со оваа казна ќе излежи половина во затвор, околу 7 години, останатата половина ќе биде пуштен на условно, како и секој добропримерен затвореник.
    Така да јас лично спрема нашето законодавство задоволна сум од казната, очекував многу лош епилог, ова е одлично!
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Сега баш заприметив нешто, и требаше 7 месеци на правдата да излезе на виделина!
    Бавно, споро но сепак конечно излезе и победи!
    И ние сме имале реформи и независно судство.
    Учиме за нови мерки и според Еу за фер и правични судења, за брзо време по брзи постапки.
    Да, треба време за да се испитаат сите докази факти, но според мене и 7 месеци е премногу!
    Но барем се заврши!
     
  7. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Ова е ништо, бидејќи за некоја година ке го пуштат, нема ни 7 да одлежи, за тоа постојат лекарски уверенија и слично белешки за божемно нарушено здравје, а со овие прикажани 14 години затвор, всушност само се колку да замачкаат очи и да се отргне вниманието од целиов случај и вина на останатите инволвирани во случајов. Спасов е еден од виновниците, можеби оној директниот, мегутоа тука има и претпоставени негови, началници и други поставени во хиерархијата, кои позади овеи 14 години ќе се прекриат, и очигледно е дека ова е добро сценарио од високите фотељи.Јасно е дека нема да бидат 14 години,а и да бидат, има и други лица кои заслужуваат казна.
    Според изјавите вчерашни на адвокатот Дуковски, сметам дека атакуваат на ова, да падне и друг одговорен.
    Не верувам многу во позитивниот и реален исход, но важно е да не се премолчи и угнети граѓанинот и неговите права.
     
  8. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Да, и ја мислам дека ке го помилуваат дотичниот... И ке му ја намалат казната максимално ... Ама џабе е . Треба да се воведат мерки за тоа кој и каков ја превзема таа работа .
     
  9. K0ST0VA

    K0ST0VA Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    58
    Само уште тоа фали да му ја намалат казната. :tmi: На такви страшни работи намалуваат казни и ги пуштаат на слобода а за некакви ситници ќе те затворат доживотно или само ќе ти го одолжуваат притворот. :fubar:
     
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Да не се дигнеше медиумска галама ќе го казнеа мах. 3 години.

    Добар закон имаме. Ти се спојат ли жичките, бам бам и нема веќе да имаш несакани личности во твојата околина.
    Начекаш ли да си на позиција - кради. Голема работа ќе те казнат 2 години за 5.000.000 еур. пари кои не би ги заработил за 20 животи ( обични смртнички непартиски животи), а после ќе изиграваш биг бос.

    Правда,а ? Море ако се докаже дека некој некого убил светни му го чифтето на лице место. Може ли човек убиец да биде човек?
    АМА АКО СЕ ДОКАЖЕ.
    А кај нас и тоа тешко иде. Никако да се крене завесата и да се видат сите задкулисни игри, сите статичари во претставата, продуценти, сценаристи ...

    Со смртта на Мартин убиена е сигурноста на секое дете.
     
    На Hipster и ljubam им се допаѓа ова.
  11. K0ST0VA

    K0ST0VA Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    58
    Ммм. Ако си обичен човек можат и доживотна казна да ти дадат за една ситница, да те обвинат за глупости што не си ги направил,но ако си човек на некоја позиција мозе и за два месеца да те пуштат оправдувајчи се од типот какооо "Имал ментално нарушување, не бил способен да лежи в затвор " и ред други глупости и оппп гледаш го пратиле дома демек на домашно лекување. :fubar: И утре задутре може и некое друго дете да убие. и повторно се повторува истиот процес. Страшно.немаме никаков закон и ред во државата.Пропалитет. :puke:
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp? ... tegorija=1
    Трагедија во семејството Нешкоски: Почина и таткото на Мартин

    Драган Нешкоски, таткото на покојниот Мартин Нешкоски, кој беше убиен од страна на полицаецот Игор Спасов на прославата на изборната победа на ВМРО - ДПМНЕ, раноутрово починал на одделот за интензивно лекување, откако вчера наутро околу 10 часот испил солна киселина во обид да си го одземе животот, јавуваат македонските медиуми.

    Братот на Мартин, Александар се обидувал да го одржи во живот татка си, додека го носел на клиниката за токсикологија.

    Таму му биле направени снимки, а операцијата му била направена дури десетина часа подоцна, кога органите веќе му биле изгорени од киселината.

    Според пишувањата на медиумите, од семејството велат дека се сомневале во лекарската нега, бидејќи операцијата била направена толку доцна.

    Телото ќе биде предадено на обдукција на судска медицина.
    Нетпрес

    Нека почива во мир. Каква трагедија ги снајде :x
     
  13. sweetgirz

    sweetgirz Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    5
    греотааа. Р.И.П
     
  14. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.992
    Пол:
    Женски
    Душата ме боли за ова момче, и за ова семејство.
    Срамота е ова што го прават овие гадури што ни ја водат државата, што имаат контрола врз народот.
    Како може на човеков по 10 саата операција? Можам да замислам што правеле за тоа време, си чуреле цигарчиња и кафиња низ болница. |(
    Срамота.
     
    На Shmizla94 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.592
    Убиецот е веќе една година на слобода.
     
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    а дали уопште беше во затвор?
     
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.592
    Беше.Има слика во Идризово од него и Заев.
     
  18. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    1.559
    Имаше дилема дали и тој беше вистинскиот убиец, нешто така имаше шпекулации