Серумот со кофеин го имате пробано? Имам темни кругови под очи изгледам болно ненаспана, ставав една крема од балеа ама не помага.
И мене ме интересира за Серумот со кофеин, ако некој го користел. Инаку, со ретинол, а и кофеин имаат Revuele. Ha torba.mk ги гледав... Се мислам дали да земам од тие, или Revox (зборувам за тој последен на сликата доле..серум со кофеин и пишува дека е за dark circles.. ми иде се да купам ) За другиве серуми сум скептик откако ве изначитав... Имам масна т-зона, пори големи на нос, образи и брада, и колку и да ги чистам секогаш се dirty. Образите суви, со повремени акни во долниот дел.. И темни кругови под очи како панда Би пробала салицилна, па после би го вовела ниацинот.. Па ќе видиме
Вака, читав до сега, цела тема Revox, цела тема серуми, и дел од оваа. И пак не ми е јасно Имено, имам 30+, до сега сум користела "обични" креми, за масна кожа, тоник, мицеларна....Но, серуми никогаш. Посебно сакам да внесам некој со активни состојки. Кожава ми е масна т-зона, црнки/пори на носот образи и брада, и акни и флеки од акни во предел на долната вилица (долниот дел на лицето)..И темни кругови околу очите (не ми е од неспиење /непиење вода, таква ми е кожата таму цел живот) На ум ми паѓаат Ниацинамид, Ц-вит серум, Салицилна, Хијалурон, и Squalene, серум со Кофеин. Кој кога како ако може некој да ме упати ... Сите да не ми се многу.. По мое, сабајле на влажна кожа Хијалурон, па Ц-вит, па фактор. Навечер салицилна, па Ниацинамид, па крем. И дали е подобро сабајле Ниацинамид, а навечер Ц-вит со салицилна (нели да не се изложува на сонце). А Squalene и Кофеин кога? Се опседнав
Дефинитивно толку работи од еднаш не. На крај само ќе ги запушиш порите (штом имаш комбинирана кожа) и плус ќе ја иритираш. Мој совет ти е вит ц и хијалуронска и фактор на сабајле (по овој редослед), а навечер ниацинамид и крема. Можеш и навечер хијалуронска после ниацинамидот, но и не мораш. Сквалинот само хидрира и е добар за сува кожа. Бидејќи немаш активни акни немаш некоја потреба од салицилна. Од кофеинот немаш некоја потреба кога веќе имаш ниацинамид кој е "појак". Евентуално можеш да земеш и аха серум и да го користиш еднаш неделно кога нема да користиш ниацинамид.
Салицилна ако ставаш, стриктно навечер и ништо друго со неа, освен хидратантен крем. И исто така еднаш до двапати во неделата. Мислам дека имаме иста кожа (но секако индивидуално е тоа), јас витамин Ц ставам наутро, после крем и задолжително spf, а ниацинамид навечер. Кремот после серумот може и да не е задолжителен, ќе си осетиш сама, но заштитен фактор обавезно. Е сега, хијалуронот може и пред витамин Ц, а може и пред ниацинамид. Јас сега планирам тоа да додадам ново. А за AHA, уште се мислам дали да почнам, ама ако почнам тоа ќе биде еднаш во неделата наместо салицилната. Нема генерално правило и рецепт, многу експериментирање и обиди, што лично ти одговара, што не и истражување која состојка за што е, па да си процениш која проблематика сакаш да ја третираш.
Ви благодарам многу, ќе пробам со вит.Ц наутро плус крем и фактор, навечер double cleansing и ниацинамид плус крем. Па понатака ќе вметнам салицилна навечер на неколку дена и хијалурон во комбинација ќе го убацам..некаде Да не се лакомам. До сега ништо не сум ставала, сега се одеднаш сакам It's me again Со едно поприлично смотано прашање. До сега сум користела "обични" хидратантни креми за лице и течна пудра, кои во себе содржат СПФ 15 одприлика. Е сега, со серумов со Ц витамин не сфаќам. Дали може наутро да ставам Ц серум +таква крема (2во1,хидратантна плус со некое факторче во себе), или морам и поголем фактор одделно да мачкам врз неа (30-50)? Или пак подобро да почнам Ц навечер со обична ноќна крема, а Ниацинамидов за наутро да го оставам..? Мислам премногу ќе ми биде тешко на моево масно лице од специјалните фактор креми да ставам, врз хидратантната.
Мора да користиш крема со минимум СПФ 30 (без разлика дали користиш серуми или витамин Ц или ништо), премалку е СПФ 15, особено кога го „добиваш" од пудра. За да постигнеш одреден СПФ фактор, важно е и количински да ставиш повеќе; во спротивно не го добиваш означениот фактор на производот, туку помалку. Кога би ставала пудра со таа количина што е потребна, тоа би било премногу пудра за лицето, така што не можеш да се потпираш на СПФ на шминката. Еве ти едно видео каде што е објаснето ова. Понатаму, има многу луѓе со помрсна кожа и и за нив се прават посебни СПФ креми за лице, не се сите така мрсни (или барем, не ти го мрсат лицето) како стандардните СПФ креми што ги користиме на одмор, на плажа. Разгледај ја оваа тема, тука се дискутира за СПФ креми за лице за разни типови на кожа. Патем, можеш да користиш и крема што е 2 во 1, односно и хидратантна и СПФ крема, но кај нас претежно има само со мал фактор (15 или 20), тешко се наоѓа хидратантна крема со СПФ од минимум 30.
@DaisyDream да се надоврзам, единствена крема со заштитен фактор од која не блештам е Heliocare gel oil free. Утре ново пакување ќе си купам. А над неа ставам BB крема од која премногу ми се мрсеше лицето, а сега го немам тој проблем. Барем мене ова ми делува.
Би ја пробала Heliocare. Може и во ПП да ми пишеш каде ја има, да не спамирам тука. Читав и во СПФ темата... Цела наука да ти биле креми, серуми и спф креми Благодарам на помош
Јас го имам тој со кофеин, магичен е, чим поделува на панда како мене(и генетски, и ненаспана хронично, и ми се дујат подочниците во пмс), има спас за сите После 2,3 употреби ќе приметите промена во бојата, а после прва употреба во отоците ако ги имате. Се надевам нема да ги расипат, сега штом станаа познати. Јас ставам и крема плус, па профункционира комбинацијата. Јавете искуства
Јас почнав од пред еден месец да користам : навечер: најпрво го исчистам лицето со мицеларна вода, па го мијам со вода и на влажна кожа ставам НИАЦИНАМИД, па по 15мин-30мин ставам ХИЛАРИЈОНСКА киселина, и по 15мин. само на место дека имам брунки САЛИЦИЛНА киселина. (сите се од REVOX купени од DM), па на крај ставам крема од овча плацента купена од TIANDE (нема да ја сменам никогаш, толку е многу убава) насабајле: Витамин Ц и обавезно 50фактор Значи неможам да ви опишам колку ми е различно лицето од предходно во ПОЗИТИВНА СМИСЛА Предходно имав мрсна кожа во Т зоната, а образите суви... Подкожни бркунки и мисетери кои понекогаш се полнеа,понекогаш се смируваа... проширени пори со кој мака мачам од 13години, а сега сум веке 25години и верувајте нема што не сум пробала... Дури и на 17годишна возраст имам пиено апчиња роакутан бидејки тогаш имав ептен мрсна кожа.. ПОРИТЕ КОНЕЧНОООО СЕ НАМАЛУВААТ Оваа комбинација е спасот за мене, и сум задоволна дури и со секој следен ден лицето е се поубаво.
@Animallover<3, јас искрено само би ги сменила местата на нијацинамидот и хијалуронската киселина, односно би ја ставала хијалуронската киселина на влажна кожа, а потоа нијацинамидот. Причината за ова е поради механизмот на работа на хијалуронската киселина: работи преку влечење на вода од надворешната средина, па ако ја нема, ја влече од внатрешноста на кожата, со што може да има спротивен ефект од тоа што се бара, односно ќе ти го суши лицето. Нема поента ако ја ставиш на суво лице, го правиш спротивното од тоа што сакаш. Ако имаш помрсно лице или барем несуво лице, можеби нема да чувствуваш сувост, но тогаш беспотребно ја ставаш хијалуронската киселина, нема да ја добиеш придобивката од неа - хидратација. Мислам дека и сама ќе ја воочиш разликата кога ќе ја ставиш на влажно лице: кожата ќе ти стане "по-plump" и "по-bouncy" . Исто така, не би чекала толку време помеѓу нанесување на серумите; сепак, тие се лесни состојки кои брзо можат да испарат од кожата ако не ги „затвориш" во неа со нешто потешко, како крема, па добиваш помал ефект и беспотребна потрошувачка на производ (ќе испари дел, наместо сѐ да остане во твојата кожа). Неколку секунди или минута-две се и повеќе од доволни, кога ќе видиш дека се впил производот, веднаш можеш да нанесеш друг . Ќе заштедиш и на време на чекање и ќе ја завршиш рутината наеднаш .
Може да се користи ниацинамид и салицилна во една рутина конкретно во вечерна? И што е разликата меѓу нив? Јас користам веќе две недели салицилна со хијалуронска и веќе имам одлични резултати, не знам дали воопшто да додавам и ниацинамид.
Нијацинамидот (витамин Б3) служи за избледување на флеки на лицето, има смирувачки ефект, помага во обновување на природната бариера на кожата (подобра бариера - помалку нафрлувања на лицето), помага во намалување на црвенило на лицето, го подобрува изгледот на порите, хидрира и го контролира производството на себум (масло) на лицето, па може да помогне за мрсни зони на лицето. BHA (Beta Hydroxy Acid, во кои спаѓа salicylic acid) прави хемиски пилинг на лицето и служи за длабинско чистење на порите (чистење на црнки, мозолчиња и други нечистотии на кожата). Може да се користат заедно. Всушност, нијацинамид може да се користи со сè, а во зависност од толеранцијата на индивидуалната кожа, исто и салицилната киселина.
Каков е квалитетот на revox серумите во споредба со оние на The Ordinary? Има некаква значајна разлика? Гледам се разбираш од козметика, па ако не ти е проблем, да ми дадеш препорака за тоник за комбинирана кожа.
Јас користам ниацинамид секое утро, а навечер една вечер салицилна, наредната хиалуронска. Имам супер резултати.