Но не до тој степен да има многу off-topic мислења и неповрзани цитати. Сепак, темата е сместена во подфорумот за психологија... Бидејќи реалноста е дефинирана со физички закони, додека илузиите се дефинирани со аспектите на психологијата. А психолошката позадина на т.н. "star people" е типичен обид за бегство од реалноста. Не би рекла дека е возможно да се избега од реалноста бидејќи кога тоа би било можно, би го направило универзумот насилно нестабилен ако успеете да ги избегнете последиците од вашите постапки. Реалноста како состојба на она што всушност постои, наспроти идеалистичка или замислена идеја за неа, го вклучува она што постоело, постои или ќе постои. Многу луѓе мислат дека менталната состојба е различна, но не можат или не сакаат да разберат дека таа е составена во физичката состојба во која се наоѓаат и отсекогаш постоеле. Сметам дека дури и "бегството од реалноста" претставува јасен доказ дека човекот има себична природа која се појавува во одредени моменти. Вистината е дека луѓето ќе сакаат да живеат во реалноста се додека тие се задоволни од статистичката не/верoјатност на настаните кои целосно или нецелосно зависат од нив, а се случуваат во нивна полза. Ама светот, како и универзумот едноставно не фукнционираат на тој начин... Во истиот момент кога ќе се случи нешто кое нема да биде во полза на човекот, тој веднаш ќе изрази желба и ќе се обиде да избега од реалноста во која се наоѓа. Всушност, ова повеќе или помалку и ме потсетува на првиот Њутнов закон ("Секое тело продолжува во својата состојба на мирување или униформирано движење во права линија, освен ако не е принудено да ја смени таа состојба од страна на силите кои влијаат на него"). Целиот концепт за човековото постоење во умот на луѓето и нивната вистинска цел на сето она што го прават во овој свет претставува една голема лага... Реалноста е сурова, најчесто неприфатлива за мнозинството и така, луѓето ја имаат таа иритантна навика да ја претворат реалноста во илузија, а илузијата во реалност. И тука лежи одговорот на прашањето зошто вистината е "горчлива" - луѓето не сакаат да ја слушнат вистината бидејќи не сакаат вештачките илузии што ги создале во својот ум да бидат уништени. Самиот принцип на реалност е искривен и неретко се чувствува незадоволство во поглед на случувањата оклу нас на оваа планета. Неможејќи да се прифати ова, се бара бегство од вистината и од самата реалност во која живееме. И покрај тоа што од физички аспект не е возможно да се избега од реалноста, човекот тоа го прави преку психолошки пат - креирајќи илузии, и во неговата потсвест си мисли и се утешува дека ја победува положбата во која се наоѓа. Започнува да верува во нешто што не е реално, и никогаш не се изморува од верувањето во тоа. Но дури и при манифестацијата на таквата делузија, една мала доза на свест е присутна, свест која не може да биде прелажана од лаги и себеманипулирање. Така, човекот константно има тенденција да ги избегнува лицата кои имаат потенцијал да направат тој да почувствува разочарување и да доживее како неговиот имагинарен свет се руши пред неговите очи. Сепак, не сум изненадена од ова - самото човеково постоење претставува чувствување болка и страдање, како и среќа и радост во одредени моменти...
Имам слушнато за Indigo Children, Star People ми звучи помалку познато. На прв поглед ми изгледа како нешто што би било извадено од sci-fi книга или нешто што би требало да остане во рамките на sci-fi. Гуглајќи дознав дека човекот кој го измислил овој концепт верувал и во други слични појави како постењето на Атлантида. Зошто има луѓе кои веруваат во Star People? Зошто веруваат во хороскоп? Да се чувствуваат подобро, да знаат нешто што другите не знаат. Јас мислам дека има луѓе кои се склони на такви верувања, можеби сакаат да се пронајдат себе си или да се чувствуваат посебно или двете. Како што кажа @Briar Rose, многу е лесно да се направи тоа. Јас можам да ги научам на памет координатите на некоја планета, но тоа не значи дека сум вонземјанин. Доколку би бил вонземјанин зошто би кажал дека сум, сигурно после тоа одма би ми направиле аутопсија. Не знам што му се случило на детето, се надевам дека не дошло до тоа. Ако изгасила сијалица и сеуште си светел тогаш има нешто таму.