На почетокот мислев дека салицилната киселина од ревокс ми направи чудо ама изгледа не е така... После 3-4 користења ми се причини дека ми исчезнуваат црнките ама не е баш така. Од шишенцето имам потрошено речиси 1/3 и не ставам секоја вечер исто не ставам и кога имам циклус. Од ниацинамидот сум многу задоволна секое утре го ставам, на салицилната ќе и дадам шанса.
И јас ги забележав кислелиниве во ДМ. Сакам да почнам да користам салицилна и нијацинамид ама ништо баш не ми е јасно. Имам 24 години, ќе ми одговараат ли и како да ги вметнам во рутина? Што конкретно третираат? Многу се извинувам ама стварно не можам никако да ги разберам киселиниве, читав едно време и на сајтот на Ординари ама не ми оди...
Прочитај го ова: Дали ти одговараат не зависи од годините, туку од потребите на кожата. Ако сакаш да ги третираш проблемите споменати во цитатот, тогаш ќе ти одговараат. За начин на употреба, можеш да ги користиш двете наутро (во било кој редослед) по што следи СПФ крема, двете навечер, едното наутро, другото навечер... Не ги почнувај истовремено, дај си барем 2 недели после почетокот со употреба на едниот серум пред да го почнеш и другиот серум за да видиш дали некој од серумите ти прави проблем, т.е. не ти одговара тебе.
Ниацинамидот ќе го вметнеш лесно бидејќи е еден вид како "крема" т.е. Б3 витамин, се става на влажна кожа најчесно наутро. Салицилната киселина се препорачува за мрсна или комбинирана кожа и помага за акни, проширени пори и црнки и се става навечер и обавезно се пористи СПФ наутро т.е. после ниацинамидот.
Јас веќе месец дена го користам ниацинамидот, а сакам да вметнам и салицилна киселина или azelaic acid. Е сега не знам како и по кој редослед? Ниацинамидот морам да го ставам навечер затоа што многу ми се мрси преку ден и затоа насабајле ништо не ставам само со вода го мијам лицето. Фала однапред
Буквално како сакаш можеш да ги групираш и кога сакаш да ги ставаш, со задолжителна СПФ крема наутро.
Здраво, може ли некоја да сподели искуства со ниацинамид и салицилна киселина? Дали ви се намалија флеките од акни и дали имате помалку акни?
@pdb123 @Gi.ir.ll192 Ви благодарам многу. Ќе ја земам прво салицилната па после и другата. Само уште нешто, дали после двете да ставам крема одозгора или да ги оставам така самодтојно па само наутро СПФ?
Здраво. Имам дехидрирана кожа со малку црвенила, но не е мрсна. Сепак земав салицилна киселина зашто беше најмал процент. Дали смеам да ја користам, при што после нанесувањето би користела moisturiser?
Кога купуваш киселини, пред сè треба да го гледаш типот на киселина и да знаеш зошто го купуваш, бидејќи не сите киселини имаат иста функција. Дури потоа треба да го гледаш процентот, односно јачината на киселината. Во случајот, смееш да ја користиш салицилната киселина, само прво пробај ја на некој мал дел од кожата за да видиш случајно да не не може да ти ја поднесе кожата (иако тоа поретко се случува; салицилната киселина е често безбедна и за чувствителна кожа). Иако има и други карактеристики, конкретно тебе можеби најмногу би ти значела нејзината антивоспалителна карактеристика која ќе ти помогне во намалување на црвенилото. Сепак, за намалување на црвенила, повеќе се препорачуваат нијацинамид и azelaic acid. За да не пишувам повторно, прочитај го овој пост каде подетално ги објаснив видовите на киселини и нијацинамидот.
Дада, ги прочитав сите постови наназад. Имам многу црнки на носот како и дел од образите. Читав наназад и видов дека тоа помага. Истовремено користам и нијацинамид. Едимствено што се загрижив е тоа што се препорачува за мрсна кожа, а мојата не е таква.
Се препорачува/рекламира за мрсна кожа бидејќи таа е посклона на нафрлување и имање црнки и поверојатно е дека ќе им е потребна на луѓето со таков вид на кожа, меѓутоа тоа не значи дека и другите типови на кожа не може да го имаат тој проблем, само е поретко. Еве нели јас имам тип на кожа како тебе - нормална до сува, па и јас користам салицилна киселина .