Staphylococcus aureus

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Proghammer, 31 март 2019.

  1. Proghammer

    Proghammer Нов член

    Се зачлени на:
    31 март 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Здраво,

    2013 година во жештината, одлучив косата да ја шишам на 0 ... При шишање другарот примети и ми вели; имаш мн акни на скалпот од главата. Јас па мислев дека може да е реакција заради машинката, не обрвнав внимание многу, си продолживме. После едно време приметив дека акните се прошириле низ скалпот. Случајот стана проблематично, доведе до чешање и крварење... Прошетав мн дерматолози кои сите исти лекови ги даваат. Пред 1 година бев кај Др. Агрон, кој иксрено да ви кажам ми помогна али проблемот не се одстрани од корен (во меѓувреме чешањата и крварањата престанаа - не барем ко првите години).. Таман се лечи (се суши) по периодно пак се пајувава.
    Диагностиката според Др. Агрон гласеше вака:

    Folliculitis Superfitialis Capillitii

    Користени лекови:

    Spray Diaseptyl 0.2%
    Tabl. Vit C a 1000 mg.
    Ung. Mirobact
    Caps. Minocyclin



    Е сега, покрај овие лекови не сум дојден то тотално спречување на проблемот. Не сум имал кроничен болест до сега.. Што станува збор за крвните резултати, се е во ред. На крај сакав хормонски тест да направам или нешто поврзано со имунитетот. Човек кога незнае, незнае ни да се упати али зорт кога има што не прави. Еден другар ми спомна за брис. Појдов до Ремедика, си направив брис:

    Причинител: Staphylococcus aureus ( Дадени антибиотици )[​IMG]


    [​IMG]
    [​IMG]

    Ќе ве замолам доколку некој има искутво да сподели, ви благодарам однапред.

    Се најбуаво.
     
  2. Proghammer

    Proghammer Нов член

    Се зачлени на:
    31 март 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Некој да помогне, да сподели искуство.
     
  3. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    1.772
    Со бактеријава скоро имав проблем, но како инфективна состојба на дел од лицето што се нарекува Impetigo cutis.
    Изгледот беше различен од твојава состојба, но кога веќе станува збор за истата бактерија можеби ќе бидам од помош.

    За 2-3 недели состојбата ми се среди со крема која што во аптеки ја приготвуваат така да не и знам ниту име ниту состав, но она што исто така доста ми помогна беше 1% раствор на борна киселина кој го ставав како облога за дезинфекција и сушење локално пред да нанесам од кремата.

    Значи, натопена стерилна газа со борна киселина, околу 1 час, па потоа од кремата. На почеток 4 -5 пати на ден, па потоа поретко. Кожата се суши од киселината но не е ништо страшно бидејќи е многу слаб раствор.

    Инаку Миробакт кремата која ти ја препишале е строго специфична за Стафилококус ауреус, би требало да делува, но можеби кожата не ти ја прима. Кај мене беше така. Имав чувство на пецкање и јадеж иако кога ја купив бев оптимист бидејќи дејството е стриктно насочено кон оваа бактерија.

    Со чешање лесно можеш да ја пренесеш и на здравите делови од кожата а и со стрижење/бричење на главата мислам дека додатно го отежнуваш проблемот бидејќи не им даваш на раничките да заздрават, малку е комплициран регионот :D

    Мислам дека орален внес на антибиотици исто така е добра опција како краен избор.
     
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.492
    Пол:
    Женски
    Дали беше кај др.Ирена од 8ми септември!?
    Мислам дека не ќе биде лошо да ја прашаш и др. @bijonse и она е член овде на форумот а и на кајгана.
     
  5. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    7.753
    Допаѓања:
    44.311
    Пол:
    Женски
    Пробај со клиндамицин лосион. Со помин.
     
    На Proghammer му/ѝ се допаѓа ова.
  6. barba12

    barba12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2018
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Taa bakterija najcesto se javuva posle 2 3 dena od zarazuvanje. Isto i kaj mene pred 4 godini me napadna na lice nokta nemav nisto koga stanav toa utro ne mozev da se prepoznaam Od moe iskustvo najtesko se leci ako e na koza bidejki dlaboko prodira i na najmal imunitet napaga. Mi dijagnosticira impetigo Sekako piev antibiotik koristev mast Garamicin i se miev isklucivo so kamilica na gaza natopena. Toj del da ne go izmivas so voda da ne ti se prosiri i na drugi delovi. Najbitno e imunitetot da go pojacas najcesto taa bakterija se pojavuva na slab imunitet
     
  7. Proghammer

    Proghammer Нов член

    Се зачлени на:
    31 март 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Ти благодарам на одговорот. Искрено и јас не би сакал да се стрижам, али кога се активираат немам пристап доволно за да се намачкам. Кога ќе ми пораснат косата (странично особено) не се ни гледаат т.н акните. Фала богу немам крварење и чешање скоро 1 година (мн мн ретко).

    Појдов вчера до Др. Коста ми пиша вака:

    - Шампон кетоконазол ( порано го има користено - нема фајде - или јас пак не приметив)
    - Крема Scinorem
    - Krema Dalacin ili gel LEA

    Неми беше јасно јас кога му испрyжив лист од брис за да погледне што e причинителот и дадени антибиотици... Не ни погледна (демек немало врска со тоа). Ако не се лажам го вртам целиот филм на почеток кога идев за прв пат по дерматолози пред неколку години ( да немаш стрес? здраво се хранишли ???). Сите овие веќе ги поминав. Искрено да ви кажам ЗБУНЕТ сум веќе незнам ни што да правам, кај да идам.

    Ре-медика микробиологија ми препорачаа антибоитици орално и на мачкање. Дали да се обратам кај матичниот или пак на некој друг дерматолог незнам.

    Јас веќе толку години што се искусив, мора антиботици орално и не само да се мачка туку и внатрешно да се провери. Пошто препишани лекови од др. Агрон успеваат али надворено (привремено)...

    .... незнам искрено...

    Презиме ќе те замолам од неа. За да закажам термин.
     
    Последна измена од модератор: 3 април 2019
  8. bijonse

    bijonse Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.263
    Пол:
    Женски
    ... да идеме постапно, кога си се шишал нуларица и си мислел дека е од машинката, највероватно си бил во право, но не реакција од неа туку највероватно си добил инфекција од машинката која можеби користена кај некој друг што имал инфекција и не е извршена дезинфекција на сечилото и со самото сечење на косата длабоко до кожата влезе и причинителот на инфекција што добро рекол твојот другар да направиш брис па ти се најде за најчестата инфективна бактерија Staphylococcus aureus кое со време убаво ти се прошири по цел скалп, па и подоле накај вратот со симптоми на црвенило, чешање и крварење!

    [​IMG]

    ...идеме понатаму, според антибиограмот кај сите наведени антибиотици таму каде што има „ S“ тој антибиотик го направи стерилен твојот брис со бактеријата Staphylococcus aureus т.е. ја „уби“ и предлогот за Caps.Minocyclin е добар избор (иако малку тежок антибиотик), затоа што тоа преставува тетрациклински антибиотик каде имаме на табелата „ S“, тој најчесто се применува при бактериска инфекција како пневмонија, реуматиден артритис, но и при третирање на акни,
    Spray Diaseptyl 0.2% преставува chlorhexidine, антисептик без содржина на алкохол, па затоа прилагоден за оштетена кожа кај сите (бебиња, деца, возрасни) и ти со самото мачкање всушност си ја чистел, дезинфекцирал оштетена и воспалена, бактериски инфицирана кожа и тоа е исто така добар избор,
    .Ung. Mirobact преставува антибактериска маст која содржи mupirocin кој се применува за многу кожни инфекции предизвикани од Staphylococcus aureus што е случај кај тебе,
    Tabl. Vit C a 1000 mg. препорачан да го „дигне“ имунитетот што најчесто е еден од причинител поради вакви бактериски инфекции!
    ...значи сите четири работи ти се добар избор за твојот проблем што и самиот кажуваш дека си почувствувал подобрување!


    [​IMG]


    ...идеме понатаму, велиш проблемот не се решил од корен и пак се појавува иако не чеша и крвари, твојот проблем значи е „Folliculitis“ - фоликулитис што значи воспаление на фоликулите на косата, кое може да биде од бактериска инфекција (тоа прв пат го имаше со црвенило, чешање и крварење), но и од хемиска иритација или некоја повреда и се случува на тие места каде имаме триење како што е скалпот, лицето, вратот, грбот па и препоните и тоа како предизвикувачи се облеката, бричењето и разни козметички масла што се мачкаат, потоа често потење што е втората причина што е одговор за твоето „дека не е излечено од корен“ и кога сето тоа што ти кажав ја иритира кожата т.е. фоликулите на влакната и тогаш бактериите што живеат на кожата од група на Staphylococcus кои влегуваат во тие фоликули и прават инфекција, и така инфицирани фоликули изгледаат како црвени мозолчиња со коса во средина во нив !

    [​IMG] [​IMG]

    правило да не се применува претопол туш на глава и избегнување на бербер и фризер кои применува недезинфецирани средства за коса- бричење и никако козметички мрсни средства за мачкање,

    [​IMG] [​IMG]
    ... идеме понатаму,
    Pityrosporum folliculitis, исто така, наречен Malassezia, е инфекција на коса фоликул од габа Malassezia furfur, порано позната како Pityrosporum ovale чија состојба често се поврзува со себороичен дерматитис(услови вклучуваат топла, влажна средина, прекумерно потење, имуносупресија, кортикостероиди или употреба на антибиотици, адолесценција, машки пол и трансплантација и поврзани болести вклучуваат стероиден фоликулитис, акни и тинеа версиколор) Pityrosporum фолликулитис може да биде погрешно дијагностициран како акни и обратно, акни има комедони, додека пак фолкулитот на питиросспорумот не, стероидните акни / фоликулитис веројатно претставуваат питиросспорен фоликулитис што не е случај кај тебе, тука се дава оралниот итраконазол и флуконазол (во тек на 3 недели) 200 mg / ден x 7 дена-1 месец. Флуконазол 400 mg еднократно, селениум сулфид 2,5% или кетоконазол 2% шампон премачкан на скалпот што ти го препорачаа, што не е случај за примена кај тебе- погрешен избор!
    Skinorem® (azelaic acid) гел, 15% е индициран за локален третман на воспалителни папули и пустули од благ до умерен розацеа што не е случај кај тебе- погрешен избор!

    Dalacin Cream 2% преставува антибиотска маст- Clindamycin што во твојот антибиограм е пожелно да се примени поради Staphylococcus aureus, но внимавај да не ти дадат вагинална крема, gel LEA највероватно ти го понудиле како гел за после бричење од палета на козметички препарати на Леа!
    ......
    заклучок! не троши време, нервози, пари по дерматолози, све си проверил како треба и проблемот ти е прво од хигиенска, козметичка, иритирачка природа која ако се одржува подолго време фоликулите на влакната ги напаѓа бактеријата што ја има на кожата што ја докажа со антибиограмот, значи сите тие антибиотици кои имаат „S“ можеш да ги примениш орално да ги пиеш или локално да ги мачкаш зависи доколку ти се влоши ситуацијата, но гледај да внимаваш да не дојдеш до тоа!

    ... ВАЖНО : смени во животот начин на миење глава, кои козметички средства применуваш, не смееш мрсни работи на глава да ставаш применувај кога си дома обична бебешка пудра Бекутан со камилица, никако премногу топол млаз од тушот директно на глава, внимавај кој шампон ќе користиш не треба да биде иритирачки, подобро обичен благ шампон за коса без многу компоненти за косата, имај свој чешел, пешкир кој не смееш да ја триеш главата само така ќе го допираш, избегавај фризер и бербер, применувај поквалитетен брич и пена, секогаш навечер пред спиење намачкај си помалку од некоја антибиотска маст ( пример Gentamycin маст) што одговара на приложените антибиотици на тој антибиограм што си го направил, доколку дојде до влошување на ситуацијата со црвенило, чешање и крварење на фоликулот значи пак имаш посилна бактериска инефекција и само тогаш ќе примениш антибиотик од горниот антибиограм ОРАЛНО! и ДА, најважното да го држиш имунитетот на ниво, затоа што тој е една од причините што почесто се случувааат овие работи, а тоа ќе го направиш со физичка активност, ВИТ Ц , туширање на телото топло ладно....а ако продолжуваш по дерматолози секој ќе „ќе го гледа “ твојот фоликулитис во различна група (ги има многу) кои се лечат на различен начин што ќе биде оптоварување за тебе, а не подобрување и како рече ТИ кај првиот доктор што си бил си почувствувал подобрување од негова терапија што погоре ти објаснив дека ти беше најсоодветна!
     
    Последна измена: 3 април 2019
    На cresa-jagoda, all4him, Maša8 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Possibility

    Possibility Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2016
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Да го споделам и јас моето искуство.

    Се здобив со бактериска инфекција на лицето, причинител-Стафилококус ауреус-Импетиго. Како и повеќето, навистина незнам од каде ја налепив, небитно.
    Читајќи по интернет добив впечаток дека не е ништо сериозно и со антибиотски третман ( крема или капсули ) лесно се лекува.

    НО, кај мене тоа не беше случај. Мислам дека добар дел од кремите пробав, хлорамфеникол, гарамицин, банеоцин, мупорицин итн. кои даваа некакви смирувачки резултати но без целосно лекување. Така поминаа 2 месеци, примив и амоксиклав капсули, не ми помогнаа воопшто. Крвна слика- сосема нормална. Сменав 6-7 доктори да не ги пребројувам сега повторно, не сум сигурна дали 6 или 7 беа, се чудат зошто не се лекува, прва сум била со ваков случај на тешко лекување.

    Чаре? Ставај тоа што ти одговара ми кажаа, од тебе зависи.
    И фала богу самата си го најдов тоа чаре, сеуште не сум 100% опоравена, но 95% да (да не се урочам). И тоа со видливи резултати уште при прво нанесување на кремата.
    Станува збор за кремата на Скендер Хоџа-крема за егзема. Кој е од Битола, сигурно слушнал за него, синот на покоен Скендер, живее и работи во Скопје, така да може да се дојде до кремата и во Скопје.

    Дефинитивно позитивни зборови за истата, искусено на лична кожа. По илјадници денари фрлени по доктори и креми, 2 месеци затвореност во 4 ѕида и нервози, тие 400 денари кои ги дадов на кремата на Скендер, се исплатија.

    Најискрено ви ја препорачувам на сите кои имате кожни проблеми. Ми кажаа дека била 100% природна, а делува и на бактериски и габични инфекции, како и против чешање.
     
    На Mari* и Antebellum им се допаѓа ова.
  10. AndyRad

    AndyRad Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2019
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Moze ne ista prikazna, no istiot strasen problem..ete moeto kuce go imase ova so bakterijata i na negovoto krzno se pojavuvaa rani, nesto kako ligavi i se otvarase kozata i se gledase mesoto..loso, i go bolese. Ispadna deka e so bakterija i taa go 'jade', sto se ne mu napraviv i samo edna kombinacija mu pomogna od apcinja so recept: pancef i dekortin. Piese nekoi 10, 14 dena i ozdrave. Dolgo vreme se drzese i posle koga pak mu se pojavi jas pak mu kupiv od apteka od istite lekovi. Vtoriot pat piese samo 7 dena. Ne e loso da gi probate ovie lekovi vo kombinacija, nema sto da izgubite.