‘Special snowflake’ syndrome, сметам дека претставува еден вид на психолошка болест што влијае на значителен дел од светската популација, каде што субјектот бара посебен третман, ќе се однесува со смешно, неосновано чувство за правда, и генерално ги прави животите на сите околу себе многу мизерно. Опасноста од оваа болест е тоа што страдачот ретко, ако некогаш, знае дека го развил овој синдром, и продолжува на тој начин да се однесува под претпоставка дека останатите луѓе се проблемот. Оваа состојба, ако не е лекувана, може радикално да го промени однесувањето на субјектот, да вклучи некое од следниве работи: * целосна посветеност на детско однесување ; * тантруми на бес и темперамент ; * одраз на нарцистички бес ; Овој синдром исто така се однесува и на одредени родители кои имаат лажно верување дека нивното дете никогаш не прави грешка и не може да направи нешто погрешно. Родител кој страда од ова ќе се спротивстави во името на своето дете кон наставник, професор или други лице, во случај кога детето јасно ги прекршило правилата, а родителот некако ја префрлува грешката на училиштето или наставникот. Какво е вашето размислување во врска со оваа психолошка болест?
Mislam deja svekrva mi ja ima obaa psiholoska bolest. Ne se zazam stvarno, bo navedenite primeri taa tocno taka pravi...e resenie? Nejze da i reces deka ima vakvo nesto ili da si napravi edna proverka na lekar ke te zadavi zenata... Ednas i rekov da proba da si pie dijazepam za smiruvanje, ona aj sto se naluti tuku i cela kuka vo vis ja krena, dijazepam bilo za ludi, kako mi kazuvas taka...pij si ti... Nepodnosliva e....i resenie ?
Најзастапена болештина на форумов и пошироко Може и јас ја имам ама не знам Почит кон себе, самодоверба, здрава доза на егоизам треба да се има без да изгубиш допир со реалноста а тоа се гледа отприлика во тоа колку знаеш да дискутираш на теми кои може опфаќаат твои лични проблеми без во прва прилика да го кренеш носот и заминеш демонстративно или со солзи во очите. Бурни реакции на тривијални ситуации од твоја страна бараат од другите да газат нежно ко на јајца кога дискутираат со тебе, а тоа може да се бара само дома од домашните. Светов не е створен за специјални снегулки.
Па тој луксуз ни дома го нема. Не може светот да се врти околу една особа со ваков синдром. Е сите да се вртат и удоволуваат на ваква особа е болест,другово е размазеност или ....синдром.
@Briar Rose *одраз на нарцистички бес. На голем дел од членовите на овој форум им се допаѓа ова. Една од причините зошто гледам да не влегувам во дебата со вакви луѓе. Јас разбирам некогаш да се возбудиш и да излезеш на моменти од колосек, сите ние сме луѓе ама овој тип на луѓе често излегуваат од колосек. Бидејќи тие се секогаш во право, најубави се, најдобри и најинтелигенти.
Секој втор е ваков на денешно време и треба ептен да пазиш што зборуваш да не ти ги ископа некој очите. Со мојава професија често се среќавам со вакви и станав алергична на нивните испади и дури почнува некој инает да ме фаќа намерно да им контрам. Ама што си имав бре еден колега на факултет мислам дека тој им е крал на таквите. Се што ќе кажеше тој беше совршено. Замислете, им праќаше мејлови на професорите пред семинарска или проект со содржина "јас мислам дека треба да имам повеќе поени од другите колеги бидејќи моето е поубаво/обемно и сл. Ако некој професор го поправеше, овој одма после предавање го пцуе, колне и оговара. Каков срам, професор НЕГО да го поправа,тоа не може да биде! Се искара со професорка, лом се направи оти не му дала два поена, тој требало максимум да има. Материјали не даваше за да не можеме да положиме и од страв да не случајно некој извади повеќе поени од него. Во таков случај се правеа детални анализи, што напишал тој, а што несреќникот што се осудил да успее повеќе, па професорке дојдете, на дваесет и кусур години еј! Дури и дотаму одеше замислете, ние седнати на кафе, тој седнува спроти огледалото и си коментира "Ај шо сум си убав денеска" Гревче.
Да бидам искрена, прв пат се соочив со личност која страда од овој синдром беше кога пред неколку години решив да наминам до Tim Hortons, ресторант во Канада отворен во Windsor за да купам од новите timbits крофнички. Како што чекав во ред, имаше една девојка пред мене која претпоставувам дека подигнуваше пакување кое претходно го нарачала. Се се случи толку одеднаш, девојката пред мене налутена и побеснета насилно го зеде пакувањето од продавачката и го фрли на земја, со тоа што крофничките се разлетаа секаде по подот. Јас, а и другите муштерии навистина се зачудивме и се изненадивме како што дотичнава почна да и вика на вработената дека нарачала еден вид на крофни, па се предомислила па не кажала - така не и го дале тоа што таа го порачала. Добро, како можат вработените од Tim Hortons да знаат дека таа се предомислила? Преку телепатија сигурно не! И потоа почна да се правда дека муштеријата е секогаш во право, дека ќе го викнела татко и да се пожали и ред други глупости бла бла бла ...
Се' опфатиле членовите пред мене. Само да кажам дека и одредена модерна литература (и медиуми) пере мозок на вакви луѓе. “Вие? Вие сте посебни, ТОЈ, ТОЈ е... (инсерт шта хочеш)“ По толку самопомошни книги дека некој е ваков, некои и навистина ќе поверуваат во тоа.
Тоа се тие луѓе, за кои имам пишано во другите теми, што брзо се навредуваат. Јас ги сакам, кога некој се лути за се, кој е многу себе заљубен, многу е лесно и уживачко да му се крши филм. Накратко, не е намерно кршење филм, само да му се посочи малку реалноста, што патем за ваков човек е тешко да се совлада. На примерот на Брајар, ми падна жал за крофните. Ете само тоа, а за таа навредената, ич.
Според мене ова не е ,,синдром", туку однесување на разгален, премногу самоуверен, нарцисоиден човек. Мислам дека никој не се раѓа таков, туку така го калемат родителите, или книгите што ги спомнавте. И мене жал за крофничките ми падна
Тука е и онаа буквално сфатена филозофија "stand up for what is right even if you are standing alone"... and even if тоа што за тебе е точно е уствари тешка небулоза зад која стоиш со инает, и затоа и you stand alone. Поимов како таков (па и со syndrome во него) мислам дека сепак е интернет фраза, а не нешто што се третира сериозно како психичка состојба - синдром. Во прашање е разгаленост, недостаток на емоционална зрелост и интелигенција, самобендисаност. Освен вакви екстремни случаи со вистински напади на бес - тука спаѓа и како што кажав онаа убеденост дека по некоја основа се издвојуваш и го истакнуваш тоа, во секое групирање гледаш нешто за хејт, потсмев - а само сè упатено кон тебе од друга страна го сфаќаш како навреда и одговараш дрско и со крајна некултура. Ги има вакви на сите возрасти и со секакви ставови
Ова значи човек да се лути кога не е по негово или кога не добива внимание. Така јас сфаќам. Или да не отстапува по никоја цена од она што си зацртал, поточно од некој негов каприц. Не познавам никој таков. Иако спомнавте такви случаи на форумов, јас не гледам дотолку симптоматични членови тука. Сепак да не претеруваме, ова е веќе психијатриски случај кој бара соодветно третирање и терапија, членовите тука, за среќа, не се дотолку. Имав еднаш прилика да бидам сведок кога дете (отприлика 12 годишно) со татко му бараше некаков модел на мобилен телефон, но мораше да биде син, никаков поинаков. Му рекоа дека таков телефон нема, но тој беше упорен и сигурен дека го видел претходно и дека мора да го има баш синиот телефон, иако го имаше истиот тој модел во две различни бои. Барем остана смирено детето, не збесна. Его на највисоко ниво...
„Always remember that you are absolutely unique. Just like everyone else.“ Мислам дека нема човек кој во помала или поголема мера не „пати“ од овој синдром. И на некој начин, сите с(м)е во право - секој е посебен и уникатен - само што најчесто не на некаков впечатлив или значаен начин. Впрочем, исто како и на форумов - некој мисли дека има уникатен insight во политичките сфери и секогаш знае што точно се случува у државава, некој има посебни знаења од модата, прав fashionista и само неговиот вкус е исправен, некој се чувстува специјален затоа што има објавено научен труд, е магистар или доктор на науки, некој смета дека неговото познавање на религијата го прави подобар од другите, некој верува дека е од оние просветлените, затоа што не верува во општоприфатени ствари и common knowledge... Секој со своето. Bam! Доза Чак Паленик нихилизам за сите специјални снегулки.
ПоздраФ до одредени членови на форумов, знаете кои сте. Би ве тагнала, али ќе се лигавите после по модератори дека сум го навредила вашето ценето лик и дело, па ќе барате да ми го избришат мислењето и да ме банираат. Лол. Поз.
Донекаде, сите сакаме да сме различни од другите. Тоа е во ред, така и треба да биде отприлика. Ова го сфаќам како претерано од тоа, постојана желба за докажување на другите колку си јуник и колку тие треба да го почитуваат тоа. Ако ти не се согласуваш со нив си лоша личност и им мислиш лошо, како се осмелуваш да имаш поинаков став. Ова произлегува од преголем нарцизам, желба за центар пажња. Ваквите личности исто така прават драми кога не е по нивно, што доаѓа од претерана разгаленост. Познавам личности покрај кои треба секогаш да пазам што зборувам, ако "претерам" чиниш очи ќе ти извадат. Нив не можеш да им докажиш дека не им се обраќаш со лоша намера, ама тоа е тоа. Се е до психата.
Ова е убава метода ама попаметна ти е таа да ги игнорираш едноставно тие луѓе. Остави ги, нека си го тераат филмот дека тие се најубавите и најпаметните, троши си ги мозочните ќелии на некои од кои ќе научиш нешто и на некои со кои ќе се разбереш како човек. Мој најдобронамерен совет. Зошто обично тие со кои не можеш да се разбереш се такви и кои ги вадат работите од контекст и со такви нема разбирање бидејќи за нив важи правилото „целта ги оправдува средствата“. Со таквите луѓе (нарцисоидните) е исто како да дебатираш со дрво.
Кога го читав насловот си реков во себе "леле, колку убаво име има овој синдром, можеби е нешто позитивно па јас ќе си се пронајдам". И после кога поврзав луѓе што ги познавам со даденото однесување, сфатив дека нема ништо убаво тука. Примерот погоре од MynameisHelen го имам и јас, како да зборуваме за истата личност. Да не се повторувам. Во средно имав една "другарка" значи поголем нарцис немам сретнато до сега. Дури и на слики по социјални мрежи во опис си пишуваше дека е најубава, кога и да излезевме сакаше да седи на маса во средина на барот и зборуваше толку гласно да ја слушнат сите внатре, ја надвикуваше и музиката. Јас пропаѓав од срам зашто сите гледаа во нас и се смееја, оваа мислеше дека така треба и си ја ранеше душата. Најинтересно за овие луѓе е што околината воопшто не ги ни доживува како special или најдобри, најубави, најпаметни и сл. Тоа само си е ставено во нивниот мозок и така си живеат. Според мене најверојатно е тоа така поради некои комплекси што ги имаат, па мислат дека ќе ги излечат на тој начин - го хранат "егото". Не ја разбирам потребата од тоа цело време да се биде во центарот на вниманието и да се прикажуваат какви што не се вистински. Ама изгледа тие разбираат, па што е важно јас што мислам?
..Како и секогаш според некое универзумско правило не сме ние тие "специјални снегулки" туку се нашите другарки, другари, роднини. Толку сме суетни што никогаш не би се искритикувале пред другите, a камоли на форум. Иако, уверена сум дека секој еден од нас помалку или повеќе се нашол во слична ситуација некогаш во животот. И не се согласувам дека е ова некоја глобално распостранета "болест". Повеќето од овде опишаните ситуации одговараат на типично drama queen (лигави и разгалени) однесување отколку на некоја сериозна психијатриска болест, иако сноуфлекот знае да биде tricky.