Според оваа дефиниција за тоа во што веруваат овие т.н. "ѕвездени луѓе" за нивното потекло, се запрашав која е вистинската и веродостојна психолошка позадина за ваквиот апсурден концепт и неговиот развиток. Имено, како што гласи и насловот на темава, убедена сум дека луѓето кои имаат вакво верување на потсвесен начин се обидуваат да создадат одредена илузија за нивното потекло, се со цел да го оправдаат својот стремеж да бидат уникатни и да се издвојат од толпата луѓе. Тие ја селектираат и ја одбираат карактеристиката по која секој човек може да биде препознаен и го има од самиот почеток на неговото постоење, а тоа е фактот што тој е роден на оваа планета и води потекло од истата. Така, нивното верување дека имаат вонземско потекло е навистина драстично и се коси со реалноста на навистина впечатлив начин, начин на кој е речиси провидно дека овој измислен термин претставува само свесно создавање на една психолошка заблуда со намера да создаде уникатност меѓу останатите. - Какво мислење имате вие за овие т.н. "ѕвездени луѓе" и дали сметате дека нивното верување е веродостојно?
Прв пат се среќавам во ова. Мене ова повеќе ми личи на сериозен психолошки проблем или некаква зафрканција отколку на сериозно верување и убедување. Некој да ми каже дека е ѕвезден човек, дефинитивно нема да го сфатам сериозно. Ако некој за себеси каже дека е ѕвезден човек, дали смета дека и неговата фамилија е таква или само тој?
Едно девојче ми рече дека пуштам јаки сигнали и дека светам а она имала био енергија и се разбирала во работите....
Па благодарение на живот од друго место кој бил пренесен тука веќе сме зведени луѓе. We are star stuff. Не верувам во посебна спецификација како група со посебни верувања за ова. Мислам, гледам дека постојат но постојат и луѓе кои веруваат во mock религии без иронија.
@Scott Weiland Секако се согласувам со твоето мислење бидејќи знаеме дека единственото нешто што може да направи поголем атом од водород е ѕвезда (бидејќи е масивно небесно тело од јонизиран гас, главно водород). И целиот периодичен систем, секој елемент за кој некогаш сме слушнале бил процесиран низ телото на една ѕвезда во вселената. И тогаш истата таа ѕвезда експлодирала, започнало нашето постоење во универзумов. Меѓутоа, целта на оваа тема е да се разбере психолошката основа на луѓето кои се убедиле самите себеси дека имаат вознемско потекло (а притоа се родена на планетата Земја). Како што објаснив во мојот воведен пост, сметам дека се работи за една од многуте илузии кои човекот потсвесно ги создава во неговиот ум со цел да се убеди самиот себе дека се разликува од останатите луѓе во светот, што секако е апсурдно во овој случај. Затоа и темава ја отворив во подфорумот Психологија, исто дека и се сложувам со мислењето на @Bitter-Sweet дека ова може да претставува сериозен психолошки проблем. Мислам дека е и повеќе од јасно дека човекот има тенденција да живее во илузии отколку да се соочи со суровата реалност и ова е една од тие илузии, само што кај секој нормален човек ова звучи навистина смешно и невозможно.
@Briar Rose ме заинтригира дали можеби е последица од нешто и дали наликува на однесувањето и склоност кон ризик како со токсопласмоза, или е чисто психолошко. Она што води кон некои слични вакви верувања би предпоставил дека е повеќе психолошко.
Доколку човекот се повеќе и повеќе се убедува самиот себеси за овој апсурден концепт, дефинитивно може да стане психолошки проблем, со тоа што човекот ќе започне да развива и да живее во сопствените заблуди. А самиот мотив, односно потекло за ова е само желбата за уникатност и посебност. За некои луѓе е тешко прифатлив фактот дека претставуваат just another fish in the sea, та поради тоа се очајни да се издвојат од останатите. Како што реков и претходно, верувам дека овие луѓе имаат тенденција да одбираат одредена карактеристика по која секој човек може да биде препознаен и го има од самиот почеток на постоењето, а една од тие карактеристики е токму сознанието дека сите се природно родени на оваа планета и водат потекло од истата. Би било понезабележливо доколку луѓето би одбирале одредена особина која не ја поседуваат сите... Претпоставувам дека тоа зависи исклучиво од заблудата, односно илузијата која т.н. "ѕвезден човек" ја создал, што не го прави таквото верување помалку апсурдно. Во самата дефиниција пишува дека овие луѓе веруваат дека пристигнале на планетата Земја по пат на раѓање, или дека едноставно "влегле" во веќе постоечко човечко тело. Така, претпоставувам дека само тој мисли дека води потекло надвор од планетата Земја - сепак целта на оваа психолошка заблуда е да се докаже дека еден поединец се разликува од останатите. Навистина интересно прашање Кога претпоставуваш дека ова верување може да биде последица од нешто, сигурна сум дека мислиш на одреден надворешен фактор како паразит (во примерот што го наведе со токсопласмоза, меѓутоа знаците и симптомите не се карактеристични за психолошкото здравје кај заболеното лице) Мое мислење е дека одредени надворешни фактори како паразити, дрога, и сл. можат да имаат само краткорочни ефекти врз лицето, додека постепеното самоубедување во една смешна илузија е од долгорочен карактер и има предиспозиции за човекот комплетно да го наруши сопствениот принцип за реалност. Принципот за реалност може да биде извртоперен или изманипулиран, на пример, под дејство на дрога (каде знаеме дека се создаваат разни халуцинации за околината во која се наоѓаме) но како што кажав, тоа не трае долго време и не би можело да се толкува како психолошка болест (бидејќи не го оштетува принципот за реалност кај човекот) Од друга страна, како што напоменав и претходно, би рекла дека твојата претпоставка дека е ова има психолошко потекло и карактер, е поверојатна и веродостојна. Така, ако сретнеме одредено лице кое е сериозно убедено и верува дека има вонземско потекло, сигурна сум дека истото ќе биде сметано за психијатриски случај и ќе сместено во ментална лудница каде докторите ќе се обидуваат да го излечат преку обиди за докажување дека неговото убедување не е возможно.
Имаше документарец со едно дете околу 7 години тврдеше дека е од друга планета и ја кажа со име и таква навистина постои кажа и некои бројки како одалеченост, обем на планетата и сл. кои се точни. Ја кога гледав бев цела у прашалници ?????
Сигурна сум дека станува збор за документарец со цел одредена личност да се здобие со 5 minutes of fame and publicity. Можно е само детето да ги прочитало и меморирало податоците за таа планета а потоа да ги презентира како факти кои би требало да докажат дека води потекло од истата, што во секој случај не претставува никаква основа или доказ за неговото нереалистично тврдење.
Непознат ми е поимов, ама гуглав и колку што разбрав слично е (ако не и синоним) со т.н. индиго деца и концептот за нив. За нив имам слушнато и читано, мислам дека имаше и тема овде. Карактеристиките наведени за таа категорија знам беа онака сите впечатливи и ласкави, но онака секој што претендира да биде посебен - да може да си се пронајде. Мислам дека токму тоа е главното - чувството на посебност и посебна возвишена цел на постоењето, во вакви натприродни теории. Ама, како што спомнав во друга тема за њу ејџ верувања (закон на привлечност) - кога ќе размислам подобро, сите религии и верба во било што натприродно се темелат на тоа, помалку или повеќе. Така што, не ги сметам за нешто повеќе неразумно од традиционалните верувања. Место за загриженост околу сериозен психички проблем сметам дека би требало да има ако притоа некој почне навистина да гледа/слуша/чувствува физички натприродни ствари (гласови, халуцинации и сл.).
Но дали вонземскиот живот навистина се смета за натприроден, како што ја сретнав темата Вонземјани отворена во подфорумот "Другата" наука? Јас не би рекла... Според мене, под поимот вонземјани се подразбира секаков вид на вонземски живот, односно форма на живот кој не потекнува од планетата Земја. Тоа секако не ги подразбира оние глупави conspiracy theories или типичните стереотипи создадени од страна на Hollywood филмовите. Напротив, спекулациите за постоење на било каква форма на вонземски живот варираат од суштества со слична анатомија како и луѓето или некој од другите видови флора и фауна на планетава, како и вирусите и бактериите - што значи дека не мора да значи дека овие животни форми имаат развиена свест, когнитиви и интелигенција. Освен тоа, вонземскиот живот е предмет на проучување на Астробиологијата, што се смета за вистинска наука, а не нешто натприродно или пак некој апсурден концепт од жарнот science-fiction. Со ова сакам да кажам дека додека вонземскиот живот е возможен, верувањето на овие луѓе не е воопшто веродостојно.
По насловот, мислев во темава ке зборуваме како сме сите направени од ѕвезден прав but I guess not... А нели овие ѕвездени луѓе беа наречени сноуфлејкс?
Не би рекла, но тоа не значи дека нема одредена поврзаност меѓу т.н. special snowflakes и т.н. star people. Имено, и покрај тоа што карактеристичните однесувања на special snowflakes можат да бидат манифестирани од лица кои не веруваат, и од лица кои веруваат дека имаат вонземско потекло, сепак сметам дека ваквото верување значително допридонесува за "ѕвезденото лице" да мисли дека заслужува поинаков третман од останатите поради неговата сериозна психолошка заблуда. Како што мотивот за развивање на ова убеденост е потребата за уникатност, постои веројатност таквото лице да манифестира напади на нарцисоиден бес и тантруми, притоа нарушувајќи го јавниот ред и мир. Така, додека лице кое не верува дека има вонземско потекло и има тантрум во јавност (special snowflake), нема да се третира како нешто толку сериозно, додека "ѕвезденото лице" кое има тантрум во јавност поради причината што верува дека има вонземско потекло, ќе се смета за психијатриски случај.
Во една поширока смисла на зборот сите ние сме на некој начин „ѕвездени луѓе„ бидејќи сите ние како духовни души потекнуваме од духовниот универзум, но телесно гледано сме земјани. Научниците кои биле и духовни миситичари како на пр. Џордано Бруно (1548-1600) и Емануел Сведенборг (1688-1772) знаеле дека целиот космос е населен. Од денешна точка на гледиште нам тоа ни изгледа невозможно, но треба да се земе во предвид дека не станува збор за потполно материјални битија како што се тоа луѓето на Земјата па тие да бидат видливи за физичките инструменти. Некои души се поразвиени и доаѓаат од далечните светови за да им помогнат на своите (духовно гледано) браќа и сестри. Кога нивната мисија е завршена на планетава, доколку не изградиле премногу силна врзаност за овоземното преку погрешно постапување, тие можат да се вратат во нивните светови. Сето тоа не е ни налик на она што го гледаме во научно - фантастичните филмови. Според она што го прочитав во божествените објави на оваа тема, нашиот живот треба да биде сега и тука - во смисла да се соочуваме храбро со нашите секојдневни проблеми и слабости без притоа да си наштетиме себе си и на другите (вклучувајќи ја тука и природата) , а не да мечтаеме денгубејќи за некаде таму далеку и да очекуваме дека некоја летечка чинија би можела да ни ги реши проблемите (завист, недостиг на самодоверба, стрес, кавги и тн.) . Вистинските „ѕвездени луѓе„ доколку станат свесни за својата природа никогаш нема да се истакнуваат со тоа, туку ќе работат врз себе и несебично ќе ѝ помагаат на околината преку својата професија и таленти но во склад со духовните закони кои упатуваат кон љубов за ближните и природата. При тоа тие го имаат својот живот во свои раце, независни се и немаат став на очекување кон другите луѓе. Оние лажните - читај: вообразените, честопати се луѓе кои не се потрудиле да го земат својот живот во свои раце и да се докажат во тнр. нормален живот (на пр.професија) па попусто се обидуваат да компензираат на ваков начин. Во тој поглед сосема би се согласил со она што го кажуваш: Таквата вообразеност ако не се внимава подолг период, може да прејде во делузија и психоза, а тоа не е добро за никого. Да се прашаме себе си зошто го прогласуваме за апсурдно она што нам не ни е познато или сè уште не умееме да го разбереме? Внимавај, тоа воопшто не е научнички пристап. Научникот истражува, не донесува брзоплети судови само затоа што нешто во моментот му изгледа чудно или смешно. Концептот сам по себе не е апсурден ако се земат во предвид спиритуалните информации, ако знаеме дека ние не сме само ова тело и дека нашите души постоел пред раѓањето и постојат по телесната смрт.
Зарем не е поголем апсурд, нешто за кое нема жив доказ на планетава, а нема ни да има во далечна иднина, да го прогласуваш како апсолутна вистина ?
Видовита си? Или и видовитоста спаѓа во апсурд? Ако да, како знаеш дека нема да има можеби доказ во далечна иднина? Или можеби ти доаѓаш од далечната иднина па можеш да тврдиш такво нешто?
Да, 1000 години во иднината сум, баш се телепортирав тука, на ова место и во ова време да се цитирам со тебе.. Каков доказ би сакала ти понатаму, кога уште сега тврдиш за истото дека е факт и вистина ? Велам во далечна иднина, пошто истражувањата на тоа поле тапкаат во место, ќе се направи некој бејби степ, па ќе се вратиме назад неколку. И со ваква свест и темпо. во блиска иднина не ќе да го дознаеме одговорот.
Се согласувам! Но во тој случај би било фер да признаеме дека засега не знаеме а не избрзано да го прогласуваме тоа за апсурд.
@daylight ти благодарам што го напиша твојот став на темава, и покрај тоа што немам замисла истата да биде понатаму исполнета со мислења кои имаат претежно религиски карактер (но ако сакаш можеш да се отвори посебна тема за тоа во подфорумот за религија). А мислам дека веќе и самиот/самата знаеш дека не се согласувам целосно со твоето мислење поради тоа што воопшто не ми е веројатно да тие т.н. "ѕвездени луѓе" за кои зборуваш да постојат и тоа од духовен аспект, бидејќи сметам дека на форумов и повеќе пати сум објаснила преку законите на физиката зошто не се присутни "духовните честички" на оваа планета, како и во целиот универзум... Без навреда, ама начинот на кој ги опиша духовните ѕвездени луѓе, искрено ме потсетува на бајка или на некоја sci-fi приказна Исто така го ценам и мислењето на @lovestoneddd во оваа тема и исто така верувам дека за повеќето луѓе, концептот за дотичниве "вонземски" поединци го доживуваат како апсурд поради логиката дека сите засега претставуваме луѓе кои водиме потекло исклучително од планетата Земја. Главната цел на оваа тема е да се дискутира за психолошката позадина на луѓето кои се цврсто убедени во илузијата, односно заблудата за нивното потекло, кое патем не е веродостојно поради очигледни причини.
Тоа го одредуваат членовите на форумот кои се вклучуваат со своите мислења во темата, зависно од тоа на што го темелат своето мислење. Понекогаш тенка е границата помеѓу религијата, филозофијата и психологијата. Во темава вака како што ја имаш поставено тоа е нераздвојно. Што ако „очигледните„ причини се илузија, а тие луѓе (да претпоставиме) се во право?