1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"Special snowflake" синдром

Дискусија во 'Психологија' започната од Briar Rose, 29 јануари 2018.

  1. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    @Briar Rose да, истото го најдов. Ама не би ја нарачувала сигурно, не сум сигурна за компетентноста на авторката, особено затоа што кога гуглнав ми излезе нејзината IMDB страница :D

    Баш пред некој ден видов некој facebook post од едно девојче: „Да, јас не пијам, не пушам, не излегувам навечер и не се дрогирам, уште постојат девојки ко мене“. И тоа ми помина низ глава, браво, посебна снегулке, ти си единствена на планетава.
    Или на твитер/инстаграм во био: саркастична сум, пијам пиво, сакам да читам книги во соба додека врне и носам високи чорапи.
    [​IMG]

    Ама, не ме чуди, сите имаат потреба да се идентификуваат некако.
     
    На CameliaMiller, Nausicaa, grungy и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Asistentkа и тоа ја создава илузијата дека навистина си убеден дека страдаш од одредена болест или синдром - да бидам искрена, синдромите кои навидум не изгледаат толку сериозни или страшни се само изговор за психолозите и докторите да заработуваат повеќе пари.

    [​IMG]
     
    На BoneMachine и Asistentkа им се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @crimson но кога ќе подразмислиме, сфаќаме една работа: Who cares? :^)
    Не знам за другите, ама мене вопшто не ми е гајле за фактот дека таа девојка не пие, не пуши итн. или пак за било кој друг поединец што тврди одредена работа, особини или "квалиети" за себе.

    Кога гледаме од овој аспект, полесно доаѓаме до сознанието дека причината поради која вакви работи се постираат е за пофалби, привлекување внимание и манифестирањето на special snowflake syndrome.

    Навистина патетично ... една од главните причини поради која немам фб профил - не е место за паметни луѓе.

    [​IMG]
     
    На BoneMachine, КикиМаус и Asistentkа им се допаѓа ова.
  4. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Е тоа ми беше поентата, на никој не му е гајле.

    И муабетот со социјалните мрежи спаѓа у таа категорија. Имање или немање фејсбук нема врска со нечија интелигенција или уникатност.
     
    На Gosh, theowndemon, blonde_supergirl и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Asistentkа

    Asistentkа Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2017
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    4.540
    Пол:
    Женски
    Or
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Самиот наслов на книгата си кажува се' - Special Snowflake syndrome: The Unrecognized Personal Disorder Destroying the World - hint: тоа е зборот „unrecognized“. Можеби затоа што не е признаен како таков од ниедна релевантна медицинска организација. :D

    „Специјалната снегулка“ ниту е болест, ниту пак некаков реален синдром - всушност, опишаните „симптоми“ во голема мера се поклопуваат со нарцисоидноста.

    Можеби „Special Snowflake Syndrome“ е уствари нарцисизам за millennials - пошто они се посебни и мораат да имаат свој, посебен збор. :D
     
    На Lella, CameliaMiller, Gosh и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Како што сакав да се изјаснам во еден претходен мој коментар, сметам дека special snowflake syndrome служи како еден вид на илузија која другите ја гледаат кај една личност за која се верува дека е нарцисоидна.

    Несомнен е фактот дека овој синдром и нарцисоизмот се поврзани, бидејќи поединецот има тенденција да манифестира изливи на бес од нарцисоиден карактер.

    Сепак, јас би ги опишала овие луѓе како индивидуалци кои одат до екстензивни, преувеличени мерки за да отстапуваат од нормите и стандардите поставени на место од страна на општеството, до точката каде што тие се претпоставуваат како посебни личности, а не делуваат во согласност со нивната вистинска личност.

    Така, луѓето за кои се претпоставува дека имаат special snowflake syndrome, не претставуваат САМО нарцисоидни личности, туку и глумење на луѓе кои поседуваат "edgy" карактер само за да привлечат нечие внимание.

    И претходно спомнав дека изливите на бес кај овие луѓе се од нарциосиден карактер, што иницира на фактот дека во тој момент на изразување на незадоволство, чувството на допаѓањето на самиот себе станува нереално зголемен.

    Причината за тоа е поради психолошкото самооправдување на нивното вистинско себе.

    Во истиот момент кога личноста не е во можност да се справи и да го поднесе фактот дека добива третман како што добиваат и сите останати луѓе, таа се обидува да го опрадва новото бурно чувство и реакцијата предизвикана од неа преку нарцисоидно оправдување дека нејзините целокупни атрибути се за восхитување и дека и другите луѓе околу неа треба тоа да го знаат.

    До некој степен оправдувам дека екстремната општествена усогласеност доведува до некои луѓе да не поседуваат никаква оригиналност, другата екстремност која што значи целосно отфрлање на општествените норми, која е истовремено и штетна и непрактична за самиот поеднинец кој ја применува во реалниот свет.

    Овие луѓе едноставно не можат да разберат дека одредени општетсвени норми постојат како здрав разум, за наша сопствена безбедност, како и учтивост.

    Како што ги набројав овие одредени општествени норми, се претпоставува дека сите останати луѓе ги применуваат заради своја сопствена корист. Ама кога личност која е посебна снегулка ќе одбие да се придружи на истиве, луѓето ја гледаат таа личност како некој кој не може да се грижи за себе, некому на која му е потребна помош од другите.

    Исто така верувам дека споменав нешто за преземање на одреден карактер и тоа со причина.
    Скоро сите луѓе чувствуваат одбивност кон личност која лажно се преправа да биде нешто што не е, односно тој чин го перцепираат како беден, очаен, патетичен, па дури и навредлив во одредени случаи.

    Поради фактот што посебните снегулки не го прифаќаат своето место во општеството, тие според тоа не се однесуваат ни реалистично и не го изразуваат своето вистинско себе.
     
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ја спомнав нарцисоидноста, затоа што забележав дека често се осврнуваш на неа во твоите постови и претпоставувам дека си инспирирана од однесувањето на некои твои врсници, или деца генерациски блиски на тебе. Сакав да кажам дека ако станува збор за личности се уште на чувствителна возраст, постои шанса нарцисоидните епизоди во иднина да престанат. Иако, лично се сомневам дека се работи за фаза во случаите кога однесувањето преминува граници.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    По се ова што прочитав и она што го гледам околу мене како денешниве родители ги растат децата мислам дека овој синдром ќе добие на се поголеми размери. Ако се земе фактот дека родителите денеска ги прават децата дека се најубави, најдобри, немој неговото некој да го искритиизира итн..
     
    На CameliaMiller, Spidy и Briar Rose им се допаѓа ова.
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Сум имала можност да набљудувам личност, односно познанчика со нарциоидно растројство и сум забележала дека има разлика од личност која ги исполнува симптомите на special snowflake во поглед на тоа што нарцисоидноста ја манифестираат на сосема повисоко и посериозно ниво, иако тие не се само нарцисоидни личности.
    Претходно сум споменала и други карактеристики кои ги имаат.
     
    На BoneMachine и sjdgo им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.562
    Ох слатка иронијо...

    Инаку, стилот на воспитување на модерните родители води кон тоа да има се повеќе снегулки.
    Кај многу мали деца може да се забележи.

    Авторката на темата од наслов на книга донела заклучок дека е званичен назив на синдром.
    Не постои такво нешто, туку е обично нарцисоидно растројство и се останато од тој спектар.
    Урбан израз излезен од 9гаг комјунити и слично.
    Не мора да се длаби толку за непостоечки синдром - нарцисоидност е во прашање или било што од тој спектар, кое може да биде измешано со нешто друго, како сакате кумувајте го.
    А може да биде едноставна разгаленост, може да е криза на идентитет, желба за внимание, потреба да се припаѓа, но не може да создаде реална конекција итн итн.
     
    Последна измена: 2 февруари 2018
    На Lella, theowndemon, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.265
    518655.png
     
    На Lella, theowndemon, +++ и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Секој може на различен начин да го толкува и да го сфаќа ‘Special snowflake’ syndrome. Убедена сум дека во најголема мера е поврзан и се испреплетува со нарцисоидноста, но сепак има други карактеристики во врска со него.

    Како што беше споменато погоре, и родителите се верува дека се виновни нивните деца да го манифестираат овој вид на однесување. Можеби тоа би значело дека родителите ги прават своите деца нарцисоидни уште од најмала возраст.

    Јас ги опишувам овие луѓе како индивидуалци кои одат до екстензивни, преувеличени мерки за да отстапуваат од нормите и стандардите поставени на место од страна на општеството, до точката каде што тие се претпоставуваат како посебни личности, а не делуваат во согласност со нивната вистинска личност.

    Кога поединецот најчесто има излив на бес, тоа иницира дека во одредени моменти нивното чувство на допаѓање на самите себе значително се зголемува, до таа мера каде тоа го покажува на многу нападен начин на останатите во опкружувањето на тој поединец.

    Причината за тоа е поради психолошкото самооправдување на нивното вистинско себе. Посебните снегулки не можат да го прифатат своето место во општеството ...

    [​IMG]
     
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  14. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Гледам дека никој не го спомена ова, но сметам дека е важно да се спомене зошто во општеството наше има исто така нарциси.

    Нарцисите од доста психолози се означени како многу манипулативни луѓе (барем од тоа што го имам досега читано и гледано по документарни). Еден просечен нарцис нема да го интересира дали ти дома треба да прехраниш некој или не, ако види можност да те искористи и уништи само за да просперира тој ќе ја употреби таа можност и нема око да му трепне. И тоа го прави тој нарцис во било која област во животот. Интересното е тоа што сепак нарцисите е докажано дека се исто така емпатични луѓе, кои за жал кога станува збор за нивен интерес не познаваат граници.

    Најчесто стануваат овие луѓе такви какви што се поради родителите, а тоа го споменаа и погоре, ама има и други фактори како на пример: разочарување на полето на љубовта, некое трауматично искуство и.т.н.

    Постојат исто така и срамежливи нарциси и ко-нарциси.

    Ко-нарцисите се тие кои се дружат на пример често со нарциси зошто знаат дека не можат да бидат како нив и истиве овие им се восхитуваат на овие луѓе.

    Нарцисот секогаш има за цел да те понижи т.е. „да те направи подоле од гомно“ затоа што тој сака да доминира и нивниот однос честопати се става на исто рамниште со садизам.

    За мене лично овие луѓе (колку и да се претставуваат како претерано самоуверени) се луѓе со ниска самодоверба.

    Инаку се смета дека нарцисите се доста успешни во областа на маркетингот и продажбата, главно поради тоа што секогаш се стремат кон тоа да ги остварат своите цели. Проблемот е тоа што исто така и не се доволно настроени кон соработка и нон-стоп одбиваат совети и ред други работи.


    Причината е следнава: ако еден нормален човек сфати дека не е во право за нешто тој човек знае и да се извини. Нарцисот тоа го доживува како пораз и си вели во себе: „Јас сум губитник“.


    Така да, ако некогаш наидете на нарцис во вашиот живот, мој совет до вас: тргнете се настрана зошто нема да му биде важно на тој човек ако тебе ти гори под нозете. Ќе гледа само да те искористи и уништи.
     
    Последна измена: 4 февруари 2018
    На Briar Rose, Tan4ence, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.