Прости и недоделкани се сите оние кои се мешаат во туѓ живот и класифицираат личност според нечив избор, а притоа се мешаат и си даваат за право да вреѓаат. Многу погрешно е сфатен терминот "лично мислење". Лично мислење и став треба да се однесува за себе лично како би постапил во некоја ситуација, а не да имаш мислење полно осуда во врска со туѓ живот. Не ти, општо зборам. Никој не смее да има мислење за туѓ живот и туѓа одлука. Самата тема е започната со погрешна класификација и осуда. Као сеа да почнам тема "русокосите жени и проституцијата", нели.
Каде воопшто во мојот пост најде нешто вакво ? Зошто измислуваш? Ај те молам не лечи комплекси на темава и не измислувај глупости ! Мене ми е интересна темава , кој не му е нека не ја отвора
Како можам да лечам комплекси на тема? Смени си го насловот на темата, пошто ти е погрешен, тоа е се.
@Justicija еве ти тема за шугар дедис, а за брак со повозрасен не знам дали има, ќе те упати форумџиката, која очигледно е поупатена во форумов и од тебе и од мене. Тука ти од две различни теми сакаш една да напраиш и тоа е стартната грешка, а со тоа навредуваш луѓе кои се во брак со повозрасен партнер од нефинансиски причини. Жал ми е ама темата е за канта.
Немам против такви работи/бракови како сакате кажете ги. Секој си бира како ќе живее. Ја се имам размислувано ако не успеам во животот да си најдам sugar daddy (без заебанција), ама би сакала да биде без делот кај што ,,за возврат” би имала секс со него.Пошо тоа ми е практично ко проституција.А стварно не би се е***а за пари, облека и шетање.Боље ќе метам улици. Ако сака некој да сум му пратња или да му помагам по дома, може. Ако очекува односи за возврат, неќам. Мада кај нас не верувам ко прво дека има sugar daddies, второ сите знаеме каков менталитет сме, сигурно ќе има 300 желби и захтеви. Би си нашла у странство некој. А што ќе каже околината, баш ме заболе.Моите (ако се живи) знам дека у Службен Весник ќе се откажат од мене.
Тешко ова брате. Нема пара за џаба... Ако не сака да имаш секс директно со него, тогаш ќе бара да се лижеш со некоја друга sugar baby типка во лезбо акција дур он гледа. Или ќе бара пред него да правиш други перверзни ствари, од типот мастурбација или задоволување со мнозина други момци. Жал ми е, ама тоа е реалноста, извинете ако разочарува.
Секој си бира што ќе прави во животот. Искрено, не е моја работа и ме нервира што често се мета на оговарање. Остајте ги луѓето да живеат.
Еве сум 20 год е постар мм Досега , фала богу, не сум наишла на луѓе на кои не им е 'јасна' нашата љубов На сите сме им сосем 'нормален пар'
Имаше една девојка од провинција не знам точно од кој град се омажи со газда на познати скопски кафичи. Он имаше 50+ години а таа 19 години остана трудна и се венчаа. Можам да кажам дека им се смееа многу едно време. Ама мене ми беше во ред тоа. Така си сакале така направиле.
Секој има право на личен избор дали тоа би го направиле за матрријална подршка или некој фетиш нивно право, не ги осудувам они одбираат што би ги правело среќни. Лично од моја гледна точка ми е гадноооо да одам со дедо за пари, не би можела едноставно па и за сите пари на светов.. Сметам дека секој може да се потруди и да стигне до некоја материјална стабилност, а притоа да не си го продавам телото на некој шо сака да си праи со него.. Сепак сите различно ги вреднуваме нештата па и себеси. Не осудувам.
Брак со повозрасен не секогаш е with that sugar. Брак со повозрасен кога би се посомневал некој дека едниот партнер е gold digger е кога постариот партнер е значително побогат од помладиот. Sugar daddy он друга страна не подразбира брак, обично е договор на одреден период кога богатиот маж, плаќа дали било за секс, некогаш е само за внимание, некогаш е само за во јавност на помлада атрактивна девојка. Не само тогаш, обично ја финансира тој период во кој имаат договор. Темиве, према мене, се различни пошто партнери можат да бидат во брак нели и без едниот да користи макар тоа биле 5-10-15+ години. На нив си е. Кога можиш да се сомневаш во gold digging е кога нели едниот партнер е значително постар. Ама не мора да значи. Некои имаат кинк да постари, некои едноставно се сакаат. Љубовта отсуствува во вториот случај, со sugar daddy. Бизнис е. Договор меѓу две индивидуи и до каде ќе одат и колку ќе „кошта“. Девојкава ептен убаво објаснува се, од лично искуство. За тоа ѝ е цел канал. Случајно јутуб ми ја фрли во препораки и се заинтересирав да ја гледам. Према мене, секој треба со кој сака да прај. Во поглед брак, јас лично повеќе „поддржувам“ брак од љубов. Така да ако едниот го користи другиот партнер ми е жално и таа личност не можам да ја земам сериозно. Ако другиот партнер знај зошто е во брак и океј е со тоа - нивна работа крај краева. Возразни личности се. Во поглед sugar daddy/ sugar baby - sugar mommy/ sugar baby - пак ќе речам, две возрасни индивидуи кои можат да кажат што сакаат и си прават размена на средства. Свесни се дека нема чувства, се е за финансии. Што би рекла јас - бизнис. Услогата не секогаш е секс, ама најчесто е. И најчесто се богати мажи кои плаќаат дебело за женско друштво. Девојката во видеото објаснува дека била во многу тесна ситуација, со болен родител па затоа влегла во тие води тогаш. Кажва и како барала кафе- пари од тој првиот шугр деди чисто оти била млада и сериозно ѝ требале пари па неќела да е одбиена, за на крај кога ѝ кажал тој колку пари ѝ дава за средбите не ѝ се верувало. Поентата ми е, двете индивидуи се скроз свесни во што велгуваат, знаат што сакаат и сами се наоѓаат. Така да, од мене, нема да наиди некој на осуда.
Шугар деди е постара особа, богат кој спонзорира помлада девојка со пари шетање, шопинг, ручеци, вечери одмори и слично. Тој за возврат добива сексуални услуги од девојката, што не мора да значи дека на девојката не и е убаво. Брак со личност што е 20 години постара нема врска со називот шугар дади. Шугар дади најчесто само ја спонзорира девојката не мислам дека секоја девојка би прифатила и брак со шугар дади, бидејќи нејзината цел е да има пари и да ужива во животот а не да се обврзи со брак. Бракот со повозрасна особа може да се темели на љубов и почит, како и секој нормален брак. Маж кој има 40 или 50 години веројатно е да биде вработен и подобро ситуиран од девојка на 20-25години. Доколку дојде до брак не значи дека секој ваков пример е брак склучен за пари и интерес. Има и членки на форумот дел од бракови каде разликата во години е поголема од вообичаената па не би рекла дека се во брак бидејќи мажот е богат со решено станбено прашање и спремен да му приушти секакво материјално задоволство. Според мене во оваа тема се содржат две други теми кои се тотално различни една од друга бидејќи во описот во темата испаѓа дека сите жени во брак со повозрасна особа од нив се спонзоруши.
Сметам дека во оваа тема се општо опишани , во темава што ја отворив се базираат врските и браковите со нив и како функционираат . Сметам дека насловот си е на место бидејки сите ги викаат така , а тој што спонзорира млади девојки се вика спонзор а другата спонзоруша ! Шугар деди може да биде и сопруг и дечко , и стварно постојат бракови такви од љубов ! Пример познатиот хирург доктор Јовица Угриновски кој е генијалец во својата работа неговата сегашна сопруга нема ни 40 години , он е можеби стар но е многу харизматичен тип ! Џорџ Клуни можеби ближи 60 години но човекот е поим за сексипил , и овие двајца не верувам дека се во тој филм што го кажувате вие дека шугар деди е само спонзор што ја спонзорира девојката ,а она по цели денови е на шопинг и козметички салони и егзотични патувања
Ја сум најголем поборник за љубов и сметам дека нема никакви ограничувања нити правила за што и како. Познавам 2 пара кои што се 15+ разлика и функционираат многу поубаво отколку парови кои се отприлика на исти години. Али шугар дедис, е посебна појава. Мислам дека е смешно тука да збориме за љубов, пошто е скроз поразлично од првите погоре. Едноставно се работи за взаемна корист, материјална најчесто од страна на девојката, и сексуална, од страна на старецот. Јас лично никогаш не би се впуштила во вакво нешто пошто здрава права, на друг начин можам да си обезбедам се што ми треба, али тоа не значи дека ги осудувам. Се додека е доброволно, за мене е ок.
Шугар деди не се нарекува повозрасниот сопруг, шугар деди се нарекува повозрасен спонзор на многу помлада девојка кој може да му биде татко но му пружа слатки задоволства за возврат добива сексуални услуги, затоа е и самиот назив таков. А Џорџ Клуни не му е шугар деди на Амал Клуни иако е постар 20 или 30 години небитно. Таа е жена со професија и кариера стекната пред нивниот брак, веројатно способна сама да си дозволи се што ќе посака. Споредбата мислам е погрешна, а грешката според мене е во начинот на толкување на називот шугар деди.