@Bender Rodriguez ..или некој ни праи лиги со фантастични кафиња на слики, ги праи најинспиративните муабети за кафиња ever и си мисли дека е реинкарниран бразилско-турско антички бог на кафето. Мислам сешто Шега на страна. Освен она за богот што го додадов чисто поради драматична нота на муабетов, другото си стои. Кафе инспирација си, треба паскалин да те земат за реклама, ќе им дигнеш рејтинг и онака не котираат добро баш. Според тебе сеа излага дека ја не сум најзаљубена, туку само си мислам. Хммм... интересно Ако спешл сноуфлејк не е друга дефиниција за криза на идентитет, ондак не знам што е.... криза на идентитет.
Не е криза на идентитет бе, тие се вообичаено привремени. Ова повеќе му доаѓа како лајфстајл. Индивидуата креира розев дворец, весели баби со карминосани усни, (памперси)..ако иде во екстрем, и така.
@Yowannty, некој за кафиња, некој за љубов - секој со својата „посебност“. Битно е да сме уникатни. И најдобри. Тоа му доаѓа нешто слично на она кога некој кажува за тоа какви се луѓето денес, вакви и онакви, а ни на крај памет не му паѓа дека можеби, само можеби, и он е дел од истите тие. Скраја да е.
Мене најсмешно од целава ситуација ми е што во темава едни на други си дијагностицираат спешл сноуфлејк синдром со онака пасив-агресив коментар. I love it. Впрочем, special snowflake не е баш соодветен термин, бидејќи нели буквално сите снегулки се уникатни. I guess соодветен е терминов after all. Стојте да ја најдам загатката.
Јас сум била сведок на истово во USA. И дури менаџерката на објектот бесплатно го награди муштеријава со тоа што сакал. За мир во куќа ко што е зборот. Има вакви особи секаде низ светот и се повеќе ќе ги има. Воспитувањето домашно е такво.Сакаш мамино ова или она....бре.
А зошто секој поразличен карактер или став од вашиот вие веднаш како болест го етикетирате? Имало секакви луѓе со секакви ставови и карактери и ќе има, не е можно сите да бидеме исти.
@Nigredo Odor тамам работа криза на идентитет. Се зезав, а башка и на своја сметка. @Bender Rodriguez пу пу (си плука во пазуви) далеку било. Во принцип спешл сноуфлејк повеќе ме асоцира на размазено детиште што не знае да прифати “не” за одговор и да не е се по негово/нејзино. А вака.. лично, не ми паѓа ама баш никој на памет што го знам лично и го има овој синдром. Иначе, не ми смета ако некој си мисли за себе дека е посебен. Се додека не се претераат сите граници. Се дур посебната пахуљица не нарушува ничие друго енергетско поле, ја неам ништо против.
Ми се чини дека поголемиот дел од мојата генерација страда од синдромов. Се сметаат за заслужни на успеси без никоја причина, не толерираат мислење различно од нивното, во заблуда се дека го спасуваат светот со правење на селфиња секојдневно, професионални жртви и манипулатори во вечен дефицит на внимание и потврда, лишени од секој вид на критика уште од нивното детство. Вината е во воспитувањето и луѓето околу нив кои ја трпат нивната патологија. Неретко (д)еволуираат во social justice warriors.
Не може да се каже дека "на некој начин сите страдаат од овој синдром" бидејќи мешате две различни концепти. Едно е да знаеш дека претставуваш посебен поединец во општеството според пол, раса, вера, образование, социјален и материјален статус, животни постигнувања, националност и слично (што е подразбирливо и нормално) АМА сосема друго е во твојот ум да имаш всадено мислење дека се наоѓаш на повисоко ниво од останатите човечки суштества на планетава па поради тоа манифестираш напади на нарцисоиден бес и тантруми кога забележуваш дека добиваш третман како и останатите луѓе, а не како на нешто супериорно. Во тоа всушност и лежи проблемот кај овој синдром - вознемирување ред и мир, навредување и омаловажување на останатите во твоето опкружување поради твојата болна психа дека се замислуваш дека се наоѓаш на многу повисоко ниво и дека си нешто посебно од останатите луѓе.
@Briar Rose Вака можеби ќе ти поставам малку глупаво прашање, но ако можеш да дадеш повеќе информации во врска со името на синдромот т.е. кој бил „кумот“ на овој синдром и.т.н.? Фала
@+++ Секако, всушност можам да кажам дека special snowflake syndrome е поврзан со generation snowflake, како и фактот дека терминот snowflake се употребува во англискиот јазик како сленг (slang) со кои се опишуваат луѓе кои имаат надуено чувство за нивната уникатност и посебност, имаат неоправдано чувство на правда во своја корист, лесно се навредуваат и не може да се справат со спротивставените мислења. Ако веќе бараш да ти дадам одредени имиња, би ги спомнала Chuck Palahniuk и неговата книга Fight Club од 1996 каде е познат цитатот: "you are not special, you are not a beautiful and unique snowflake" како и Claire Fox, односно неговата книга I Find That Offensive! Секако, терминот за првпат се појавил во USA, и се користи и како политичка навреда (кон Donald Trump опишувајќи го како special snowflake за времето на неговото избирање) и навреда за луѓето кои ја поддржувале аболицијата на робството во 1860-те години, како и опис на црнец кој се однесува како белец.
Либерали. Агресивно, нетолерантно и хистерично пречекување на туѓите ставови. Нивно, или никако. „Снегулка“ би требало да значи дека е осетлива, и дека ќе се стопи како снегот. Овде таквите ги викаат шеќерни. Зборот не го поврзувам со дијагноза. Не значи дека е патолошки, секој има свои моменти. Јас сум свесна за својата уникатност и колку се двојам од останатите , но не си дозволувам испади на бес, внимавам на однесувањето во јавност. Баш сум фина и учтива. @Briar Rose, психолозите се согласни дека кај личности под 25 години, нарцисоидноста не мора да биде сериозна. Лошо е ако над 25-тата, единката не научила да се контролира и се уште е незрела, а такви ги има прилично.
Па, овде не се работи за болест. Ако гуглнете, првиот резултат е од urban dictionary. Нарцисоидност веќе е посериозен проблем. Случката на @Briar Rose со крофните мене ме асоцира на невоспитана, некултурна личност. Ова е навредлив термин за личност која e убедена дека е посебна и така треба да биде третирана. Тука сум со поделени мислења, од една страна, можам да видам кај себе што вреди и ме двои од другите, од друга, немам некоја потреба за посебен третман.
Во врска со одредена библиографија поврзана со овој синдром, постои една книга напишана од страна на Heather Silvio наречена Special Snowflake syndrome: The Unrecognized Personal Disorder Destroying the World. Во неа се поставуваат прашања и решенија за растечкиот сегмент на општеството што изразува неверојатни права за кои се сметаат дека им припаѓаат на луѓето, дејствијата кога нешто нема да биде по нивно, се чинат одлучни да го направат светот во согласност со нив и нивните преференции, без оглед на цената. Dr. Heather Silvio ги развива првите клинички упатства и третман за Special Snowflake Syndrome и обезбедува продорен социјален коментар за влијанието на ова изнемоштено нарушување. Таа исто така тврди дека ова претставува симптом на досега непрепознаено, непризнаено растројство на личноста што го уништува светот.
Имаш линк од книгава во .pdf или било кој формат на ebook? Баш сега кога гуглнав ја најдов и неа, па прочитав неколку кратки информации.
Во америчката терапевтика од област на психијатрија/психологија како резултат на растечките капиталистички пориви на самото општество кое резултира со создавње на синдромско пореметено население и од друга страна истиот тој капитализам ги меле овие специјалности/струки и ги тера за финансиски бенефит секоја година да исфрлаат нова болест/синдром/нова нерационална симптоматологија во однесување-растројство де. Од тие причини се измислуваат вакви нови појави што во глобала се изведени од дефицит на емоционлана интелиценција. Терапија
@sjdgo @crimson бидејќи во вашите постови споменавте нарцисоидност, би рекла дека special snowflake syndrome не претставува само друг термин или манифестација за нарцисоидонст како посебно нарушување, туку дека нарцисоидното растројство од кое стада одредена личност во голема мера влијае да се развие овој синдром - поради фактот што изливите на бес се од нарциосиден карактер, што иницира на фактот дека во тој момент на изразување на незадоволство, чувството на допаѓањето на самиот себе станува нереално зголемен. Причината за тоа е поради самооправдување, според мое мислење. Во истиот момент кога личноста не е во можност да се справи и да го поднесе фактот дека добива третман како што добиваат и сите останати луѓе, таа се обидува да го опрадва новото бурно чувство и реакцијата предизвикана од неа преку нарцисоидно оправдување дека нејзините целокупни атрибути се за восхитување и дека и другите луѓе околу неа треба тоа да го знаат.
Извини ама не сум успеала да најдам Ама мислам дека може да се порача на amazon.com https://www.amazon.com/Special-Snowflake-Syndrome-Unrecognized-Personality-ebook/dp/B06XFF5TX2 Инаку и јас мислев да ја порачам книгава, заедно со уште една нејзина книга напишана за PTSD.
И во сечие однесување да пронаоѓаш синдром не е нормално. Ама во време на суров капитализам глобално има нешто(или некој)нормален?