Токму тоа и ми е замислата, конкретно јас имам потреба од психотерапевт кој ќе е достапен за мене 24/7,или барем почесто гледање, но нема услови кај нас. Едвај најдов слободен(преку фонд), за еднаш неделно. Немаат сите можност да посетуваат психолог од различни причини. Затоа мислев ќе е подобро на некој начин самите да си помогнеме. Самото растеретување, испразнување натежината, споделувањето е од помош. Особено кога другиот бил во твоја кожа, знае како е. Додека одев на психолог, и тоа добар психолог, пак се осеќав ко да не сум доислушана и разбрана. Стручно лице во секој случај е добро да се има. Ќе разговарам и со психолог во врска со идејава, да слушнам мислење. Ќе размислам и за локацијата, не мора да е веднаш дома.
Јас лично сметам дека потребни се уште 150 години минимум (отрпилика 3 генерации) за да се развие свеста за ваков тип на супорт груп. Во други земји има премногу граѓани и тие што доаѓаат у тие супорт групс имаат доволно свои проблеми за да се замараат со туѓи, не се знае секој со секого, а и таков е менталитетот не се замараат многу со туѓиот двор, додека кај нас ги интересира што мака имаат другите за да си се тешат себеси. На форумов ќе пише некој/а во друга некоја тема, после на друга тема ќе го/ја нападнат за тоа на нос ќе му/и го качат па и деца се мешаат каде што не се знае идентитетот не па лично да знаат за кого станувало збор. Би сакала да се крене свеста и да се смени мајндсетот, но мислам дека за жал се потребни премногу години. Тргнувајќи од тоа што многу психолози, психотерапевти и тн. не си ја вршат работата како што треба, ние треба да очекуваме дека останатите граѓани ќе имаат разбирање.
Ама така се крева свеста. Еден мора да почни. Исто како на форумов.. еден мора да почне да пишува за табу тема, па да почне да се руши конкретната стигма. А секогаш има луѓе кои се спремни да зборуваат. Малку се на број, ама има.
Те поддржувам, но имај на ум дека недостаток на ваква група е тоа што луѓето многу полесно осудуваат од незнаење за состојбата и да не се осеќаш како што си сакала.
Вајлд никаде луѓето не се спремни да слушаат за да разберат. Тоа е проблемот. Прво средината треба да се подготви за такво нешто. Не е за се' ќе креваме свест и фрлај во оган зошто првите кучиња се за фрлање. За многу работи во земјава се збореше ќе креваме свест па се почна од "кровот да се крева" и се уништија семејства. Во Шведска и завеси да немаш никој не ти глеа, тука сите ги интересира за да имаат тема за што да те зборат. А замисли некој душата да си ја соголи. Мање више на форумов е со "друг" идентитет па пак кажав дека повеќето се трудат во некоја тема тоа да го плеснат мислејќи ќе погодат некој во болна точка. Си видела ли во групите за анксиозност како се дрзнуваат од ракав да препорачуваат лекови или да преќинуваат без познавање на историјата на состојбата? Зар забораваш дека кај нас сите се експерти за се?
Се согласувам со сето тоа, пошто сум од 'кучињата за фрлање'. Ама не ми е криво... Ако јас сум неразбрана, некој во иднина ќе биде разбран.. Во 91 кога ги имав првите симптоми на акнсиозност и напади на паника, не ни имаше дијагноза за нив кај нас.. Така да...
150 години, де бре, јас мислев има по Скопје ако не по другите градови вакви групи. На фб мислам дека имам видено па што кошта еден да организира, да се изнајми простор за кој сите ќе плаќаат и да се соберат? Каква свест, тие што ќе се јават ќе си зборат за своите проблеми за кои се веќе свесни дека ги имаат, нема ваљда публика да има за сеир.
Imate podrska od mene, soberete se spontano itoa negde malku nadvor od skopje jas mnogu mesta neznam posto ne sum od Sk, ali nesto kako nekoj manastir ili ako e ubo vremeto vodno odete ili nekoe takvo slicno mesto.
Денес разговарав со псхијатрот и ме поддржа.Следната недела ќе се консултирам и со психологот подетално за идејава. Манастир е добра идеја, доколку сите сме женски. Кога ќе имам нови информации ќе ви пишам. Секој шо е заинтерисиран нека ме контактира во дм. Нема да си даваме дијагнози ниту да се лечиме еден со друг. Повторувам: групата не е само за луѓе со ментални нарушувања, секој кој минува или минал низ тежок период, траума, секој кој сака да збори или само и да е присутен, заедно да се собереме, поддршка да си дадеме, да видеме дека не сме сами.