1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.797
    @lolitaaaa, за да не доаѓаш во иднина до вакви ситуации, не вметнувај наеднаш повеќе нови производи за нега на кожа. Тоа значи да вметнуваш еден по еден производ и да следиш како кожата ти реагира на него. Вака не може никој со сигурност да ти дефинира што ти го предизвува нафрлањето, иако е добро да знаеш што користиш, зошто и кои се можните реакции на кожата.

    Нијацинамидот (витамин Б3) генерално се смета за состојка која одговара на повеќето луѓе, НО имајќи во предвид дека никаде не се продава чист нијацинамид, туку е формулиран заедно со повеќе состојки, не секоја формулација, т.е. не секој серум може да ти одговара, бидејќи можно е некоја друга состојка во серумот да ти го иритира лицето. Иако нијацинамидот не се смета за активна состојка која може да ти предизвикува purging, т.е. нафрлање преку вадење на нечистотиите во кожата, еве што ѝ рекле од DECIEM (The Ordinary) на една девојка која се нафрлила од нивниот нијацинамид:
    upload_2020-6-2_10-20-26.png
    Девојката почекала една седмица и престанала да се нафрла.
    Ако не престанува, или во случај да чувствуваш печење, црвенило и сл, престануваш да го користиш производот. Можеби нијацинамидот од REVOX не ти одговара, но можеби од друга фирма би ти одговарал.

    За активниот кислород не би коментирала, бидејќи не сум запознаена со него и не го користам, меѓутоа сврти неколку страни назад, една членка убаво објасни што е активен кислород и за што се користи.

    Соната исто не ја користам, меѓутоа кажаа членки наназад дека е вид на ретинол, а ретинолот е активна состојка, што значи може да предизвикува purging. Еве ти кои состојки предизвикуваат purging:
    upload_2020-6-2_10-27-40.png
    Еве ти го целосниот линк од статијата, ти препорачувам да ја прочиташ.

    СПФ кремите се исто така чест извор на нафрлање, бидејќи претежно се „потешки“ и „помрсни“.

    Како што гледаш, сè може да е потенцијален извор на твоето нафрлање и затоа е важно да ги додаваш еден по еден новите производи, за да го воочиш влијанието што ти го има на кожата. За жал, голем дел од создавање на рутина за нега на кожа вклучува експериментирање. Може некоја фирма да го има најдобриот состав, но нешто во него да не ти одговара тебе и тоа е многу лична работа, т.е. зависи од личност до личност. Мене може супер да ми е овој производ, но тебе лошо да ти делува, што значи многу е релативно. Исто така може ист вид на производ (пр. нијацинамид) да ми одговара од една фирма, но од друга не.

    Јас би ти препорачала, кога веќе ги имаш купено производите, да не ги фрлаш веднаш (можеби само активниот кислород, ако е така како што напишала членката од претходните страници), туку да ги пробуваш еден по еден, притоа следејќи го нивното дејство на твојата кожа одреден период пред да заклучиш дали ти одговара или не. Бавен процес е да, ама ќе имаш подобар увид што навистина ти одговара, а што не, со што ќе знаеш и каков вид на производи да купуваш или не купуваш во иднина :).
     
    На dayla, ludamaja10, xxx-ba и 10 други им се допаѓа ова.
  2. lolitaaaa

    lolitaaaa Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2020
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Фала многу, знаев дека направив грешка што почнав се наеднаш, но од грешките и од вас се учи ❤
     
    На ludamaja10, DaftyCrafty, kostovaivana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    910
    Здраво девојки, сакам да си воспоставам нова skin care рутина, па ми треба совет. Имам сува кон комбинирана кожа. Само т зоната ми светнува а остатокот ми е сува. Исто така, имам црвенило особено изразено на јаболчниците и носот. Пред неколку месеци ми се појавија акни на хорноналната зона, односно линијата на вилицата, лицето. Пред неполн месец бев кај др. Бачев, ми даде крема и лосион, ми кажа да не користам дополнителни работи, лицето да го мијам само со ладна вода или за чистење може мицерална. Искрено мене лично ми помогна, акните ми се намалија многу, и црвенилото ми се стабилизира малку. Сакам да почнам со некој серум, исто така ако може да ми препорачате гелови/пена за миење лице, пилинзи итн. До сега имам користено пена за миење лице од балеа за чувствителна кожа, од пилинзи од авон и маските исто така од planet spa,за црнки маската од dr.viton.Вп последно гледам да правам некои природни маски и пилинзи, не сакам да експериментирам, бидејќи не знам од каде да почнам...
     
  4. PoisonIvyFatale

    PoisonIvyFatale Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2016
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, ми се појави црвенило околу носот кое ме пече и чеша. Бидејќи во оваа ситуација со корона вирусот не сакам да одам на лекар на своја рака земав кетоконазол шампон за себороичен дерматит( не знам дали го имам истото, ова е по истражување на интернет) но не гледам подобрување.
    Ве молам ако некој има искуство или знае како да се смири црвенило да пише многу ќе сум благодарна ❣
     
  5. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.797
    @Dark-Lady, најпрво, со среќа читањето на мојот пост :D.

    Како што гледам, имаш комбинирана кожа со веројатно rosacea (црвенилото што го имаш природно на лицето), што само по себе ти ја прави кожата многу почувствителна и лесно подложна на нафрлувања (според искуството што го имам со братучетка ми). Според мене, треба да посветиш многу внимание на тоа што користиш и мораш да читаш/гледаш видеа околу тоа каков вид на производи се погодни за тебе, кои состојки апсолутно да ги избегнуваш, а кои можат да ти помогнат за црвенилото.

    Мислам дека треба да се фокусираш на производи наменети за чувствителна кожа. Еве ти неколку линкови што мислам дека би можеле да те интересираат:

    Што се однесува до конкретни производи за миење на лице, најдобро би било да ја пробуричкаш темава. Обрни внимание на производи кои се без алкохол (denatured; ја суши кожата) и без мириси, некаде членовите напоменуваат дека се без тоа, а некаде можеш да им го пребараш составот и да видиш дали содржат тоа. Важна напомена: ако по било кое средство за миење лице ја чувствуваш кожата затегната, тоа значи дека ти го суши лицето и не е добро.

    Што се однесува до мое лично искуство со мицеларни води, би ти рекла или Garnier розевата или L'Oréal со розево капаче.

    Немам толку искуство со средства за миење лице, бидејќи веќе имам една пена која сè уште ја трошам, но не планирам да ја купам пак. Јас имам нормална до сува кожа и сум во потрага по гел/лосион/млеко за миење лице, бидејќи мислам дека пената би ме сушела (поточно самата конзистенција на пената како да ме суши). Го имам користено и млекото на Clinique за extra dry and dry skin и ми се допадна многу, но би сакала да видам и поевтини опции. Наредно планирам да го пробам гелот на Hada Labo Tokyo (го има во dm). Сепак, во темата што ти ја споделив гледам и други потенцијално добри средства, како гелот и млекото на Balea за ultra sensitive skin и Urtekram no perfume cleansing lotion.

    Патем, цела линија на Hada Labo Tokyo е без мириси и алкохол, додека цел бренд Clinique е без мириси, но можно е во некои од производите да имаат алкохол. Производите на Clinique сум ги начекала само во ТЦ Зебра во Скопје, но има и официјална страна за Македонија од каде што можеш да порачаш.

    Ако сакаш да користиш тоник/лосион погледни ја темава. Сепак, имај на ум дека кај нас многу, многу ретки се тониците без алкохол и мириси. Јас сум имала искуство само со Hada Labo Tokyo Hydrating Lotion; да не се повторувам, имам напишано искуство на крајот од темата. Најдобар ефект има ако го нанесуваш на влажна кожа.

    Што се однесува до серуми, најбезбедната варијанта ти е серум со хијалуронска киселина. Не се плаши од зборот „киселина“, бидејќи е состојка која природно ја имаме во нашата кожа, која со текот на времето се намалува. За да имаш позитивен ефект од хијалуронската киселина - хидратација, најдобро е да го нанесуваш на влажна кожа (затоа и Hada Labo Tokyo лосионот подобар ефект има на влажна кожа, бидејќи содржи хијалуронска киселина). Можеш да го нанесуваш наутро и/или навечер, во зависност од тоа колку хидратација чувствуваш дека ти е потребна.

    Што се однесува до конкретен производ, не мора да значи дека поскап серум е подобар. Хијалуронската киселина и не е толку ретка состојка, веќе ја има и во голем дел креми, така што прво можеби можеш да почнеш со некој поевтин серум, па ако не си нешто особено задоволна да пробаш некој друг. Види повеќе во темава. Кај нас во dm има од Balea, Dr. Viton, Revox, Hada Labo Tokyo... По аптеки сигурно има и од други брендови. За порачување можеш да разгледаш и од The Ordinary (TO) или The Inkey List (TIL), како брендови со попристапни цени.

    Што се однесува до ексфолијација, т.е. пилинзи, ако користиш физички пилинзи (со зрна, што ги триеш на лицето) - престани, се сметаат груби за кожата на лицето. Хемиските пилинзи (не се плаши, не е ништо страшно) на нежен начин ќе ти вршат ексфолијација на кожата. Имаш AHA (Alpha Hydroxy Acid, во кои спаѓаат glycolic, lactic и mandelic acid) и BHA (Beta Hydroxy Acid, во кои спаѓа salicylic acid). AHA ти е за површинска ексфолијација (избелување на флеки од сонце или акни и хидрирање на кожата), BHA ти е за длабинско чистење на порите (чистење на црнки и други нечистотии на кожата). Постојат и PHA (Polyhydroxy Acid), кои се сметаат за понежна, т.е. помалку иритирачка верзија на AHA.

    Со оглед на тоа што ти имаш почувствителна кожа, можеби е подобро прво да испробаш BHA производ, како состојка што помалку предизвикува иритации. Не може никој да знае како би ти реагирала кожата, едноставно мора да пробаш. Имај на ум дека BHA на почеток предизвикува purging, односно ги исфрла нечистотиите на кожата, па можно е да се нафрлаш, но тоа е нормално. Со континуирана употреба ова ќе престане и ќе исчезне. Кај нас има од REVOX, но имаш и од TO и TIL. Што се однесува до AHA, најсилна е glycolic acid, а најслаба mandelic acid, па веројатно најдобро е да пробаш mandelic acid од TO (кај нас нема). Како уште понежна опција ја имаш PHA од TIL.

    Што и да користиш, на почеток почни со користење еднаш неделно, па полека зголемувај ја зачестеноста. Ако користиш и AHA/PHA и BHA, на почеток користи ги во различен ден. Со оглед на тоа што кожата ти е почувствителна, користи ги навечер со цел да избегнеш можни реакции од сонцето преку денот (иако, ако користиш добар СПФ не би требало да имаш проблем со ова). Ова е можно бидејќи киселините преку ексфолијацијата на мртвите клетки ја „вадат“ на површина новата, здрава кожа, која е почувствителна на сонцето.

    Од други серуми, можеш да пробаш серум од нијацинамид (niacinamide) и azelaic acid. Двете служат за избледување на флеки на лицето, имаат смирувачки ефект, помагаат во обновување на природната бариера на кожата (подобра бариера - помалку нафрлувања на лицето) и би требало да ти помогнат во намалување на црвенилото. Нијацинамидот дополнително хидрира и го контролира производството на себум (масло) на лицето, па може да ти помогне за мрсните зони на лицето. Azelaic acid дополнително има нежно ексфолијациско дејство кое помага за unclogging pores, како и антиоксидативно дејство, односно помага против стареењето на кожата. Нијацинамид има кај нас од REVOX, а и двете можеш да ги порачаш од TO. Нијацинамид можеш да го користиш наутро и/или навечер, а azelaic acid, поради ексфолициското дејство можеби е подобро да го користиш навечер (иако технички можеш и наутро, со задолжителна СПФ крема врз него).

    Што се однесува до креми, можеш да ја погледнеш оваа тема. Моментално ја користам Neutrogena hydro boost for dry skin (fragrance free), а сум ја пробала и Clinique moisture surge (за сите видови на кожа); двете се во форма на гел и ми се допаѓаат. Од темата би сакала да ја пробам и кремата на Balea for ultra sensitive skin и на Revuele (daily moisturiser), кои ги има во dm. Се разбира, по аптеки можеш да најдеш креми и од Bioderma, Vichy, La roche-posay, Eucerin, Neutrogena, Avène итн, само нагласи им без кои состојки бараш (и провери сама!). Мислам дека нема потреба од дневна/ноќна крема, повеќе се работи за маркетинг отколку вистинска потреба. Беспотребно ќе си ја комплицираш рутината за нега на кожа и ќе имаш поголем ризик да купиш нешто што нема да ѝ одговара на твојата кожа. Ќе заштедиш и на пари.

    И најважното, особено за твојата кожа, СПФ крема, секој ден, преку цела година, со минимум СПФ 30. Најважно, а сепак многу тешко за да погодиш. Еве ја темата за тоа. Како што веројатно прочита и на линковите што ти ги прикачив во спојлер, за тебе се препорачуваат физички/минерални СПФ креми (на база на титаниум диоксид и цинк оксид). За жал, тие често знаат и да бидат помрсни, а и поретко се наоѓаат кај нас, најчесто се или хемиски или комбинирани СПФ креми. Пак доаѓаме на истото, не може никој да знае како би ти делувала некоја крема (па дури и хемиска/комбинирана СПФ крема), мора да ја пробаш. Јас лично сум ги пробала Sun dance sensitiv spf 50 (кремата, не флуидот) - бела со зелено капаче, Carroten sensicare spf 50 (со сино капаче) и Frezyderm sun screen velvet spf 50 (има и tinted). Најдобра текстура и чувство мене лично ми има Frezyderm, па Carroten, па Sun dance. Сите се хемиски/комбинирани СПФ креми.

    Прочитај го погорниот пост што го напишав за другата членка за да не се повторувам. Знам дека се многу информации наеднаш, се обидов да опфатам сè. Ти оди чекор по чекор, прво основното - најди добро средство за миење лице, обична крема и СПФ крема, а потоа додавај серуми (евентуално можеш серум со хијалуронска киселина, бидејќи е ептен основно и безбедно) :).
     
    Последна измена: 3 јуни 2020
    На Ivan4e04, simoncelicius, Bellaa1234 и 19 други им се допаѓа ова.
  6. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    @pdb123 ќејф ми е да ти ги читам мислењава. Толку детално објаснето се и опфатено. Браво. Алал да ти е. Скинкер “блогеркиве” може да се огледаат на тебе. :l:
     
    На LittleChili, eva993, lolitaaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  7. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.797
    Фала ти многу :$:l:. Јас пак се плашам да не тупам многу :D.
     
  8. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    910
    Да кажам благодарам мал збор е,навистина. Одлично објаснето, детално, разбирливо. Верувам дека и на некоја друга членка или било кој што ќе прочита ќе има корст од ова. Праќам куп гушки, драга
    Инаку, најголема дилема ми беше од каде да почнам, дали е безбедно да користам многу средства со оглед на тоа дека иман чувствителна кожа.
     
    На poppie, DaftyCrafty и pdb123 им се допаѓа ова.
  9. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    910
    Да кажам благодарам мал збор е,навистина. Одлично објаснето, детално, разбирливо. Верувам дека и на некоја друга членка или било кој што ќе прочита ќе има корст од ова. Праќам куп гушки, драга
    Инаку, најголема дилема ми беше од каде да почнам, дали е безбедно да користам многу средства со оглед на тоа дека иман чувствителна кожа, а инаку имам неполни 22 години. Сепак, треба да се проба бидејќи сите сме различни. Читав доста работи па сѐ ми беше нејасно, некои препорачуваат користење да кажам дополнителни работи, некои не. Инаку, го користам конкретно Asquam лосионот и rosacease кремата моментално. Пишува дека нема потребс за спф крема покрај ова. Јас прерходно ја користев биодерма сеснибио ар и истата со спф ама многу ми ја затегаше кожата. Инаку јас се мислев за витамин ц, но прво ќе пробам со хијалоурон, па постепено со додавање. Благодарам уште еднаш ❤️
     
    На DaftyCrafty му/ѝ се допаѓа ова.
  10. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Не тупиш ич. Кого го интересира ќе чита, кого не, ќе скролне и готово. Се ти е на место.
     
    На kostovaivana, poppie, pdb123 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    215
    Пол:
    Женски
    Млада си уште, во 20те се препорачува само добра нега, во смисла чистење шминка и остатоци, хидрирање. Не се оптоварувај со серумите и киселините, твојот организам сѐ уште задоволително ги произведува. Грижи се онолку колку што твојата кожа бара.
    Јас на 32 воспоставувам рутина затоа што немарно се грижев за кожата и со влажни марамчиња верував дека сум исчистила ноќи на пијанство и мрза. Постепено внесувај продукти за кои самата ќе процениш дека се решение на тоа што го бараш. Кожата сама ќе ти покаже дали е во ред или не.
    Сепак, сите сме различни и различни работи ни функционираат, нема генерално правило. Читај, едуцирај се и тоа е тоа. Поздрав за твојот интерес за нега на кожата. :l:
     
    На poppie и Dark-Lady им се допаѓа ова.
  12. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Јас пред пет дена. Прв третман. Рано е да кажам за резултати. До вчера лицето ми беше ужас што е нормално, ми се перуташе буквално цело. Денес веќе се појавува сјај на кожата. Ќе правам три третмани. Се прават на 10 до 14 дена.
     
    На DaftyCrafty му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    910
    Ви благодарам за одговорот ❤️ да, дефинитивно пред сѐ клучно е чистењето, а и некогаш less is more. Сепак, многу битно кога ќе се воспостави една добра рутина, бидејќи јас за жал многу рано почнав со шминкање, пудри и сл, од 15годишна возраст, поради недостаток на самодоверба, па сега да кажам сакам да го коригирам сѐ тоа што до сега сум згрешила и резултирало да имам вакви појави. Пред сѐ да, читањето и едуцирањето е многу битно, особено да кажам и мислењето од некој кој има слично искуство/ познавање, верувам дека информациите кои ги споделуваме (ќе) се корисни за многу. Поздрав и гушки
     
    На ludamaja10 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.797
    @Dark-Lady, причината зошто ти нагласив користење СПФ крема е тоа што таа е важна за секој вид на кожа, особено за твојот, бидејќи сонцето кај тебе може да предизвика дополнителни иритации и црвенила (прочитај ги линковите што ти ги пуштив во спојлер во претходниот пост). Тоа дополнително може да се случи и при дневно користење особено на AHA, па затоа и нагласив зошто во таква ситуација е уште толку поважно да се користи СПФ крема. Еве ти цитати каде што накратко во другата тема за СПФ креми им одговорив на две членки зошто е важно да се користи СПФ и колку високо сметам дека е доволно да се оди со СПФ:

    Следново го пишувам општо, не е наменето само за тебе, Dark Lady:

    Што се однесува до киселините, и јас често сум се прашувала кога е вистинското време за да се почне со нив, меѓутоа никаде не можам да најдам (веродостоен) одговор на ова прашање. Сите објаснуваат што се и зошто се користат, но никој не отвора дискусија околу тоа на која возраст би можело да се почне со нивна употреба. Затоа, се обидов да си направам некои мои заклучоци според информациите што ги знам со сигурност.

    Мислам дека причината зошто не се дискутира за возраст е тоа што потребата за некои состојки зависи од секој посебно. Генерално се смета дека на тинејџерската кожа не ѝ треба многу, само добро средство за миење лице и добра хидратантна и СПФ крема. Сепак, многу тинејџери имаат мака со црнки, мозолчиња и мрсно лице, па тие баш би ги имале придобивките од BHA (салицилната киселина). Всушност, голем дел од производите кои сме ги користеле како тинејџери содржат во нив салицилна киселина: геловите на Neutrogena и (синото) средство на Clean and Clear, и затоа сме имале некојси добар ефект. Денес знам дека тие не се баш најдобрите производи (иако Neutrogena има други добри производи), бидејќи содржат алкохол и/или мириси и ми го затегнуваа лицето. Ми ја сфаќате поентата: BHA не е баш ограничено од возраст, туку од состојба и потреба на лицето, барем според мене.

    Од друга страна, ако ги гледаме тинејџерите кои се борат со сериозни (цистични, хормонални, како и да се викаат) акни, ним често им се препишуваат производи кои во себе содржат некоја форма на витамин А, односно на ретинол, а знаеме дека ретинолите се anti-age состојки. Тоа е така, бидејќи ретинолите, покрај својата anti-age способност, имаат способност и да се борат против создавањето на акни и општо, играат клучна улога во производството на нови (здрави) клетки.

    Производството на хијалуронска киселина во нашата кожа, според она што го знам, се забавува од почетокот на 20-тите години. Потребата од неа мислам дека се забележува по самата кожа, кога станува посува, кога почнуваат да се јавуваат првите fine lines и кожата е помалку "plump". Кај секој е различно, меѓутоа јас почнав да искусувам исклучително сува кожа во зима уште на 21-22 години. И нормално, тогаш е потребен humectant, односно состојка која ќе ја привлекува водата од околината и ќе ја задржува во твојата кожа, како што е хијалуронската киселина.

    Најтешки состојки за дефинирање кога да се почне со нивна употреба мене ми се AHA. Природно кожата си поминува низ процес на создавање на клетки кои умираат и остануваат на најгорниот дел од кожата, кои потоа се заменети со нови, здрави клетки и така во круг (не за џабе велат дека годишно од нашето тело паѓаат неколку килограми кожа - заради ова). Сепак, со стареењето, овој процес се забавува, па се „трупаат“ повеќе мртви клетки површината на кожата, што влијае на нејзината текстура. Поради ова користиме AHA, кои ѝ помагаат на кожата да се ослободува од овие клетки преку нивно „одлепување/разделување“, за да можат на површината да се „пробијат“ здравите клетки.

    Сепак, ова се промени на микроскопско ниво и тешко е точно да се заклучи кога се има потреба од AHA. А претпоставувам дека и баш поради тоа што никој не може да предвиди кога твојата кожа ќе почне да „трупа“ мртви клетки, никој не може точно да препорача кога да се започне со AHA. Јас воочив разлика кај себе преку флеките кои остануваат после мозолчиња. Знаев дека порано прилично брзо ми исчезнуваа, а на 23-24 години некако како многу бавно да требаше да исчезнат, па си го поврзав со тоа дека веројатно побавно ми се „менува“ кожата за разлика од порано и почнав да користам AHA.

    Се разбира, кога се вели да се почне со AHA, не се мисли да се оди директно на glycolic acid 20%, тоа е премногу, има тоници/серуми со по 5-10% киселини. Како што напишав и претходно, почнуваш со најслабата киселина, пример mandelic, која ја користиш еднаш неделно, па ја зачестуваш, па кога ќе видиш дека нема толку добар ефект како што имала, одиш на појаката киселина (lactic) еднаш неделно, па зачестуваш, зголемуваш концентрација (%) итн. Па понатаму кога се вклучуваат и ретиноли, потребата од AHA може да се менува. Дури и во различно годишно време може да се менува потребата од било која состојка, не само AHA. Сè ова е долг процес на менување и трае години, така што не се стигнува и баш брзо до најјаката концентрација на glycolic acid; некој може и воопшто да не стигне до неа, во зависност од кожата.

    Не сум користела и барем сега-засега немам потреба од azelaic acid, бидејќи како што кажав, е најдобра состојка за кожа со rosacea, ама со оглед на нејзината смирувачка (soothing) способност и самиот факт што е добра за толку чувствителна кожа, не мислам дека би имала некое возрасно ограничување за употреба.

    Не сум навлегла сè уште во тие „води“, но истото важи и за ретинол. Иако се смета дека треба да се користи на 30+ години, всушност, сум слушнала неколку пати дека се почнува кога ги гледаш првите fine lines или првите мини-брчки. Тоа се разбира може да се случи и порано од 30 години (пример, на 26 години) и е индивидуално. Меѓутоа, доцна е да се чека да се продлабочат/зголемат брчките, бидејќи потоа и да има подобрување со употребата на ретинол, тоа ќе биде далеку поограничено во споредба со неговото користење во порана фаза на создавање на брчки.

    Како што кажав, не мора да значи дека ова е 100% точно, ама во недостаток на информации, ова ми е единственото логично објаснување за употребата на киселините :). А и ете еден мал бонус за ретинолот :D.
     
    Последна измена: 3 јуни 2020
    На dayla, Lovelynne, kostovaivana и 8 други им се допаѓа ова.
  15. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    558
    @pdb123 , го земав Paulas choise 2% BHA, сега имам прашања околу користењето.Го рекламираат како тоник, ама во упатството пишува да се користи после тонирање. Малце сум збунета, околу начинот на користење и колку често треба да се користи?
    И дали има нешто со кое не смее да се меша? Го користам ниацинамидот на TO и витамин ц на Purito, дали е ок да се користи со овие два производи?
     
  16. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.797
    @AmericanWoman, нивната философија е дека по миењето на лице тониците треба да ја избалансираат и освежат кожата, да ја хидрираат и да имаат и останати добри состојки (како на пример антиоксиданси).

    Нивниот BHA 2% производ служи баш како ексфолијатор, иако не е во вид на серум како на TO. Не знам дали си забележала кога купуваше, ама всушност BHA 2% им го има во 3 конзистенции: lotion, gel и liquid, во зависност од тоа која конзистенција е најдобра за твојата кожа (пример: lotion за сува, liquid за мрсна кожа). Затоа и велат да се користи после тоник.

    Околу употреба, велат дека може 1 или 2 пати дневно во зависност од тоа колку сметаш дека тебе ти е потребно. Ти можеш да почнеш со еднаш дневно, било наутро или навечер. Јас би одела наутро нијацинамид, навечер BHA, меѓутоа во ред е и обратно, двете се состојки кои можат да се користат било кога во денот. Во секој случај, не заборавај СПФ крема, особено ако користиш ексфолијатори (наутро).

    Овде убаво имаат опишано како го „гледаат“ секој производ.

    Што се однесува до мешање на производи, конкретно за нијацинамид и витамин Ц, овде објаснуваат повеќе околу тоа. Исто така, често се дискутира за мешање на AHA+BHA, ретинол+витамин Ц, ретинол+АHA или BHA итн. Еве што велат за AHA и BHA одделно и заедно, а еве што велат за мешање на ретинол со нив (и да не користиш сега ретинол, убаво е да ја знаеш оваа информација за понатаму :)).

    Јас колку што сфаќам, можеш технички сè да мешаш, само треба полека да вметнуваш производи, да внимаваш на нивната концентрација и да следиш како твојата реагира на тоа. Пример, некои луѓе кои подолго користеле и ретинол и AHA/BHA одделно, можеби ќе можат да издржат да ги користат во исто време, додека други пак нема да можат да издржат да ги користат ни одделно. Само треба внимавање при експериментирање и следење на твојата кожа :).

    Еве и интересни видевца со слични ставови околу комбинирањето на состојки:

     
    На kostovaivana, angela.kostova, Dark-Lady и 4 други им се допаѓа ова.
  17. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    215
    Пол:
    Женски
    @pdb123 те читам и гледам дека прилично си запознаена со рутиниве, па сакам да прашам во контекст на претходниот пост. Доколку киселините и антиоксидансите се мешаат и ете, не предизвикаат некаква иритација, дали всушност нивното мешано користење не го сузбива дејството на било кој од нив одделно. Мене и тоа ми е уште нејасно. Веќе некое време воведов од сѐ по малку, како почетник можеби и ударно настапив, ама немам никаков проблем. Единствено ме загрижува дека можеби една на друга состојките прават поништување на дејството, иако внимателно ги распоредувам, со наизменично ротирање и дозирање. Ти благодарам за трпеливоста и деталното објаснување. :clap: :l:
     
  18. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    558
    @pdb123 Ти благодарам за екстензивното објаснување.
    Моментално користам тоник од истите причини кои ти ги наведе, но Hyram на неколку пати има споменато дека голем дел од cleansing производите имаат способност сами да ја балансираат кожата и да ја спремат за следниот чекор. И онака сум при крај со овој што го користам, нема да купам нов извесен период па ќе видиме како ќе биде.
    Јас го земав BHA во вид на течност, не знаев дека го има во повеќе форми. Сепак го зедов најмалото пакување за да тестирам, па ќе видиме како понатака. Првично сакам да видам како ќе ми влијае на blackheads/whiteheads во пределот на носот и челото, посебно носот ми е катастрофа со црнки. Иако пишува дека може да се користи и за изедначување тен, а и со тоа си терам маки цел живот, на образите имам така испрекинати делови на црвенила, сепак малце ми е страв да го користам таму.
    Ниацинамидот го земав првично за проблемот со црвенилото и за избелување дамки, ама искрено јас не видов некој бенефит.Има подобрување во текстурата на кожата, ама јас го зедов примарно за проблемот со црвенилото, а таму не видов ефекти. На второ шишенце сум и мислам дека чим го завршам, ќе го паузирам некое време.
    Пред две недели почнав да го користам витаминот ц, ама и од тоа сеа за сеа немам видено некои бенефити, ама мислам дека е рано.

    Ти благодарам за сите совети :)
     
  19. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.797
    @DaftyCrafty, ќе ти цитирам еден пост што го напишав пред некоја седмица на темава. Ти го цитирам бидејќи накратко се зборува за процесот на стареење и улогата на антиоксидансите, поконкретно на витаминот Ц.

    Како што прочита, улогата на антиоксидансите е да се борат против ROS* - слободните радикали, кои инаку ги оштетуваат кожните клетки, додека пак AHA и BHA знаеме дека имаат за цел да вршат површинска ексфолијација на мртвите кожни клетки, а BHA да ги чисти нечистотиите во порите на кожата, па затоа не гледам тука начин на којшто можат да се анулираат едните со другите.

    Моето лаичко сфаќање на работите е следново: „проблемот“ при мешањето на антиоксидансите или ретинол со AHA/BHA се состои во тоа што AHA и BHA преку „исфрлувањето“ на мртвите клетки и нечистотиите отвора пат за другите состојки полесно да се апсорбираат во „здравата кожа“. Тоа би значело дека останатите состојки (антиоксиданси, ретинол итн) ќе се впијат со „максимална моќност/ефективност“ на кожата, што од една страна би можело да доведе до најдобри резултати, но од друга страна би можело и да е „премоќно“ за кожата и да ја иритира.

    Затоа некогаш се препорачува некои такви моќни состојки на почеток (додека се развие толеранција) да се ставаат дури и после хидратантната крема. Oва сум го слушнала конкретно за ретинолот, па и за појаки концентрации на BHA, spot treatments или пак acne treatments (на база на benzoyl peroxide или други јаки состојки), со цел побавно и понежно да се впијат во кожата, односно хидратантната крема и/или другите производи да бидат како еден вид на buffer.

    Се надевам дека ти е појасно и ти има смисла :D:l:.

    @AmericanWoman, лично и јас не користам тоник, иако тие сметаат дека е важен за хидратација и внесување на антиоксиданси. Како што кажав и во еден од погорните постови, сум го користела само Hada Labo Tokyo лосионот кој, поради тоа што е полн со хијалуронска киселина и е буквално како вода, го сметав како еден вид на серум од хијалуронска киселина, кој ќе ми ја хидрира кожата општо, не само заради тоа што претходно сум го миела лицето :D. Во reviews луѓето кажуваат дека дури си ставале и повеќепати дневно, кога им била потребна хидратација.

    Во поглед на BHA, јас првпат ко почнав да го користам страшно се нафрлав, што донекаде и го разбирам, бидејќи претходно немав користено ништо слично за „чистење“ на лице, па веројатно си се собирало времиња :D. Ама по месец или два (и тоа заради моја вина, дека ги чепкав мозолчињата, па се пролонгираше заздравувањето :@), сè се среди и еве ме, веќе 9-10 месеци го користам без проблем. Така што, ако читаш и по reviews (не само за овој производ, туку и општо, за производи со салицилна киселина), ќе видиш дека на почетокот кај многу луѓе се јавува нафрлување. Едноставно мора да си многу трпелива :D.

    Што се однесува до црнките, јас имам многу длабоки црнки, што тешко се вадат дури и со притискање, дури и порите ми се раздлабочија/зголемија на носот, така што изгубив надеж дека воопшто некој производ може да ми помогне за целосно да ги отстранам :D. Евентуално да пробам со повисока концентрација од 2% на BHA, гледам дека имаат spot treatment производ со 9% BHA. Мене до некаде ми помага BHA 2%, бидејќи дефинитивно видливо ми ги смалува порите/црнките на носот, а можеби и уште подобро ми делува кога го користам со AHA (сè уште сум во фаза на носење на заклучок за ова). Не знам, можеби не сум доволно трпелива, а некогаш и конзистентна, па затоа имам како некој вид на јо-јо ефект.

    Се надевам дека кај тебе ќе има одлични резултати, не се откажувај брзо. Во поглед на црвенилото, тие дури и предлагаат BHA за него, така што можеш да пробаш на мала површина каде што го имаш и да видиш што ќе се случи. Истото би ти го рекла и ко на погорната членка - пробај azelaic acid, ем за црвенило, ем за избледување на потемни делови/изедначување на тен.

    Во поглед на нијацинамидот и витамин Ц и избелувањето на дамките, треба многу, ама многу време. Некоја членка имаше искоментирано во темата за TO дека чекала 6 месеци за да види добар ефект од нијацинамидот. Истото сум го слушнала и на интернет за витамин Ц - дека треба многу време за да се види ефект, особено кога се работи за флеки. Еднаш го слушнав/прочитав ова и ми имаше многу смисла: замислете низ колку години изложеност на сонце се создавала таа флека на кожата, па нормално е дека и ќе треба многу, многу време за да се отстрани, за жал... Веројатно истото се однесува и за општо избледување на тенот. Како што кажав, тука помагаат и AHA/PHA/azelaic acid. На крај краева, секогаш можеш да пробаш иста состојка од друг бренд, можеби таа формулација ќе ти даде подобри резултати ;)(fingers).
     
    На AmericanWoman, DaftyCrafty, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Ставаш шампон за првут на носот? Можно е да имаш егзема (атопичен дерматит) што е почесто на места околу носот. Ти препорачувам да престанеш со шампонот и се префрлиш на некоја помасна крема (без парфеми или други иритирачки додатоци. Еуцерин мислам имаше добра for parched skin) и да ги исфрлиш стресорите (знам дека е тешко периодов, но обиди се да минимизираш стрес, алкохол, цигари, пиј многу вода).
     
    На PoisonIvyFatale му/ѝ се допаѓа ова.