Дали некој од вас има искуство со овој препарат, она сто го писува на упатството ми одговара за користење ама сепак ме интересираат искуства пред да почнам со користење.
За спирулината е многу битно да не е термички обработена туку да се сите ензими сочувани но тоа за овој бренд не можам да ви кажам треба сами да се информирате. Со спирулина која била со живи ензими имам само добро искуство .
А дали сметате дека таа Спирулина на Сан Себастијан е квалитетна? Многу е изкомеријализирана во Македонија, можеби најмногу бидејќи се рекламира многу на ФБ и е многу поевтина од хавајскава да речеме. Јас ја пиев неколку месеци и не осетив ништо, освен што стомакот помналку ми се дуеше после јадење или кога сум во ПМС ми се намалуваа симптомите, ама тоа повеќе во првите 2 месеци го осетив. После дејството како да го снема. И сега неодамна бев во аптека да купам и фармацевтката таму ми рече никако да не купувам, т.е. и дека ги повлекле од пазарот сите производи од Алфа лаб, наводно некоја жена купила нешто со исполепени други налепници на шишенцето... Не знаеше точно да ми каже зошто ги повлекле од пазарот, ама јас гледам дека уште на ФБ си ја рекламираат и онлајн продавницата колку што гледам им функционира. Има некој од вас што знае повеќе околу темава?
На ФБ стварно многу се рекламира спирулината, а и многу позитивни коментари читам. Јас лично имам едно мало негативно искуство,можеби по моја грешка. Во упатството пишува дека од 5 до 8 таблети се распоредуваат преку цел ден.Јас земав наеднаш 5 таблети и реакцијата беше страшна...После саат-два ми се јави некоја изненадна мачнина и следуваше повраќање и пролив. Од тогаш не земав,а и се плашам да земам
Јас да ви кажам често порачвам онлајн баш од алфа лаб,задоволна сум,никогаш не сум примила пратка со аномалија,се си е коректно и брза достава и има многу попусти и промотивни комплети сега сакам да си земама спирулина има 300таблети за 340 ден
https://spirulinahealty.blogspot.com/2019/02/blog-post.html На мојот блог напишав што мислам за спирулината и мое искуство ...