Би сакала некоја до вас,доколку ги испробала производите за SYOSS ,да го подели своето искуство ги гледав вчера и на 2 памета бев!!
Денеска ги забележав во Тедико, имаше и шампони и регенератори за коса, а фарбите барем на сликите изгледаа магично. Прекрасна палета на бои, ако излегуваат како на сликата, полн погодок. Не сум користела ништо, да пробам, па ќе пишам впечатоци. А Сиос е грчка или италијанска фирма? edit - германска. Па не би требало да се утка.
Јас го имам од SYOSS Heat Protect спрејот и многу ми се допаѓа како ја прави косата полесно се пегла и ја прави свиленкаста,кај нас сеуште немам забележано други работи освен шампони и регенератори
Јас ги гледам подолго време ... пред 1 година во србија бев и се мислев дали да купам имаше таму и еве сега гледам и тука дојдоа, ама уште не сум купила , ама би требало да се убави, така ми изгледаат , некој ако ги користи нека пише
јас ги купив пред 1 недела... ги купив за фарбана коса регенераторот и шампонот и ми се погодија задоволна сум
Oвие производи се на Шварцкоф и Хенкел и се вистина убави, јас го користев спрејот за сјај убав беше но тука го нема пола од работите на Сајос ги нема тука. Но добор ќе се стрпиме можеби ќе ги донесат.
го пробав тој за волумен, добар е, не е лош, ама не е нешто преекстра за да го фалам баш многу. ми пречи тоа што е 500мл., каде ќе го дотрошам, а јас си сакам да менувам шампони.
Јас вчера од Тинекс си земав ваков против првут 189 ден. мислам беше, пошто од Шаумата ми се направи еден тон првут, ме чеша не нормално некој ќе помисли бог да чува имам вошки
Да , многу убаво мирисаат и не исчезнува мирисот воопшто Не знам за маската , валда ќе ја донесат , би требало
И јас пред некој ден се двоумев дали да земам или не, али сега веќе се решив, па ќе ви пишам мое мислење дали ги бива или не...
во сите подобро снабдени маркети околу 180-190 денари се фарбите, а исто толку се шампоните и регенераторите (по 500мл се) повеќето се задоволни од асортиманот на боите...