Razdelba bez zbogum

Дискусија во 'Разделби' започната од inicka.., 17 јануари 2017.

  1. inicka..

    inicka.. Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2017
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Zdravo..ve molam za sovet...Posle tri godini pisuvanje na fb i pustanje konecno se soglasiv da bidam so nego. Pred da pocnime da odime drugarite negovi me ubeduvaa da se vidime no jas mu rekov deka ke razmislam posle edna nedela mu kazav deka prifakjam da se vidime...se vidovme i se smuvavme istata vecer, na pocetokot nisto ne bese kako so treba se gledavme samo koga ke dogovorevme dvajcata i nikoj ne znaeshe za toa duri ni negovite drugari...posle 1 i pol mesec doznaa site i nasite roditeli se beshe vo red se gledavme no pretezno samo na vecer, retko izleguvavme zaedno i ako site znaeja za nas i site mu vikaa da me vika so nego toj retko me vikase da odam so nego na kafe ili za setanje i toa po inicijativa na negovoto drustvo...zaradi toa pocna i problemite moite drugarki pocnaa da me pritiskaat deka toj se strami od mene deka e dovolno da me ponizuva i me pritiskaa da mu raskinam, od edna strana tie a od druga strana mojot bivsi koj povtorno pocna postojano da se vrti okolu nego i postoano da mu zboruva za mene...posle 8 meseci vrska mu rekov deka toa ne mozi da prodolzi taka bidekji nie nikade ne izleguvame zaedno i site me pritiskaat za toa mu rekov da prodolzime uste nekoja nedela ako ne se smenni nisto da stavime kraj se beshe okej se smuvavme se razdelivme od togas povekje ne me pobara..posle nekolku nedeli povtorno go pobarav da zboruvame no toj ne sakase..nekolku meseci ne bevme vo nikakov kontakt no sepak site ne napnuvaa da se smirime..sega povtorno sme vo kontakt po moja inicijativa i odlucivme da ostanime drugari...mozebi na pocetokot navistina sakav da se razdelime no sega mi e mnogu tesko i neznam dali da ostanam na toa samo drugari ili da insistiram za da pocneme se povtorno
     
  2. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    34.885
    @inicka.. Значи остај го тоа сите не напнуваа, сите ме притискаа, сите па сите. Значи остави ги другите. Ти што сакаш?
    А од друга страна, мое мислење е дека на дечкото нити те сака, нити го интересираш воопшто. Му било за краткотрајно мување најверојатно бидејќи му било досадно. Да сте во врска и тој никаде да не сака со тебе во јавност, па поголем показател од тоа, што сакаш?
    Не си го троши времето, ни на врска ни на другарство со истиот, ќе си најдеш и подобар и позгоден :D
    :d::drunk:
     
    На Згодно Момче, Victorian, crimson и 7 други им се допаѓа ова.
  3. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    1.903
    Допаѓања:
    26.467
    Пол:
    Женски
    На Victorian, Crna Dama и L.i.n.a.a им се допаѓа ова.
  4. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    1.846
    Допаѓања:
    16.319
    Пол:
    Женски
    Ама најбитно во муабетов е тоа што сакаат сите други, и твоето друштво, и неговото, и вашите родители? А тоа вие што сакате е споредно во ситуацијава.
    Еве затоа јас сакам да не си ја мачиш и удираш главата напразно, се гледа дека нему ама ич уво не му чуе за тебе. Мување најобично, било-поминало. Јас ова вашево не можам ни врска да го наречам. Батали го, ни како другар не ти е потребен, а впрочем не верувам ни дека може да ти биде другар.
     
    На celineparis и sj *O* им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.882
    Допаѓања:
    113.162
    Со неколку реченици во проблемов добив дежаву од пред неколку дена кога пишев совет во љубовни проблеми и совети, во која тема патем би добила повеќе мислења. Небитно, разлика меѓу тој проблем на кој се сеќавам и овој е што тука дечкото е незаинтересиран, или бар ти така го претставуваш. Зошто другарките, семејството и неговите пријатели да одлучуваат за вашата среќа? Вие сакате да бидите заедно? Се сакате? Сакате да врвите време заедно? Ако да, тогаш разговарајте. Разговарајте и разговарајте. Кажи што сакаш, нека ти кажи што сака, разговарајте за компромис ако е тешко да дојдите до заеднички одговор. Обидете се така па видете дали ќе ви успее.
    @inicka.. и кога ти го видов името, ако не се лажам ти си истата членка на која пишав само шо разликата е што проблемот си го напишала од сосем друг аспект што таму добив впечаток дека ситуацијата е тегни-туркај зошто секој ако го бараш сто пати и тој некој те одбива - ќе престани да те бара безразлика колку те сака, а овде го опиша него како незаинтересиран што ми е некако сосем поразлично од претходно напишаното.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    17.296
    Допаѓања:
    109.737
    Пол:
    Женски
    Ами она се играла недостижна 4 години,тој више отупел.
    Се е ризик некогаш,ама тоа недостижна ве тера да барате совети по форуми.
    Уште некаде на пола сфатив дека ти со била незаинтересирана,а него го опишуваш така.
    Па што ќе кажеле другите,па ова те она...и сега бараш совет.
    Врати се на првата реченица од мојот пост и ќе ти биде јасно,можеби. ;)
     
    На theowndemon и Victorian им се допаѓа ова.
  7. Crna Dama

    Crna Dama Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    19.451
    Пол:
    Женски
    Ха шта речи многу пати се има случено да се разделат лугето без причина, без збогум, без да кажат зашто...лесно е нели, да се разделиш без да кажеш зашто секако, а повекето машките го прават ова сум приметила многу пати си одат без да кажат зашто, чао пријатно толку....не ми се верува, само како можете тоа да го направите, биди еднаш човек, биди еднаш маж и кажи ја вистинската причина поради која прекинуваш, па после више слободно разделисе....