За целулитот пишувај на соодветна тема,ако е неповрзано со релаксов. Него да пишам импресии после 2 месеци користење. Никакви...подзамазнето да...дали престана да се познава не.Дали го намали по обем,не.
Не па пишав дека вчера го земав и дека после 2 пати користење целулитов уште толку ми рипна, не мислев да бидам оф топик
Така си стои дома, сиромашкиот, за украс на незнам кое ќоше во мојата соба Инаку го користев но многу ми ја иритираше кожата на нозете (особено додатокот со ротирачките топчиња), бидејќи наследно имам тенка кожа склона кон пукање капилари и поткожни крварења...Па престанав да го користам.
Го користам помалку од месец и многу сум задоволна.На почеток со антицелулитна а сега со обична крема.И ми ја зацврсти и измазни ЕПТЕН кожава еве и сега без антицелулитна да ставам.Ќе продолжам да го користам
Јас го имам можеби 2 години , во почетокот кога го купив го користев 4 месеци со антицелулитна креме од AFRODITA,и вистина имаше резултат во почетокот мислам дека ми излезе целиот целулит на површина на кожата но со време се повлекува постепено. Не дека е некое чудо но мислам од лично искуство дека повеќе има ефект како масажер за опуштање отколку во борба со целулитот.И што се однесува на оние реплики од пазар ...НЕ СИ ИГРАРТЕ СО ТИЕ РАБОТИ ...СЕПАК ТОА Е АПАРАТ КОЈ ГО СТАВАТЕ НА СЕБЕ А НИЗ НЕГО ПРОТЕКУВА СТРУЈА ОД НЕКОИ 220 W МИСЛАМ????
Јас го купив од Бит пазар. Одличен е за масажа! Не знам дали слабеам, оти не се трудам многу за целулитот, ама девојки мазажата е...............ВАУ! Мислам дека ова е совршенство од вибрации!!! Купете го ефтиниот од 1000 денари од пазар, јас веќе 9 месеци го иам, нема мрднато!
Кажете ми колку време најмногу смее да работи, зошто наводно не смеело по могу да е уклучен, да не цркне па да не знаете?
Јас се масирам по 10 минути на секој дел,а иначе мене сам ми се исклучува по едно 3о минути,таман дур да се измасирам.А иначе ваљда знаеш али пак да ти кажам,обавезно глеј да си намачкана со било каква крема,не мора антицелулитна дур се масираш,зошто ке ти се направат бубулички.
и јас го имам (поскапиот демек ) и баш ок ми е, масажата е супер- опушта и релаксира и има ефекти и за целулитот 6 месеци го користам баш сум задоволна
го имам и јас оној од топ шоп , но го користам само за релаксирање , другарка ми го користи со некоја крема и вика дека е премногу задоволна со целулитот
И јас сега почнав да го користам, уште не можам да кажам дали ќе има резултати или не. Една моја другарка го има користено и вели дека навистина има резултати АМА со редовно користење (значи под редовно користење се подразбира секојдневно) од минимум 10 мин. (колку повеќе - толку подобро). Значи ја затегнува кожата, фактички без вежбање ти доаѓа како ослабена да си. А за целулитот -- и за тоа помага и има ефекти, нормално не треба само на него да се потпреме, тука се и пиењето многу вода, како и внесување помалку калорична храна и секако и физичка активност е добредојдена
Другарка ми има вакво и тоа го земала од битпазар бааги поевтино. Мајка и го користи и вика дека делувало. И јас кога бев кај неа го пробав со тој додатокот за целулит, ама многу некако ме гребеше - да речам - мислам дека е потребно и некое масло за да лизга. Нели имаше едни масла против целулит?
Има 1 000 000 масла за целулит еве тука telo/celulit-t58/1170.html прочитај си што се користат форумџиките.
Другарка ми го купи и во почетокот беше задоволна викаше дека масажата била добра се масираше на грб,стомак(често кога ја болеше или кога имаше менустрација) но по некое време и се појави црвенило и почна на тие места да ја чеша и престана да го користи.А со делот за целулит се правеше 2-3 неделчи и виде дека нема напредок и престана.Во целост не беше задоволна.
Па нормално е да предизвикува чешање и црвенило кога нешто дејствува врз тебе. Тоа е поради ефектот за намалување на целулитот и масните наслаги.
пааа.. најдобро е да отидес во некоја топ соп продавница да го пробас да се распрасас дали има гаранција за вракање на пари дали ако не си задоволен и сл. попрај си муабет со продавацот или продавацката
И мене ме чешаше кога го користев ,ама тоа е нормално ,бидејќи со механичко дразнење на кожата се ослободува хормонот хистамин,кој е задолжен за побрза циркулација и елиминација на отпадните материи. Понекогаш го користам за масажа , од вечерва почнав пак со антицелулитна терапија ,секако со промена на машинчето во комбинација со мануелна масажа ,па за скоро очекувам да го снема целулитот .